Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    76 глас(а)
    47,2%
  2. Не

    61 глас(а)
    37,9%
  3. Можеби

    24 глас(а)
    14,9%
  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    3.332
    Мкд е во полошите земји за живот, ама во Европа.
    Статистики, факти, искуства, тоа се го потврдува истото.

    Јас не живеам во европска земја, ваму пак дека гледам иселеници од Азија, Јужна Америка, Африка, сегде е полошо таму отколку во Мкд. Ние сме пак добри во споредба со какви мизерии има по светов.

    За Австралија, конкретно по тоа што имаме рашетано, не би живеела Сиднеј никад, па ни Мелбурн, претерана гужва и народ од секаде. Квинсленд уште има најмногу бело население, што ги прави најрасистички, но ако си бел, немаш мака. Моментално не ми се допаѓа претераната миграција, ја зголемува уште толку цената на недвижности, и ја намалува цената на трудот.
    Во глобала, тоа ми смета само.

    Институции само позитивно искуство, здравство зависи од болница и гужва, но ништо ептен лошо. Градинките се многу поскапи, но јас немам деца засега. На работа ме викнаа на куп интервјуа кога барав, додека во мкд не можев од "подобрите" од мене да дојдам на ред. И јас и маж ми работиме по струка, здравје само на уште поарно се надевам во тој дел.
    Климата за ништо не ја менувам, тоа е ваљда најдоброто. Зима не паѓа под 10 степени, ноќна. Природа, океан, прашуми, еден куп места за шетање, паркови има во секоја населба по неколку со тоалети, секоја мини плажа е со соблекувални.

    Со минимални примања нема да трпиш за јадење и најосновни потреби, ко за разлика од кај нас. Ем да рмбаш цел век, ем пак гладен, пу.

    Јас немаше да се селам ако не знаев добро јазик, и ако немавме заштедено сума за некој месец, пошо ова не е социјална држава, бар не за луѓе без пасош.
    Јазик и пари, сегде тоа ви е најбитно за отселување.
     
    На Lisandra, Трагедијаупмм, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  2. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Каде живееш во Австралија? Во кој град си?
     
  3. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Еве ова е причината што сите гологлави бегаат од дома.
    Ништо не функционира, од полиција, здравство, образование, закони,општини,катастари, ...... се е ебиветер.
    Сопствената држава те убива. Ова го нема нигде во светов. Да му е срам на човек да каже од каде потекнува.

    Диви градби на секој чекор, картонски куќи, мостови со скратен материјал за да остане нешто и за в џеб...... и вака невини ќе патат.
    Не сакам да мислам, ама уште полошо доаѓа. Се она на што се кратело досега, сега ќе попушта.
    Господ да не исчува само.


    Никакви пари не вредат за ова што им се случи на луѓево.
     
    На sparklie, Bellaa1234, Трагедијаупмм и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    42.758
    Немам што да искоментирам на темава, ама еве ме заинтригира офтопик мислењето на Херера, па би сакала да прокоментрам некои точки кај што мислам дека не е у право.

    Едиствен проблем околку пријавата на адреса е дека мора да се пријавиш во рок од две недели или ќе добиеш 30 евра казна. А ти оти си си направила термин уредно, и треба да чекаш затоа што живееш во велеград со пола милион жители, и плус со константна наезда на избеглици, нема да имаш никаков проблем околу тоа.
    А документи како пасош и лична карта не се вадат у 5 за 12, и додека чекаш за термин или издавање, секако си добиваш едно пусулче со кое моеш да си вршиш работа без да ти чуе. Али ти тоа после 100 години во Германија сигурно го знаеш.

    Сигурно знаеш и дека во секој голем град има минимум 20 школи кои соработуваат со БАМФ каде можеш да учиш јазик. Најчесто не кажуваат дека примаат само од одредена националност за да не ги тужиш, ама кажуваат дека капацитетот е пополнет. А и да е пополнет, секогаш има друг термин. Или друго школо. А тоа што ти си одлучила во приватно да го запишеш е само твоја лична одлука.

    Ете, знаеш дека живееш во голем град, и дека секој има една две коли, и дека треба технички да правиш секои две години , и дека германските механичари се стока неотресена, и пак се јавуваш за термин два дена пред да ти истече потврдата?

    Кога си во болница, треба да бидеш и свесен за другите околу тебе. Само оти тебе ти се слошило,не значи дек имаш предност, а уште помалку на Итна. Како и сама што спомна, ако е до толку итно, ќе бидеш приоритет и ќе бидеш земен што би рекла ти ,, преку ред ,,.
    Јас сум чекала и на Итна, и на забар, и на магнетна, оти некој бил поитен од мене, а и мене ме чекале да излезам па да си стигнат на ред.
    Докторите не се касапи, него работат со луѓе, и ние не знаеме што проблем си имаат луѓето кои седат до нас.

    Поторно, муабетот од погоре. Ако после 100 години, уште се чудиш оти чекаш на доктор, иако си имала термин порано, не знам што да ти кажам.
    Јас лично не очекувам, оти и таму доаѓаат итно луѓе без термин. И јас може сум мислела дека мојот терми ќе трае 10 минута,ама поминало пола саат оти докторот ми посветил поише време од него лични причини.

    Јас не знам каде е тука поточно проблемот со наводниот германски шеф за што јас глава давам дека ти немаш поим дали е тој германец или турчин или марсовец. Процедурата на банката е таква, нивен е огромниот пропуст што немаат заменик на смена. Се надевам заврши работа во друга филијала.

    Исто не ми е јасно што имаат врска германците со тоа шо цркнала касата ти коа си стигнала на ред и шо чоекот не знаел шо да ти одговори на глупото прашање колку ќе трае да ја оправат. Оти тоа е толку предвидливо , исто и ко работата на докторите со живи луѓе. И арно ти рекле, ќе си чекаш сеа ред на друга каса, исто ко другите луѓе.

    Интересно како не спомна дека 50 посто и јаче од вработените по дуќани и пошти се Балканци. Или како и дека тоа се едни од најзахтевните работи оти по цел ден имаш работа со секакви пациенти и не секогаш ти иде здрво да кажеш или да одговараш на дебилни прашања.

    Или како додека не ги разнесеш сите пакети нема дома идење, иако ти завршило работното време пред саат.
    Али на крају краева, тоа се луѓе, и прават грешки.На секој му се десило еднаш, два пати додека ги чека обетките од 20 центи од Кина да му стигнат.
    А жената ти прочитала тоа у системот што тој некој Аце или Блерим го внесле тамо, а не некој Германец.

    Али сит на гладен , и гаталец на паталец не верува. Тоа се тие first world problems, од луѓе кои немаат баши некој допир со реалноста.

    Па се поставува прашањето , дали ти сакаш ред и дисциплина, или само не ти чини оти не си привелигирана и мораш да се мешаш со обичната раја?

    Инаку,ти посакувам многу среќа во Швајцарија, и се надевам дека таму барем нешто ќе ти се погоди. Сепак таму има 8 милиони народ наспротив 80те милиони шо живеат у Германија.
     
    На felisitas, Dentina, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.160
    Фала @Gosh :hug:

    Ќе ти беше муабетот на место САМО доколку живееше во ист град како мене.

    Ете јас не си дозволувам да коментирам како е во друг град, туку пишувам како е тука од лично искуство.

    Ако во твојот град има, тука кај мене не ги гледам Балканците. Затоа ги критикувам мрзеливите Германци.

    Еве статистика дека 88 % се германци кај мене.

    Еве и линк и табела.

    https://www.citypopulation.de/en/germany/sachsen/sachsen/14713000__leipzig/


    [​IMG]
     
    На eliesaab и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. Ivanija

    Ivanija Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    • Пишувај кирилица
    Da, pod uslov da si finansiski dobar.Krov nad glava i 3000$ mesecno.
     
  7. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    511
    Пол:
    Женски
    • Пишувај кирилица
    Samo ne idi u disko I ne disi vozduh vo zima
     
    На sparklie, Dentina, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ivanija

    Ivanija Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Za disko sum stara, zima nekade planina...
     
  9. Петунија

    Петунија Нов член

    Се зачлени на:
    1 април 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Наназад во темата прочитав дека Македонија била по безбедна земја од некои други земји..овде секој може да те прегази на улица на пешачки и да добие казна 2 години затвор.Никој веќе не е безбеден.
     
    На sparklie, Gosh и Dentina им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    40.898
    Пол:
    Машки
    Ова не е точно.

    Иако не може да се најде најточна статистика, и истата варира од година во година, Македонија е една од побезбедните земји во источна Европа кога е во прашање сообраќајки со фатални несреќи. Пример, Романија, Литванија, Летонија, Украина имаат дупло од нас. Ние сме меѓу подобрите на Балканот, и се споредуваме со западна Европа.

    Од друга страна, ако го погледнеме светот, ќе видиме дека Европа како во целина, е еден од најбезбедните континенти кога е во прашање сообраќајни несреќи.

    [​IMG]

    [​IMG]