Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    76 глас(а)
    47,2%
  2. Не

    61 глас(а)
    37,9%
  3. Можеби

    24 глас(а)
    14,9%
  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    117.608
    Пол:
    Женски
    Е тие од Брисел Неапол и Рим во оваа вукојебината ќе го истоварат ова нивното ѓубре и кај нас ќе го палат за ние да дишеме. Абе нема поубаво. Само треба дилерот погоден да ти е :$
     
    На LiquidLuna, Mumoftwo30, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.933
    Пол:
    Женски
    Не беше тоа муабетот, муабетот беа улиците полни ѓубре кои ете ги има секаде, скоро секаде. Нови Сад и Сараево на пример, се супер чисти градови. Би живеела таму? Тешко.
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.933
    Пол:
    Женски
    Стреми се, со среќа, не знам зошто мора да се надмудруваме. Секој може да си го каже сопственото искуство. Јас одговорив на конкретен аргумент против (сликата со ѓубрето) со ист таков конкретен аргумент (други градови со ѓубре) исто против. Ако мериме само по ѓубрето, Скопје е цвеќенце споредено со Рим. И тоа е факт. А кој како ќе си го тера животот, негово си е.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Дискутираме, на форум сме:) јас немам апсолутно ништо против тие што се во Мк или тие што веќе биле во друга земја но се вратиле од ваква или онака причина. Сепак има едно мото во Мк: Ќути, трај има и полошо :D моето мото е: има подобро, се стремам кон подобро. Инаку јас посакувам да се среди нашата земја, и нешто да тргне во нагорна линија. На сите тие што се средиле таму и им е убаво, баш ми е мило за нив. Но за многумина не е така. Затоа и сме се преселиле.
     
    На tambelina, Anyshka, ArabellaStarfall и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.933
    Пол:
    Женски
    Сѐ дур дискутираме од лично искуство, океј. Ама кога ќе почнат да ме убедуваат луѓе во некоја измислена земја на чудата каде не врне shit цело време или дека само и единствено во Македонија се живее вака или онака, тогаш не е океј. Животот впрочем не е рамна линија и либелата може да се измрда, каде и да си.
     
    На JoyJoy, BlackNight и BlackAndWhiteSwan им се допаѓа ова.
  6. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Епа има и такви луѓе, да. Тие се фалбаџии. Не секој сака реално да каже за својот живот. Јас кажувам реално за себе. Не водам совршен живот, не е воопшто идеално никаде. И отворено зборувам со најблиските за негативните страни кои ги има земјата во која што живеам. Сепак стојам зад сопствената одлука и сум задоволна што направив промена и се преселив.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Вие што сте ја напуштиле Македонија, не поради финансиски причини, кои ви се главните придобивки таму каде што живеете?
    Која е најголемата разлика што сте ја почувствувале во новата земја спрема Македонија?

    Пример: Голема разлика во здравството, не мора да чекате термини со денови, гужви итн. Бесплатен и навремен превоз? Подобри закони? Итн. Итн.

    @Herrera направи одлична паралела меѓу Германија и Швајцарија каде што одма се гледа разлика во системот. На пример тој што го сподели од Германија и не е толку далеку од нашиот овде.
     
    На tambelina, JoyJoy, Herrera и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Машки
    Да не беше народот 99,99 % погани и примитивци и да се огледаа на Швеѓаните Норвежаните и да имаа морал принципи и достоинство и карактер и цивилизиран стил и да се грижеа за животната средина.... Да фрлаа батерии и електричен отпад каде што треба и пластинките стаклото хартиите и лименките каде што треба немаше да има вакви слики а и драстично ќе се намалат тони пластичен отпад и алуминиум и метал да горат во дрисла... Ама ти освен да сликаш не рециклираш и ноќна мора би ти било ако го вратиш ѓубрето дома да постои да не се прави отпад и да се расфрла а камоли да го селектираш
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Машки
    Кај мене не е проблем за $ иако со пари и пробувам да решавам работи... Знам дека народот тука е лаком за пари и се на ниво на Бангладеш неиживеани и парата повеќе вреди помеѓу такви ситни душички ама баш тие некои работи што ме прават депресивен не можам да ги решам со пари иако сум пробал.. На пример малку внимание од некоја личност што ми е симпатична во некои моменти https://media.tenor.com/ZdasQgpJW74AAAAM/emir-koscuoglu-kara-sevda.gif
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Секако дека МК е добра за живеење доколку имаш пари.
    Тука ти е татковината, домот, родителите, семејството, другарите.
    Имаш свој имот, не си цел живот под кирија.
    Надвор немаш ништо од тоа.
    Немаш два збора со кого да сврзеш или имаш некој формален муабет зошто таков си праат.

    Затоа цела наша дијаспора е тука на форум инаку ќе заборават да зборат и сакаат на своето макар виртуелно да бидат.

    Плус кај нас безбедна е државата, иамш слобода.
    Не се вртиш наназад и гледаш темномурести мигрантски сурати зад тебе, навечер не се затвараш во 20 часот.
    Не му ја мислиш како ќе пуштиш ќерки да искочат во град, бидејки нели е нормално да излезат.
    Здравството е добро:lol:
    Немој да ме смеете.
    Докторите се телефонски оператори, затоа жива мака е за специјалистите ако с езакомплицира.
    А преглед со месеци с ечека што дополнително комплицира.
    Ние имавме можност, и работа во болница за мм и стан во Берлин.
    Бевме, видовме и одбивме со Еу пасоши.
    Не е тоа за нас тој роботски живот.
    Плус Германија е една од најнебезбедни држави.
    Единствено би заминале за некоја година во нашата втора татковина Хрватска.
    Каде е безбедно навечер да прошеташ.
    Инаку членкава што кажа погоре Сараево е навистина многу чист град, кој бил знае,зошто некој не би живеел таму наместо во некое германско пензионерско село?
    Зошто нема социјални бенефити.
    Е во некои европски држави има.
    Мигрантската шема.
    Најчесто научи јазик 30% Роди деца и живеј од социјална помош и детски додаток и чисти 3 часа дневно некаде.
    Додека не пораснат децата или не направиш 5 год стаж.
    Тоа е целата филозофија.
    Секоја чест на исклучоци но и наши доктори специјалисти со солидни плати, немаат богат живот, туку роботски.
    Во МК бар социјален живот ќе го поправи стресот.
    Таму прегоруваш од осаменост.
     
    На zemzela91, Cosmic Girl, tambelina и 4 други им се допаѓа ова.
  11. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Народот.
    Народот е одвратен на балканов.

    Не дека и на запад нема одвратен народ, ама тоа е исклучок.
    На Балканот е правило.
     
    На DoubleK, Anyshka, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.584
    Допаѓања:
    37.980
    Пол:
    Женски
    Здравството е ок. Фала Богу не сум имала некои потешки здравствени проблеми. За термин се чека еден месец. Ако си итен случај одиш одма на лекар. Или на клиника. Баш со една пријателка зборев за ова. Жената вика Ако ти е итно подобро оди на клиника, отколку на специјалист. Еднаш требаше маж ми да прими инекција, ама не сакаше да отиде на клиника (facepalm) Превозот е редовен. Картите ги поскапија, ама пак се исплати да ја купиш картата. Таа што ја имам (иста има и маж ми) е за цела Германија. Само не е за тие брзи возови. Закони има. Летово си шетаме со маж ми и видовме паркирани возила на трева. Одма пред игралиште. Фино лепо дојде полиција и ги казни сопствениците на возилата. За погрешно паркирање ќе го јадеш стапот. Па и за други работи. Затоа кога дојдов маж ми вика Пази што правиш. Ми се допаѓа тоа што децава имаат квалитетно образование. По институции не сум имала проблем. Точни се со термините. Може и порано да влезеш. Ама таму треба да си 15 минути пред термин. Ако не дојдеш на термин плаќаш казна. Треба да го откажеш ден претходно. Дозволуваат да носиш преведувач (ако не знаеш германски).

    Дружба има. Кој како ќе си ја нареди. Имаме 2 пара пријатели со кои се дружиме.

    Ако нешто тргне наопаку, ќе одиме во друга држава.
     
    Последна измена: 7 март 2025
    На Anyshka, Yowannty, Selena01 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    3.709
    Тоа со безбедноста е навистина релативна работа, зависно за кого што е безбедност. Во Македонија се смета дека е безбедно, ама сите знаеме по која цена и кои права им се дадоа на “нарушувачите на мирот”. Некако како никој да не го зема тоа во предвид или веќе толку сме навикнати и сме заборавиле. Јас во Македонија се плашам сама да се движам еве искрено од глутници кучиња во сред Скопје. И не, не се осеќам безбедно. Се плашам да возам таму, затоа што сообраќајната култура е таква каква што е. Се плашам кога ќе отидам на лекар дали ќе добијам точна дијагноза или ќе треба да подмачкам некого за да ме погледне подобро. Како што читам, жените се ужаснуваат од идејата за пораѓај на државни клиники. Зар сето тоа не спаѓа во безбедност? Или само некој мигрант со кола ако убива се рачуна како прашање за безбедност? Сериозно прашувам.

    На темава, преселена сум пред седум години во Германија. Главна причина за селењето беше загадениот воздух. Имавме добри работни места и финансиски имавме добра комоција со маж ми. Тоа што секијдневно се вдишува нема пари што може да го исчистат од организмот. Децата што сите се болни со месеци и постојано кашлаат не се менува ни со приватни клиники, ни со пари, за жал. Ама сите правиме свои избори и се носиме со нив како такви. Не би навлегувала во паралела Германија/Македонија, бидејќи сите теми завршуваат со препукување на крај. И не сметам дека нашите лични искуства некому ќе му сменат нешто и дека баш поради нашите искуства ќе одлучи дали да се исели или не од некаде.

    @Billy Idol ја прочитав членката за животот во Германија пред некој ден. Како што таа напомена, тоа е нејзино лично искуство. Моето е спротивно. Живеам во мало место, каде што ниту нешто се чека многу за термини, ниту некој ќе те врати ако отидеш без термин. Законите се почитуваат и во ниту еден момент не сум се почувствувала дискриминирано. И јас од моја страна давам се од себе за добро да се интегрирам во овој систем, кога веќе сум донела одлука да живеам овде. И верувам дека сите членки тука ако пишат, секоја ќе каже различно лично искуство. Така да, искуството мое или на некој друг ќе биде различно од на некој трет, не може така да се генерализира дека ете по тоа искуство, системот станал во Германија ист како во Македонија. Не е.
     
    На Bezimenka90, tambelina, Anyshka и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Темата и е за лични искуства, совети и разменување на мислења. Па секој може за себе сам да си извлече заклучок.
    Секој член овде живее во различни места во странство, па макар и една земја да е, како Германија што се прави споредба, не е исто да се живее во голем и мал град, источна и западна итн.
    Но, не е исто ниту во Македонија. Ете @Dust во Берово нема проблем со загаден воздух, ние во Скопје имаме.
    Чекање на термини, редици по болници најчесто има во Скопје, но во Кавадарци некој што живее сигурно ќе биде одма примен на лекување, гужвите се помали итн. Проблем е што нема децентрализирано здравство и за поголем проблем тој од Кавадарци треба да доаѓа во Скопје. Да има повеќе клиники во Македонија, во голема мера би се решил овој проблем.

    А тие што финансиски имаат пари доволно, не одат да се пораѓаат на државно, многу од нив имаат и приватно здравствено осигурување, па ова, повторно, е финансиски проблем, кој они не го чувствуваат.

    За безбедност, јас во Германија лично не сум живеел, но бев на малку подолг период и таму ќерка навечер не би пуштил надвор сама, пари да ми даваат. Ова ми е искуство од блиски, и сопствено кога бев. Никогаш повеќе во живот не сум стравувал за сопствениот живот како што стравував додека одев таму ноќе. Може дека тогаш беше актуелен проблемот со мигрантите, сега не знам како е ситуацијата.

    Воглавно ако би имал избор, не би ја избрал Германија ако финансиите не ми се проблем. Секако не се споредува со Македонија, но далеку е од некој идеал за солиден живот.
     
    На Herrera, JoyJoy, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.933
    Пол:
    Женски
    Јас живеев и живеам во Италија, во централниот дел (иако доста патував заради работата), во регион кој не е автономен, моите деца се таму, родителите и најблиската фамилија се во Македонија. Работам за странски фирми, посебни приодбивки немам искрено, Италија е тешка за живеење, премногу голема, со премногу социјални разлики од регион во регион. Ама ништо не ме нервира таму или поретко се случува затоа што сум лингвист по струка, така се заљубив во јазикот и во маж ми, така предавав италијански на Италијанци (работа си најдов), исчував деца, тоа е разликата, затоа ми е таму убаво. Кирии изгор, сметки исто, единствено храната во супермаркети е поефтина, пазар потешко, леб исто изгор скап, затоа се јаде паста и палента. Маж ми од друга страна (бивш) работи многу одговорна работа, државна, така што од прва рака сум видела од црно поцрно (заради природата на неговата работа, и колку системот не чини). Здравство посредено, во смисла посредени се болниците и амбулантите, иако термин се чека долго, ама затоа вилица да ставиш без десет- петнаесет илјади нема да поминеш, исто важи за филерчиња, третманчиња, масажи, нема ефтино, а платите се релативно ниски, иако и маж ми јас заработуваме даалеку над просекот особено тој. Ама на сметка на тоа, искача од дома и не знам кога ќе дојде. Исто и работното време, Италијанците имаат "сиеста", односно долга пауза за ручек, значи скоро све, ако не и све, работи двократно. Нема само прва смена, нема извољевање, нема работа до 15 саат (се работи од 9 до 13 па се продолжува од 15 часот па натаму), освен ако, како и во Македонија, не си на државна цицка. Најчесто има колективен одмор, значи нема кога јас сакам ми дале не ми дале слободен ден, се иде на одмор за Божиќ и за Ферагосто (во август), нема како кја нас, аааа скапо е во август јас сакам во септември, ако не ти одговара, Италија не е за тебе. Даноците се исто поголеми од нашите, прилично, мислам дека опасно се движат над 45%. Превоз за Рим поарно да не кажувам, или па за поголемите градови, само нешто се копа се открива, ама ако искочиш од дома враќање нема до вечер. Железница често штрајкува, а најмногу се патува со неа, така да и тоа е проблем. Небезбедни големи градови, Милано после десет саат оди искочи, проститутки и сомнителни типови, тепачки, убиства секој божји ден. Ако си во помал град, без кола нема живот, значи куп пари за регистрација, одржување, осигурувањето за возила е исто многу скапо, ем патуваш со часови од дома до работа, ем сите пари ги трошиш за превоз и јадење, нема мензи (освен фабрики), може да ти даваат бончиња за ручек, и тоа сѐ поретко. Зошто сакам таму да живеам? Таму ми е семејството, исто како и во Македонија. Особено во години кога децата се големи, јас сум растеретена, бавча и море ми е незаменливо. Ама да измислувам прикаски како е идеално и ваква земја нема никаде у свет, тешко. И самите Италијанци доста се иселуваат. Знам дека Италија ич не е дестинација за живот, ама за мене е живот, и покрај сите недостатоци. Е така исто и Македонија.
     
    На tambelina, JoyJoy, Herrera и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Е де, индивидуално е. Нешто што тебе не ти се сфиѓа, може за мене е идеално и обратно.
    Ми е страв дете да пуштам надвор до ниедно време тука, ама страв ќе ми е и во Мк.
    Тука најави за терористички напад сред Виена, во Охрид напад од чопор кучиња.
    Оди спиј ако можеш.

    За термини во здравствени установи: одам на закажан термин и во чекалната на олкав лист пишува: Предвремено ви благодариме за разбирањето за времето на чекање зашто секој пациент доаѓа на ред според итноста на случајот.
    Имаш дете во чекална клапнато со 41 тт и имаш дете во чекална шо му тече малку носето ама мајката решила дека треба да е прегледано. Повеќе и од очигледно е кој треба да влезе прв без разлика на терминот.

    За специјалист, секогаш кога сум нагласила дека сум итен случај ,сум добивала уште истата недела термин, во кој ниту минутка плус не сум чекала, дури и порано ме викнале 5 мин.

    Друго: љубезноста на населението,културата, поздравот на улица. Не се осеќам како отпадок,се претопувам меѓу нив.
    Уживам во разговорот со нив, нешто што дома, во мојата татковина одамна не сум го осетила. Освен муабет за кредити и пари и плаќање сметки, не знам дали друг муабет може да се развие.
    Секако дека има и негативности, ама ако се стават на вага, позитивното победува.
    Инфлацијата не не прескокна, се е поскапено, ама....... има многу повеќе акции од порано на прехранбени производи( во сабота навечер можеш многу продукти да најдеш и до 70% намалени) ,овој месец добиваш бонус од државата, следниот месец добиваш бонус од ЕВН, подругиот месец добиваш клима бонус, поподругиот добиваш нешто десетто. Не се богзнае колкави суми, ама се од помош и тоа како.

    Навистина, првиот чекор за напуштање на домот и семејството е навистина тежок, ама не се каам во ниту еден момент за се што сум оставила зад себе и што тргнав да обезбедам подобар живот за моите деца.
     
    На LiquidLuna, JoyJoy, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.552
    Допаѓања:
    13.902
    Штом не смееш да отидеш во Камењане, Зарај, Арачиново, Липково кога сакаш и никој да не те чепне, државата не е безбедна, само што ние глумиме дека е безбедна, божем другите немаат очи да видат или не читаат на интернет, па не им е јасно. Наш куќен пријател, сериозен човек по струка касап го викаа во Липково да коле стока за некој од муслиманските празници, ај што му дупнале гума на возилото, ај тој што го повикал, му помогнал да ја сменат, откако тргнал, слушал пукотници. Како е тоа безбедно и поарно од било каде на планетава? Јас не ни прашувам за тоа кој како се снашол во странство, затоа што повеќето драстично лажат, па од муабет дека сите купиле по 3 стана, испаѓа земале Германец да чуваат на старост, да го добијат имотот со некој попуст. И поарно ич да не кажуваш отколку да лажеш. А и што и да каже некој, секој пат на секој човек кон иселување е различен.
     
    На Anyshka, SummerGirl, ArabellaStarfall и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.933
    Пол:
    Женски
    Јас може отрув со Италијата, ама маала во Неапол, во Рим (особено источниот дел кон море и Сиена) каде има кланови Синти (Роми) исто не смее да се оди, до пред некоја година ич ни полиција не одеше. Калабрија (Рочела Јоника, Розарно, Палми и не само тие) исто се делови каде што има мафија (ама вистинска, не од филмовите) каде нема живот, има само фаиди, убиства и рекет. За оние кои не знаат, мафијата на Калабрија е одговорна и најголема за трговија со дрога, и најмоќните ограноци им се во среќната и со точаци исполнета Холандија, така што во тој дел од Европа допрва ќе се тоне. Чисто да ве упатам.
     
    На tambelina, JoyJoy, Herrera и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.552
    Допаѓања:
    13.902
    Ти верувам, таму мафија, мотивот е криминален, овдека мотивот е национална омраза. Лошо е и едното и другото. Исто еден колега што имаше некој си пријател во Липково, го поканил на свадба во ресторан во Опае, и човеков рекол „ако дојдам сам, може ќе ме киднапираат“, по што липковецот му пратил возило и човек, да го земе, да го однесе на свадба и да го врати, што е катастрофа ако сметаш дека и тоа е територија во твојата држава, а не смееш да стапнеш натаму. На некој од екс ју форумите имаше дискусија од Срби, дали смеат да застануваат низ западна Македонија додека да стигнат до Охрид. Некои пишале дека не ни застануваат ич, да не ги истепа некој оти се Срби. Тоа не е сјајно.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.319
    Пол:
    Женски
    Ако си во странство, мора под кирија да живееш:D. Не знаев дека само во МК може да дојдеш до имот. Сите околу мене што ги знам имаат свои имоти. Некои и по неколку. Дури и имаме бенефити кога ќе си купиш имот. Пример државата ти плаќа извесна месечна сума за рата. И други разни бенефити, за да не ти се исплаќа да седиш под кирија. Сумирано, неколку пати го пишуваш истото, како да сакаш да ти биде полесно. Океј, сите живееме под кирија. Нека ти биде така.

    Имам со кого да сврзам муабет, мора да е на македонски јазик? Луѓето се топли и фини. Нешто што и јас се изненадив, бидејќи постои кај нас стереотип дека по дифолт луѓето надвор од МК особено север и запад се ладни. Во МК бев скарана со сите комшии, све беа лудаци, тука со сите муабет, се понудуваат за било каква помош, за детето ми даваа поклони ничим изазвани.

    Исто така, роботски живот ќе имаш ако ти си го направиш таков. Нема викенд, а да не правам нешто корисно и интересно. Имаш милион занимации и хобиња.

    Безбедност во МК? Би отишла по шиптарските населби и села сама? Не верувам. Луѓе нон стоп газат на пешачки. Горат болници, се палат автобуси, киднапираат девојче сред бел ден и го убиваат. Каква безбедност е таа?! Лоши луѓе има секаде, ама барем за безбедност на улици се врв. Вози и 2 над пропишаната брзина, за два дена казна ти стига. Ќе возиш и паркираш на тротоар? Баш се случи пред мојот прозор. Цели 5 минути беше паркиран еден, не знам како од нигде никаде дојдоа цајкани и оп казна. Да си пешак или велосипедист, не смее на пешачки да не те пропушти. Во однос на мигранти, има и тука, но се поцивилизирани, а оние што не се, се знае кај живеат, па не ни одиш да живееш таму. И таму вистина, прават проблеми.

    Не користам никакви социјални бенефити. Земам детски додаток, но тоа го зема секој што има деца. Не ни ми беше целта да земам социјална помош. Се стремам за подобар живот и иднина. И не чистам 3 часа неделно никаде. Си одам на работа, по струка. Каде патем сум многу повеќе ценета и видена. Од 0 за кратко време напреднав во она што го сакав.

    Социјален живот има. Пола МК е надвор. Чак и цели чопори и фамилии се групираат. Плус ми доаѓаат гости. Е сега ако мислиш кафана, нема такво нешто, ама мислам дај:D. Пријатели имаме што македонци, што странци. И што е најинтересно странец ќе ти помогне за се нешто.

    Не, не е лошо. Воопшто. Само пак ќе кажам, фамилијата е тоа што недостига во сложувалката. За жал таа е цената што треба да ја платиш. Искрено ме заболе за кафани.
     
    На LiquidLuna, tambelina, fana и 9 други им се допаѓа ова.