Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    76 глас(а)
    47,2%
  2. Не

    61 глас(а)
    37,9%
  3. Можеби

    24 глас(а)
    14,9%
  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    45.522
    Пол:
    Женски
    Да, како некој што сто пати се премисли и не можеше да се реши кде сака да живее, сега после година ипол живот назад кај нас, дефинитивно би се вратила во странство и милиони да имам на сметката.

    Начинот на живот и квалитетот на живот не се споредува.
    Таму бевме опуштени, среќни и дишевме чист воздух, тука се отрувме.
    Сите болести кај нас се од воздухот и не планирам детето да го растам во ваква загадена држава.Кога бевме сами не размислував толку на ова, ми недостигаа моите, друштво, другарки…сега кога скоро сите сме со деца сфаќам дека ништо од тоа не ми е толку битно како тоа детето да ми има кавлитетен живот, а квалитетен живот не се купува само со пари.
     
    На JuLleE, azelea, dunika и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Може знаат, може не знаат, не знам, во Германија бев кратко, ама на дружба комшиска после тоа си добивме у сандуче сметка од "скарата" на подеднакво поделена. Тоа на друго место не ми се случило искрено, во Италија и Шпанија, па нема шанси, попрво ќе се затрчаат и потепаат да те почастат кафе. Ама дека само во Македонија има лудаци, а во странција супер, сите си мафтаат, плетат венчиња од цвеќенца и комшиите си се смешкаат, како што некој пиша погоре, тоа е веќе денајл навистина. Факт е дека лошите работи во странство се трудиме да не ги гледаме, затоа што тешко се процесираат нови разочарувања, исто како што ги идеализираме носталгичните моменти на дружба од Македонија ко кујзнае што да било.
     
    На LadyD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.394
    Допаѓања:
    27.305
    Пол:
    Женски
    Јас зборев за социјализацијата и дружбата на германците.
    Во другото не влегувам, нормално дека има секаде лудаци.
    Плаќањето пола пола кај нив е нормално.
     
    На tambelina, SummerGirl, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Па за тоа и зборев, ми беше многу чудно што ме поканија на ручек, дома, у двор, кој после си го платив :D
     
    На Bratot, SummerGirl, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.394
    Допаѓања:
    27.305
    Пол:
    Женски
    Па плаќањето пола пола кај нив е нормално, така функционираат они :rofl:.
    Ми дојде на гости една германка, турив сок, и 100 пати се мислеше дали да го испие :rofl::rofl::rofl:.
     
    На Tanjamm, Billy Idol и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Колку и да се трудиш да бидеш европски државјанин сепак го имаш тоа балканско во тебе што размислуваш дека сите болести се од воздухот. Зошто не живееш на планина ако ти пречи воздухот ?
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше најголем шок :D:D:D:D
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    45.522
    Пол:
    Женски
    Да ќе го имам балканското во мене оти сум од Балкан.Не знам зошто е навредливо да имаш карактерни особини од местото од кое доаѓаш. Јас не реков дека не сум горда затоа што сум македонка или дека не ја сакам земјата со сета природа и убавина.
    Зошто не живеам на планина? Зошто кај нас условите за живот на планина не се сјајни, инаку би живеела.
    Зошто мислам дека сите болести се од воздухот?
    Не во смисла дека само воздухот е болест туку сите фактори од кои воздухот е капак придонесуваат за многу луѓе да имаат рак, астма, бронхити и сл. Во мојот град стапката на смртност од рак е многу голема, секој 5ти човек што го знам има рак на нешто, вајда не е се генетика.

    Како знаеш ти дека воздухот не е причина за многу болести?
     
    На LiquidLuna, azelea, tambelina и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Машки
    Штом се гордееш и си среќна на тоа што си.. Остани тука и биди горда и вековна.... Тоа дека си горда го разбираѓ дека си горда и среќна на се примитивно во и на се така како што е... Не треба да бидеш горда а треба да се срамиш освен ако не си мазохист ама пак ако си мазохист не би сакала да се селиш... И вие сите не знаете што сакате побркани сте скроз
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.622
    Допаѓања:
    14.066
    Ако градоначалник собира донации да се лечи во соседството, за каква финансиска сигурност зборуваме? Тоа е привилегија за мал број луѓе. А ако Ниш нуди третмани што овдека ги нема, значи сепак сме поназад. Ова ми е втор случај да дознаам дека некој од Македонија одел на лекување во Ниш. Пациенти со преживеан мозочен удар, со проблеми со кичма итн. Секоја четврта жена во Македонија имала рак на дојка. Кога ќе чуеш такво нешто на тв, морници те полазуваат. Од воздухот е, од тоа се раѓаат децата со посебни потребни, има спонтани абортуси, неплодност. Многу млади парови не да не сакаат, туку не можат да имаат деца, што е трагично како податок. Јас би била задоволна еве со истата заработка, но да имаме здравствен систем со посветени и хумани работници, и да не грешат, оти назад нема, да имаме почист воздух, народот не мора да е друштвен, ама да е покултурен малку, посовесен.
     
    На azelea и tambelina им се допаѓа ова.
  11. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Најголема позитивна разлика ми е што има многу зеленило, и во помалите и во големите градови. Воздухот е чист и јавниот превоз е светлосни години пред нашиот. Друго, детскиот додаток. Државата едноставно покажува разбирање дека трошоците ти се зголемуваат значајно. Во Мкд никако не ти се зголемуваат средствата кога ќе добиеш дете, а трошоците многу.

    Здравството не знам стварно. Ти треба време да научиш како функционира, иначе ако не знаеш нема да завршуваш работа и ќе мислиш дека не функционира. Ама откако еднаш ќе го фатиш редот е многу полесно. И да, ако кажиш дека ти е итно или дека имаш некоја историја, твоја или семејна може да издејствуваш прегледи и за работи за кои инаку многу се чека.

    Јас лично се чувствувам безбедно кадешто живеам, не се плашам да одам сама никаде. Не ме плашат ни мигрантите, не сум имала досега проблем. Е сега, сигурно го нема секој истото искуство. Во првиот град кадешто живееме имаше места кадешто редовно се збираа во групи и таму би ми било страв сама да поминувам навечер, или кога би имала дете нема да ми е сеедно. Од друга страна мене ми е убаво што запознавам луѓе од целиот свет, јас сакам различни култури и се тоа некако мислам дека не збогатува како личности.

    Администрацијата е бавна, ама функционира. Бирократија има прилично.

    Даноците се прилично високи и државата не ти дава мн простор за богатење, ама за убав живот да. Тие што ги знам што заработуваат прилично се нервираат со даноците :D. И размислуваат за др држави, пример за Швајцарија. Ете, секој со маката.

    Законите функционираат, ама не мислам дека овде пари и конекција не бушат. Само ние сме мн ситни риби за тоа да го осетиме, а Мкд е буквално во сите пори навлезено.

    Најголемата разлика мене ми беше тоа што ми фалеше мн сонце и што се чувствував многу осамено. Ми фалеше исполнетото секојдневие кое го имав во Мкд, чуствтвото на припадност, леснотијата да комуницирам на мојот мајчин јазик. Сега веќе не е така, го научив јазикот, запознавме луѓе, ама искрена да бидам, се уште не е како што би сакала да е. Ми фали моето некако. Мене, ама не на сите.

    Исто така, сметам дека ако не си во дефицитарна струка Германецот со тамошната диплома секогаш ќе има предност пред тебе. Што е и океј, зошто да не, во своја држава е. Не дека некој мене ме дискриминира, туку повеќе си ја ценат својата диплома. Да бев од Франција на пример веројатно немаше да е така :rofl:.

    И она што мене лично најмногу ми смета е што мислам дека ако имаш мали деца и си сам во странство е многу потешко двајцата да работат. Ај Германија е може друго, ама во држави со скапи градинки најчесто жената е таа што останува дома неколку години. А, ако се селиш на 30 да речиме, тоа се некои клучни години после тоа е мн потешко пак да се интегрираш професионално, барем на некое повисоко ниво.

    Овие што се околу мене реално никој не живее од социјални бенефити. Сите работат по струка, со тоа што има една клучна разлика: сите се со некоја доедукација во Германија или овде студирале. Или евентуално дошле од дефицитарна струка.
     
    На azelea, ForeverYoung, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  12. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни иселеници патриоти, ако си ја сакаш државата немало да се иселиш. Ако имаш пари и на планина се живее ги имаш сите услови и таму. Ракот е болест направена од човекот сакаат да ја намалат популацијата во светот затоа секој втор човек има рак. За воздухот секој живее во Скопје стана пренатрупан град. Македонија не е само Скопје. Ако е загадено во Скопје другите градите градови не се загадени. Знам дека воздухот не е причина за многу болести зошто имаш опција да бираш меѓу загаден и незагаден ако размислиш поубаво пластиката според мене е причина за болести.
     
  13. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    5.766
    Пол:
    Женски
    А ха да, само Скопје е загадено, како па да не. И куп други градови се загадени и Тетово и Гостивар и Кавадарци и така натаму и така натаму...Скоро секаде е загадено, да не се лажеме
     
    На azelea, tambelina, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    45.522
    Пол:
    Женски
    Ај те молам не треси глупости. Се гледа колку си паметна.
    Да мојот град исто така е многу загаден, ако не ти е познато.
    Не реков дека сум патриот, реков дека си ја сакам земјата и од тоа каде потекнувам. Ама не ја сакам повеќе од здравјето и иднината на моето дете.
     
    На MacenceEna и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    45.522
    Пол:
    Женски
    И ти не знаеш што збориш. Не реков дека сум горда на тоа каде сум сега. Ама не ни очекувам од човек што не сака да работи на 33г туку да биде паразит нешто паметно да каже.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    Еве испливува примитивизам, па кај и да одите, ќе си го носите со себе, секоја тема мора да се труе или со нечии фрустрации или нечие его.
     
    На SummerGirl и 1209 им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Женски
    Дали сте вие ок со муабетите за село во Македонија :drunk:? Дај не романизирајте нешто што не сте го искусиле.

    Просечно македонско село се уште нема канализација, матичен и педијатар да не збориме, има една локална продавница, два пати во недела аптека и ако падне снег во зима, збогум цивилизација. Помалите села немаат нити основно училиште, а камоли па градинка.
    Патеки асфалтирани кога каде, сите се греат на дрва, па воздухот не дека е најсјајен и таму.

    И да воздухот во Скопје е отров. Колку сакајте негирате.
    Децата со обични настинки со недели не можат да се поткренат, и најчесто на антибиотик завршуваат.
    Факти се ова и битни, многу битни за квалитетот на животот.
     
    На LiquidLuna, DoubleK, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    90.540
    Пол:
    Женски
    Да.
    ти збориш за своето искуство за живот во нецивилизирани село во МК, не генерализирај.
    за нешто што не знаеш доволно.

    Пр. Во тетовско Има села што имаат
    И доктор и маркет и градинка и аптека, а не пак канализација и асвалт .Брвеница, Теарце, Јегуновце.:)

    Секако овие што се греат на дрва кај нас загадуваат, а тешките индустрии низ Германија не:lol:
    Најди се во кој дел на Минхен си,има негде зеленко;)
    IMG_3903.png
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Не.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Женски
    Ох драга Косми, јас сум од цивилизирано село. Да со доктор, училиште, градинка и пошта и сл. Ради таа причина и никогаш не сакав да живеам во Скопје или друг поголем град.
    Ама штом дојдовме да ги делиме на цивилизирани и нецивилизирани селата, ок си е. Сум имал прилики и повеќе да видам.
    Значи кој каде имал среќа да се роди, таму нека му ја мисли. Не дека сите заслужуваат пристојни услови за живот.

    Нит ми се дрви на темата, ни па имам желби да се објаснувам.
    Особено па што ние двете на многу теми имаме различни сфаќања, иако генерално те почитувам како лик.
    Чекам да стане малото и да одиме на пикник.

    Инаку во зелениот дел сум, фала на грижата :l:.
     
    На LiquidLuna, azelea, fana и 6 други им се допаѓа ова.