Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    76 глас(а)
    47,2%
  2. Не

    61 глас(а)
    37,9%
  3. Можеби

    24 глас(а)
    14,9%
  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    Би заминала неколку години, размислувам која земја би ја одбрала, јазично да сум колку толку подготвена.

    Би одбрала фино малечко гратче, зелено, со добра инфраструктура. Можеби накај Словенија ме влече, а поим немам од словенечки.

    Имам зборувано со една моја познаничка, мажена за Исланѓанец, живееја неколку години таму, па дојдоа овде со него. Тој работи онлајн, таа си ги гледа децата, многу деца, за наши услови - браво.
    Веројатно исландската влада ги плаќа за секое дете надомест според примањата и возраста.
    Ете тие одлучија да ги растат децата овде, во овие школи во овој систем.
    Едното дете ѝ е малку со развојно нарушување, децата овде му велеле ее ти си ваков таков, наводно се смееле. А тој е дете кое е изолирано, се двои од другите, и другите деца му реагираат.

    Не беше таа задоволна ниту од Исланд, еднаш ми расправаше.
    Вели работев во градинка, одма како странец ме доживуваа, на почеток ме држеа за минимална плата и потоа ме отпуштија бидејќи ќе требаше да ми ја зголемат..и на секое така менуваат.
    Не им е важно за поврзувањето на децата со една воспитувачка.
    Рече млади вработени и не им обрнуваат многу внимание на децата.
    Ова беше нејзино видување.
    --------------
    Сакам во друга земја да го осетам странството, ама со враќање дома. Ама и тоа веќе еднаш кога ќе се иселиш, и дома ќе ти е туѓо.
    Секогаш може да се вратиш, ама маката којашто си ја истерал и патот изодел, вреди потоа да се остави сѐ и овде пак одново?

    Јас мислам дека Македонците се селиме од нас самите. Македонецот може да го "извади македонското" само во странство.
    Едноставно овде сите посочивме дома колку ни е смрдено и гадно.
    И ако сите овде сме паметни, не валкаме дома, тогаш кој е тој што го прави тоа луѓе?
    Добро, дел сте иселени, секако си внимавате иначе :devil:
    Ама Македонија е права депонија.
    Не си ја сакаме државава и крај. Ниту цркви, празници, обичаи не нѐ перат, не се сакаме и тоа е.

    Охрид во лето е канта. Преку зима горе-долу е чисто по улици, тек тук има, ама младиве изгледа треба и стап и казна да заигра па да се опаметат.
    По излетничките места и видиковци да не кажувам какво е, знаете.
    Езерото секоја година го чистат, вадат маси, столови, шолји, цел инвентар.
    Кој го прави ова да ми је знати!

    А сите вака по муабет многу сме паметни, знаеме што не чини, и пак се давиме во ѓубре. Реки преполни ѓубре, планини, градови, а колку е мала земјава!
    Може да свети цакум пакум.
    А прекрасна е земјава навистина. Ама назад сме, ептен, инфраструктурно и системски.
    Едни Холанѓани пред неколку години, возејќи се во комбе по нашиве стокмени патишта, искоментирале колку биле автентични патиштата и биле воодушевени. :rofl:
    Ете може и ваква ментална хигиена (ама само ментална ни преостанува). :mm:
     
    На azelea, MarijaMi90, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.922
    Пол:
    Женски
    Само за во Сингапур сме. Јас на времето кога бев пушач при престој во Сингапур палам цигара на излегување од хотелот кога тоа вратарот трча по мене -Но мем . Од стар бакс излегувам со кафе во рака и палам цигара една девојка исто -ноу ноу ....абе се убив барајќи каде има пушачка зона ,имаат знак со казна за непочитување и е на стуб закачено и канта за пикавци :DКако стуб на срамот нешто. Абе умрев од срам,никој не видов да пуши само јас, и не ја ни допушив цигарата ја изгасив и заминав. После на аеродромот во Хонг конг за мене беше прав циркус ,стаклени ѕвона за пушачи ,гасна комора ,да влезеш само со едно вдишување си испуштил 100 кутии и ќе смрдиш на чад како пожарникар кој гасел пожар. Нормално не влегов. 24 саати цигара не запалив и на крај се симнуваш во Сиднеј вадиш цигарите и гледаш пак дека си ко тринаесто прасе бодеш очи .... Идам во продавница барам рафт со цигари,јок нема. Прашувам каде се ,коа они наредени во еден шкаф сите пакувања со ист дезен со тоа страшните слики,не како кај нас ,со пеперутки,со шарени бои ,модерни дезени на кутиите,наредени на фенси рафт со осветлена реклама ....умирав од срам како пушач .... за жал нефункционалност на нашиот закон стимулира и многу други пороци ,како кладилници,автомат клубови ,достапноста на алкохол насекаде и секому ...

    Сосема се согласувам и со напишаното од Даст и ме потсети на моите пушачи денови ,па морав да се надоврзам и да споделам.

    Погоре некој ја имаше спомнато Италија...па попрво во Македонија би останала отколку да мигрираат во Италија.
     
    На Lisandra, azelea, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Абе зашто вака ми збрца во душа :D:D
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Напишав еден пост и некако се избришал.

    Ако имаш пари секаде подобро се живее. Не само во Македонија.

    Живеев во Велика Британија неколку години и правев истражување таму. Увидов дека има огромни разлики во се за тие што имаат и тие што немаат пари. Пример во школо каде што мнозинството се со генерации во Велика Британија и се побогати се учат понапредни работи од школото полно со деца од работничка класа и доселеници. Тоа ако си прва генерација доселеник нема ни да го забележиш (немаш пристап). Прегледи специјалистички само со закажување, матичен исто. За поскапи тестови како на пример магнетна резонанца се чека со месеци. Пријател што беше од таму почина од рак на коски зашто чекаше 6 или 8 месеци (не се сеќавам точно) за снимање бидејќи не бил во никаква ризична група за болка во колено (немал спортска повреда, немал доволно години). Кога го снимија доби супер третман ама заради касна дијагноза си почина по неколку години лавовска битка. Да имаше пари ќе си платеше приватен третман и ќе живееше можеби (можеби и не судбина). Ама дека парите и таму вртат бургија кај што не врти е точно. Да не бев таму на истражувачки престој немаше голем дел од овие работи да ги дознаам. Плус сите странци бевме подобри од локалецот, ама кога требаше само тој остана за стално зашто само нему му отворија работно место (иако го вратија да го поправа докторатот и му дадода година дена, а ние другите завршивме пред него).
    Така што ако си странец треба сто пати повеќе да се помачиш за добро работно место од локалецот. За обични работни места каде што немаш никаква улога во носење социјални политики, немаш некој статус туку си само еден дел од машинеријата во која друг прави пари има колку сакаш. Ама нешто што стварно вреди како работно место маста ќе ти ја извадат. Имам другар во Италија. Прекрасен лекар и човек. Чекаше 15 години сите Италијанци да добијат доценстки места па дури пред две години му дадоа доцентско место нему. До тогаш маста му ја извадија. Едно време дури и патуваше по Европа од болница до болница без постојан договор за да си го заслужи доцентското место. Сега изгледа 10 години постар од мене и маж ми. Цената на доцентското место му е висока (иако има пари направено со здравјето плати).
    Имав можност да останам ама со фактор финансиска несигурност подолго време. Решив да се вратам зашто маж ми доби тука постабилна работа. Се вратив и нострифицирав диплома и финансиски и приватно враќањето тука ми се исплатеше.
    По враќањето живеевме во Германија на два пати по два месеци. Тоа што го доживеав со Германско здравство ми беше шок зашто од хвалоспевите за тоа колку е добро во Германија очекував Германска ефикасност и прецизност. Чекање 6 саати за преглед за ехо и крвна слика со скоро празна чекална. А во чекалната сите чекаат и се чудат како без посета на матичен сме стигнале директно на Универзитетска клиника за преглед. Кажавме дека сме странци и сме со приватно осигурување па се смирија. Инаку сите беа нељубезни освен лекарите (претежно специјализанти). На ехо специјализантка прво поштено не исплаши со грешна дијагноза па се оправаваме потоа со некоја професорка па испадна ОК. За ехото чекавме уствари долго зашто едно било и за одделение и за итните случаи. Сестрата мислам дека беше некаде од нашите краишта ама се правеше на три и пол и три саати чекавме да ни даде ибупрофен. Фативме врски кај докторката за да добиеме тоа што ни рекоа дека ни следи. Клиниката сосема нормален изглед (ништо како на филм), неклиматизирана а во сред топлотен бран, а на еден од топ 5 Универзитети во Германија (развиваат биолошки терапии, имунотерапии итн итн). Англиски тешко кој знаеше (освен лекарите) и во 12 си затворија пултови и се изгубија. Пауза за ручек имале. После ручек тек ни почна прегледот. Од 10 до 13 седевме во чекална. Излеговме измалтретирани и зачудени скроз. Потоа ни кажаа и професорите и еден инжињер дека и во Германија тие што имаат пари плаќаат плус за приватно за да скокаат ред на лекар. Ако немаш пари и статус тоа нема ни да го знаеш ни да го правиш. Ќе си чекаш за прегледи кај специјалисти, за снимања за се. Разликата од тука е што тие што имаат статус ќе влезат пред очите на сите со врски на преглед преку ред, а таму ќе влезат од задната врата каде што никој нема да ги види. Обичниот народ пак ќе чека подолго, само на тука ќе знае дека чека, а таму нема (ќе си мисли така треба).
    За безбедност исто баш во Германија од Германци имаме добиено предупредувања да не се движиме во одредени делови заради безбедност и да избегнуваме други зашто биле испод части и претежно со доселеници. Во Велика Британија на прв ден ориентација од Универзитетот исто ни посочија делови кои треба да ги одбегнуваме.
    Тука со поштена работа (знам дека ретко кој ќе поверува зашто нели све тука што успеало е покварено) успеавме со маж да купиме стан за живеење и еден за уживање. Можеме да си дозволиме летен одмор, скијање во зима и пар продолжени викенди ваму/таму. Од државата имам добиено бесплатно ИВФ со сите претходни испитувања. Чекав по Клиники. Никогаш не ми текна да се дерам по лекари зашто се поизморени од сите нивни колеги по Европа. И заради културен и фин однос добивав супер третман. На ГАК дојдоа да ме проверат после интервенција на Велика Сабота. Ми закажуваа и доаѓа за мерење фоликули во Недела. Фала им за се. На крај заради недостаток на посовремена опрема ИВФ правев во приватна болница ама како што кажав бесплатно. Имам дете благодарение на оваа држава по која голем дел плукаат. Како народ сме крајно неблагодарни. Дрски и умислени и некултурни бескрајно.

    За ѓубре не правам моабет. Ѓубрето сами го фрламе кај ќе ни текне. Никој не би ни требао да собира ѓубре покрај автопат, во Национален парк и слично. Тоа е само затоа што сме стока од луѓе. Ама ако одите во Дортмунд ќе видите исто ѓубре покрај автопат. Во таа Германија на доселениците ѓубренцето го има и по улици и по автопати. Стотина километри погоре во Мунстер се е чисто (таму помалку има доселеници).

    А споредби на нашата јадна земја која 500 години некој за користел како колонија и колонизаторски сили што профитирале од држави како нашата навистина не се фер. Зашто тие сеуште живеат на стара слава и сеуште профитираат. Во моментов најмногу профитираат затоа што добиваат готов кадар што некоја сиромашна држава како нашата на тацна им го дава.

    И од сето мое скромно искуство со различни земји заклучувам дека ако имаш пари ќе си живееш со твој меур каде што ќе ти биде добро. Ако немаш се ќе ти смета.
     
    На Sweetymk, riba79, M.B. и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160

    Ауууу , па вие сте биле рекордери, за само НЕВЕРОЈАТНИ 6 часа чекање сте стигнале на ред за преглед.

    Јас чекав 5 саати. Јухууу 1 саат помалку од вас :P

    Смеам ли да те прашам за кој град станува збор ?

    Уффф, ептен ме интересира.

    Јас до сега имам живеено во Бремен, Берлин, Штутгарт и еве сега сум у Лајпциг , па во врска со МИЗЕРИЈАТА здравство се жалам од искуството во Лајпциг иако и во Берлин еднаш се погоди, ама таму не е проблем оти скоро на секоја улица има општ доктор, па ако не ти чини еден, одма мануваш кај друг и не го шишаш.

    Де , жити мене пиши во кој град сте биле Германија каде се чека по 6 часа за преглед.
     
    На eliesaab, Mumoftwo30 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.391
    Допаѓања:
    27.289
    Пол:
    Женски
    Во врска со чекањето во болница :D.
    Еднаш паднав и ја навинав ногата, и ми се подуја цела до коленото, али не ме болеше тамо туку ме болеше малку подоле од колкот. Чекав на итна 1-1ипол час.
    Искрено да ви кажам, не се жалев, оти доаѓаа луѓе со многу потешки повреди и мораа итно да бидат примени.

    Само два пати ме примија одма, првиот пат кога ми се вртеше многу, неможев да стојам, а вториот пат кога добив алергија.
     
    На Gosh и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.922
    Пол:
    Женски
    Мислам баш ти имаш напишано наназад во некоја објава дека италијаните меѓусебно многу се разликуваат во однос на регионот. Но моето искуство е такво ,бучни се многу,манири слабо,за неред,ѓубре и кичерај ич да не спомнувам. Жесток народ ,мене ми се премногу нападни. Јас сум повеќе за опкружување со умерени,стамени луѓе. Предложи кој регион да го посетам ? :f:

    @Cosmi бидејќи спомна дека сопругот е лекар навистина сакам од прва рака да слушнам што не ви се допадна од здравствениот систем мислам Берлин рече дека сте биле?
    Те прашувам бидејќи една од причините за напуштање на татковината е токму нашиот здравствен систем. Имам доста примери,некои од нив се семејство со дете со пречки во развој,друг пример со цистична фиброза (во државава имаме 130 лица а нема терапија за сите ) ,значи ретките болести ,како и пациенти со канцер,пример имам каде жената ја отпишаа од живи па замина во Данска на лекување и еве речиси деценија како е во ремисија. За злоупотреба на антибиотици немора ни да спомнувам,социјалните мрежи се сведок за што се се дава антибиотик кај нас. Исто така наназад некој спомна за третмани на кичма во Ниш ,точно е ...за недостаток од терапија,ленти ,апарати за мерење за потребите на дијабетичари исто може да се чита по медиуми...хигиенско санитарни услови се просто речено ужас ...немањето педијатри ,анестезиолози,ендокринолози,воопшто целиот проблемот со специјализацијата после студии...значи се на се,многу лошо изгледа нашиот здравствен систем . Дури се чудам зошто еден доктор сака да работи во ваков систем,каде нема ни достоинствени услови за работа,еве анестезиолог или друг специјалист пример гинеколог акушер трча од клиника во некој град од внатрешноста и пак назад ,и така како пинг понг ,згора на тоа потпишува договор дека работат нема трпи поради таквиот стил на работење ,не знам колку е тоа воопшто возможно на долга стаза. За плати не сакам да дискутирам може ќе ме нападнат но мојот став е дека платите како и условите во здравство се ужасни. Не сум ни доктор ни мед сестра ни болничар,пред да ме нападне некој :D И многу други примери имам за пишување но да не пишувам преголем реферат.
     
    Последна измена: 10 март 2025
    На Herrera, SummerGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Хахахах добро јас си ги сакам, ама мислам дека е малце и стереотип тоа, иако има разлика меѓу јужњаците и северњаците, иако и тие многу се мешаат (така што во Милано ќе сретнеш многу јужњаци, иако е град на север). Начелно северниот дел, или над Рим. Трст, Милано, Верона, Болоња, Торино, Џенова (значи кон запад), иако секаде има секакви. И гласни и смерни :D:D
     
    На SummerGirl, Ahoy, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    @Herrera чекавме на Универзитетска Клиника во Freiburg на брза помош. Од Универзитет таму ни рекоа да одиме. Имало и друга болница во градот каде веројатно помалку би чекале ама тоа отпосле го дознавме. Само мене ми се виде шокантно. За во Велика Британија знаев. Е разлика во Германија медицинската сестра со фикус да ја заменеа немаше да се примети разлика. Ништо не правеше освен што асистираше и носеше крв и даваше лек. Се друго лекар (лекарот крв зеде). Во Велика Британија сестрата прави скоро се освен баш лекарски преглед (дури и ПАП тест зема обична сестра кај обичен матичен лекар не гинеколог).
    @tambelina не ме повика мене. Ама системот ни е таков зашто и ние сме размазени. Го трошиме за џабе. Пример крвни слики правиме кога ќе ни текне. Нека се осмели матичен лекар да не даде упат за крвна слика. Напаѓаме лекари и сестри итн итн. Во развиени земји нема кога кому како текнало да иде да се провери на лекар, да бара крвна слика и слично. Затоа имаат лекарите време за тие на кои вистински им треба.
     
    На SummerGirl, Tinaaa, Herrera и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.793
    @JoyJoy Тоа е точно дека пари се потребни за секаде. Ама снимање на магнет или CT чини исто во Германија и приватна болница во Македонија. Ако сакаш приватно да си платиш ќе добиеш брзо термин и во Германија. Ама 500 евра во Германија е многу поверојатно да имаш на страна. Од Македонија да се лекуваш во странство е многу скапо. А тука со дијагноза ќе си примаш се што треба. Нема каснење на лекови, ќе примаш најнова терапија. Нема потреба да фаќаш врски. За се си има специјализирани центри.

    За докторот италјанецот да речеме дека се одлучил да работи во Македонија. Мислиш ли дека ако конкурирал, без партиска позадина или ако конкурирал со албанец дека би го добил работното место како доцент? Да не се лажеме ние и во својата држава сме граѓани од втор ред.
    Прочитај го искуството на Камелија за МК. Како во клиника се бунат тие со термин кога доаѓа некој итен пациент и го внесуваат преку ред. Луѓето се себични и не им е гајле за другите. Ем работиш како лекар или сестра за мала плата, се истоштуваш ем не те ни почитуваат.

    За ретки болести нема лекови, за онколошки болните каснат или воопшто не ги добиваат. Секој ден на фб ми излегува пост за донации, затоа што или нема специјалист што ја прави конкретната операција или нема лекови. Лекувањето во странство кошта многу пари па може само мал процент од населението да си го дозволи тоа.

    За безбедноста во право сте. Ама како што кажав и во МК не е безбедно.

    За социјализацијата @Cosmi зависи каков човек си. Ако сакаш друштво секако дека имаш време. Обично жените работат скратено работно време и се дружат со други мајки многу. И наши има полно. Сакаш кафана има со музика и пејачки најмалку 3 во мојот град. Сакаш диско и тоа го има. И тоа балканско. Кафичи полно, слаткарници, пекари се ти е достапно да се видиш со пријатели.
    Маж ти кажа дека е лекар. Може да има супер работно време без дежурства во некоја приватна пракса па да си терате шетање и се. Ама ако е во клиника претпоставувам дека нема да му е до дружење без разлика дали работи во МК или Германија. Затоа што се работи многу и на двете места. Викендите тука се користат за шетање и дружби со пријатели.

    Сакам да ти кажам ако сакаш да се дружиш во Германија само карактерот може да ти биде пречка ништо друго.
     
    На deskarada, azelea, јolene и 7 други им се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    https://sdk.mk/index.php/makedonija...XYiTKm-DShLIhAnLKg_aem_pbBM4chcZS6_JPSSuJgqXA

    Е ова е Македонија во реалност.
    Само препукување на институциите, а страдаат најневините.
    Ниту деца ниту мајки ниту самохрани родители, жени итн. не се заштитени од државата.
    Две шаки народ сме, може да се потсредиме и ваквите состојби да се изретчуваат, ама кој би бил херојот?!
     
    На LiquidLuna, јolene, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    @Katie90 @elenaklasik темата не е за тоа дали цената на CT scan тука е ист со Германија туку дали ако имаш пари тука е ОК за живеење.
    @Katie90 цените во Германија почнуваат од 600 евра нагоре за CT scan. Тука почнуваат од прилично подолу. Е прашај некој во Германија што зема плата од 2000 евра дали има 600 евра вишок за приватно да плати. Плаќаат тие од горните слоеви. За другарот не знам тука каков живот ќе имаше. Отиде кога беше 2-ра година факултет. Инаку и јас и маж сме со супер позиции без партиски книшки и без да сме од Скопје и нашите не се богаташи од старо (на маж ми татко му е стечаец). Може сме редок вид. Не ни беше ни тука патот послан со рози. Поштено се изборивме за ова што сме сега, ама и другарот во Италија чекаше да ги примат "врскаџиите". Никаде не е идеално.
     
    Последна измена: 10 март 2025
    На riba79 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.228
    Допаѓања:
    189.407
    Па ваљда сте редок вид, пошто само еден случај познавам со кариера во твоја сфера и без никаков грб. Значи не дека не постојат исклучоци, ама исклучоци се де.
    На многу луѓе во мк не им е дадена шанса, оти им е дадена на многу што не ја заслужиле. Па затоа на друго место ни ја дале. Сепак, темава не е за шанси, мислам е дали ако Парис Хилтон беше од Македонија, ќе и беше добро да живее таму. Мислам дека луѓе што зависат од плата, реална плата во реален сектор, немаат финансиска сигурност. Па така, ќе работиме дури има работа, т.е. плата, а за после ќе видиме.
     
    На JuLleE, LiquidLuna, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    Ми помина времето за редактирање. Да не бидам погрешно сфатена не сум против одење од тука. Во денешно време кој кај се пронајде таму нека живее.
    @Biljarkata и јас сум во реален сектор. Не сум со државна плата. Финансиска сигурност од аспект најдов работа и на таа цел живот ќе останам е мисловна именка секаде мислам. Не само тука. Јас лично освен плата имам и хонорари (за проекти и анализи). Имам приходи од повеќе извори. Не е дека чекам од небо да мо паднат приходи.
     
    Последна измена: 10 март 2025
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Е така е во Италија, за жал. Предност е што е многу голема земја, така што има место и за "врскаџии" и за овие "другиве". Мада принцип на препорака (не бркање врски преку партија) функционира во Европа, и тоа како. Ако познаваш некого полесно е, исто ко кај нас. Ако не познаваш, имаш шанси, ама ќе си чекаш на ред да се исцрпат сите други опции пред тебе. Сѐ друго е среќа, да бидеме искрени, тоа е она што може да направи разлика, среќата, среќните околности, барем за мене беше така, инаку шипак :D.
    Пс сите луѓе кои ги познавам и живеат во Германија и Австрија, од медицинските струки (сестри, негувателки), отидени се со препорака од некој наш кој работи таму, знам и такви кои си плаќаат за препораката. Значи, ако не е идентично ко кај нас, слично е.
     
    На JoyJoy, elenaklasik и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.793
    @JoyJoy Ако зема 2000 евра плата бруто значи државата му помага со плаќање на стан. Никој не доаѓа тука ако не му остануваат барем малку пари настрана. А верувај и тие што земаат Бургергелд имаат пари настрана. На крај краева еден мини џоб и еве ти ги 600те евра. Ама во право си се оддалечивме малку од темата. Поентата ми беше дека пример терапија со скапи лекови може да чини и 12 000 евра месечно , а ретко кој во мк е толку добро ситуиран. Малкумина ја имаат финансиската сигурност.

    И многу ми е мило кога читам дека некој се снашол без врски во МК дека тоа е скоро па невозможно во мојата професија.

    @Abel можеш со препорака да дојдеш ама не значи дека ќе останеш. Си има пробен период од 6 месеци. Ако си добар ќе те задржат ако не ќе те отпуштат.
    Мене на интервјуто тука никој не ме праша чие дете сум. И тоа ми прави лично мене голема разлика.
     
    На deskarada, SummerGirl, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    @Katie90 Не мислев чие дете си, туку дека шанси најчесто се добиваат со препорака и во странство. Постојат премногу вредни, паметни, учени луѓе кои немаат препорака и таква шанса нема да добијат. Тоа сакам да кажам. Ние може го занемаруваме факторот среќа, ама тој е клучен, пошто такви како мене и тебе има многу, ама не добиле шанса, и може никад нема да ја добијат.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    Имам мој дом, пари на страна цирка 20,000е, факултет завршувам и пак сакам да ја залапам сачмарката секој ден.
    Реалноста е дека мизеријата во Македонија, поминува и низ парите, поминува низ се. Да парите ќе ме најадат подобро, ќе ме облечат поубаво и ред други небитни работи, парите не можат да ми ги решат длабоките проблеми кои ги има во ова општество како дебили полиција, или кретени што ти го уништуваат животот на дневно ниво.
    Ене го девојчено на партизанска, од богата фамилија беше, ама што? Парите утре нема да ми ја гарантираат ниту безбедноста моја ниту на моите. Затоа да дипломирам и не знам дали ќе седам тука, ако ми понудат работа во странство ќе си одам, не е дека немам контакти.

    Еве да ве прашам, парите ќе ви ги решат проблемите ако утре корумпиран полицаец ви се намерачи? Не, затоа што нема ни закон ни правила, знам сум осетил на своја кожа. Знам луѓе, со сериозни бизниси што лежеле затвор затоа што сметале некому.
     
    На LiquidLuna, azelea, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.793
    За сестра или негувател во Германија е толку дефицит што со диплома и знаење на јазик б2 секаде ќе добие шанса. Болници, старечки домови секаде бараат сестри и нашите многу ги сакаат дека се знаат да работат. Не им треба ни препорака ни ништо. Само да аплицираат на огласот, сигурно ќе бидат повикани на интервју. Не им требаат ниту препораки ниту врски. Зборувам за Германија. Е сега ако знаат да работат ќе ги задржат. Ти со искуство па уште повеќе можат да бираат каде ќе работат. Знаење и способност треба само да покажат,а шанса ќе добијат.
    Истото важи и за мајстори, воспитувачи во градинка. Работници се бараат насекаде.
     
    На SummerGirl и Yowannty им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.391
    Допаѓања:
    27.289
    Пол:
    Женски
    Да ја преименуваме темата во Дали Германија е добра за живеење :rofl:
     
    На moonlight-girl.55, MarijaMi90, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.