1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Исус бил во брак?

Дискусија во 'Религија' започната од WarriorMind, 12 август 2018.

?

Дали верувате дека Исус бил во брак?

  1. Да

    11 глас(а)
    18,6%
  2. Не

    27 глас(а)
    45,8%
  3. Не знам

    21 глас(а)
    35,6%
  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Па тоа и прашувам.
    Кој ќе ја превземе таа моќ?
     
    На Rama и Vitaly им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    NWO :D
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.051
    Пол:
    Женски
    Затоа што најголем благодат добива оној кој го следи единствено Христос, како на пример монасите кои живеат да му служат на Бог а и на луѓето.
     
    На Rama, Таа Сум, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па, како не разбирате зошто е навредлива темата? Навредлива е, затоа што им ги поткопувате основите на учењето. Вие им кажувате дека христијанството не е онакво какво што тие го знаат, туку сакате да започнат да веруваат во нова верзија (која вам повеќе ви одговара), во некој друг Исус, кој бил оженет, имал деца, не се посветил исклучиво на несебичната цел да ги избави луѓето, туку си гледал жена, фамилија и т.н, ништо повоздржан од обичните луѓе и нивните потреби, а притоа зборувате за син Божји. Директно по темелот удирате, се се менува, не знам што не ви е јасно.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Ние, оние кои сме овде да речам со поразлично мислење не теравме никого да верува во тоа што нас ни одговара.

    Ние сме овде за да дискутираме на оваа тема и не е ништо фанатично црквата да крие одредени работи од верниците.

    Исто така и членка погоре спомна дека тој бил женет но ја изгубил жена си и тоа било искуство низ кое требало да помине за да може да ја изврши својата должност.
     
    На daylight, WildMk, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Јас не знам што се крена толкава прашина околу оваа тема? Првин што ви менува на вас дали бил во брак или не? Инаку кога читате книги поврзани со теологија не земајте се здраво за готово. Ако така пишува не мора да значи дека е така. Вклучете го мозокот и размислете дали е навистина така. Секако дека ќе имаме и неодговорени прашања. На пример мене повеќе ме мачат други поважни прашања од тоа дали бил во брак.

    Прашања кои ме мачат:
    1. Зошто во некои книги поврзани со теологија пишува дека Бог ќе им се одмазди на неверниците? ( Нели Бог ја спроведува правдината)
    ПС: Или преводот е лош или утната е поентата
    2. Зошто верските лица кога е во прашање некоја молитва велат мажите да стојат на една страна, а жените на друга. Кога нели пред Бога сите сме исти?
    3. Зошто верските лица велат да добиете вистински христијани како сродни души за вашите чеда? Нели е поважно да е добар човек без разлика од која вера е?
    4. Зошто има толку неправди иако има толку многу верници во светот?
     
    На daylight, Rebecca_R, Macito007 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    @RAF Camora Убави и сосема на место прашања Рефо, гледај сеа како дипломатски ќе ти ги избегнат одговорите. 1, 2,3 GO !
     
    На WildMk, makedonkamak, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека да,по тоа што имам читано.
     
    На makedonkamak, LollySky и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Бог се одмаздил или ги казнил луѓето еднаш со Големиот Потоп, потоа рекол дека никогаш повеќе нема да направи такво нешто.
    Доколку ја читаш Библијата ќе ти станат јасни сите поставени прашања.
    Неможе да бидеме исти бидејќи сме различен пол нели, ние сме луѓе да но сме различен пол.
    Поделбата во црква се врши поради традицијата ако не се лажам а не поради религијата.... Јас првпат во мојот живот имам видено во православна црква тука да се принесуваат крвни жртви.. Тоа не постои во нашата религија бидејќи Бог ни вели да не убиваме. Потоа заклучив дека тоа останало тука од турците муслимани.
    Ако ги преиспиташ убаво луѓето ќе видиш дека многу малку се верници, останатите само се нарекуваат така а сепак живеат без морал и не се водат според својата религија... Има и ''верници'' кои во својата религија имаат света војна на пример или џихад како сакаш.. За муслиманите зборувам, па ете затоа има неправда. Неправда имало и ќе има засекогаш за жал.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Никој не бара да ги дадат одговорите бидејќи на некои прашања уште не можеме да најдеме одговор.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Значи и тебе те зачудило тоа со принесувањето на жртва. Јас сум имал многу прашања кои од моите блиски биле одговорени со реченицата: Така останало од старите. Мене некои работи уште не ми се јасни дури и да се трудам да ми станат јасни тешко дека ќе го најдам одговорот.
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да ме зачуди бидејќи во мојата религија не се принесуваат крвни жртви на Бог, а видов како се колат јагниња во црква. Па заклучив дека тоа е останато од турците овде. Веројатно нашите предци ги гледале што прават нив за бајрам кога масакрираат илјадници животни па и овие по нив. Ако сам не разјасниш некои прашања ретко кој ќе ти помогне да разјасниш, сите гледаат да те откачат, посебно за вакви работи. И мене истото ми го имаат кажувано моите.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Пак дојдовме на мојата констатација и до заклучокот дека религиите се менувале со текот на годините и добивале по нешто една од друга. Не знам колку си запознаен голем дел од оние кои се споменуваат во Библијата се јавуваат и во Куранот, но под други имиња. Затоа тврдам дека не треба книгите поврзани со теологија во кои се анализирани настаните од секакви автори да се земаат во предвид. Затоа и сметам дека не може со сигурност да се тврди што е вистината.
     
    На Someonespecial, Lianna Anna, WarriorMind и 2 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А каква врска има брачната состојба на Исус во први век со денешната доминантност на христијанството? Во први век па се до 4ти век, христијанството не било ни доминантно, ни инфериорно, туку илегално, забрането и прогонувано. Така што изјавата „историјата ја пишуваат победниците“ е смешно да се препише на христијанските текстови. Кога Исус би имал жена, тоа не би можело да се сокрие.
     
    На Rama и daylight им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    На Бог му служат оние кои ги извршуваат Божјите заповеди. Ова Исус јасно го кажал и тоа неколку пати во Библијата. Бог нема никаде дадено заповед луѓето да одат да живеат по манастири. Апстолутно никаде. Напротив, кога Петар изразил таква желба - да направи три шатори и да си живеат сами на гората на преобрежанието, не добил одобрение од Бог, туку Бог му рекол: „Слушајте го Исус!“ (ев. Матеј 17:4-5, Библијата) А Исус потоа ги испратил апостолите да служат меѓу луѓето, значи обратно од монашката желба на Петар :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Да, верувам дека бил женет, со Марија Магдалена. Веројатно таен брак.
    Не е грев да се читаат религиозни книги од други религии, Библија, Куран, Ведите, Авеста, и така натаму. Во глобала, всушност многу се слични во своите основни начела. За мене, збирки на интересни историски приказни.
    И секако дека не е грев да се прошират малку видиците.
     
    На INNERBEAUTY, daylight, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Никој. Само нема да има моќ црквата.

    Се' има врска. И се' е во улога на контролирање на масата. Религиите се организирани институции, држави кои владеат преку физичките граници на државите. Огромна моќ е тоа.. не е играчка..
     
    На Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.051
    Пол:
    Женски
    Да, но неговите апостоли, и сите кои го следеле, ги оставиле своите семејства за да го следат.
     
    На Rama и Таа Сум им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Овде секој изнесува свој, личен став, и сите имаме по некој параметар различно мислење. Од каде членката би знаела нешта кои ние не ги знаеме? Релевантен извор дека Исус бил оженет?

    А каде е Бог? Бог ако постои и тоа онаков како што е опишан во христијанската вера, ќе го видиш на судниот ден. На овој свет не сме сите еднакви, дел сме од најразлични хиерархии.
    Тоа што црквата ги двоела (и ги двои) мажите и жените, христијаните од иноверците, спаѓа во методите за одржување некаков ред и контрола во општеството. Што е нормално. Ако не е црквата (која речиси два милениума успешно диктирала и имплементирала), некој друг наметнува правила.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не прашав „што има врска“, туку „каква врска има“. Значи ме интересира каква е врската, каква е логичката причинско-последична релација помеѓу брачната состојба на Исус во први век, со тоа што христијанството станало доминантна религија во 4-5 век? Вака кажано „се има врска“ може да значи дека и дождот влијае на контролирање на масата.

    Па не баш сите, туку само поединци и тоа не дека имале намера да не се вратат дома, туку едноставно биле убиени па затоа не можеле да се вратат дома. Сепак никој не тргнал на мисија со цел да си направи куќичка на планина и таму да си врти бројаница имајќи притоа маж/жена и деца дома.
    Во Новиот завет има јасни инструкции да не се остава жената (и мажот), дури пишува и да не се апстинира сексуално предолго за да не биде искушуван едниот партнер да има секс со друг (1 Коринтјаните 7:5, Библијата) И покрај ова, дали можеш да го замислиш апостол Петар како ја остава жена му (спротивно на Новиот завет) и си врти бројаница у некој манастир таму, додека жена му кризира дома и е под искушение да легне со комшијата на пример.