Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    76 глас(а)
    47,2%
  2. Не

    61 глас(а)
    37,9%
  3. Можеби

    24 глас(а)
    14,9%
  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    • Не испраќајте повеќе мислења едно по друго
    Па не нужно за Германија, и не нужно за медицинска струка. Едноставно, потребна е среќа, среќата е првиот чекор, да ти се посреќи.
    Пс. За мајстори, во Македонија бизниси цветаат и се заработуваат многу пари, помина времето кога мајсторлукот беше "небитна" професија, сега се господа и заработуваат и повеќе од медицински сестри било каде на планетава.

    За мажачка или за работа? За мојата струка, за работа јок. За мажачка не би знаела. Може е ако е и тоа со препорака.
     
    На JoyJoy, BlackNight и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160

    Па кој кај се нашол пишува свое искуство.

    Туку, дај ти доста ја фалиш Немачка, мислам дека фер би било да напишеш и некоја маана за државата. Или и ти ко сестра ми со розеви очила, рози цветаат у Германија нема маана 8)


    Ете луѓево си коментираат за мито, корупција, закони, безбедност на улиците , ете ти имаш и деца, дај пиши твое искуство , ајде малку искрено.

    Дај отвори душа и пиши ја реалната слика како е.

    Вака испаѓа, Херера црна офца на фемина форум, прва за критики , а уствари си пишува лични искуства.


    Ова е изгледа една посебна точка за коментирање. Максимално си во право. А може ли да ти откријам една тајна - ако имаш во кеш 3000 - 4000 евра ќе добиеш работа во Мк, ќе те наместиме на едно место , не мораш да си квалификуван, не ме прашувај од каде знам. :tmi:

    Знам јас многу работи и ми е јасно, само си читам од страна 8-|
     
    На tambelina, Mrs. right, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.391
    Допаѓања:
    27.289
    Пол:
    Женски
    Ма јок, јас ич не ја фалам, туку само викам дека е подобра од Мк.
     
    На BlackNight, SummerGirl и Herrera им се допаѓа ова.
  4. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160

    Е добро, подобра е од Балканот , тој муабет ти е на место.
     
    На SummerGirl, Cutiepie1 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    Пак пишувам по третпат мислам (шоима врска си даваме мислења)

    Да одговорам стриктно на прашањето дали е добра - делумно добра, секако во случај да имаме финансиска сигурност и убава работа и плата.

    Сите затеравме да го коментираме првиот дел од прашањето, малку се занемари вториот дел за финансискиот дел.
    Ама тоа со право, зашто луѓево не си одат само ради финансисии, туку и од целиот систем бегаат.

    Алал на сите што сте снајдени, искрено, баш би сакала и јас. Можеби сум стара веќе, не знам. Можеби требаше откако си завршив факс, да си пробам некаде. Немав идеја искрено речено.

    Сега ми текна, откако родив деца. :clap:

    Имам уште точки на незадоволство да додадам, повторно од страна на живеачка.

    Јас како невработена моментално, со две деца, едното оди во градинка, другото го чувам, не добивам надомест како помош од државата. Се потпираме на платата на маж ми, фала му!
    Социјална земја my ass
    Божем им е гајле што придонесуваме за наталитетот.

    Секое семејство има по две коли, паркирани кај нашле. Епа да дававме данок за кола, не ќе беше баш така.
    Колите уште што не сме почнале една врз друга да ги паркираме.
    Еве Охрид последниве 10 години е направен чиниш 100 илјади жители има.
    Паркинг не се наоѓа лесно, само гаража кој си има, е спасен.
    Од тоа што се гради, не доаѓа на ред ништо друго во градов, ниту културни објекти, кино едвај едно турка. Тоа е и за филм и за театар и престави, изложби.
    Во градското подрачје сѐ помалку има зелени парцели. Не знам што планираат. Ама то е веќе локална политика.
    Во зима, Охрид не нуди ништо посебно, многу е глупо и досадно, нема каде децава да поиграат, центар некаков, со забави, со претстави.
    Тоа што е, езерото и тоа е шетањето.

    Исто во државните породувалишта не е бајковито, имаме секакви случаи на омаловажување, понижување, навреди, треба да подмитиш за да добиеш салам однос, да ти помогнат во таков кревок период.
    И затоа и си плаќаме приватно породување, цела Битола деца се стори :lol:
    Имам другарка во Франција, породена во државна болница секако, се посветиле на доење, на нејзината психичка состојба, дошол психолог, увиделе дека не е добра психички.

    Ајде да не го терам муабетов многу мајчински, ама тоа се тие аспекти што мора да се коригираат.

    Па скоро и сите аспекти од општествениот живот се скоро и неправилни, ако гледаме реално.
    Ама сепак дома си е дома, и не се заминува така лесно.
    Остануваат природата и храната да нѐ тешат.
     
    На LiquidLuna, MacenceEna, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.228
    Допаѓања:
    189.407
    Балерина во ЕСМ може? :wasntme: :rofl:
    За ,,едно место,, и тарифата сум ја чула на времето, со тоа едно место поврат на ,,инвестицијата, , беше 3 години да работиш и леб да не јадеш. Батали такво место.
     
    На Herrera и јolene им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    @Abel не можам да ти пратам порака. Ај пробај ти ако можеш, сакам нешто да те прашам. Per favore. :)
     
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160
    Ајде да преѕвонам ПАК да барам објаснување , како е можно да сме потрошиле повеќе топла вода во месец Февруари од Јануари.

    Ете, да се симне Господ за сведок дека не бевме 3 недели во Германија.

    Аххх бре ГЕРМАНЧЕ ПРОКЛЕТО :envy:, ц ц ц ц , при крај сум со живците.

    Здравје уште 2 недели и порано одиме Швајцарија, па маката ќе го натера на човек за КАМЕРА и само КАМЕРА и слики, оти мора доказ и после ако треба и на СУД

    Само ѓавол да ги лаже да напишат дека сме трошеле вода у станот ко нема да сме тука веќе Април и се даље.

    Има да ги тужам како што се тужевме со оној што ме згази и што мораше да му паднат РОГОВИТЕ , да се потчинува на ауслендер , да се извинува во судницата.

    Пу јазик, да ви ебам лоповите,,,,,, јас сум таква, на се водам контрола, се знае за СЕ што се троши, така да, како што имаме камери на колата у случај некој ГЕРМАНЕЦ да направи узбуна у сообраќај, па одма доказ кој е крив.

    офффф, нервите ми се при крај .

    МОРА ДОКАЗИ.....во ред, ќе. имаат докази на која дата излегуваме од Германија, со сликање на бројчалникот, со ново Meldeschein од Базел дека живееме во Швајцарија.

    [​IMG]


    Ај да ѕвонам да се карам со германците по не знам кој пат.

    Ако има офци што си плаќаат високи сметки , што не водат ред и ги стрижат, епа нече мочи.


    И пак споредбата со Македонија, ист курац и тука во германскиот дел, лопови :envy:
     
    На eliesaab, Bratot, elenaklasik и 5 други им се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Женски
    Во Македонија самите матични инсистираат на крвна слика, дури и претерано, тоа им е некој протокол изгледа. Ќерка ми кога и да ја однесам на доктор, нормално настината или болна, без исклучок ми даваат упат за крв и урина, па ме терале и секој ден да испитува крв и урина за да ја следат.Често упатуваат на клиника, во Козле, за консултации, за ова, за она, нема тешка симптоматологија детето, само изместени вредности на крвна слика што е нормално при инфекции и е моментално,а не во континуитет, ама праќаат таму и покрај тоа што се фаќа ред на деца со хронични болести, потешки состојби, деца со итни состојби и слично. Боледување за себе да отвориш, мора крвна слика. Лабораториите се преполни во секое време.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.922
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy секако нема реагенси откако никнааа приватни лаб народов сам си плаќа приватно туку речи се. Да не отидев на приватно немаше ни да знам дека имам недостаток на Де па го средив имунитетот со капки од 130денари.
    Може Вашиот матичен лекар има таква пракса,мојот да го тепаш не дава :D сама на приватно сум плаќала. Шала на страна болниците во внатрешноста немаат реагенси или се ограничени па чуваат за не дај Боже. Во третата бременост кога се сретнав пред породување со докторот да ме прегледа и да направи план се сепна како не ми провериле тироида и гестациски дијабет,реков да проверам сега ,што ќе ми е сега вели и без нив гледам дека имаш проблем ама тоа е завршено сега. Потоа сменив матичен гинеколог нормално. Ден денес не можам скрос да се опоравам бидејќи ковидот плус ме дотолчи.
    Немаа со што да ме обезболат пред да ме шијат по породувањето. Хорор болки со тоа јадицата кога те бодат. Повеќе ќе поднесев уште едно бебе да родам отколку шиењето . А со второто и ревизија ми правеше докторот :sweat: така да не знам на што да штедат повеќе . Ете и на храна,сапун и хартија штедат ,уште гази да си носиме и комплет за инфузија :D
     
    На SummerGirl, јolene и BlackNight им се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    Според искуствата во Германија, ќе испадне дека овде бирократијава е поекспресна и поефикасна.
    Си завршуваме брзо работа, дури и без врски. :lol:
     
    На eliesaab и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Сите ве исчитав и има многу добри и искрени мислења.
    Мене покрај финансиска сигурност и добар систем ме интересира каков е социјалниот живот таму каде што сте, дали се дружат нашите или може се дружите со Срби, дали сте задоволни, дали има искрени пријателства, почит, фамилијарно дали се дружите, колку пати се гледате, дали помагаат?
    Таму каде што сме во план да одиме и не можам да најдам Македонци баш, дали ќе можам да се вклопам а јазик ќе се трудам да научам, но со мало дете некако ми е страв најмногу околу ова шо го пишам.
     
    На SummerGirl, SanelaS, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    @Lisandra дружењето е лична перспектива. Некој е задоволен еднаш во месец дена да се дружи со некој, некому излегување секој ден му е дружење. Некој вид друштво ќе најдеш. Дека ќе биде како тука нема да биде баш зашто други се навиките и друго е времетл на располагање.
     
    На eliesaab и Lisandra им се допаѓа ова.
  14. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160
    @Billy Idol , пријателе, некој спомна за мито и корупција во Германија бидејќи е најчесто споредувана држава.

    Епа еве ти од вестите во Минхен.

    Искрено, не очекував дека дошла до тука ситуацијата , веќе не треба ништо да ме чуди.

    [​IMG]



    Еве ти и видео , стави си превод па сам да прочиташ.




    Реков јас, моја гледна точка е кога притискам на тема ИНСТИТУЦИИ, како функционираат во државата, мене тоа ми е битно.

    И каде и да одам , во иднина штом најдам на дупки во ИНСТИТУЦИИТЕ, одма ќе пишам на фемина форум јавно , оти подобро е да се пишува реалната слика, а не рекла казала и дека се е идеално и без маана.
     
    На FlowerMarija, JoyJoy, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    Мене не ме чуди воопшто @Herrera , од мое, и од искуство на блиски, јавните институции во Германија се тешко нефункционални. Сега веројатно уште толку е влошена состојбата и мито и корупција навлегува се повеќе.

    Разликата, бар порано беше што во Германија и во западните земји конкретно корупцијата беше задржана на високо ниво, помеѓу корпорации, зделки, бизниси и високопрофилни државни органи. Дури во многу наврати го викаат тоа "лобирање" за да се исперат на тој начин. Но, со тек на време тоа се спушта и на некое пониско ниво кое директно влијае на животот на граѓаните, т.е. ја има таа нееднаквост за некои со мито успеат да добијат тоа што другите не можат.

    Кај нас ситуацијата е далеку полоша. Тука се корумпирани од директорите, до чистачите. Нема еден што нема да ти побара мито за да ти заврши нормална, океј услуга.
    Еве, последен пат ми се случи да не сакаат да не пуштат на визита кај пациент, под изговор дека тој ден немало визита, ама рекоа ако ги частиме нешто ќе направат исклучок да го видиме пациентот.
    Ова е сепак, да речиме понебитно, но сум слушам далеку пострашни хорор приказни, како на пример доктор кој бил договорен да земе мито за операција, го остави пациентот со анестезија, и да излезе од операциона сала да бара одма мито или нема да продолжи операцијата. Ете, до тие граници на дрскост и играње со човечки животи.

    Од друга страна пак имам и позитивни примери. Едни пријатели од Хрватска беа кај нас на гости, и цело време ја гледаа Македонија со потценување, со исмевање, колку сме биле корумпирани, колку нашите институции не работеле добро, и такви работи.

    Возеа до Охрид, со далеку над дозволеното, ги сопре полиција, за тоа се зема возачка дозвола одма. Сакаа да го подмитат полицаецот, не им успеа. Потоа отидоа командирот во полиција да го подмитат, не им успеа. Бараа и повисоки луѓе, даваа и сериозни пари, и никој не прими мито. Казната си остана. :)
     
    На SummerGirl, Herrera, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум кога ќе дознаам вакви нешта за кај нас. :sun:
    А бе цветам, цветам.
    Супер, Били што сподели.
    Што значи да функционира една држава!
    Замислете луѓе да имаме ваков систем редовно, да си регулира и циркулира сѐ по прописи, колку ќе сме среќни ко нација, исполнети, ќе се потпираме на државата, ќе ја сакаме повеќе.

    А бе ова ти е како на дете кога му допушташ сѐ и фактички тоа те дрибла на најјако. Ела постави граници цврсти, детето ќе се научи, ќе има помалку испади, ќе знае до каде е границата, ама ќе биде и посреќно, зашто знае дека тука за него стојат луѓе со цврст карактер и добри намери.

    Е вака исто и за државување.
    Силна цврста влада со строги закони за општата добробит.

    Божем и во Германија и било каде во светот, да не е така построго, нема да се како распашана пешадија граѓаните...
    Туку овде сме милион народ и така пренесувано со генерации на некој полесен а расипан начин да доаѓаме до целите. И затоа користиме секакви методи.

    Македонијо ма, дај опрај се.
     
    На Tanjamm, Herrera, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    5.544
    Јас би те советувала, да седнеш и да размислиш и колку од тој социјален живот што го имаш во МК е искрен. Настрана таа навика што си ја имаме да одиме секој ден на кафе, дури и тогаш кога навистина нема за што да се збори со пријатели. Џаболебарење, оговарање, губење време.
    Тука е поинаку, самата динамика на живот не ти дозволува да имаш секојдневно такви интеракции. Работа, деца во градинка/школо/активности, пазарење, подсредување, и толку е денот. Доколку двајцата родители работат полно работно време. Дури и со пријатели кои ни се тука во населба се гледаме преку викенд. Сега може кога ќе затопли и денот ќе е подолг, ќе може и после градинка да се најдеме во некое паркче. Но и тоа е 10-15 мин.
    Воглавном со луѓе се гледаме за викенди. Дружба има, на почеток ќе се дружиш со секакви луѓе, ќе прифаќаш секакви покани. Со тек на време ќе си оформиш круг на пријатели и тоа ќе ти биде доволно.
    Супер за примерот, сега остана само полицијата да ги среди на ист начин и самите македонски граѓани кои дивеат на истиот патен правец, и сите ќе живееме среќно засекогаш.
     
    На Lisandra, Gosh, elenaklasik и 5 други им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    35.354
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik @Lavender13 за сообраќајни престапи функционира. На еден другар и на еден комшија им одзедоа возачки за престапи со брзо возење. Нема кинење казни. И тоа од пред неколку години.
    @Lavender13 а кој си па сигурна дека тука дружењето не е искрено. Ако тебе не ти чинело не значи дека на сите не им чини. Нит таму нит тука не се сите искрени, ама не се ни сите неискрени.
    Главната разлика е што ние тука сме навикнати да излегуваме и да се дружиме и потоа мислиме дека ништо не се случува. А нон-стоп сме надвор. И нормално ништо ново нема да се случи.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    30.408
    Пол:
    Женски
    Јас сум ПРЕстабилна финансиски, ама пак би заминала.

    Затоа што реално ништо не ме врзува за Мкд. Цела фамилија ми е надвор. Социјален аспект не ми фали многу многу, таков човек сум. Со работава можам и во Германско пензионерско село да работам, не ме врзува за домот. Ама! Ако останам без работава, знам дека во Мкд можам да си се сликам. Додека во друга земја, еве ко се фативте за Германија - Сметам дека имам поголеми шанси за успех на тоа поле. Друго што сум љубител на природа, а сум осудена на Центарот на Скопје. Го гледам воздухот и не треба да го гледам колку што ме имаат учено. Не сакам да живеам за Викенд бегство, сакам да го живеам тоа секој ден. Друго што ми паѓа на памет во моментов е здравството. Точно дека можам да си дозволам Систини и слично, ама за кој пенис плаќам повеќе од 10.000 денари месечно за данок? За пак да трчам во Систина на крај или да станам верник пред да влезам во Државна па да си се помолам да останам жива? Точно дека не сум имала ПРЕлошо искуство, ама тоа е затоа што јас така гледам на работите. На некоја друга жена да и кажат дел од работите што ги изнаслушав во Државна, да си чекаат 3 и пол саати за на крај да и кажат дека Докторот си заминал, верувам дека ќе ја запали болницата. Или да и кажат "Не знаеме дали имаш мултиплекс, не можеме да одредиме, чудна е снимката од магнетот, ама не може сега пак да се снимаш, многу зрачење е, дојди во 2025та, ама сите испитувања од почеток да си ги направиш" :^):^):^) Втф бе?
    Друго друго друго... Да си го земам детето од градинка за која што имав среќа да ја примаат без врски ( Да, ако не знаете врски требаат од градинка па ваљда се до факултет не знам, stay tuned ) па ако ми текне уште нешто ќе допишам :):)
     
    На WhiteCat33, winnie02, Петунија и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    5.544
    Не зборам за искреност, ама побогу не сме средно па секој ден да се излегува. И со најдобра другарка да сум неам што да зборам секој ден.
    Тука се гледа фамилијата прво, значи дома да ручаме/вечераме заедно, да се однесат деца на активности, или да се помине квалитетно време заедно.
     
    На eliesaab, Yowannty, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.