1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Исус бил во брак?

Дискусија во 'Религија' започната од WarriorMind, 12 август 2018.

?

Дали верувате дека Исус бил во брак?

  1. Да

    11 глас(а)
    18,6%
  2. Не

    27 глас(а)
    45,8%
  3. Не знам

    21 глас(а)
    35,6%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не сфатив. Оти би било промашување во однос на неговата порака?
    Имај во предвид, дека не сум ја читала Библијата.

    Во смисла: Овоземски, телесни потреби, не одат во едно со Исус?
    А за храна и вода? Важи? Јадел? Пиел?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е многу интересна тема. Нели истово е опфатено и во книгата на Ден Браун, "Кодот на Да Винчи". Таму впрочем прв пат се сретнав со ова, па ми беше интересно како такво.

    Дали Исус бил во брак или не, мене не ми менува ништо. Исус останува Исус. Не гледам зошто неговата вредност би "паднала" во моите очи.
    Не е ли патем побитно она кое им го пренесувал на неговите следбеници?
    Мене повеќе би ме разочарале некои контроверзни теории во неговото учење или поинаков вид на изобличување на неговата цел, него ли бракот со Марија Магдалена.
     
    На INNERBEAUTY, Lella, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Па тој не ја истакнувал важноста на Неговите телесни роднини (вклучувајќи ги евентуалните деца, внуци, правнуци), туку коректниот однос помеѓу луѓето - познатотот златно правило од Беседата на Гората: Она што сакате другите вам да ви го прават, правете им го вие на другите, и обратно - она што не сакате да ви се прави не им го правете на другите.

    Во еден друг пасус кога апостолите го известуваат дека дошла Неговата мајка тој нешто многу не се потресол од тоа, туку објаснил дека неговото семејство (мајка, браќа и тн.) се оние кои ја вршат волјата на Небесниот Отец. А волјата на Небесниот Отец според Исус е мир и рамноправност помеѓу луѓето (видливо во молитвата Оче наш).
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Исто и мене освен тоа што го пишав, на памет ми дојде прашањето како овој факт би ја намалил вредноста на Исус во очите на верниците.

    Нели Господ го создал човекот според својата слика, а Исус дошол на Земјата во човечки облик? И нели меѓу највисоките животни вредности кои ги проповеда религијата спаѓаат бракот и создавањето потомство?
    Зошто тогаш помислата дека главната фигура и пример за сите христијани, бил во брак и имал дете - вернициве ја сметате за тешко богохулие и навреда?

    Тоа се тие контрадикторности во кои е обвиена религијата.
     
    На INNERBEAUTY, Lella, LollySky и 10 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Пак не ми е јасно зошто не би било во согласност со неговите проповедања?
    Можеш да имаш фамилија и да се грижиш за доброто во светот?

    Ја изгледа премногу 'човечки' го замислувам, па не можам да 'влезам' во тоа поимање дека не му се својствени човечки одлики...
    Ама пак: Јадел? Пиел? Имал ли физички реакции како луѓето?

    Ништо не ми е јасно :drunk:
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @WildMk Јадел храна и дури и Вино пиел,замисли :D затоа тие лажните тогашни свештеници се бунеле зошто Исус со неговите ученици јаде и пие наместо да пости...

    @Someonespecial Оваа теорија дека Исус бил во брак не е ништо повеќе од теорија на заговор...
    Ако навистина постојат записи,не ми е јасно зошто толку строго се држат во тајност?
    Да не се наруши сликата за Исус?
    Ама,пример ете кај Муслиманите пророкот Мухамед е од преголема важност и не е спорно дека од сам старт бил женет и сите жени се познати кои се...е како за Исус да се држи во строгост тој факт дека имал жена и дете?

    @Mishela И јас го гледав Кодот на Да Винчи,разбуди малку језа во мене за момент,ама сфатив дека тоа е само перење на мозок....
    Имам гледано документарец кај што тврдат дека Исус не умрел,телото на крстот било на Римски војник и не знам ти што,а Исус заминал во Франција со Марија Магдалена и таму си оформиле семејство:x:x:x:x
     
    На Istata od vcera, Victorian, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ти сама кажа дека нема исто да го гледаш Исус, доколку би бил женет...
    А и @lovestoneddd кажа дека мајка и' исто размислувала...

    Што значи, дефинитвно би се нарушила сликата која верниците ја имаат за Исус.
     
    На INNERBEAUTY, Lella и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Да. Во тоа се огледа Божјата праведност. За корегентот на Небесата немало никакви бенефиции (на пр. од воздух да живее) туку бил како и другите обични луѓе во телесен поглед.

    Не дека не би било во согласност со неговото учење, туку дека Тој своите телесни роднини (и наводното потомство) никаде не ги поставил како централна тема на Неговото учење. На пр. кога проферсорот по дентална патологија објаснува за кариесот и неговото отстранување нема да каже само син ми знае да пломбира, славете го син ми ако сакате здрави заби.

    Но еве и еден практичен момент кој што Христос го спомнува во обемната објава наменета за денешницата „Ова е Мојата Реч„ (не Библијата). Тој како Исус да станел семеен човек со пород би се наврзал на фамилијарниот живот а тоа би се одразило на Неговата мисија, бидејќи дел од Неговата енергија и време би оделе на подигање и одржување на семејството - што само по себе гледано е благородна работа, но Тој не се инкарнирал со таква цел.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Дискутабилно е колку енергија и време би му одземале, посебно ако земеме во предвид дека за повеќе од 2 децении од неговиот живот не се знае ништо :)
    Може во тој период си завршил работа, и после тргнал да гради 'кариера' (да го ставам во пример со денешните сопружници и родители). :)
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не е до тоа дека ќе се нарушела сликата,која сум јас да го судам Бог?
    Целта на муабетов ми е дека,се е теорија на заговор,на некој му одговара да прави вакви "поткопувања и подбуцнувања" и тоа е се.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Дека ти спомна дека нема да го гледаш исто...
    А за тоа дали е или не е теорија на заговор, не ни навлегувам... пошто и целата Библија може некој да ја наречче теорија на заговор.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не сме се разбрале,јас никаде не реков нема да го гледам исто ако бил оженет,туку само упорно вртам и тврдам дека не бил...и посочив неколку мои гледишта во врска со тоа.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Епа не сум разбрала значи...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Според црковната теологија тој молчел до зрелите години за да го испочитува законот на неговите сонародници и не патувал никаде далеку. Според некои Њу Ејџ верувања бил „стипендист„ во Индија и Египет да учи јога и други чуда....

    Но според Христовата објава „Ова е Мојата Реч„ додуша навистина патувал во далечни земји или погранични области на истите, но не за да учи некакви спиритуални вештини туку за да го остварува законот „моли се и работи„ т.е. бил на печалба со својот овоземен татко вршејќи го занаетот на столар. Со тоа Тој дал пример дека Божјите представници се луѓе од народот кои живеат од трудот на своите раце а не од собирање данок како царевите или наплаќање на церемонии полни со празни фрази како што тоа го правеле свештениците.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Искрено не верувам.И да бил и да не бил он пак ќе е за мене истиот тој Возвишен и нема да падне неговата ,,вредност” во моите очи.
     
    На cresa-jagoda, Rama и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Видете... зачнувањето на Исус без сексуален однос, тоа дали не бил или бил во брак и со дете, и тие уште поголеми продлабочувања на варијантава (дека заминал во Франција со Марија Магдалена, дека учел во Индија и Египет) - сето тоа е само мерење нелогичности и пофилмска приказна. Тоа од гледна точка на атеист го велам... но и за христијаните сметам дека и да ги негирате овие верзии, нема причина истите да ви ги навредуваат религиските чувства. Бидејќи нема ништо лошо во нив што ја валка сликата на Исус.

    Теории на заговор се, се согласувам. Но, не можат да се стават на рамниште со оние теории кои ја побиваат науката.

    И Кодот на Да Винчи нема зошто да ви е језив и да го гледате со одбивност... Уметничко дело е, повеќе треба да ви е food for thought.
     
    На Istata od vcera, LollySky, Briar Rose и 6 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Истото може да се каже, за било која религиозна книга... дека е само 'теорија на заговор' :)
     
    На lovestoneddd и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Можеби повторувам некого, утре ќе ги читам мислењата. Јас колку што знам, според христијанството најпрепорачлив е аскетскиот живот на тело лишено од земски задоволства (како што живеат монасите). Темата е мислам навредлива за христијаните.
     
    На Rama, carangigia и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да заспијам, мозгам од прееска дали бил или не бил женет hmm
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Кога би запрашале врвен научник,уметник,спортиста,од кои вредности и задоволства се откажал за да стане тоа што е,не би се чуделе,нормално би ни било.
    А кога се работи за повисок степен,кој не е поврзан исклучиво со ова наше физичко постоење,кога се работи за нешто што не го разбираме и не можеме да го рационализираме до крај,тогаш е лесно да се манипулира и да се поставуваат прашања слични на ова.

    Исус иако не бил женет,итекако бил плоден,духовно.
    Неговите духовни чеда опстојуваат со векови,во најразлични услови и под најразлични притисоци.

    Исусовата мисија на овој свет е единствена,така да е бесмислено и навредливо и да се дискутира околу ова прашање,само поради тоа што не се разбира и познава и неговата божевствена природа.
     
    На Rama, Таа Сум, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.