Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Може не требеше ова јавно да го кажеш,сега лошите луѓе ќе знаат,дека лошотиите ќе им се простат:((facepalm)
     
  2. Jasta

    Jasta Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    370
    Затоа не треба да се прашувате зошто е балканот ваков. Ние го правиме балканот, не тој нас. Се извинувам на офтопик.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    @Jasta ме чуди тоа свештено лице што такви работи ти кажало. Не може на човек да му се прости само затоа што ќе се покае. Треба да се исповеда. Исповедта служи за да си ги видиме нашите гревови, да се покаеме и да побараме прошка од Бог, а притоа да се поправиме и да се воздржиме од нови гревови. Бог нема да ни прости ако кажеме само Прости ми, згрешив. Бог ни проштева оној момент кога после нашата исповед свештеникот/монахот ни кажува дека ни е простено. Се друго е џабе.

    Исповедта е најдлабока потреба на секој човек.

    Затоа и во секојдневниот живот луѓето често ги кажуваат своите „тежини“ на своите блиски, но тоа не е исто. Човек не може да биде спасен од обичен човек.

    Раната треба да се отвори од искусен лекар, да се очисти од гнојот, да се лекува и да се исцели. Така и исповедта. Исповедта направена преку духовниот отец е Света Тајна и како таква е наше отворање кон Бога. Наше барање помош и прифаќање на Божјата интервенција во нашиот живот преку словото (советите), молитвите и благословот на духовниот отец. Гревовите не смееме свесно да ги прикриваме, да се самооправдуваме, или да ги прикажуваме поблаго. Од таква исповед нема никаква полза.

    Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно.

    За сите проблеми во духовниот живот, пак, треба да се советуваме со нашиот свештеник, а не да посетуваме бајачи и гледачи, бидејќи тоа е голем грев, со кој си нанесуваме огромна духовна штета, а создаваме и можност за душевно заболување. Нема никаква заедница помеѓу светлината и темнината.
     
    На Rama и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. Jasta

    Jasta Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    370
    @Bitter-Sweet не е криво свештеното лице. Ти го кажа она што јас требаше да го кажам. Само јас не се согласувам со тоа. Ако сум бил грешник цел живот, не заслужувам прошка. Не ќе можам ни сам да си простам.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Нормално дека заслужуваш, ако вистински се покаеш. Секој заслужува прошка само ако успее да ги види своите грешки и нивната тежина. Прво ќе си простиш себеси па после ќе побараш и Бог да ти прости. Возможно е.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Moже но тоа се исклучоци за екстремни случаи.Пример некој сам во пустина,умира од рак и нема свештеник за да го исповеда.Но ако се покае ќе му биде простено.Или некој алпинист кој е затрупан од лавина и умира од хипотермија.Исто,ако нема свештеник да го исповеда и он може да биде спасен и помилуван ако се покае..
    Но не сите умираат сами во пустина од канцер и од хипотермија.Многу повеќе секој ден гинат од сообраќајки,убиства,незгоди,падови и разни други несреќи.
    Многу често се случува луѓето да немаат време ни да се покајат зошто смртта ги нашла пред време..
    Секој ден може да ни биде последен и никој од нас не знае како ќе заврши.А речено е дека во каква состојба ќе не најде смртта.. во таква ќе ни се суди.. Затоа служи исповетта :)
    Вечен Живот или Вечна Смрт..
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека говориме за еден човек кој дома умира а не во пустина или на планина бидејќи дечкото што праша пиша за оној кој е на смртна постела.
     
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    ,,Смртна постела'' е општ израз со кој се алудира на човек кој умира.Нема врска дали е дома на дормео или на черга во Сахара :)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Добро, мислев дека говориме за еден обичен случај а не екстремен.
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    Realno,retko koj so taka golemi grevovi se pokajal,ispovedal,pobaral proška od svešteno lice....a site sme grešni,ne treba da ja sporeduvame Božjata pravda so našava svetovna,zošto Bog e sovršen,pa sovršena e i negovata pravda.
    Zar toj semoken,moze da pogreši i prosti na nekogo,ako toj grešnik toa ne go zaslužuva?

    Čovek koj go spoznal Svetiot Duh i ja počuvstvuval Božjata blagodet,pa makar i na smrtna postela,se kae od srce i Bog go prepoznava toa.
    Ne e možno,potočno grešno e i da pomislime deka e toa nekakva nepravda prema onie koi imaat " pomali " grevovi " :)
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Тие што се грешни,што правеле гревови,не така лесно умираат:(
    Господ им дава време и шанса,да се покајат:!:
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  12. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Nema gospod i ne kaznuva
    Ili sam sebe ke si se kaznis ili drug covek ke te kazni
     
    На Gosh и elimkd им се допаѓа ова.
  13. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Господ не казнува, Господ само ти ја дава заслугата. Што си посеал тоа ќе си жнееш. Ако самиот си избрал послушност ќе си добиеш награда, ако самиот си избрал непослушност ќе си добиеш казна. Животот е во твои раце, не во туѓи. Само, секоја постапка си сноси одговорност.
     
    На Florenсе и Rama им се допаѓа ова.
  14. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Во контекст на темава,дали Господ казнува,незнам дали е казна,ама една жена која ја познавав,а сега е почината.Имаше многу тешка смрт,беше ни меѓу живите,ни меѓу мртвите подолго време.Имаше голем грев спрема свекрваи,и пред да умре,барала од ќеркаи да и направи торта,кифли како што правела свекрваи.Сите тие денови,она ја спомнувала свекрваи,е сега дали барала прошка или не,незнам.
    Важно дека не и било лесно:(
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.801
    Пол:
    Женски
    Никој не умира без да добие или да даде прошка. Затоа оние што нешто многу згрешиле на некого најчесто имаат тешка смрт.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    “Немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; љубоморен Бог, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат.” (2. Мојсеј 20:5)

    “Бидејќи Господ, твојот Бог, е оган што гори, љубоморен Бог.” (5. Мојсеј 4:24)

    “Зашто Господ, твојот Бог, Кој е покрај тебе, е љубоморен Бог; за да не се разгори гневот на Господа, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби од лицето на земјата.” (5. Мојсеј 6:15)

    “Господ е љубоморен Бог и одмазник; одмазник е Господ и страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријателите Свои; не ги поштедува ни противниците Свои.” (Наум 1:2)

    “Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!” (Римјаните 2:4
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Христос во Неговата обемна објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ објаснува:

    Бог е љубов!

    Бог не проколнува! Но човекот, кој мисли зборува и постапува против законот Божји, се подложува на сопствениот суд кој тогаш тој го нарекува проклетство.

    Зборовите „проколнати„ и „проклетство„ настанаа од стравот пред Бога и преку верувањето во боговите на осветата. Боговите на осветата не се ништо друго туку човечки претстави
    (замисли), значи идоли, кои човекот самиот си ги има создадено, бидејќи поради своите од Бога оддалечени мисли и постапки осиромашил со енергија, и со тоа се оддалечил од Вистинскиот, Едниот, Вечниот. Негативните мисли му донесоа грижа на совест, бидејќи препознал длабоко во своето внатрешно оти негативното, од Бога оддалеченото, не е неговиот вистински живот. Бидејќи неговото духовно наследство, божествениот закон, поради неговите гревови не можеше повеќе преку него да дејствува, го обзеде страв бидејќи не владееше повеќе со елементите, туку елементите владееа со него. Од тоа тој заклучи дека управувачи со елементите се богови на кои мора да им принесе жртва за да ги одоброволи.

    Во текот на натамошните временски раздобја, луѓето самите себе си се возвишиа во богови и постигнаа богатство и углед и воедно си изградиа власт за да владеат со цели народи. На крајот, богатството и власта им станаа идоли на многумина луѓе. Идолите на овој свет кој народот и во денешно време ги почитува се световната и црковната власт. Нејзните носители на должност поседуваат големи богатства и углед и влијание и со тоа владеат со народот. Кој ги почитува, станува зависен од нив и ги воздигнува до идоли. Бидејќи врзувањето за луѓе, за човечки склоности и представи е идолопоклонство.

    Го снајдат ли човека тогаш последиците, чии причини самиот тој ги создал со своите од Бога оддалечени начини на мислење и дејствување, го обзема страв и го обвинува Бога и го нарекува Бог осветник кој проколнува и казнува.

    Ти не треба да се плашиш од својот небесен Татко, бидејќи Тој те љуби! Плаши се од своите човечки мисли, своите зборови и своето негативно постапување; бидејќи тие можат да те однесат во долго „проклетство„! Бог е љубов! Не се плаши значи од Бога, туку биди полн со почит кон него и искажувај му во сè чест, во своите мисли, зборови и постапки - а не на човека. Луѓето, своите ближни, треба да ги почитуваш а не да ги чествуваш, оти честа му припаѓа единствено на Бога, Вечниот, Сè-Единствениот.

    Бог е светлина на љубовта, а во Неговата светлина е сè - па и оние, кои со своите гревови против законите на животот самите се „проколнуваат„ . Различните идолопоклонства чествувањата на човечкото јас - ќе поминат, бидејќи ништо не може да опстои, што не е од Бога. Ќе минат и многуте религии и конфесии, кои сè уште се држат за замислата за Богот осветник и од тоа изведуваат заклучоци за вечното проклетство. ...

    (од Ова е Мојата Реч Алфа и Омега - глава 12; изд. Универзален живот)
     
    Последна измена: 4 јануари 2017
    На blonde_supergirl и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Не знам дали да го наречам дека Бог казнува, не би ги соединувала во иста изјава тие два збора, но сметам дека Божјата правдина кога - тогаш ги стасува сите.

    Во однос на исповед и покајание, тие се тесно поврзани. Што е целта на исповед ако исповеданикот при тоа не го прави тоа од побуда дека се кае и бара прошка?

    И да, некој спомена погоре, во сржта на учењето за Бога е дека е тој милозлив и со љубов кон човекот, па гревовите за кои се покајуваме ќе ни ги прости
     
    На blonde_supergirl, Rama и anaja1 им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Нема врска дека некој бог казнува. Што сакаш можеш да правиш во животот, ако не те подбере човек да те казни, раат си.
     
    На Florenсе, Arthur и Gosh им се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во Господ, иако пред три години се откажав од него, но исконската љубов неможе да биде притаена во срцето предолго. Во тој период, тие три години си мислев дека казнува всушност. Но, сега не мислам така, мислам дека кој како ќе си скрои така ќе си легне. Потсвеста мислам дека не казнува, а тоа е дел од нас, самите се казнуваме, во смисла самите доживуваме пад, од самите нас, а не од Господ. Зарем Господ не е љубов? Иако во Стариот Завет има и одмазда и судење, мислам дека тоа всушност не е неговата природа, тоа е љубовта. Но и покрај ова, мислам дека понекогаш, кога ние го напуштаме него и тој не напушта нас (наша слободна волја) иако еден ден повторно чукнуваме на неговата врата.
     
    На Petar80, Vitaly и Rama им се допаѓа ова.