Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Казнува, порано или подоцна (баве ама не заборава).
     
    На Таа Сум и anaja1 им се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Господ е свесен за нас помалку од што сме свесни ние за нашата цревна флора.
    Небесната машина си ја креира и извршува својата агенда.
     
  3. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки

    Дискутабилно прашање.
    Мораме прво да го дефинираме поимот Господ.
    Што за нас претставува Господ ? Што е Господ?
    Во принцип он не' казнува и сами се казнуваме.
    Глеаш како и самиот колку се заебани зборовите.
    Господ не казнува. и Господ не' казнува. Исто е?
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Според Светото писмо, постои само еден единствен Бог, нашиот небесен татко, Создателот на се. Жив Бог и вечен цар. Бог е вистина, Бог е љубов.
    Значи, се што е создадено е создадено преку Него и за Него.

    Потоа,

    Господ не би не' казнил ако ние не сме сториле грев. Како што пишав уште во првиот коментар на темава, за секој грев ќе сносиме казна, тоа е закон божји. А кој не' турка во грев? Ние самите. Значи?
    Бог некогаш само не' става на испит кога ни дава маки за да види колку сме верни и истрајни, тоа не е казна. Казна е само наплата за гревот. Ние бираме грев, Бог не' казнува за гревот. Ние бираме послушност, Бог не' наградува. Simple as that.
     
    На GirlLove, Rama, Prijatelot и 3 други им се допаѓа ова.
  5. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Бог казнува кога ќе види дека ние веќе и тек како ја гаснеме неговата светлина во нас. Пример за тоа во Библијата е кога Божјиот народ го прекршува договорт што го скучиле со Бог во времето на Мојсеј. Го казнува својот народ зошто они веќе ептен се одалечиле од Бог со идолопоклонство, блуд и разни други одвратности. Бог ги предава на потсмев и пустош на околните народи и под ропство на вавилонскиот цар Навуходоносор. Но Бог и кога казнува тоа е за наше добро, за ние да се освестиме и опаметиме. Точно да видиме како ни е кога го имаме Него и како ни е без Него. Бог е незамисливо за нас полн со милост, љубов и трпение. Господ го сака грешникот, а не гревот кој го прави. Кога го имаме Бог иаме се, како што имале и Ираилците на почетокот. А кога одиме против Него, всушност сме си најголеми неријатели на самите себе, носејќи се во смрт.

    Еве некои стихови од Светото писмо како Бог го казнува својот љубен народ:
    Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас
    До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано, до кога ќе гори љубомората Твоја, како оган?
    Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да не пресретнеш со Својата милосрдност, зошто многу сме понижени.
    Боже, поврати не, нека светне лицео Твое, и ние ќе се спасиме!
    Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои?
    Не направи показ за кавги меѓу нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат.

    Обратете се кон Оној, од Кого толку сте отстапиле, синови Израилеви!
    Жени безгрижни, застанете, чујте го гласот Мој, ќерки немирни, приклонете го увото кон зборовите Мои.
    Уште една година и неколку дена, и ќе се ужаснете вие, безгрижни! Гроздобер нема да има и време за жетва нема да настане.
    Во земјата на народот Мој ќе раснат трње и боцки, така ќе биде и во сите домови во градот што ликува.
    Земјата тагува се суши, Ливан е посрамен, овенат, Сарон заприлега на пустина, а Башан и Кармил се оголени од лисјата свои.
    Патиштата запустеа, патници веќе нема, договорот е веќе прекршен, заклетвата е показена, обзир нема кон никого.
    Ќе ги отфрли мојот Бог, зошто тие не Го послушаа, па затоа ќе скитаат меѓу народите.

    И за крај завршетокот на стар завет, една многу убава "заповед" од Бог кон сите нас и идни поколенија:
    Помнете го законот на Мојсеј, слугата Мој, кому му заповедав на Хорев за сиот Израил, како и правилата и наредбите. Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господов - голем и страшен.
    И тој ќе ги обрати срцата на татковците кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, за да не дојдам и да ја удрам земјата со прокетство!
     
    На Orthophill, Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  6. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Самите се казнуваме, во текот на животот и во идниот.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ви кажам само дека Бог не се замара со банални работи.
    Судбината ни е закроена уште кога сме се родиле.
    И дали Бог казнува? Според мене не. Бог опростува.
     
    На anakonda88 и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Oва не е учење на Библијата туку на Куранот.Верувањето во судбина е едно од главните учења на Куранот.Во Библијата имаш ферски предлог:

    Живот или смрт,благослов или проктелство.Ти бирај :)
     
    На Таа Сум, Orthophill, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Благодарам на корекцијата.
    Куранот не сум го читала.
     
    На anakonda88 и HUNK им се допаѓа ова.
  10. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека господ не казнува господ е толку милостив добар секогаш ни помага кога сме во тешка ситуација ни ги дава потребите,,,доволно е сабајле кога станеме и ги видеме своите блиски сакани зиви и здрави зар има поубав поклон од тоа.....
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Се согласувам со Hunk, само да се надоврзам доколку некој го интересира што Библијата ни кажува за тема судбина. Двете реченици се од книгата Изреки.

    - Човекот сам го обмислува патот свој, но Господ управува со него.
    - Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господ.
     
    На sofijanoka, Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  12. DamaMk

    DamaMk Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Gospod e milosliv ne kaznuva toj ni go dava ona sto sme go zasluzile...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Многу се пишува, малку се знае.
     
    На Lella и ***nekoja*** им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Бог е љубов.
    Ние сме чеда Божји...тој умре за нас на крст,за наше спасение го зеде на грб товарот од цел свет...
    Бог не не казнува,тој ни дава слободна воља,ни дава здрав разум,ни дава очи да гледаме што правиме,ние самите ако скршнеме од вистинскиот пат,всушност сами се казнуваме!
     
    На ***nekoja***, sofijanoka и Crna Dama им се допаѓа ова.
  15. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Незнам за Господ сите во различно си веруваат или не веруваат ама постои КАРМА . What goes around comes around . :)
     
    На Florenсе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jasta

    Jasta Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    370
    Разговарав со свештено лице пред некое време, и го прашав дали на смртна постела, дали убиец, силувач, лопов или што знам друго, побара да му се простат гревовите, дали ќе му бидат простени. Одговорот беше да, сите сме биле исти пред Бога. Ајде сега сите надвор на ремпејџ.
     
    На okcenzi и Gosh им се допаѓа ова.
  17. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    А го праша дали постои најмала теоретска шанса Бог да може да биде излажан и измамен?
    Што мислиш,Бог е човек.. можеш да го прејдеш? Еј прости ми,жими се се каам.. Он ти простува,ти заминуваш и надвор пак убиваш/силуваш/ограбуваш некого така?
    Многу наивно го замислувате Бог.Заборавате дека Он е над просторот и времето..

    “Никој не може да се сокрие од Бог! Се е докрај соголено и разоткриено пред Неговите очи. Пред Него сите ќе полагаме сметка!” (Евреите 4:13)
    “Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над Бездната.”(Книга за Јов 26:6)
    “И Адот и Бездната се разоткриени пред Господа, а камоли човечките срца!” (Поговорки 15:3, 11)
    7. Не лажете се: Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее(Галатјаните 6:7)
     
    Последна измена: 9 септември 2016
    На Таа Сум, A-j-a и Rama им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Да, ќе му бидат гревовите простени ама ако му донесат свештеник дома пред да умре да си ја отвори душата инаку џабе, тој само ќе си мисли и ќе си се надева дека ќе му биде простено.
     
  19. Jasta

    Jasta Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    370
    А што ако искрено се каеш одкоа си напраил милион гревови? Ако си искрен пола ќе ти се прости или?
     
  20. Jasta

    Jasta Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    370
    Па зборував за исповед пред свештено лице, не за исповед сам во себе, ај Бог ќе ми прости, ќе има сардина во конзерви и за мене во рајот.