Дали Исус бил во брак?

Дискусија во 'Религија' започната од WarriorMind, 12 август 2018.

?

Дали верувате дека Исус бил во брак?

  1. Да

    11 глас(а)
    18,6%
  2. Не

    27 глас(а)
    45,8%
  3. Не знам

    21 глас(а)
    35,6%
  1. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Прашањето е како и насловот на темата, дали верувате дека Исус бил во брак?

    Бидејќи Исус првобитно бил евреин а на мажите евреи не им било дозволено да не се во брак, дали верувате дека тој бил во брак со Марија Магдалена ?

    Според одредени теории тие биле во брак и по неговата смрт Марија Магдалена требало да ја води црквата како што тој ја учел, но за жал се случува спротивното и по неговата смрт ликот на Марија Магдалена е оцрнет. Таа со плодот на Исус е принудена да побегне и да најде прибежиште во Галија.

    Наводно постојат документи и записи кои го потврдуваат оваа но црквата вешто ги крие бидејќи и претставуваат закна.

    Божественоста на Исус е изгласана од страна на римскиот крал Константин и создаден е новиот запис само од четири евангелија во кој Исус е опишан како нешто боженствено а евангелијата меѓу кои и евангелието на Марија Магдалена се изоставени каде што е опишан сосем обичниот живот на Исус.

    Со оваа се крие вистинското лице на приказната и можно е да се прекрива бракот на Исус и Магдалена.

    Дали вие верувате во оваа ?
     
    На INNERBEAUTY, elimkd и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    1) Во Законот Еврејски не постои заповед дека сите мора да бидат женети. Постои закон според кој никој помлад од 30 не смее да проповеда, но не и дека мора да биде женет. Впрочем и свети Јован Крстител, апостолите Павле и Варнава, евангелистот Јован Богослов итн, биле неженети, па пак проповедале. Па така и Господ Иисус Христос ниту бил женет, ниту морало да биде.
    2) Според светото предание кое опстојало 20 векови, а се темели на списи и раскажувања уште од првиот век, света Марија Магдалина никогаш не била во Галија. Била во Рим кај царот Тивериј, оти била и богата и со римско државјанство, била во Ефес кај свети Јован Богослов, но во Галија не била. Во Галија отишле свети Марија и Марта Витаниски сестрите на светиот Лазар Четвородневни(според други преданија со нив биле и Саломија и Марија Јаковова) и тоа по смртта на Пресвета Богородица. А, Пресвета Богородица поживеала уште десетина години по Вознесението Христово. Заедно со Марта и Марија во Галија пристигнала и нивната слугинка Сара (заштитничка на Ромите Христијани), која била бремена.
    3) Прикаските кои се против Христа, за жал им се интересни на луѓето, па со тоа и доходовни на оние кои ги измислуваат. Така пред некое време “открија каде е вистинскиот гроб христов“, дури и “коските“ Му ги открија, ама после излезе, дека тоа се најобични лаги, измислени со цел да се оствари материјална добивка. Да не се заблудуваме и да наседнуваме на вакви измисени работи.
     
    На Victorian, melnicanecot, BabyStyle и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    Не знам.
    Зошто нема таква опција во анкетата?

    Иначе, не разбирам зошто би било проблем да бил во брак?
    Нема да смени тоа нешто во неговата 'светост' ... или како да ја наречам?

    Повеќе би било проблем, затоа што на жена би и' се придала висока улога, посебно на Марија Магдалена, која претходно била проститутка... Судејќи по тоа како Христијанството гледа на жените, не би ме изненадило да е вакво нешто 'сокриено' од очите и ушите на јавноста.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    За М.Магдалена не се знае дали била проститутка, во Библијата се вели само дека била грешничка но во која смисла за тоа нема детали.
     
    На Victorian, La.loca, melnicanecot и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    Без разлика.. жена е, а црквата има проблем со жените.
     
    На INNERBEAUTY, LollySky, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Како успеваат вакви мисли и прашања да ви минат низ глава не знам стварно.
    Од толку прашања и проблеми што се однесуваат не само на вас, туку на целото човештво, ќе се фатиме за полемика дали Исус бил женет.

    Големо чудо и да бил и да не бил, огромна разлика прави и во мојот живот и во целиот свет.
     
    На Victorian, joy1, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    Прави - прави!
    Замисли црквата да ги стави на исто рамниште и мажите и жените :)
     
    На INNERBEAUTY, LollySky, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Сите овие различни варијанти, филмски верзии и верзии во стил на теории на заговор... потврдуваат дека она на што се базира религијата се приказни и верувањето во нив, секој на свој начин и со свои елементи. :)
     
    На Victorian, Gosh, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Не. Според Христовата објава до луѓето на денешницата „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ , Исус од Назарет пред да почне да проповеда, бил кратко во заедништво со една жена која му била блиска на Неговото духовно битие. Немале деца а таа починала пред да почнат годините на проповедање.
    Таму е објаснето дека Тој морал да помине низ таквото искуство за подоцна да умее да ги разбере и несебично им помогне на многуте жени кои ги среќавал потоа.
    Не. Во истата Христова објава (Ова е Мојата Реч) кажано е дека Марија Магдалена била верна ученичка во смисла ги живеела духовните поуки кои Исус им ги дарувал на луѓето и била пример за другите ученички и ученици Исусови. Но тој со неа не бил во брак ниту имал деца.

    Исусовата мисија на Земјава била да се запре падот и отстрани опасноста од дезинтеграција на отпаднатите души, како и да им го покаже и потпомогне враќањето назад во Вечната татковина, а не да живее семеен живот на Земјава.
    И тоа е една од битните разлики помеѓу Исус и неговиот божемен претставник - црквата (сфатена како верска институција). Исус од она што може да се види како во Библијата, така и во тнр. апокрифни списи но и во денешните објави не ги дискриминирал ниту жените ниту мажите.
     
    На Victorian и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    Абе ај, шо... да му ја растуриме верзијата која сите ја знаат ;)
     
    На Feminka22 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека бил женет Исус,тотално бесмислена ми е оваа приказна плус и дека имал дете со Марија Магдалена:o
     
    На La.loca, Feminka22, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    А што и да бил во брак и да имал деца?
    Помалку ли ќе има вредност за верниците?
    И ако е одговорот: Да, тогаш прашањето ми е: Зошто?
     
    На LollySky, Tan4ence, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Зошто самиот тој бил зачнат т.е "воплотен" непорочно и безгрешно роден од Девица.
    Која е логиката Исус да имал телесен брак,однос или што и да е и да имал деца со некоја жена?
    И не гледам тука потреба(како што сакаат одамна да извртат) дека Црквата криела записи за сето ова :worried:
    Значи не е ова Поп,Владика или слично па да се жени...тоа е едноставно Господ Бог,верувам сo цело битие дека било вака,иако немам докази...
     
    На La.loca, BabyStyle, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    With all respect, во второто не гледаш логика, а во првото гледаш ? :D
     
    На INNERBEAUTY, Lella, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    Хипотетички, доколку би бил оженет и би имал деца, дали неговата 'вредност', ќе падне во твоите очи?

    Ова прашање е за сите оние кои се верници.
     
    На LollySky, Tan4ence, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ја прашав мајка ми за ова прашање, она не е некој верник повише со сила се прави хаха, и вика дека не би го гледале исто, т.е другачие би го перцепирале, пошто тогаш тој би ја изгубил целата чедност и доделена божанственост, би бил обичен човек, со земски задоволства, а како таков не им е интересен и посебен.
    И тука би завршила приказната за Исус.
     
    На Victorian, LollySky, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.246
    Штета.... А не е битно што проповедал мир и разбирање меѓу сите луѓе на планетата, битно е дали имал секс...
    Стварно штета...
     
    На Lella, sparklie, Macito007 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Ги имам гледано , одамна беше. Беа актуелни на Нешанал и баш содржат доста детали и толкувања.
    Ова прашање не го дрма светот од сега, охооо одамна е актуелно.
    Јас , верувам дека бил женет и дека доказот т.е папирусот кој содржи податоци за истото, не е фалсификат. Со тоа многу би се раздрмала цела религија и полесно е да се пренесува дека се е лага и фалсификат.
    Конкретно за М.М, сите податоци како со гума се избришани. Зошто? Зошто, сепак имало нешто и таа слика за Исус да не се ,,крши,, со ликот на една жена.

     
    На INNERBEAUTY, Gosh, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Во мои, не, не би паднала вредноста.
    Според некои верници ако имал секс и пород, би значело дека има и генетски наследници, кои тогаш би биле негови наследници. Но ако се земе в предвид пораката која ја проповедал, и да имал деца, таа тема би била тотално промашување на она што било Неговата порака.

    Тоа би му дошло како дедо ми да бил врвен пилот, ај мене ставете ме да пилотирам со ербасот или боингот - додуша поим немам од пилотирање но бидејќи дедо ми бил пилот нели, сигурно сум и јас автоматски врвен пилот... :rofl:
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd Да,точно така.Логика гледам Исус безгрешно да бил зачнат и роден од Марија(девица)Богородица.
    Ама,убаво си објаснив тој си е Господ Бог,не е ни Поп ни Владика да терал односи и деца(макар и ете да речеме безгрешно и непорочно и тој да зачнувал дете со некоја жена)не,не едноставно одбивам да верувам во ваква можност:x

    @WildMk Хипотетички не ни можам да замислам да имал дете и жена,така нема што да падне неговата светост и вредност во мои очи,никој од Апостолите и Светците не бил женет,не е можно да бил ни Исус,тој е синоним за чисто жртвено јагне,едноставно не се вклопува во среќната идила на сопруг,татко и сл:x:x:x:x
     
    На cresa-jagoda и BabyStyle им се допаѓа ова.