Голем верник сум и верувам дека Бог се враќа. Ќе ви кажам еден обичен пример. Имам еден роднина кој на секого ќе му се изнасмее за се и сешто. Ми кажуваше баба ми како постојано се смеел на еден човек со говорна маана. Го имитирал, си правел шали на негова сметка. И еве сега неговиот внук, веќе возрасен со детенце ја има истата говорна маана, па дури и полоша. Бог враќа, ама не враќа на тие што грешат, туку на нивните деца. Затоа што многу поболно е да гледаш како твоето дете плаќа за твоите гревови.
Да,точно е тоа,и јас знам пример. Во комшии,едно девојче имаше проблем вроден проблем,она на сите им викаше дека е пола човек,и дека е инвалид.Нејзиниот син на 15-16 години се повреди зимно време со санка и ден денеска е инвалид Страшно
Да... Може да се смее кој колку сака, ама враќа! Не за џабе постојат Божји заповеди. Секој треба да се свести или ако не може некој сам да се свести, друг да му покаже дека греши и да се покае. Ако земам примери да пишувам до утре ќе ми треба време да набројам. Колку сакајте негирајте, кога-тогаш ќе ви се докаже! Сакате кажете карма како што сите ја викате(од индиска религија -верување за враќање на добро ило зло),како сакате наречете го, едно знајте- Бог е !
Во стариот завет има цитати каде се спомнува божја казна,дека Бог казнува преку децата до 3-4 колено,не ме фаќајте за збор. Но тоа било во минатото,не заборавајте дека покрај се Бог е љубов и толку го засака светот што да ги искупи нашите гревови го испрати својот единороден син да ги преземе на грб сите гревови од луѓето на земјата. Ако ни се случи нешто лошо не го сфаќам тоа како божја казна,едноставно доброто и лошото се во вечна борба одкако постои светот и не ни е крив Господ за ништо. Сами ние свесно се казнуваме со одредени постапки кои нашата душа ја водат во погубност. Секој добива шанси да се врати на вистинскиот пат,ама не секој е истраен и достоен за тој пат. Ова се мои ставови,секако не мора да се сложите со истите
Господ е многу добар, увек ги казнува оние кои не заслужиле. Сигурно му е најслатко невини деца кога казнува, додека лошите чичковци си ги прчат...
Да бе, кога се урнаа кулите близначки во Њујорк и загинаа илјадници луѓе, дали таму беа само „добри“ луѓе? Или мешани луѓе како и сегде? Таму, во светскиот трговски центар, работеа богаташи, а знаеме дека меѓу богаташите има доста што на нечесен или на туѓ грб се богатат. Исто и кога потона Титаник, загинаа над 1500 луѓе. Тешко дека сиромави луѓе можеа да си дозволат од Англија до Њујорк во најголемиот и најскапиот тогашен брод. Кога косела чумата во Европа, гинеле и „добри“ и „лоши“. Итн. Намерно ставам наводници, бидејќи тоа се некои наши мерила, додека според Исус само Бог е добар и нема безгрешен човек. И не сигурирам дека овие несреќи биле „казни“ од Господ, туку само потенцирам дека несреќи и непогоди, болести, загинувања и сл. ги стрефуваат сите луѓе, без разлика на нивниот морал и етика. Е сеа има случаи каде што луѓе од сопствени лоши избори си нанесуваат самите штета и тоа веќе влегува во „рандом статистиката“. Сепак природно е кога човек ќе види како некој според него „добар човек“ страда, да го спореди со некој газда на работа кој се изживува врз работниците и не страда заради тоа, природно е да ни се јави таков гнев за неправдата, бидејќи во нас има копнеж по праведност (иако раштимана) и сакаме правдата да се изврши одма и сега! Сакаме сите лоши луѓе да бидат казнети, освен ние и останатите добри луѓе. Да, најчесто тој/таа што посакува лошите луѓе да бидат казнети, себе си не се гледа во тој кош на лоши луѓе и си мисли дека доколку Бог денес реши да го казни сето зло, дека тие нормално ќе бидат одминати, пошто нели тие ниту се сериски убијци, ниту силувале дете и сл. За нив само венец за праведност и по можност ореол за нивната добрина и хуманост
@EvAngelos Евангелосе, јас не верувам во твојон, па да ми го правдаш. Јас само тоа иронично си се изразив, и се чудам како ако верувате дека е СЕМОЌЕН и ДОБАР, му прогледувате низ прсти за се зло што прави? Уствари да, мора да му ќутите и да му се упикавате за да не ве казни и вас оној кој е добар и шири љубов, и да не ве надене на колец и да ве врти на ражен у пеколот. Морал левел зиро. Поздрав.
Епа ја поинаку верувам од твоето неверување во твојот замислен „бог“. А тој кој го критикуваш, тоа не е „мојон Бог“. Ни по природа, ни по морал, ни по етика, ни по ништо. Нема што да му прогледуваме низ прсти. Христијанскиот Бог ако некогаш делувал, тоа бил сосема праведен акт. Али свесен сум дека е најлесно да не се превземе човечка одговорност и сите лоши работи да му се префрлат на бог или на ѓаолот. Тоа е докажана човечка особина, да префрла одговорност на друг, а да си прилепува туѓи заслуги за себе
Не го припишуваме сето зло на светот на Бог, туку се прашуваме зошто го дозволува, бидејќи врти-сучи, ако се меша во казнување свекрви, нека се меша и во казнување терористи. Патем со она дека во општоприфатеното зло во светот умираат и лоши и добри не држи вода затоа што е low-key оправдување тероризам. Работава ме потсеќа на некои од ,,аргументите" за и против абротус како можело Мајка Тереза да се роди, а можело и Хитлер. Можеби и Трамп бил во зградите тогаш, но во однос на тероризмот, невин е и не заслужува да умре, да биде казнет... или како и да викате. Светов ни е малку повеќе посран за еден совршен Бог.
Незнам дали Бог казнува или не но сум сигурна дека има универзумска правда некои ја викаат карма, некој судбина.... како и да е има нешто ,што на облик е како бумеранг, како круг што неуморно се врти
Да. Господ казнува и постојано е лут за нешто. Тој е семоќен, своеволен, се прави по негово и пак не му е погодено и за тоа се лути на мали немоќни животинчиња. Не му се по ќеф миленичињата и за што и да е изнервиран ние по секако ќе си го однесеме. Затоа во лето не пече на +40*C а во зима не лади на -20*C. Затоа ни дава болести, лекови, уште потешки болести, смрт, пак живот - нови луѓе се раѓаат, пак смрт... Господ е како разгалено хировито дете кое што кога ќе збесне го става неговото кученце во рерна, ја става на единица, го вади кученцето додека е живо, пак го става внатре, ја става на двојка, пак го вади кученцето и така додека кутрото не пушти душа. Но, тој не сака сите нас. Аха. И мисли цело време на сите нас. Аха. Од што не сака има изградено рај во кој што тој си седи на раат и пекол - за нас. Моето рабирање за Господ е како небесна машина, вселенски организам од кој што сме дел - воопшто не е буквално, пошто ако е буквално тогаш е хорор. Пеколот за мене сеуште има UNDER CONSTRUCTION знак. Тефлон котел монтира. Подно греење мести.
Убаво е да се прашувате, но не е убаво да избрзувате заклучоци и да донесувате заклучоци од незнаењето, од непознатото, од празниците, од немањето одговор на тие тешки прашања. Сигурно ти е познато она „God of gaps“ кога луѓето измислувале богови од дупките во знаењето. На пример не знаеле од каде произлегува громот, па си создале „бог на грмотевиците“. Епа слично и денес гледам дека многу атеисти си прават „Atheism of gaps“. Не знаејќи зошто зло и страдање во светот, не знаејќи зошто ако Бог постои го дозволува тоа и од тоа не знаење си вадат заклучоци. И во двата случаи е погрешно. Ние треба да изведуваме заклучоци од познатите факти (во било која област), а не од незнаењето, непознатото, празнините, прашалниците итн. Ние немаме докази дека Бог се меша во казнување свекрви, а не се меша во казнување терористи. Тоа ти само така убаво и смешно си го склопила А и тоа што луѓето велат: Е арно му е, така му требаше, имало Госпо, го снајде гревот“ и сл.. тоа нема врска со дејствувањата или недејствувањата на Бог. Не оправдувам ја тероризам, само кажувам дека во светот секојдневно гинат и лоши и помалку лоши и повеќе лоши луѓе. Еве ако имаш некакаква, било каква статистика дека повеќе умираат „добрите“ (помалку лошите) луѓе, презентирај ни ја, ти или @Gosh. Настрана абортусот, има луѓе што правеле и прават многу подобри и похумани дела и жртвувале многу повеќе, ама не се фалеле јавно како мајка Тереза или Боки 13ка. Не влечеле толкаво медиумско влијание, не ги пумпале работите. Од друга страна, постојат и многу позли луѓе од Хитлер, само што ја немаат таа моќ да го ефектираат тоа зло во нив. Некои од нив се и во психијатриски болници. И Хитлер можеби бил за таму, ама немало институција да се погржи за него. А можеби и тој бил слатко мало срце на мама како мал. И да загинел во таа возраст, луѓето пак ќе велеле „Зошто Господ зема невини мали деца?“ Поентата ми е дека на луѓето никако не можеш да им погодиш. Што и да се случи, тие ќе си ја толкуваат ситуацијата според нивната кратковидост и ќе носат заклучоци за (не)дејствијата на Бог според нивните моментални чувства иако поима немаат каде е Бог во равенката. Тие едноставно сакаат правдата што они си ја замислиле - тоа да се спроведе. Совршениот Бог создал луѓе со слободна воља кои одлучиле да му свртат грб на Бог и да си тераат по свое и да го усерат светот. Без разлика колку некој му ја префрла вината на Бог за срањето во светов, тоа нема да го предомисли Бог во планот да го остави човекот да си ги види последиците од своето грешно владеење со Земјата, а секако нема да го предомисли и во планот да ги спаси оние што ќе се покајат за своите гревови. Светов изобилува со научни докази дека е грижливо создаден за убав живот на луѓето и животните во него, исто како што и една убаво средена детска соба е доказ за грижливи родители кои го љубат своето дете. Ама сепак очигледни се и дефекти во светот. Библијата тука го лоцира гревот и според мене тоа е совршено објаснување за злото и страдањето.
И, со што се занимава Господ откако ги остави луѓето сами на себе, чедата свои без дадилка? Како го поминува вишокот слободно време?
Речник на ниво! "Си го прчат". Тоа не е казна, тоа е искушени. Кој подлегне на него, еве вака како тебе, оди по друг пат и мрзи луѓе.
Ако казнува на деца и внуци, кој е лошиот тогаш? Ако Господ казнува, нека биди на самиот човек, а не на децата и идни поколениа. Полошо нешто од тоа дете да страда поради грешка на родител ... И после постоеле лоши луѓе, е ќе има.
Ако човек има лош карактер тој има поголема/голема шанса да падне во проблеми поради неговиот карактер и однесување. Пример, ако некој често се заканува на други има голема шанса еден ден да се најде во ситуација да изеде ќотек. Господ не го казнал, туку просто неговото однесување не е прифатено од останатите и некој ќе преземе мерки за тоа бидејќи му е смачено. Но сепак вакви нешта не се случуваат секогаш и има луѓе кои не се казнети, после ќе се вели дека нивните деца ќе бидат казнети и што ли уште не се додека не биде тој човек "казнет".Ова се чисти глупости и господ не превзема никакви мерки, бидејќи непостои. Тие деца ако на пример се родат здрави, а подоцна во животот да се тепаат/крадат, причина за нивнотот однесување е тоа што се учени од лоши родители. Ако ова што го велевте е вистинитост, сите деца на ИСИС треба да се родат неспособни за ништо. Лошиот карактер, лошите одлуки и лошата среќа* се причината за "казните" на овие луѓе. Господ нема врска со ништо. *Имаме и огромен број на ситуации каде добри луѓе имаат проблеми во животот, убивани се, се оболуваат од опасни болести, нивните децата се родени со маани итн. Господ го казнува детето на оваа жена , не цигарите. Ама сте ми смешни вие верниците.
*мрази Јас да мразев до толку луѓе, ќе ја потопев цела земја, или пак ќе казнував мали деца оти дедо им згрешил нешто.