1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Исус бил во брак?

Дискусија во 'Религија' започната од WarriorMind, 12 август 2018.

?

Дали верувате дека Исус бил во брак?

  1. Да

    11 глас(а)
    18,6%
  2. Не

    27 глас(а)
    45,8%
  3. Не знам

    21 глас(а)
    35,6%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Џихад е Света војна! Но во смисла: Мисионерска работа, а не убивање :D
    Порано што биле Крстоносните, тоа е денес Џихадот ;)

    Тоа ти објаснувам.... дека религиозните институции, прават перверзни искривувања на суштината на религиите... Нема никаква потреба, религија... во смисла спиритуалност/вера, да биде поврзана со организирана светска институција... Апсолутно никаква ;)
     
    На WarriorMind, candy.cane и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Крстоносните војни претставуваат серија од воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против Евреите, руските и грчките православни христијани, Монголците, катарството и политичките противници на папата

    Џихадот е света војна а војна значи убивање... Доколку истражиш поубаво ќе наидеш на нешта пострашни и од хорор во куранот. Реалноста е таа, не сум го измислил јас ова. А за крстоносни војни може на некој католик да се обратиш, јас сум православен. А и за такви војни не сум прочитал во Библијата.
     
    На tel-ef и Rama им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Истото е копи-паст...
    Света војна против 'неверниците', исто како што Крстоносните биле против 'неверниците'.

    Ни во Куранот не пишува за убивање... Затоа ти викам, може институција организирана, да ви ги тумачи како сака.. и да злоупотребува што сака..

    Зошто ви треба црква или џамија да ви прочита и да ви 'прераскаже', по нејзино??
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Зошто во ниту една муслиманска земја не е забранета и осудена педофилијата дали воопшто знаеш? Затоа што нивниот пророк мухамед имал повеќе жени меѓу кои најмалата имала само 9 години.. Ако ја осудат педофилијата ќе треба и нивниот пророк автоматски да го осудат... Неможе никој да ме убеди дека куранот шири љубов или нешто што му носи добро на светот..
    Во куранот пишува и за убивање и за камшикување и за каменување... Не е баш исто бидејќи Библијата не ни налага да војуваме, и не се споменуваат никакви крстоносни војни во неа. Во куранот се споменува џихад тоа јасно води кон убиства и тероризам. Во Христијанството не се принесуваат крвни жртви, во исламот се принесуваат, посебно за Бајрам.. Милиони животни се масакрираат.. Неможе да ме убеди никој дека исламот е добра религија. Никој не превзема ништо за тоа, а кога некој ќе убие куче во самоодбрана цел свет на нозе се крева. Срамота.
    Само кажувам што вели Библијата а не црквата. Ама секогаш ќе се претставувам како православен христијанин бидејќи поголемо зло и мафија од римокатоличката црква нема. (зборувам како за организација а не како навреда кон верниците.) Најголемото педофилско лоби го сочинуваат римокатолички свештеници, имаше на интернет некои работи во врска со тоа.
     
    На tel-ef, Rama и afrodita94 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ништо во Куранот не води 'јасно кон убиства и тероризам'.. не бладај..

    И Библијата била исто испревртена (интерпретирана) за време на Крстоносните војни! И тие верувале дека убиваат 'неверници' и дека целта им е да го 'шират Христијанството'. - Буквално истата верзија на искривување, само едната се случува 1000 години порано...

    Што можам, комплетно да го поврзам, со фактот дека Христијанските земји се денес понапредни, а муслиманските поназадни.. и со социјални прашања, и со едукација и со се'... Затоа и 'дури сега' ним им се случува 'Светата војна'.... Сега го достигнаа тој стадиум од еволуцијата, кој Христијаните го поминаа пред 1000 години....

    И не... не се подобри Христијаните... само се 'понапредни'... за нијанса само... прикажано во 4 милијарди еволуција на универзумот, всушност е ништо.. само една нано-точка!
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Нема да продолжам да дискутирам за ова бидејќи само вергламе во место. Јас едно мислам ти друго и крај.
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Неее.. нема да 'верглаш' пошто те 'убив' со факти!
    Оди сега пикни се во некоја дупка и чмај, поради тоа што си 'победен'... како секој човек што прави кога ќе се почувствува 'победен'...

    Заборавив да го напоменам најбитното: Само гледај да научиш нешто од муабетот, а не само да се лутиш. :*
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Хахахахахахахах ме изнасмеа.. Какви факти жити мајка? Ти само мислење твое искажа, никаков факт не е тоа... А уште кога ќе видам дека спојуваш еволуција со религија незнам што да кажам. :)
     
    На Macito007 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Поврзани се... суштински:

    'Бог' е оној кој го создал универзумот а.к.а. 'Она' по чии закони е создаден универзумот.

    Бог е Природата :l:
     
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Бог е природата точно ама дарвинизам и биг бенг никако не оди со Бог, посебно не со Христијанскиот Бог, ако веќе веруваш во друг Бог тоа е друга работа.
     
    На tel-ef и Rama им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не верувам во 'друг' Бог... Еден е Бог!
    Неприкосновен! На сите!

    Семоќен и Сеприсутен - тоа ти кажува се'

    Нема повеќе 'Богови'.

    Затоа не ви треба Црква, или Џамија да ви каже што е 'Бог'... Сите го знаеме Бог... во секој од нас е... како и во се' останато во универзумот :inlove:
     
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Знам дека нема. Оној бог во кој верува сметам дека тој создал се што гледаме и дека не постојат други богови.. Но има други ''верници'' кои веруваат во ''поинакви богови'' Моја работа е што ми треба а што не. :inlove:
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не бе срце мое...

    Сите веруваме во ист Бог...

    Само институционалната религија и паметот колку што ни дозволува се криви што не можеме тоа сите да го сфатиме... наеднаш :inlove:
     
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    За жал не е така... Алах и Исус или Исус и Перун или Исус и Ганеша за мене никогаш нема да бидат исто..
    Знам дека Бог е еден, но различни групи на верници различно го претставуваат.
     
    На tel-ef и Rama им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.037
    Пол:
    Женски
    И не се исто. Кој ги прочитал светите книги, знае.
     
    На tel-ef, Rama, Stephen Amell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ти кажав зошто е тоа така... зошто различни луѓе им тумачат она што сите веќе го знаеме 'длабоко во себе'...
    Не можеш да не го знаеш... пошто Бог е Сеприсутен, и во тебе е!
     
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Се замислуваш како да си пратена од Бог. Немој, глупаво изгледа.. Не филозофирај што би рекле... Везе с' везу ти нема ова што го пишуваш.. Јас длабоко во себе знам дека постои Христијански бог а не некој ваш измислен по ваш крој... Доволна ми е Библијата за да знам кој е мојот Бог.
     
    На tel-ef му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    :rofl:

    Никој не е 'пратен' од Бог... Нема потреба 'Бог' некој да 'прати'... Бог е во тебе.. не можам јас да ти кажам кој е, ни никој друг :rofl: