Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Па ако све се простува зошто ги казнил Содома и Гомора?
    Или штом простувал на све и свашта ајде да бидеме Содома и Гомора и ке ни биде простено :$
    Многу ми се глупи тие теории на поповите ( во мојот крај попот што е надлежен има швалерка) и сега на тој поп јас сум требала да му се исповедам и да барам совети од него ??
    Мислам дека народот е слеп , и сеуште верува она Ватикан што го сервира пред векови наназад.
    Јас верувам дека горе има некој , и на судниот ден ке ни пресуди како што заслужуваме .
     
    На Meckicja, GirlLove и Petar80 им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Ако веќе казнува тогаш се некако погрешните ги бира.
     
    На makedonkamak и Petar80 им се допаѓа ова.
  3. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm) Жално е како размислуваат некои бездушни луѓе. Како може некој да има толку црни мисли и да се исмејува со Господ и нас верниците. Ова е страшно. А, дали вака се исмејуваш со Алах, Буда и.т.н.?
     
    Последна измена од модератор: 11 август 2017
    На Selest, Meckicja, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.
  4. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Не казнува
     
    На sanushka, Dim40 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Ми го имаш кажувано ова многупати. Но како вие ги пополнувате дупките од atheism of gaps? God works in mysterious ways? Извини, но од совршен Бог очекувам совршен свет, кој можел да го направи. Фактот што светот не е совршен, укажува на тоа дека Бог не постои. Не гледам gaps, туку логични заклучоци.

    Докази немате, ама еве страници назад се тврди дека Бог делувал преку децата, внуците, трето, четврто, петто колено... Тврдите дека дејствува. Прашањето е: ако дејствува на свекрви, зошто не дејствува на терористи?

    Работата е што во „казнувањата“ на Бог од типот терористички напади и природни непогоди, сите жртви по дифолт се „добри“, или со други зборови, нема дело чија казна ќе биде земјотрес. Но ете Бог сепак дозволува да изгинат луѓето во земјотресот just because. Нелогично.

    Убаво, но знаеме дека неносењето логични заклучоци води кон слепа вера.

    Again, сме го правеле муабетов. Недоволно убедливо и се' уште нелогично. Бог можел да направи совршен свет, доволно моќен е за да ги однесе луѓето на вистинскиот пат, но факт е дека не го направил тоа. Од моја гледна точка, од ова што го зборуваш, заклучувам дека Бог сака да им се слади на грешките на луѓето. Пак нелогично, нели?
     
    На Spidy, Nigredo Odor, Dim40 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
  7. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Ne kaznuw8va
     
    На makedonkamak, Dim40 и carangigia им се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Никој не те исмева. Си го искажав моето гледиште.
    Еден е Господ за мене, именувај го како сакаш.
     
    На Gosh и Dim40 им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Господ кренал раце од нас, не остави сами да се казнуваме и уништуваме.
    Колку прекрасен свет ни створил, прекрасна магична природа, убавини насекаде а ние луѓето што сторивме, се упропастуваме. Бог не го створи човекот за да го наградува, ниту пак да го казнува..зарем не е деградирачко за овој живот ако постои некој поубав таму горе, наречен рај?
    Моментално Бог изигруваат Северна Кореја и САД, кој ќе го притисне црвеното копче, тие ќе го казнуваат народот на оваа планета.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Еее, да беше човек кој си ги оставил децата да прават што сакаат, дури тој пие коњак и се кае што ги направил, ќе викавте дека е неодговорен татко. Господ многу се опуштил, затоа му се децата распуштени. Така е тоа, обично фаќаш кривини кога имаш незаинтересирани родители.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Нема потреба да ме персираш, обраќај ми се со „ти“. Јас во моите над 1300 постови на форумов, ниту еднаш немам кажано „затоа што God works in mysterious ways“. Тоа што ти и некои други ги читате суеверниве верници кои никогаш не допреле Библија и нив ги земате за репер на христијанството, тоа е ваш проблем.
    Од само совршен Бог и јас би очекувал совршен свет. Но од совршен Бог и грешни луѓе на кои им е доверена Земјава, повеќе од очекувано е свет каков што гледаме денес. До толку е очекувано, што Библијата дури и ја предвидела денешната состојба на светов пред 2000 години.


    Кога реков „докази немаме“, мислев на сите нас, вклучувајќи те и тебе. Ни ти немаш докази дека Бог се меша во казнување свекрви, а не се меша во казнување терористи (како што ти се изрази). Ако имаш, повели, со нетрпение чекаме да ги прочитаме :)

    Не знам што си читала страници наназад, ама скоро сум сигурен дека си читала од луѓе што две чисти немаат од Библијата. Во библиската книга на пророкот Езекиел се дискутира баш обратниот случај. Луѓето го набедуваат Бог дека казнува деца и внуци заради гревовите на татковците, а Бог им го вели обратното:

    „Ми дојде Господово слово: ”Зошто вие ја употребувате во Израел поговорката: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите забите им фаќаат оскомина!’ Животот Ми Мој, говори Господ Бог: Никој од вас нема веќе да ја повторува во Израел таа поговорка; зашто, сите животи се Мои, како животот на таткото така и животот на синот. И еве, оној кој ќе згреши, тој ќе умре...
    Но вие велите: ‘Зошто синот да не го носи татковиот грев?’ Затоа што синот извршува закон и правда, ги чува и ги врши сите Мои наредби, ќе живее. Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност.“ (Езекиел 18, Библијата)

    Се сложувам. Неносењето логични заклучоци или носење заклучоци од дупки во знаењето, подеднакво води кон слепа вера и во атеизмот.

    Од твоја гледна точка можеби е нелогично, но пробај да погледнеш и од христијанска гледна точка ама убаво, пред се информирано и без предрасуди. Немој само да ѕиркаш низ очилата на суеверните православци и потоа да си имаш материјал за критикување и исмејување. И јас кога бев атеист гледањето на таквите верници уште повеќе ме утврдуваше во атеизмот и во тоа колку е безмозочна таквата религија. Постојат и поинаков тип на христијани. Мислам на оние што не веруваат слепо (затоа што така останало од старите), го познаваат учењето на Исус и се водат по него.
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Не можеше да не го замешаш христијанството. Причината за злото, поточно објаснувањето или „оправдувањето“ паѓа на секоја религија и идеологија која вклучува божества, што значи најголем дел од нив.

    Апсолутно не ми се важни цитатите од Библијата подолу и префрлањето вина на православните за „земањето репер за христијанството“. Затоа не ја гледам причината да се одделуваш од другите верници, бидејќи во оваа ситуација и ти, и православните, Јеховините сведоци, муслиманите, евреите на крај тврдите иста работа: „Бог има причина што не го спречува злото во светот.“ Тоа е доволно за да ви се обраќам во множина и да барам објаснување од вас како верници, а не како христијани.

    Уште еднаш, од совршен Бог очекувам да направи совршени луѓе кои не се „способни“ да згрешат. Дискутабилно е дали ваквиот свет е „добар“, но факт е дека таков би се очекувал да биде ако имаше совршен Бог.

    Секако дека немам, затоа што не казнува ни свекрви ни терористи. Пред да кажеш дека и ти го мислиш истото because free will and all, јас мислам дека не го спречува злото бидејќи не постои, а ти мислиш дека не го спречува злото за да нѐ научи на некаква лекција на крај. Што само по себе е нелогично, земајќи предвид дека Бог е совршен и можел слободно да го прескокне целиот овој процес. Но зошто не го прескокнал? Којзнае, Божја работа (God works in...).

    Добро, ги убеди сите членови што страници наназад го кажуваа спротивното. Христијанството е против казнување синови за гревовите на татовците, одлично, се сложувам. Но од некоја причина, синовите сепак страдаат од гревовите на татковците, а многу почесто и од работи како терористички напади, земјотреси, потопи... А тој тоа го набљудува отстрана.

    Кои се дупките во „atheism of gaps“?
    Зошто Бог не го спречува злото штом може и сака? Еве една. Или да парафразирам,
    Зошто Бог не го прескокнал процесот на зло па катарза на Земјата?
    Нема одговор на ова. Прост логичен заклучок — Бог не постои. Секој друг одговор нѐ води назад кон God of gaps.

    Како што кажав, немаме работа со христијанството овде. Во конкретниов проблем, не се разликува од никоја друга религија. Единствено што можам е да погледнам од гледна точка на верник, што од мене бара да не носам логични, туку „лојални“ заклучоци.
    (Твоето објаснување, иако креативно, сепак е лојално, а не логично. Единственото логично објаснување го напишав погоре. :) )
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Што е посовршена креација, робот или човек со слободна воља?
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно робот.
     
    На Dim40 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  15. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Која ти е референтната точка за совршенство?

    На градбено ниво ние сме биолошки механизми.

    Во причинско-последичен систем слободата е неможноста за ососзнавање на неизбежниот детерминизам.

    Назад на првото прашање, доколку референтна точка за совршенство е универзалната свест, ако постои такво нешто, тогаш точки на конвергенција се временско-просторните итерации кои што чуваат дефинирана форма на свест а нивните колизии такаречи меѓусебни влијанија се извори на ентропија.

    За каков робот се работи? Вирус?
    Само размисли.

    Практично е да се повлече груба линија според свеста и да не се размислува понатаму, иако се работи за составни делови од ист континуиран систем.
     
    На Dim40 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Зошто едноставно злото во светот не го припишете на Демијурговото враќање?
    Така стварите би биле значително поинтересни за дискусија.
    (или подобро речено - бајаги по забегани). :D

    Околу темава..
    Не го одрекувам во потполност потенцијалното Божјо постоење, иако, ако се водиме според досегашните религиски списи, (настрана од физичките закони), факт е дека ниту тие немаат приложено валиден доказ. Обиди за докажување на постоењето на Бог, имале Анселм Кентербериски, Тертулијан, Августин, и многу други кои деноноќно вложувале напори за изведување на логички заклучоци, но повторно безуспешно.

    @Lella Го спомена совршенството како утописка категорија кога станува збор за светот, заклучно неговата предодреденост.
    ..Мојот одговор е дека ако овој свет е навистина Божја креација, тогаш Бог покрај смисла за хумор, има дефинитивно и одлично познавање од најуниверзалниот јазик - математиката. Бидејќи покрај материјата и супстанцијата како елементарни предуслови за постоењето, (а воедно и нашата егзистенција), факт е дека светот почива на математичките принципи, бидејќи сѐ има своја форма, проследена со висина, должина и ширина.

    ..Инаку, да не одам оф топик.
    Прашањето околу казната е исто многу дискутабилно, и по автоматизам го отвара најменјстрим прашањето кое гласи - Што всушност претставува казната за Бог, и дали воопшто функционира по најсимплицираниот принцип кој ние го познаваме - кармата? Од она на што сме генерално сведоци, одговорот е не. Дури и во случај да се осврнеме конкретно на нашето религиско тло, Стариот и Новиот завет, повторно ќе дојдеме до заклучок дека нема одговор на тоа зошто е вака како што е.

    Поентата е, дека по уверување може да бидете јудаисти, хиндуисти, телемити, креационисти, следбеници на атракциониот закон, да медитирате до бесконечност живеејќи во изолационен bubble далеку од објективната ,,стварност", ама тоа нема да ги промени статистичките податоци, кои кажуваат дека во светов доминираат хаосот, бедата, сиромаштијата и неправдата.

    Така да ако навистина постои нешто надвор од здравата логичка доследност, а е одговорно за постоењето на овој свет, тогаш тоа дефинитивно не е Бог, или бар не онаков каков што ние замислуваме дека е.

    @Јаневски

    Како во една реченица ги сврсти Демократовиот детерминизам и идејата за трансхуманизам бе бате?
    Тука слободна волја најмалку постои, а совршенство уште помалку.

    Вирусот е потенцијална можност, не единствен резултат според твоите искази.
     
    Последна измена од модератор: 13 август 2017
    На zhap4e и Lella им се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Никоја.
    На роботот една жичка да му се одлеми, отиде се.
    Така и човекот, ако не се води по некои правила...
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Хмм дали ти за партнер повеќе би сакала:
    1. Робот што ќе биде програмиран да те сака и што по автоматизам на прашањето „Дали ме сакаш?“ ќе ти одговара „Да, те сакам.“ или
    2. Свесен човек што нема да биде „присилен“ да те сака, ама сепак доброволно ќе те сака, иако има избор да не те сака.

    Каде а гледаме овде вистинската љубов?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Дали пробуваш да ме убедиш дека светов во кој живееме е совршен и God approved?

    Како што веќе кажав, дискутабилно е дали овој систем е „добар“ или „лош“, што значи, секако дека љубовта и моралот од суштества со избор се порелевантни оние на суштества без избор.
    Сепак, останува фактот дека на апсолутно совршен Бог му соодветствува апсолутно совршен систем и ништо помалку. Што значи, претпоставувајќи дека апсолутно совршен Бог постои, што и да имате (или што и да има Бог) замислено под совршенство е токму ова што се случува и се има случувано на Земјата.

    Ако се сложуваш дека е така, ако мислиш дека циклусот на грешење па исчистување, или уште полошо, негрешење и трпење на гревовите на грешниците (hint hint, холокауст) е совршеноста која Бог ја сака, ќе морам да не се сложам со тебе, не за друго, туку контрадикторно е на фактот дека Бог е добар и семоќен.

    Така што, навистина сметаш дека нема никаква поблага верзија на совршеноста на Бог? Од ова што го кажа, јас можам слободно да заклучам дека ти, со својот „избор“ и „слободна волја“ сакаш себичен Бог, кој само сака да го сакаат во највистинската љубов која постои - доброволната, притоа дозволувајќи нивно страдање.
    Каде ја гледаме овде совршеноста?
     
    На Dim40 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    15.981
    Пол:
    Женски
    Не, туку не става во одредени ситуации кои тој смета дека ни требаат за да можеме да извлечеме поука од сите тешкотии.
     
    На Rama, ЕденЧлен и MoonHighlight8 им се допаѓа ова.