1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Исус бил во брак?

Дискусија во 'Религија' започната од WarriorMind, 12 август 2018.

?

Дали верувате дека Исус бил во брак?

  1. Да

    11 глас(а)
    18,6%
  2. Не

    27 глас(а)
    45,8%
  3. Не знам

    21 глас(а)
    35,6%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Значи ако од одредени причини јас не можам/не сакам да имам секс, ако мојот партнер ме изневери јас сум крива затоа што јас сум го довела во искушение?
     
    На Lella, Nausicaa, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Христијанството е најзастапената религија во светот. Црквата има интерес да си го зачува статус кво-то, поради тоа што, со една книга, наметна и сочува влијание 2 илјади години. Не сакаат никој да им ја 'поткопува' догмата која си ја промовираат.

    Зошто брак на Исус би бил проблем за црквата и како тоа би влијаело на нејзината доктрина, објаснав претходно.

    И ова што го пишуваше некој: Сите сме различни, поделени бла-бла, е во интерес на црквата, не Христијанството како вера. Исус проповедал работи слични со философијата на Џон Ленон.. Баш бил кул типче.. Дури и да не постоел вистински... како концепт бил добар 'човек - божество'.
     
  3. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Искрен да бидам ако прочита добро погоре никаде не тврдам ништо и не велам дека тоа со сигурност е вистина. Гледаш дека и ти имаш прашање кое те мачи. Јас го немам одговорот на твоето прашање. Вистина е не сум доволно компетентен да зборувам со вас на оваа тема, има членови кои се попаметни и појасно гледаат на работите од мене. Ова што го напишав се однесуваше на прашања кои мене ме мачат, многу од вас гледам дека имате одговори на нив. Дали се тоа вистинските одговори ќе покаже времето.
     
    Последна измена: 15 август 2018
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Верувам дека бил во брак со Марија Магдалина, бил нарекуван Рабин, а рабини можеле да бидат само оние кои биле во брак дури и верувам дека имале потомство. Толку малку е спомната во библијата а имала голема улога во животот на Исус, не случајно таа е првиот сведок на неговото воскресение, му била омилена и често ја бакнувал во уста
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Религиите не се менувале туку црквата. А за да бидеш верник не ти треба црква тоа да бидеш сигурен. Во куранот Исус не се споменува како божји син така да ние и муслиманите не сме исто и не веруваме во еден бог.. Мој бог е Исус а не алах. Куранот се појавува далеку подоцна од Библијата.
     
    На tel-ef и Rama им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И значи не е точен Куранот, а Библијата е точна?
    Да прашаш муслиман, обратно ќе ти кажи...
     
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Библијата е далеку постара од Куранот. Ние не веруваме во ист бог тоа е јасно. Во куранот се споменува Исус но како обичен човек а не Божји Син и спасител така да според тоа може да заклучиме дека нивниот бог е алах а нашиот е Исус.
     
    На tel-ef, Rama и La.loca им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Куранот го има цел Стар завет во него..
    А Бог е еден, Исус бил 'тој', само во човечко тело.
     
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Куранот не го смета Исус за бог така да нема што да барам јас во Куранот.
     
    На tel-ef, Rama и La.loca им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Знам дека не го смета за Месија, уште го чекаат Месијата тие.. За нив Исус е само пророк

    Него... и да не бараш ништо во Куранот, пола го знајш веќе, пошто е истата прва половина со Библијата :)

    А Бог е еден... нема 100 богови.. Тоа ти објаснував и во претходниот пост, ама не ме разбра.
    Бог се 'симнал' на земја, во телото Исусово... Исус е само весл.. возило за Бог.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Од каде ти се информацииве? Во Тората (Законот или 5те Мојсееви книги) нема таква регулатива за учителите (рабините). Плус Исус не бил официјален рабин од фарисејската ложа. Него раби (учителе) го викале само неговите следбеници. Јудејците дури и се чуделе од каде му е тоа знаење кога никој не го поучувал (ев. Јован 7:15, Библијата).

    Марија Магдалена не отишла на гробот сама. Таа била во придружбa со уште една Марија (мајката на Јаков и Салом), Јоана и уште неколку жени (ев. Лука 24:10, Библијата). Која го видела прва Исус е небитно и не може тоа да биде доказ дека таа му била сопруга.

    А тоа со бакнувањето во уста е од гностички текст кој датира од 3ти век, а неговиот автор лажно се потпишал како Филип и денес сензационализмот го фура како „евангелие по Филип“. Текстот не би можел да е напишан од Филип, бидејќи Филип не живеел 200 и нешто години. Второ полн со гностички елементи и јасно се гледа дека е пишуван од гностиците во 3ти век, што значи дека лесно се докажува дека е фејк и не може да биде земен како историски извор.
     
    На tel-ef, Rama и elimkd им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Тууууу бе па вие.. ама се запнавте да 'докажите' дека не бил женет :)
    Сенкир то е најбитно во Христијанството.... ;)

    Или можеби е??? ;)
     
  13. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Па нормално дека не ти треба црквата за да бидеш верник односно верски објекти. И ако одиш само во црква и си ја прочитал библијата не значи дека по автоматизам ти си верник. А каде јас спомнав дека се исто просветли ме ако сум напишал некаде. За да бидеш добар верник прво треба да бидеш добар човек.
     
    На tel-ef, Rama, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со тебе.. Истото сум го кажал десетици пати по форумов дека со читање Библија и одење во црква не се станува верник.. Инаку не кажа ти такво нешто туку сакав да кажам дека не е во ред да се споредуваме бидејќи сме два различни света... Нашата религија учи на љубов најпрво, нивната на свети војни и жртвувања.
     
    На tel-ef и Rama им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Чија на свети војни??? Муслиманството??
    Не! Нема религија во светот која е милитантна!
    Тоа се перверзии од религиите, а не нивната суштина...

    Според Крстоносните војни, можеш да кажеш и Христијанството дека е милитантна религија, ама не кажувате така, нели??
     
    На WarriorMind, candy.cane и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Бог не е еден и ист Бог и кај Христијаните и кај Муслиманите.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Гуглај што е џихад.
     
  18. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Проблемот е што голем дел од нив погрешно го толкуваат Куранот. Односно радикалниот исламизам го користи Куранот како предмет за мобилизација на борци. Пола од тие што се борат го немаат прочитано Куранот. Инаку има многу добри луѓе и кај муслиманите кои се учени на вистинските вредности. За тоа не треба да генерализираме.
     
    На daylight и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Знам. Имам многу пријатели муслимани кои се добри луѓе.. Но тоа немора да значи дека е одраз на нивната религија. Можеби не се толку верски настроени.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Има многу православни кои се одвратни луѓе. Но тоа не мора да значи дека е одраз на нивната религија. Можеби не се толку верски настроени. :wasntme:
     
    На Lella, daylight и Someonespecial им се допаѓа ова.