Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    76 глас(а)
    47,2%
  2. Не

    61 глас(а)
    37,9%
  3. Можеби

    24 глас(а)
    14,9%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Сериозно споредувате терористички напади, напади и силувања од мигранти, убиства, следење, со кучиња кај нас и породувања државно?!
    Вие сте во сериозен денајл тогаш.
    Сигурно имате мали деца.
    Најбезбедни држави во ЕУ с еХрватска и Словенија.

    @ArabellaStarfall
    Во Македонија е полесно да дојдеш до свој имот и во цела ејс ју.
    Според Еуростат статистиката во Германија само 47% население поседува свој имот, Швајцарија исто така,
    Во градовите само 14 % имаат свој имот, додека во руралните приградски места е повисок.
    На дното во цела Европа.
    Од што е лесно претпоставувам.
    Со кредити на 100 год имаат свој имот?!
    Тоа не е нивни имот.8)
    Јас сум од таканаречен “шиптарски” град.
    Не се доволен аргумент шиптарите за масовните мигранти таму.
    Супер ако ви е безбедно со нив.
    Јас мои деца не би растела таму.
    Гледам колку имате пријтели, со социјализација тука секојдневно:D
     
    На LadyD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.319
    Пол:
    Женски
    Првата разлика е чистота и воздух. Не смрди на изгорена пластика. Не гледаш депонија никаде. Е сега околу ѓубрето до ден денес се нервирам. Кај рециклираш, до детал пластика, стакло, картон, згора и ги собираат ретко. Сам треба да одиш до депонијата, која искрено бев импресионирана, колку тек таму до детал се е секционирано. Патем има во секое место. Пластика на едно, пелени на друго, стакло на трето, хемиски средства, покуќнина, органски отпад и уште не знам колку селекции. Добро е и пример ако имаш стар фрижидер, купиш нов, или било што, старото ти го земаат бесплатно во отпад.

    Здравството им е поразлично. Ми требаше време да се навикнам, бидејќи кај нас да прднеш антибиотик и крвна слика ти прават. Тука малце ќе те чекаат да приумреш, па ќе ти дадат антибиотик. Зборувам за настинки и грипови. Но, ако имаш друг проблем, прво матичниот ќе проба, ако не бива, те праќа на специјалист. Зависи за што, може да чекаш од две недели до месец. Болниците се екстра чисти, големи, луксузни. Доаѓаш точно на време и те вика докторот. Некогаш знае да закасни, ако некоја баба многу обесува, но во глобала не повеќе од пола саат. Што во МК чекав еднаш 8 саати на ред. Барем дневница да ме исплатеа. Плаќаш извесна сума месечно, лично, работодавец не плаќа, ама кога ќе споредиш па сумата баш и не е скапа, со оглед дека и во МК толку работодавецот ти одвојува. А сепак одиш во нормална болница. Имавме баш еден проблем со детето. Секоја чест колку беа посветени.

    Бесплатен превоз нема. Но, автобусите, метроата, возовите се екстра точни. Може да живееш подалеку, а да работиш на друго место, екстра брзо се стига.

    Закони?! Не знам во целост какви им се. Но, има ред. Дури премногу. Не смееш после 8 да креваш џева. Штама е. Што е добро, може да се наспиеш. За животни плаќаш данок. Нема кучиња и мачки по улици. Во глобала треба да бидеш добар граѓанин.

    За школство не сме стигнале уште, но градинките во однос на занимање на деца се екстра. Секој ден на апликација добивам слики со содржина. Што се јадело, кога се пиело, кога се спиело. Па секој ден надвор се, ги носат кај животни, на лулашки. Воедно на 6 месеци прават евалуација на развој, на вербална комуникација, моторика и социјалност. Дискутираат меѓусебно и те викаат да ти кажат што заклучиле. Притоа се поврзани со друга служба каде заедно те упатуваат за следен чекор доколу има некаков проблем.

    На работа, напишав и претходно. Со англиски може да функционираш, иако секако дека е бенефит да го знаеш локалниот јазик. Без разлика од каде си, ако си ја вршиш работата, даваат договор на неопределено, со кој не знам што треба да направиш за да те избркаат. Многу строги закони има за работници.

    Е храната. Македонија има најдобро овошје и зеленчук. Факт. Прекрасна кујна. Среќа не има од секаде па може да си најдеш македонски и балкански продукти. Најголемо доживување ми беше сирењето. После огромна потрага, најдов овчо. Иначе само фета има. Има и ајвар:D. Ракија се дила на секаде. Само посакај.


    Инаку има високи даноци и за се нешто си плаќаш данот. Ама од друга страна на крај на година пополнуваш формулар. Па зависно што си правел, ти враќаат убава сума. Или пак може на 0 да си.

    Занимации за деца има еден куп. Огромни игротеки, музеи, зоолошки беспари. Тоа секоја чест.

    Ако ми текне уште нешто ќе пишам.
     
    На tambelina, MacenceEna, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Кучињата се само дел. Брзо ги заборавате Фросина, Вања и ред други што не сум во тек.
    Гледам дека и жителите на Мк не се нешто многу помалку на форумов од ауслендерите :D

    Може до утре да се натегаме на темава, кој кај што му е убаво ,таму нека си оди. Секој со маката.
     
    На LiquidLuna, tambelina, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Во Австрија нема грозоморни случаи?
    Или само кај нас се случуваат?
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.319
    Пол:
    Женски
    А ти каква социјализација имаш, па кој пишува тогаш од твојот псевдоним?:D Не знам што очекуваш да правам. Да одам да се пијанчам со друштво. Не ми е доживување веќе, не знам што е толку тешко да се сфати. Вратата ми е отворена, примам гости. Си имаме редовно некој. Секако животот ми е сменет откога имам дете. Дали била во Мк или странство, истото ќе го правев.

    Не знам кој кредит е тој на 100 години. И во МК имав кредит на 30 години, толку е и тука. Значи имаш секакви луѓе со различна стапка на образование, со различни професии. Едни познаници во Германија за неколку години 3 стана купија. Не е дека се доктори на науки. Кај маж ми во фирма, во просек се две години да си странец и да купиш нешто свое. Доаѓаат, седат година две под кирија, купуваат. Не знам како да ти нацртам ама под кирија тука треба да си будала да седиш. Иста е цената. Зошто да му плаќам на некој? Има логика?
     
    На tambelina, MacenceEna, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Има де, ама прашањето во постот кај шо не направи денајл друго пиша ти
     
    На eliesaab и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.943
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се споменува друштвениот живот и социјализацијата тука во странство, имам само да кажам дека германциве знаат многу подобро да уживаат од македонците во мк. :D
    Ние неможеме да ги видиме пошо нашата социјализација е да дремеме по кафичи цел ден (тоа шо го праи цела мк).
    Ама да рашеташ малку натаму наваму, богами има шо да се види. Германците не зеат во телефоните како ние. Парковите се полни со нив, млади и верувале или не, стари. Да, да, и стари. Играат со топка, со фризби, со јажиња, музика си пуштиле, абе милина.
    Пабовите им се полни секој ден, се дружат и стари и млади, и мажи и жени, пијат а никад не сум видела да земат да праат проблеми или да се дерат.
    Тука блиску до мене има детски лулашки, скоро секој ден сме тамо, и секој ден ги гледам како одат и си доаѓаат од планинарење со планинарска опрема.
    Да не почнам да зборам за карневалите и фестивалите. Абе милина да ги гледаш, сите денсаат бре. Старите маскирани, и они денсаат и уживаат.
    Каде кај нас стар човек ќе го видиш по такви места, кај нас чим остареш и околината те осудува на самотија, да го поминеш животот пред телевизор.

    Е сега, додека се вклопиш и додека научиш шо каде е и кога е.... после друг муабет е веќе.
     
    На LiquidLuna, tambelina, *katja* и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.319
    Пол:
    Женски
    Така де. Само ние знаеме да се забавуваме и да имаме друштво. Во мк одиме по кафичи и диско, тука одат по концерти и фестивали. Посебно ете баш кога има карневал, тоа е лудост. Сите маскирани надвор. Си имаат своја забава, не значи дека македонската е најдобра. Едноставно сме различни и тоа е сосема во ред. Барем и мене ми требаше промена. И не е само тоа, туристичките градови ти се на дофат, налет кафич, палам кола шетам. Знаменитости куп. Не може да ти е досадно. Имам и езера во близина, во лето после работа си седиме на плажа. Не, не пукнав за кафич. Не сум ни стапнала, премногу имам што друго да правам.
     
    На eliesaab, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.943
    Пол:
    Женски
    Ма каков кафич, јас сум повеќе за паб :D. Поинтересно е, дефинитивно поинтересни се германциве. И побезбедно се чувствувам во паб отколку на друго место.
    Ете тука на мојата улица има и паб, има и една балканска кафана кај шо се збираат срби и хрвати.
    Пабот секој ден е полн, луѓе се смеат, си стојат и надвор и внатре. Абе самата атмосфера те вика да влезеш.
    Никој не те закачува, не те гледа попреку.
    А во кафанава е скроз друга приказна. Нема секој ден луѓе, а и кога ќе се соберат секој си се држи до својата маса. Само седат и оговараат. Кога и да поминам, замолчуват и ме гледаат. Ужас.
     
    На tambelina, eliesaab, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    425
    Мислам дека ако си финансиски сигурен дека можеш многу убаво да живееш и да си уживаш тука. Реално имаме се, ако не се барм повеќето од работите се достапни, е сега тоа што е скапо прескапо на мали плати е друго. Ама знам луѓе кои имаат свои бизниси и живеат и повеќе од убаво. Станбено се осигурани, одат на летовање, зимовање, неделни ручоци со фамилијата, забави, други патувања… и не им текнува да се иселат во странство, имаат огромни примања. Но, јас мислам дека тоа е така во секоја држава , во смисла дека ако имаш добри примања убаво ќе живееш ако не , не. Така е и за Америка, Германија, Швајцарија ….. Иако, до питачки стап да сум доведена нема да ми текне да се иселам во Германија. Еднаш на едно патување требаше да преспиеме ден-два во Берлин, мислам дека после тоа требаше да почнам со анти-депресиви, ама секој си има своја замисла за животот.
     
    На LadyD, FlowerMarija и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Јас не се затварам дома во 20.
    Тоа е елемнтарната разлика.
    Тоа што не се социјализираш е твој избор, но форумов ви е збиралиште баш поради социјализација со својот народ, и е позната социолошка појава кај сите мигранти.

    Не знам кој што купил, ама во Германија ,
    најмалку се поседуваат имоти, ако во големите градови како Минхен и Франкфурт само 14% се власнички станови како резултат на германската политика од ‘60 год во Хрваткса се 90 %
    Во бивша Југославија сите поседуваат некаков имот.
    Тоа е од статистички извори ама еве ти ги демантираш.https://amp.dw.com/hr/zašto-tako-malo-nijemaca-živi-u-vlastita-četiri-zida/a-68258860
    8)

    @Kasiopaja221
    Па во денајл сте , не сте свесни зошто Германија и Австрија се на дното на безбедност во Европа ид мигрантите за шетање навечер.
    Ако има , тогаш не ги користи како аргумент нашите црни случаи.

    Ќе збориме за некоја год. Каси, сега децата уште во 19 чсот ти легнуваат.

    @Adidas888
    Швабците збеснуваат изгледа навака кога ќе дојдат, :Dминатиот месец имаше едно 30 души на Шапка во хотел не знаеја кај тераат од што беа дрва пијани , соблечени полуголи на - температури.
    Ама таму фризби во парк играат.:D И не седат на телефон.
    Стари поудрени ид германци може д абидат само холанѓани, комшии ми се во Охрид , ај жити с е не ме смеј.
    Главна карактеристика на сите наши мигранти е да плукаат по својот народ, држава, ибичаи и навики.
    Нема да добиете швапски манири , немате такви гени.
     
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.943
    Пол:
    Женски
    Добро Косми, ај, ние за инат на тебе ти седиме во странство :rofl:. Важи. :rofl:
     
    На Selena01, eliesaab и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Па јас не ве враќам бе:D
    Седете таму:inlove:
    Ти викам и овде кога ќе дојдат Uber Alles швапци , се балканизираат:rofl:
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.943
    Пол:
    Женски
    Епа шо тогаш? :rofl:
    Јас си кажувам шо имам видено и шо имам доживеано тука а ти викаш не е така :D. Па добро, може ете на тебе не ти одговара тој живот, може ти сакаш во кафич да дремеш повеќе, пример.
    Али германциве дефинитивно не седат дома по цел ден да готват и чистат како нашиве, и иди ми дојди ми на гости, де во оваа куќа де во онаа, па да гледат кој колку прашина имал дома. :D
     
    Последна измена: 7 март 2025
    На azelea, *katja*, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Не бе, не реков не е така.
    Така е,само досадни се.
    Па затоа збесуваат во одредени прилики ко овие што јас ги видов.
    Ко куче кога ќе го одврзеш.
    Затоа и вие седите тука не на некој германски форум:inlove:
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.943
    Пол:
    Женски
    Зошто толку лично си ги сфаќаш работите? :D
    Who hurt you? :rofl:
     
    На Yowannty и Selena01 им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.584
    Допаѓања:
    37.980
    Пол:
    Женски
    И тука нема иди ми, дојди ми. Ако сакаш да се видиш со некој, ќе излезеш надвор. Кафичите, кафаните, парковите се полни. Често среќавам луѓе кои седат на клупа, пијат кафе и читаат книга. А во Мк ќе те направат ненормален.

    А за безбедност.... Па никаде не е безбедно. Да беше убаво во Мк, немаше народов да се преселува. Вчера маж ми ми кажуваше за едни наши комшии кои летово заминале за Австралија. Со среќа нека им е. А во Мк живееја убаво. Не беа заглавени со кредити, не плаќаа кирија, земаа убави плати. На маж ми другар е во Италија. Задоволен е.
     
    На azelea, eliesaab, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.319
    Пол:
    Женски
    А што само во Германија ли не има:D Јас ти кажувам како е кај мене. Баш ме интересираше колкав процент припаѓа на сопственици на имот, па да ти кажам ич не е за жалење. Многу повеќе него обратно.
    И дај не ме смеј. Колку на запад да речеме живеат со свекор и свекрва? Ако тоа го рачунаш под свое имање, ок.

    Не мораш ни тука да се затвараш во 20 часот. Кој те тера. Мене ми се допаѓа мирен и тивок живот. Тебе не. Не знам што е проблемот да сфатиш. Форумот го читав уште во МК кога бев. И на друга планета да отидам, ако сакам пак ќе го отварам. Мислам да пукнеш ме изнасмеа. Го отварам ради социјализација, пошо немам другарчиња:D:D:D. А ти зошто? И ти ли немаш другарчиња?
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    90.303
    Пол:
    Женски
    Јс лично ги сфаќам или вие дијаспорците?!
    Кога ке спомнеш германец мора да е океј.
    Само кај нас не чинат луѓето.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.943
    Пол:
    Женски
    Па не дај боже да се спомне Германија, одма рипаш :rofl:
    Chill.
     
    На *katja* и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.