Форумџика на годината

Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025 во 14:38.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    37 глас(а)
    39,4%
  2. Не

    39 глас(а)
    41,5%
  3. Можеби

    18 глас(а)
    19,1%
  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Ова е една од најлошите работи во Македонија, институциите кои се на големо испартизирани и воопшто не функционираат. Било каков документ да треба да се извади, или да се среди административна работа треба цел ден да се оди по институции, можеби и повеќе од ден. Константно враќање, дрскост и нефункционирање од највисок до најнизок ешалон.

    Иако ова е една од најголемите причини за селидба од овде, сепак, повеќето што сте веќе иселени мора да бидете повторно во контакт со нашиот систем поради документи? Кога беше хаосот со промената на личните документи, странците кои беа иселени од овде имаа најголеми проблеми да извадат нов пасош. Некои мораа да патуваат до друга земја да најдат наша амбасада, други дури и да се враќаат во Македонија, па да бараат врски, да потплаќаат за да ги добијат во брз рок.
    Како би можело ова да се избегне со иселување, освен, нели, ако скроз човек се откаже од македонското државјанство, и земе туѓо?

    Ова е уште една од најголемите причини кај нас зошто луѓето се селат. Но, доколку некој е финансиски добростоечки, најчесто ќе користи приватно здравство, или ќе може да "подмити" на државно и да добие екстра услуга како што некој пиша погоре. За жал ова е дел од проблемот, а не солуција.
    Но, од она што имам слушнато е дека во Германија здравството и не е толку идеално, дека тешко се закажува термин, освен ако не е сериозна причината, и се чека со месеци за истиот. Не знам дали е така, но системот и таму како што напомена не е толку добар како претходно.

    Знам дека сега сте во процес на преселба во Швајцарија, па, каква е споредбата меѓу двете земји кога се во прашање здравствени услуги?

    Други причини како загаденост на воздухот се многу валидни, но најчесто се врзани за Скопје. Во помалите градови имаме релативно чист воздух, со исклучок на неколку. Руралната средина ни е најчесто недопрена, но тука има други проблеми како транспорт, инфраструктура, здравство, образование.

    Образованието е исто клучно кога е во прашање иселувањето, а не беше спомнато. Нашето за жал е многу лошо, и секоја година тоне уште повеќе. Секој сака подобри можности за себе и за своите деца, па ова е една од главните причини зошто некој што е финансиски добар да размислува за селидба.

    На анкетата погоре бројките од друга страна се некако изедначени, и многу членови се изјасниле дека не би се иселиле во ситуација ако се финансиски добро покриени. Зошто би се одлучиле да останат, покрај тоа што семејството и пријателите им се тука. Кои работи ги нуди нашата матична земја која ги нема во странство?

    Јас би набројал неколку што мене би ме задржале овде: безбедноста, спориот начин на живот, помалку стресен и брз живот, културата и гостoпримството, чувството на припадност во заедницата и можноста да се ослониш на некого во случај на неволја, храната, релативно евтин живот спрема тој во странство со слични финансии.
     
    На zemzela91, daylight и Herrera им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.722
    Допаѓања:
    23.935
    Пол:
    Женски
    Македонија е добра за живеење ако имаш пари.
    За малку пари ќе купиш се шо е пропало. А се е пропало.
     
    На Mumoftwo30 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.310
    Допаѓања:
    36.987
    Пол:
    Женски
    И да имавме финансиска стабилност пак ќе заминевме. Ништо не функционира во државата. И тука не е идеално, ама е многу подобро од Мк. Не планирам да се враќам назад. Задоволна сум од здравство, образование, финансии, култура.....
     
    На ArabellaStarfall, fana, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.226
    Допаѓања:
    13.012
    Сега знаеме дека е загадено, затоа што некои 10-15 години се мери, а претходно не сме биле свесни. Дури и сега, мерни станици нема секаде. Долго време се сметаше дека Охрид имал чист воздух, ставија мерна станица, па во зима има денови кога е многу загаден. За Берово зборувавме дека воздухот е чист, ставивме мерна станица, скоро цела зима е средно загаден.
     
    На daylight, Cosmic Girl и tambelina им се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    13.456
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ништо не може да нуди, освен што е наша земја во која сме родени, израснати, татковина ни е, дом, тука ни се блиските, па ајде тоа да е.
    Можеби и поволната географска положба и клима.

    Не баш.. Безбедноста, дискутабилна мислам е.
    Спор начин на живот и немање стрес, или помалку стрес, во поголемиве градови кај нас, тешко, Скопје нели особено не.

    А и другиве работи што си ги навел, да се ослониш на некого, не знам баш, со оглед на тоа каков станал народов себичен и злобен.

    За поевтин начин на живот, ама како со овој стандард, кога трошоците и цените воопшто не кореспондираат со нашиов стандард?
     
    На BlackAndWhiteSwan, Romina, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Не сум имал можност да прошетам надвор од Европа многу, но тоа што сум го видел во поголемите европски градови е дека не се воопшто безбедни. Не зборувам за некои скриени квартови каде што цвета криминалот, туку општо и за центрите на градовите навечер не се чувствуваш безбеден кога си.

    И во Скопје има места кои не се толку безбедни, но ако се спореди со еден Лондон или Берлин на пример, кај нас е далеку побезбедно.

    Ова е индивидуално и зависи од кругот и личноста, но секако во своја земја можеш повеќе да се ослониш на некого отколку во туѓа. Овде секогаш знаеш некој што знае некој, и ќе најдеш некоја конекција со било кој. Во странство луѓето се генерално повеќе резервирани, помалку те познаваат и ќе ти треба време да се вклопиш, да се спријателиш и да дојдеш до ситиација да можеш да се ослониш на некого.

    Ова беше генерално за темава, за луѓе што финансиски кај нас се добро покриени, но тие пари ја немаат истата вредност во странство поради повисокиот стандард на живот. Ете чист пример е германецот кој дошол кај нас. Таму во Германија не можел да си приушти ист квалитет на живот како овде поради повисоките цени.
    Не збориме за оние кои не им се доволни и би се иселиле од тука за поголеми плати.

    Прашањето е ако пример тука имаш финансии од 2-3-4-5000 евра (или било која сума која за тебе е финансиски доволна), дали би се иселила во друга земја?
     
  7. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    1.737
    Пол:
    Женски
    И покрај финансиска стабилност би ја напуштила Македонија. Првата пречка ми е што не можам да го изнесам детето од првиот брак,втора се родителите и трета сопругот кој не е фанатик на западните земји.
    Наназад доволно опширно е опишано па да не се повторувам.
    Со еден термин би ја опишала причината за напуштање на татковината -КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ- !
     
    На Mumoftwo30, Herrera, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    13.456
    Пол:
    Женски
    Избрав "можеби", зашто ко што реков најпрво у своја држава си сепак и покрај сѐ, ама па поради сите заебанции тука кои сите ги знаеме и со кои се соочуваме, не го исклучува тоа дека сепак би сакала да си идам.
    Ете баш ова. Мислам дека доста од нас се слагаме.
     
    На tambelina, SummerGirl, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Цело време се врти темата накај германецот, па споредувате две земји (Германија наспрема Македонија) кои се далеку од споредливи. Земајте ја Србија ако веќе сакате да правите споредба.

    Познавам германец кој живее со години во Македонија (преку 15 сигурно). И тука му е убаво, оти неговото поминало и има друга дефиниција за тоа како да го потроши времето/годините. Странците така ја сфаќаат Македонија, како место за ,,фаќање" битни моменти кои посебно ги пропуштиле во животот додека работеле. Па германецот секако ќе ја сака земјава наша - он никогаш не знае што е ,,хаос". И за жал никогаш нема да му пречи на таков лик уништениот систем. Оти државата е веќе уништена за нас, ама не и за нив. Хаосот е токму тоа што ги тера странците да застанат, па и одлучат да живеат тука. Тој хаос ним им е асоцијација за бавно живеење т.е уживање во моментот. Тие не ги чувствуваат недостатоците како нас граѓаните.

    Лошо ја вртите темата. Пред 10 години беа битни парите и тоа беше најголемата причина за заминување. Сега тие се некаде на последното место според мене.
     
    На Herrera, Tanjamm, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    И јас истото го избрав. И покрај сите валидни аргументи за заминување тука напишани, секако имам и некои свои, како на пример дека би сакал да живеам покрај море.

    Секако и овие аргументи за останување се повеќе индивидуални, ама на анкетата има повеќе што се изјасниле дека би останале во таква ситиација, па сакав да ги приближам и нивните ставови на темава оти не беа изјаснети.
     
    На Cosmic Girl, SummerGirl, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Покрај море купи си во Грција јас си купив ефтино е
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.321
    Допаѓања:
    182.104
    Кажи на кое море, која држава со топло море ја бива?

    Ако имаш доволно финансии ваљда уште Швајцарија ја бива, јас ја разбирам @Herrera и и верувам дека е така.Ама Швајцарија нема море:doh:

    Он топик-многу повеќе од пари е потребно, за негде да е живеењето добро. Во основа, џабе ти се пари без систем кој функционира на секое поле.
     
    На daylight, Herrera, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.844
    Допаѓања:
    39.598
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Па... Ако споредиш со МК, помала е листата на тие што по не ги бива од нас.
     
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    11.038
    Од МОЕ ИСКУСТВО ќе ти одговорам:

    1. Општина за да си регистрираш адреса дека ќе живееш у Германија. Прв слободен термин е после 2 месеци. Во општината се вадат и други документи како што се пасош , лична карта, сертификат за неосудуваност и други формулари.

    2. Кога дојде маж ми и бевме да прашаме да го запишам на курс по германски во VHS , знаеш што ни рекоа на шалтер ? НЕ МОЖЕ бидејќи не сте од Украина или Сирија. Ептен одбивен однос , па после го запишав во приватно школо 500 евра месечно да учи германски.

    3. За технички преглед на колата , оти ги знам германците што гадови сте станати у последните години , па се јавивме телефонски за да не си ја нервирам душата на лице место.Ми вели, после 1 месец ќе дојдете за колата, нема да може овој месец. Тој технички преглед се прави на секои 2 години и ни рече возете без документот , до душа 1 месец и со иистечен документ можеш да ја возиш колата, ама знаејки ја полицијата тука во најгерманскиот дел на Германија, казна ќе ти лупнат без око да им трепне.

    4. Спомнав во врска со вакцината за грип кога бев на доктор со претходно закажан термин. Ејјј сестрата вели : ги потрошивме вакцините , да ти презакажеме друг термин после 2 месеци пак да дојдеш. Е многу сте одговорни значи , да се крстиш со две раце.

    5. Ми се има дешавано и мене , исто и од блиска фамилија. Ми се лоши и одам на ИТНА ПОМОШ у болница. Се додека дишеш ќе си чекаш 5 саати , ееееј 5 СААТИ за да ти дојде редот да те прегледат на ИТНА. А ако се онесвестеш, ќе те земат на количка преку ред.

    6. Пред некој ден имав термин за на доктор да ми кажат резултатите од крв и погоди што. Термниот ми беше во 10 сабајле, а дојдов на ред во 12 часот. Е значи ептен почитуваат термин, многу ефикасно работат германците.

    7. Во банка : идам да извадам поголема сума на пари и ми вика од шалтерот жената, не смеела она да ми даде, и требало потпис од некој одговорен, а кај е одговорниот , па заминал на одмор 2 недели и сега шо ? Па дојди после 2 недели, ам замена немате некој ...НЕМА, само тој е германски шеф, не дај боже да стават некој што не е германец да работи у банка.

    8. Во супермаркет : си чекам ред , редици , гужви за на каса и таман дојдов на ред и се расипува скенерот на таа од касата и сега , го вика она супервајзорот и го прашувам колку ќе потрае додека рестартираат , он крева раменици и вика оди застани си на ред кај другите каси ..ПОСЛЕДНА , е баш ви фала германци, многу убаво работете, значи алал вера.

    Имам да набројувам за секаде и во пошта , и во осигурување и контакт службата за струја, секаде МИЗЕРИЈА, не им се работи на германците.

    Затоа се жалам дека последните години ЖИВЦИТЕ си ги скинав, го изгубив сето трпение.

    Фала и на @Biljarkata што ме разбира.


    Реков, МИЛИОНИ да ми даваат, вреќи со пари, ЏАБЕ Е, ако не функционираат институциите.

    Си сакам јас ред и дисциплина.
     
    На Amellie13, tambelina, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    11.038
    @Billy Idol , ми текна на сестра ми : си го укочила вратот и била на доктор и и рекле слободен термин за да ти го прегледат вратот имаш после 3 месеци .

    Ко поминаа 3 месеци отишла и докторот прашал што проблем имаш со вратот , а сестра ми на тоа одговара : а немам веќе, ми помина, убо што се видовме.


    Гледам погоре ме праша за Швајцарија.

    Пак ќе кажам од мое искуство : бевме на гости 3 недели и замисли БЕЗ ТЕРМИН влеговме секаде и добивме инфо од прва рака за се што ни треба : адреса, банкарска сметка, здравствено осигурување , стан , месечна карта за превоз, осигурување за кола, регистрирање на колата и се по ред за живеење и обука за работа.

    Ејјј, се фатив за глава како бе така влегуваш и во истиот ден завршуваш со она за што си дошол.

    Буквално ги прашав дали треба со повреме да си закажеме за да донесеме документи, рекоа НЕ, ќе си дојдете на лице место, не ви треба термин.

    Ејјј тука у Германија ќе се окозиш да ти дадат стан, бевме во Базел во агенција и замисли што, жената вика донесете ми извештај од сметките од банка од Германија и тоа е доволен доказ , не мора да чекаме да изработиме 3 месеци со платните листи.

    Се фатив за глава, како бе , ц ц ц, ц, не осетив никаков стрес во ниту еден момент.
     
    На tambelina, SummerGirl, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.695
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    Ова им го викам јас стално, ми се смеат. Германци не се вредни само се добри трговци во наоѓање вредни луѓе. Не бадијала по војната што се вели во поштенско сандаче ги викале сами Турците да им работат оти немало кој да работи. Секако они мислеле ќе ги исцедиме од работа и ќе си одат мало морген, кој можел повлекол фамилии, се населиле, станаа важно малцинство во одредени градови. И ден денес, не знам дали кај тебе си видела, ама од роднини што слушам вика да не сме ние нема кој да работи, сѐ се кранке сѐ се манке.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Herrera им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Постов го читам и се чудам дали е ова Македонија или Германија. Зар до толку се пропаднати и нефункционални. :o
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.231
    Финансиска стабилност не постои во Македонија. Со нашата плата не се ни преживува, а камо ли да се живее.

    Ја напуштаме државата во јуни. И не е причината само финансиите, туку тоа што нема еден стабилен закон, корумпираноста, ладнокрвни убијци и педофили шетаат по улици, загаден воздух, казина и кладилници на секој ќош, цени во маркети кои што одговараат на стандард во по развиени земји каде што минимална плата кај нив е 2500 евра.

    Држава во која се лечиме со донации, се молиме за човечки третман во болница за да донесеме човечки живот на овој свет. Држава во која што ниту живиот ниту мртвиот немаат мир. Ископани гробови, свекрнавење на спокојното место на починатиот.. ова последното мислам дека ми ја распарчи душава.

    Ако ни е.
    Сите сме гости на овој свет, човек на се ќе се навикне па макар и на туѓ јазик, ама нема да дозволам мојот единствен живот да ми помине во оваа дупка каде што мене денес обичен ручек ме кошта 600-700 денари а еден газолижачки пратеник на собраниското мени 170 денари.
     
    На tessie, tambelina, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    5.727
    Пол:
    Машки
    Не постои финансиски стабилен човек во Македонија, освен ако не е политичар.

    И тие што ги мислите за стабилни, а се некои ,,бизнисменчиња", не се, бидејќи се заглавени со кредити и 300 глупости. На тоа не гледам стабилност.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.