1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Исус бил во брак?

Дискусија во 'Религија' започната од WarriorMind, 12 август 2018.

?

Дали верувате дека Исус бил во брак?

  1. Да

    11 глас(а)
    18,6%
  2. Не

    27 глас(а)
    45,8%
  3. Не знам

    21 глас(а)
    35,6%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182

    Никој не рече дека е невозможно да не бил оженет... но зошто би било проблем и да бил?
    Тоа е муабетот...
     
    Последна измена: 14 август 2018
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    @WildMk поради тоа што тој не е од овој свет,пратен ни е да не поврзе со Бога.Единствен е.
     
    На Rama, Таа Сум, hermosa и 6 други им се допаѓа ова.
  3. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто темата би била навредлива за христијаните.
    И Исус да беше во брак тој тоа сигурно не го сокрил
    Сите знаеме дека историјата ја пишуваат победниците.

    Јас не порекнувам дека Исус постоел со сета добрина и великодушност но сепак можно е низ историјата да му се препише боженството.

    Исто така многу се согласувам со @WildMk ги кажала и поставила оние прашања и мислења кои јас сакав.

    Црквата има корист од тоа да го крие. Прво жената не се става рамна со мажот а ако сега се открие тоа ќе се дојде до верска криза.
    Ако се дознае дека такво нешто скрила црквата се појавуваат сомнежи и се губи довербата во неа.
     
    На INNERBEAUTY, makedonkamak, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Исто како што и Елвис не умрел, и Тупак, и Мајкал Џексон (и многу други), туку се скриле негде во странство... исто како што и Пол Макартни и Аврил Лавињ умреле, па двојници ги замениле... и како што Хитлер не умрел туку сеуште живее некаде во Јужна Америка под друго име....
    Едноставно ваквите приказни ми се пресмешни, и сите исти!!!
     
    На Rama, sonuvana и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Он бил и не бил во брак во исто време затоа што он е Божји човек 8)




    семоќен!





    RUN
     
    На LollySky, Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Сешто. Не, не верувам дека бил во брак. Ако бил, ќе пишувало во Библијата за тоа, не гледам причина да би се криело. Исус е единствениот безгрешен, но и бракот не е ништо грешно. Така да, кога би било вистина, не би се криело, затоа што тоа ништо не менува, ниту божественоста на Исус, ниту па положбата на жената, мада стварно не знам како жената е поврзана со ова...

    Може објаснување за овој дел? Каква корист би имала црквата од сокривање на такво нешто? Каква врска има рамноправноста на жената и мажот со бракот на Исус? И каква е таа верска криза?
     
    На Rama, Таа Сум, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Грешка си!
    Грешно би било да се 'извалка' со жена... оригиналниот грев.. Адам и Ева :D

    Бракот на Исус би значел дека жените не се 'валкани', дека не се 'подолу' од мажите, дека оригиналниот грев ....кој по дифолт ја става жената во подреден вид - од реброто на Адам... парче од него е, сама по себе не би постоела.. направена била, специјално за Адам да има со што да се занимава во Рајот, затоа што му било досадно :D Па бог му направил 'играчка', односно жена. :D

    Во превод: Бракот на Исус, би ја поткопал цела теолошка доктрина и основните догми врз кои се потпира :D

    Меѓу другото, затоа книгите на Ден Браун, беа толку популарни!
    Затоа што се контроверзни!!
     
    На makedonkamak, lovestoneddd, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Односите во брак не се валкани. Валкан е блудот. Во една прилика, Св. Апостол Павле истакнал дека мажите треба да ги земат своите девојки за жени (не можам да го најдам цитатот). Истакнал дека добро прават мажите кои се женат со своите девојки, а уште подобро прават оние кои не се женат, односно оние кои немаат никаква врска со девојките. Исус на оние кои го следеле им велел да остават се и да тргнат при него, затоа што тие имале мисија. Така да, Исус знаел за што е пратен на Земјата од Отецот, и немало воопшто потреба да се жени. Патем, зошто го спомнуваш оригиналниот грев и Адам и Ева? Знаеш ли тие како згрешиле? Тие згрешиле така што не го послушале Бог туку Сатаната, кога пробале од забренетиот плод во Рајската градина. И тоа што жената е направена од реброто на Адам, тоа за тебе значи дека таа е под него? Во што е таа под него уствари? Ја нарекуваш дури и играчка. :x И апсолутно тоа ништо не би поткопало... Немате познавања, пишувате глупости. И ти и некои погоре.
     
    Последна измена: 14 август 2018
    На Rama, Таа Сум и carangigia им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Живееме во време на сензационализам, каде луѓето не се замараат дали е веродостојна информацијата, туку само дали е интересна. Ако е интересна, ќе се продава. Напишете книга со наслов „Жената на Исус“ и тоа ќе се продава. Или „Кучето на Исус“ и продавајте ја на овие од Анима Мунди. Ете ти бизнис.

    Прочитав некој пишал „победниците ја пишувале историјата“, па затоа евентуалниот брак со Исус би бил скриен од црквата. Основно непознавање на историјата. Политички гледано, христијаните се губитници до 325г. кога христијанството се легализира од страна на Римската империја, а дури во 381г. станува доминантна религија во империјата. Е сега проблемот на горната теза е дека денес ние имаме на располагање стотици христијански манускрипти кои датираат од 1ви до 4ти век (кога христијанството било илегално), и илјадници манускрипти откако Римокатоличката црква доаѓа на власт. И раните и подоцните историски извештаи за Исус се согласуваат и сите едногласно не спомнуваат никаков брак на Исус. Значи историјата, без разлика дали била пишувана од победници или губитници, е едногласна по ова прашање.

    Ова е за љубителите на науката. А оние кои сакаат научна фантастика и сензационализам и чисто да се зезаат на темиве, на нив не им се мешам, нека уживкаат :)

    А зошто би се женел Исус? Не можел да им одолее на страстите спрема жената? Или верувате дека би се оженил и би ги оставил жената и евентуалните деца во Назарет, а тој ќе шета со апостолите низ Јудеја? Или можеби се оженил за да им даде дополнителна причина за идолопоклонство на следбениците,да ја обожаваат и Неговата жена, деца, внуци, правнуци?
    Исус имал конкретна мисија заради која дошол на Земјата, а тоа не било да основа семејство. Доколку Бог одлучел да се отелотвори како жена, таа жена повторно не би се мажела

    Тоа што Бог можел да се „симне“ како што сака, но спеак одлучил да се отелотвори преку утробата на жената, е предоволен знак дека Тој жената ја смета за достоинствена и дека не се „извалкал“ од неа. Ако од некој се извалкал Исус, тоа е од мене што го пишувам ова и од тебе што го читаш ова, од сите нас. Моите и твоите гревови го извалкаа Исус на крстот каде што Тој одлучи да се жртвува за нас, за да не претстави чисти и невини пред Бог.
     
    На Rama, sonuvana и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182

    Да бе... па оти не зел жена да испрати Бог, туку 'случајно' одбрал маж? :D
    И зошто... 'сосема случајно', основната улога на жената е претставена преку Дева Марија и нејзината 'случајна девственост', 'случајна мајчинска улога', односно ИНКУБАТОР!! и толку!??

    И зошто 'случајно требало да одолее на страстите'?? Зошто жените немаат сексуалност. Мажите имаат, а жените само раѓаат.

    Дека Христијанството не губи веќе 2018 години, доволно е да видиш, по чиј религиозен каледндар го мериме времето, веќе 2018години :D


    Рама, уште пред орихгиналниот грев, Бог ја направил Ева, за да му прави друштво на Адам.. Адам бил 'вдахнат' од Бога, неговиот 'најдобар изум', но Ева, била само копија (од реброто) на Адам... Негова занимација, а секундарна господова творба... Длабоко е ова.. многу подлабоко отколку што мислите.

    А Оригиналниот син, знам дека е спознавањето на сопствената сексуалност, и тоа 'глупавата' жена, била 'прелажана' од змијата во Ендемската градина.... Оти глупава е Ева, а Адам, нема шанси таква грешка да направи, и да касне од јаболкото на Знаењето.. И ова... 'сосема случајно е вака поставено'. |(
     
    На Lella, crimson, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Годините не се мереле по раѓањето на Исус веднаш по Исус, туку од 525 година па наваму.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ај да се лажиме :D
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сепак, Христијанството е предоминантна религија на планетата, без разлика кој-што ќе кажете..
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Искрено, немам поим дали Исус бил женет и мене лично тој факт не би ми направил никаква разлика во мојот став кон него како личност. Од друга страна, сфаќам зошто тоа би претставувало проблем за повеќето христијани.

    Тоа е така затоа што црквата го изградила христијанството примарно околу боженствениот аспект на Исус, а не околу самото негово учење, затоа и неговата смрт за гревовите на човештвото и неговото воскреснување се во фокусот на христијанството како религија. Од овој аспект, на сѐ што се коси со неговата боженственост, односно на сето она што би го направило повеќе налик на обичните луѓе, а помалку налик на син божји, т.е. Бог на земјата, се гледа како на некаква хереза и нешто некомпатибилно со христијанските вредности и верувања.

    А во суштина, ако го погледнеме Исус како историска личност, без да се осврнуваме на тоа дали бил божји син или обичен човек, и ако го разгледаме неговото учење, ќе видиме дека проповедал доста паметни и прилично радикални и револуционерни работи, особено за она време. И врз неговото учење нема никакво влијание дали бил човек или Бог, женет или не.

    Од друга страна, го сфаќам инсистирањето на боженствениот, безгрешен аспект – конечно, и Епиктет и Сократ биле паметни луѓе кои „проповедале“ револуционерни ствари и имале следбеници кои истите ги запишувале и објавиле по нивната смрт. Арно ама, за нив двајца сме 100% сигурни дека биле „обични“ луѓе, дека биле женети и дека, откако умреле, не се вратиле во живот. Ваљда затоа и денес немаме маси на обожувачи на нивното учење и дело, организирани во религии. :)
     
    На daylight, crimson, Briar Rose и 7 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Најголемата лага на светот...
     
  17. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Ме интересира болдираното, зошто е уште подобро ако немаат ништо со девојките? Затоа што се нечисти, заради првородениот грев со јаболкото или нешто друго ?

    И денес постојат овие мислења како жената била нечиста и затоа педофилијата е дебело застапена во одредени кругови и тоа врз машки деца.

    @EvAngelos христијанството зема голем замав, и покрај обидите да биде спречено тоа се пробива.
    Политички изработено се зема религијата во која се гледа потенцијал ваљда не оти морето се поделило на пола и ја потопило римската војска.
     
    На lovestoneddd, Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Еве хипотетички,црквата да ја изгуби довербата.
    Што би значело тоа? Дека луѓето ќе престанат да веруваат?
    Што поточно се крие зад вакви обиди во име на " вистината "?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Моќта која ја има црквата како институција.
     
    На Someonespecial и WarriorMind им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Исус не бил пратен на Земјата за да се жени.. А и во Библијата не се споменува никаква женидба на Исус така да не верувам во ова.
     
    На Rama, Таа Сум, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.