Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Discussion in 'Општи дискусии' started by Billy Idol, Mar 3, 2025.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    76 vote(s)
    47.2%
  2. Не

    61 vote(s)
    37.9%
  3. Можеби

    24 vote(s)
    14.9%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,414
    Likes Received:
    90,673
    Gender:
    Female
    Па ти генерализираше дека селата во Мк се нецивилизирани, немаат ништо.
    Да не сме збореле за села ако немаме искусено.
    А ти имаш искусено живот во село каде имаат и доктор и училиште :^)
    Тотално контрадикторно.
    Не дека нема нецивилизирани, има но тие се такви зошто се напуштени од печалбарите:)
    За кого да се гради градинка, школо?
    За старци?
     
  2. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2013
    Messages:
    318
    Likes Received:
    1,871
    Воздух: загаден скоро во сите градови. Водиме на топ листите. Од каде ако има филтри на фабриките ? Не може цела Македонија да живее во Крушево, Пехчево, Берово. Нити работа има нити место има.

    Вода: и тоа се прашувам колку се контролира. Се почесто слушам дека купува народот вода во пластични шишиња.

    Храна: Дали верувате во службите што ја контролираат храната, дали е прскана со што, кога и колку ?
    Колку пати има на вестите дека пратена храна за Европа е вратена затоа што се откриени недозволени материи со кои е прскана.

    Образование:Учебниците несоодветни, нема доволно книги за децата. Книги со лоши преводи за студентите. Дисперзирани студии колку сакаш. Квалитетот е очаен. Високо образовани лица имаме полно. Имам една поговорка слушнато ако сакаш да уништитш еден народ уништи го образованието.

    Здравство: лекови нема или каснат. За време на короната се покажа колку очајно е и тоа. Специјалистите на државно што работат работат во очајни услови и да сакаат не можат повеќе да дадат. Го праќаат болниот или фамилијата да си купи лекови, завој, шприцеви. Нема доволно сестри и болничари. Тие се менуваат со власта. Ужасна работна атмосфера. Кадрите на опозиција и власта се караат постојано и кој е на власт се изживува врз другиот кадар.
    Специјализација се добива само на партиска основа. Приватна сам си плаќаш.
    Нели е срамота доктор на 26 години да зависи од родителите затоа што не може крај со крај да врзи кирија во Скопје+ специјализација да си плати+книги. Работи во болницата за мала плата, а кога не работи учи. Кога треба тој доктор да створи фамилија?
    И да не заборавиме дека албанците и турците ќе имаат предност за државното работно место.
    Напредок во кариерата без грб многу тешко, дури и невозможно.

    Судство: Не ми се ни дискутира на оваа тема. Последните настани зборуваат сами за себе.

    Безбедност: и во Македонија има напади со ножеви, убиства за кои никој не одговара. Многу од нив и до вестите не стигнуваат, а не пак да се казнат. Дрога и алкохол има насекаде и се подостпна е.
    Мачки кои скокаат од контејнер се секојдневие. Кучиња во чопор што шетаат и напаѓаат луѓе.
    А и мигранти почнуваат да работат во Македонија. Ќе се смени многу сликата за 20 годнини.

    Култура: ретко и само во Скопје пр. кино, зоолошка. Во другите градови кафичи, ресторанти и тоа е забавата. Паркови нема, игралишта слабо, а и тие искршени. Се гради без контрола, гајле им е дали има проток на воздух, дали има доволно зеленило.

    Нема нешто поубаво од тоа децата да растат со баби и дедовци, со роднини. Ама која цена треба да се плати?!
     
    DoubleK, azelea, tambelina and 8 others like this.
  3. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Joined:
    May 2, 2024
    Messages:
    222
    Likes Received:
    237
    Gender:
    Female
    Скопје има поголема населеност од Тетово и Гостивар и ред други само автомобили што поминуваат е доволно да се загади за разлика од другите градови. Загадени во смисла магла 3 месеци ретко сонце или само загадени ?
    Јас колку што знам тој што си ја сака земјата се вика патриот, а не може да ја сака и да бега од неа ако грешам нека ме поправи некој. Се жалите од македонскиот народ немал култура затоа си одите, а ти самата немаш култура што живееш надвор од неа. Не се нервирај ова е само дискусија. Да одиш во Минхен во Берлин таму не е загадено ? Или живеете во некој град-село како што ви се тука Берово и Пехчево.
     
  4. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Joined:
    Jan 9, 2025
    Messages:
    110
    Likes Received:
    120
    Gender:
    Male
    така е
    Да сакам да бидам ПАРАЗИТ !!! зашто не сакам да допринесувам со НИШТО за ова општество во СРМ или МК сеедно ми е на која што ти си горда ниту да му бидам потрошен материјал ниту на било кој начин да го стимулирам општеството и да учествувам во него да бидам како сите мазохист и да го стимулирам неговото постоење !!! Мојата сметка е полна ама и да беше празна немаше да работам ИЧ... иначе горе кога пишав во ставив знаме ама тоа не се појавува а онаму наместо ѓ е Е.... И ти не пиша дека си горда таму каде што си туку рече горда си на своето потекло.. Фактички се гордееш на своето потекло и бегаш од него некаде далеку заради гордост... ААА ДА КАКО ПРАВ ПАРАЗИТ ЗЕМАМ И СОЦИЈАЛНО 7000 СЕКОЈ МЕСЕЦ 5 ГОДИНИ И НЕМА ДА ПРЕСТАНАМ ЌЕ ГО ЗИМАМ И ОД НАДВОР
     
    1209 likes this.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    6,973
    Likes Received:
    45,675
    Gender:
    Female
    Живеам во Лондон, центарален, ако толку те интересира, втора зона. И не не е загадено, меревме и правевме спореди со апликација цело време. За разлика од тука, таму има регулативи за издувни гасови, плус скоро никој не се грее на дрва.Воопшто нема споредба.
    Диши си ги ти отровите и биди си патриот.
    Сакањето на своето потекло нема никаква врска со иселувањето ради подобра иднина и квалитет на живот.
     
  6. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Joined:
    Jan 10, 2020
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    20,125
    Gender:
    Female
    Ич не е загадено и преполно е со паркови. Јас воопшто не го идеализирам странството, ама тоа што е така, така е.

    И точно е тоа што го кажа @Adidas888, дека играат во паркови фризби, одбојка кога е убаво времето, прават пикник, се сончаат покрај река и знаат да се лабави. Немаат сонце колку кај нас, ама кога имаат се користи до максимум.
     
    azelea, eliesaab, MacenceEna and 2 others like this.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,784
    Likes Received:
    41,852
    Gender:
    Male
    Ако до пред некое време дефинитивно и без размислување би одговорил со "Да" на анкетата, сега не сум толку сигурен во изборот, иако повторно гравитирам помеѓу тоа "Да" и "Можеби".

    Не знам, не би се отселил по секоја цена и секаде. Германија, Белгија, Шведска, па и Австрија, веќе дефинитивно не ми се на мапата на можни опции за живот настрана, мислам дека пре би одбрал живот тука него ли таму. Би ценел искреност дека ситуацијата во тие држави веќе не е така идеална, особено за нов почеток сега. Кој искористил со време и е веќе таму од поодамна - да, веројатно ужива подобри услови, ама не сум сигурен дека сега би одбрал да се иселам баш во тие држави. Ставов сум го изградил после многу разговори, согледани туѓи мислења, но и лично искуство. Сумарно, централните Европски држави ми стануваат сè помалку привлечни за живот, со исклучок на Холандија.

    Од друга страна, да ми речете утре да се преселам во Грција, Италија, Шпанија или Португалија, па и Хрватска, нема да ве препрашам пак, следно ќе ме видите со куферите на аеродром и билетот во еден правец. Ама пак, во таква одлука не би играл толку улога системот или не знам што, туку нивниот стил на живот близок на нашиот во комбинација со море. Мене финансиска стабилност дополнително би ме мотивирала и поттикнала да заминам трајно покрај море :D

    Не би пишувал пак предности и маани во Македонија или странство, се коментира тоа на темава веќе неколку страни наназад и генерално тие се ставовите, објективни или субјективни, ја одликуваат реалноста доволно и горе - долу се согласувам со повеќето "За" и "Против".

    И не одговорив на насловното прашање. Финансиската сигурност во Македонија доколку е ептен цврста без размислување гарантира добар живот, кој може да се заснова и на квалитетни розеви наочари и маскирање на реалноста, но секако со помалку нервози, проблеми и сè по ред.
     
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Joined:
    Aug 29, 2015
    Messages:
    2,128
    Likes Received:
    3,472
    Gender:
    Female
    Баш финансиски ако ти е битно би одел во овие кои ги наброја погоре.
    Инаку Шпанија и јас сакам на море, убав живот,но ако сум некој пензионер од Америка, Канада одма се преселувам.:D Големата невработеност е друга причина поради која не би одела.
     
    eliesaab and Ahoy like this.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,621
    Likes Received:
    9,114
    Gender:
    Female
    Изволте :D

    Близок со нашиот, појужно да одиш, сигурно од Рим надолу. Од систем не очекувај ништо, особено на Југот. Ама ако си финансиски стабилен (зависи што ти е струката), или си млад и сакаш да експериментираш, прекрасно искуство е и дефинитивно вреди. А ако си digital nomad и нешто парички настрана, имаш куќички на море и за 3-40 илјади, тоа ни во Дојран нема. Заклучокот е, само пари требаат, друго све се купува :D

    Залудно се убедуваме за загаденоста, можноста милионски град да не е загаден е мала. Еве во моментов Скопје и Берлин (некој погоре го спомна), има разлика значителна, ама во предност е Скопје, за тие што се тешат дека освен во Македонија никаде не е загадено.
    Секој си е одговорен за сопствените одлуки и никој никому не треба да поднесува рачуница, секој си има свои лични и било какви други причини, ама загадено, па загадено е веќе ко некоја мантра, а уствари нема каде не е загадено. За оние кои нема да го отворат линкот, Скопје е 6.5 единици повеќе од препорачаниот квалитет, Берлин 9.8 пати повеќе а Лондон кој велиш не е загаден , ете 4.5 единици над дозволеното.
    https://www.iqair.com/germany/berlin/berlin

    https://www.iqair.com/north-macedonia/skopje/skopje
     
    Ahoy likes this.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    6,973
    Likes Received:
    45,675
    Gender:
    Female
    Ок, ама Лондон е широк поим. Изгледа заборавате на тоа колав е Лондон.
    Зборам за таму каде што живеев и планирам пак да живеам, никогаш на апликација не покажало голема загаденост, а и се гледа де кога ќе излезеш надвор. Магла од смог ретко има, воздух си мириса поинаку, чисто. Не знам како да ви објаснам. Живеев и во Ск 5 години, знам како не може да се отвори врата зимно време.
    Исто е и кај нас во градот, алишта надвор не се сушат оти смрдат.
    Да не е можно толкав град да не е загаден, ама Лондон е 4.5 над дозволено, цел Лондон, Скопје знаеш колкав дел од Лондон е? Замисли толкава сконцентрираност на загаден воздух?
     
    eliesaab and Adidas888 like this.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Joined:
    Jan 1, 2010
    Messages:
    4,920
    Likes Received:
    12,078
    Gender:
    Female
    Каде, ако не е тајна? :)
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,621
    Likes Received:
    9,114
    Gender:
    Female
    Колку и да е голем, пак е загаден далеку повеќе од тоа што се смета за оптимално (значи нема чист воздух, бидејќи да беше воздухот чист, ќе беше во опсегот на 2 единици, како Рим на пример, само 2.6) за Берлин ич муабет да правиме. Нема врска големината на градот, се мери концентрацијата на честичките во воздухот, може во мал град да има голема концентрација, а во голем град помала концентрација. Лондон и го спасува тоа што е голем, да беше како Скопје, бројкиве ќе беа катастрофални. Тоа што не смрди воздухот како во Скопје зависи од изворот на загадување, ама не е знак за чист воздух. Белите дробови твои не препознаваат извор на загадување, туку концентрација, а во моментов концентрацијата на пм честички е скоро дупло поголема во Берлин, одошто во Скопје. Пишав, сечија одлука е за почит и секој треба да си го следи сонот, ама не ме убедувајте дека во Лондон/Берлин/било каде бил чист воздухот, а имаш вакви бројки.
     
    FlowerMarija likes this.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,187
    Likes Received:
    175,671
    Gender:
    Female
    Од аспект на финансии, ако можам да си дозволам комотен живот не би одела нигде. Порано сакав. Веќе некое време неќам. Сите луѓе кои ги сакам ми се тука и ми требат да ми се блиску. Тие ми се дел од приоритетите. И ако финансиски можам да си дозволам - неќам да одам нигде. Зато и сум уште тука засега.

    Ама, не е само финансискиот аспект кај нас. Поќе пати прочитав загаден воздух. Точно. Во секое едно ќоше се труеме. Од ко имав сериозен проблем со здравје последна пола година почнав се да гледам низ призма на здравје. И сем на планина, немаме чисто ќоше со чист воздух. Имаме преубај планини, ама немаме култура ни за нив со ѓубре во секој ќош.

    На општествено ниво сме трули и зајадливи, полни омраза кон различности и то не е средина во која би сакала да растам дете кое сакам да има љубов кон светот и луѓето.
     
  14. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Joined:
    Jan 9, 2025
    Messages:
    110
    Likes Received:
    120
    Gender:
    Male
    Ова го постирав во општина Аеродром во групата па нека биде и тука и нека ве инспирира во напуштањето на санаториумот
    Ова не го постирам за да се исчисти, а само да покажам дека општеството е примитивно мазохистичко самоуништувачко дури и сопствените деца си ги уништуваат психички со глетката на депонии а физички од последиците на загаденоста... И онаму пред подземните контеjњери има депонија а контејњерите не полни... Од тука натака иако и од порано сум го викал тоа ама сум го менувал ставот.... Сакам да е секаде ѓубре да е како Бангладеш (отворете гугл видете како е) сакам да е како Индија, сакам секој да фрла секаде да нема никаков ред... Да не се нервираме само без потреба кога 90% се такви мазохисти и сакаат да се дават во нечистотија духовна и физичка... Од тука натака целото ѓубре што го имам никогаш веќе нема да го фрлам во контејњер освен тоа што е за рециклирање... Владата ме подржува во тоа бидејќи не и е гајле што прави населението и е соученик бидејќи и таа ќе увезува уште повеќе ѓубре да му удоволи на населението а ниту го едуцира медиумски како да постапува со ѓубрето... Каква безда е Скопје и другите соседи се исти Солун Софија а Београд не сум бил незнам..Ама тука е Санаториумммм... Значи сега фрлам секаде ако ме види инспекција ќе си сносам одговорност како и другите Ама и предлагам на Општина Аеродром малку да и даде одмор на хигиеничарите 2 месеци да се регенерираат на некое Туристичко место... И тоа што короната не го доврши да дојде некоја колера додека тие не се тука да ја заврши работата за мазохистите да осетат врхунска кулминација пред да го напуштат физички животот а во другиот живот би сакал да бидат заглавени во полн контејњер со секакви сокови и смрдеа FB_IMG_1741588834034.jpg
     
    azelea, elenaklasik and eliesaab like this.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,462
    Likes Received:
    183,582
    Gender:
    Female
    Загаденоста е значително различна. Во големите метрополи и малку повисоко ниво на загаденост се смета за многу загадено, ама.. има едно ама, во Берлин се мери многу до цепидлачење. Се мерат и најмали единици на загадување и свети црвено при најмало покачување. Во Скопје се мерат само неколку основни единици на загадување за да се исполни генерално прифатениот индекс и е значително превисоко, а тек да се мерат уште неколку. Исто е, ама далеку од исто е. Смогот во Скопје може само со Индонезија и Кина да се споредува што и се прави оти тоа е реално. Каде што исто така плус нема никаква циркулација на воздух и зелени површини, што е многу многу битно.
    Квалитетно образование, сообраќајна култура, чист воздух, чисти зелени површини, живеам до најголемиот планински парк во Европа и се поважна ми станува таа култура и тој менталитет за хајк, отколку кафанскиот. Тоа сакам и на децата да им биде приоритет. Функционален систем. Построги контроли на храна и вода, што значи поголем квалитет, поквалитетни коли. Солидно здравство.
    И може да се најде замерка во се ако се сака. Факт е дека нигде не е сјајно. Кога доаѓавме овде од прилика знаевме како е и се прилагодуваме сеуште. Мометалните економски состојби, инфлацијата, го погодија цел свет, не гледам зошто би имала превисоки очекувања, ама и те како имам очекувања доколку се подобри генералната ситуација, паралелно работите да се сменат на подобро.

    На итна немам чекано повеќе од 2 часа. Често е само еден доктор и секогаш посветува барем 20 минути на дете и тоа и кога сум ги носела само со мрсули. Фалат доктори, сите тоа го знаеме. Се пријавуваш на рецепција, објаснуваш состојба, земаш бројче и си чекаш. Температура може и да почека, оние што влагаат со дечиња со дупнати глави, скршена нога или скроз дехидрирани, нормално дека имаат предност и се поитни и сите имаат разбирање. Кога влетав со син ми кога имаше само месец така во раце и цела вознемирена ме примија одма без чекање и без бројче и ме оставија 3 дена и направија се да се осеќаме комфортно и како дома. (Добив и посета и разговор со болничкиот психолог, ме советуваше и смири.) Итните секогаш имаат предност.
    На страна тој муабет, имаше сообраќајка трамвајот се удри со камион во близина кај мене. Среќа немаше жртви. Двете улици беа целосно затворени, луѓето што беа во трамвајот беа поделени на групи, седнати долу и им беше давана одма психолошка поддршка на лице место со психолози. Иначе неколку пати годишно се дешава трамвај да прегази пешак. Прв чекор е разговор на психолог со сите патници во трамвајот уште на самото место да им се пружи првична психолошка поддршка. Полиција и амбуланта имаат секаде предност и сите им се поместуваат за да поминат. Хеликоптерот од клиниката е цело време активиран.
    Термин за кола праиме месец претходно, не 2 дена пред, кога веќе знам дека се чека повеќе. Ми се десило касата во Кауфланд да исклучи. Апарат е, се дешава. Боже мој. Не гледам оти ми се должни сите магично да работат исклучиво на мојот добробит и особено оние што трпеливо си чекале по другите каси да дојдат на ред, да ми отстапат место баш мене како најпосебна, па нигде на светов. За биро за информации по институции нигде не се закажува термин. Сегде одиш прашуваш, те информираат. Сегде сум била информирана, освен кога ми било потребно отварање сметки во банка па било потребно дополнителен разговор и термин. Системот на Германија е апсолутно многу далеку од нашиот. За да дојде блиску, треба да уназадува следни 500 години. Бил многу посјаен од што е сега, ама сеуште многу далеку.


    Многу е битно да си среќен таму каде што си. Ниту Македонија е за сите, ниту Германија, ниту Австралија. Ако ти е убаво таму каде што си, тоа е тоа. Реалноста за сите нас е различна и сите на вага ги ставаме личните индивидуални потреби и преференции. Има реалност и што е иста, на пример системот во Македонија е лош и слабо функционален, тотално корумпиран, институции исполитизирани и далеку од независни, тоа не може никој да го негира. Воздух лош. Ама и не значи дека индивидуа не може да се прилагоди на условите, да функционира, да има убав живот и да биде среќна. Едноставно даваш предност на она што ти е некој приоритет. Друштво, излагање, фамилијата блиску, ќе подзамижуваш на она што не чини. Како ние овде што предност даваме на сите придобивки, на сметка на тоа што со фамилија се гледаме поретко, опасностите од тероризам итн. Кога веќе нема да сакаш/можеш да се прилагодиваш и не наоѓаш мотивација таму каде што си, сели се. Не си дрво. Корен се пушта и секаде и никаде. Нашето лично задоволство и среќа, зависи исклучиво од нас самите.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,671
    Likes Received:
    14,138
    Не знам дали гледавте вчера вести на Канал 5, Видиновски направил прилог како тоа продале гробно место во Бутел, ама депонија бре луѓе, ископале да го погребаат човекот, депонија, а се плаќа и тоа скапо. Значи човекот го закопале во куп кеси, смет. Ние плаќаме и преплаќаме за се, за мрзливи да земаат социјално, за децата и внуци на терористи да примаат плата додека си ја тераат живеачката во Швајцарија, за туѓа струја и даноци, нешто што ниту еден народ не би го правел на планетава, а тука читам вообразени, зајадливи и злорадосни коментари, оние биле мутави, оние биле смотани, трети биле наивни. Од нас бетер нема во Европа и пошироко.

    И да имаш пари, не е поентата да ги фрлаш за глупости, во смисла се ценкаат платите да ги покачат за 2.000 денари, ама квадрат во меѓувреме поскапе за 200 евра. Зијан секако сме.

    Ние мирот го одржуваме вештачки и безбедноста исто. А кога ќе прочитам „Абе Британија е муслиманска веќе, абе Германија е муслиманска“, значи ми се лоши. Тоа го кажуваат Македонците што уште пред некоја година со наталитет според ДЗС се во мртва трка со муслимани. И што добива еден Македонец дури и ако Британија навистина стане муслиманска? Ништо, само живее во фантазии, не во реалноста.

    Не е безбедна Македонија. Сетете се на Монструм, исто терористички напад извршен од радикални исламисти, па дури и судот го кршеа и се закануваа дека и од Албанија и Косово ќе дошле да протестираат овде и тоа е далеку од безбедно. На чекор до војна.

    Инаку, со влошување на демографската структура, која е како брег што се руши под нозе, многу брзо Македонија има да навлече куп проблеми, нови. Дел од тие странци што доаѓаат тука да работат, и ќе ни останат тука и тоа ќе се случи.

    Кој добар народ? Тој ли што ќе му дадеш лаптоп да се услужи оти пред онлај полагање неговиот цркнал, и тој не го враќа еден месец? Еден месец лаптоп чекав да ми вратат, полнач после дадов, после 1.5 месеци го барав да го вратат. Добар ли е комшијата што мисли дека ако еднаш си го качил во кола да го симнеш до центар, по пат ти спушта муабети и те испитува како инспектор, па така прави уште едно 20 пати и кога ќе ти пукне филм, не го земаш, го игнорираш, ти си лош? Добар ли е комшија што мисли дека треба да му поправиш шпорет за едно кафе, за да не плаќа мајстор? Луѓето се користољубиви до немајкаде. Злобни до немајкаде. Само игнор и мал круг за мирна глава.
     
    azelea, SummerGirl and tambelina like this.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,621
    Likes Received:
    9,114
    Gender:
    Female
    На страницата што ја постирав се мерени идентични единици за истите честички (инаку какви би биле тие споредбени анализи) и во Берлин и во Скопје, со број на честички изразени во нивната единица мерка и според тој број е изразено загадувањето, за Берлин и за Скопје, и да, Берлин е дупло позагаден од Скопје. Може да негирате колку сакате, да се убедувате колку сакате, ама мерењата се тие па се тие.
     
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2012
    Messages:
    1,035
    Likes Received:
    11,161

    Позитивното е што можеш да се дообразуваш и САМ без политичка партија да се вработиш.
    Па ако се пишманиш, можеш пак и пак да менуваш работа, има фирми да си бираш, не си ограничен.

    Во зависнот во кој дел живееш , така и воздухот е чист или загаден. Си има паркови за шетање, фестивали на отворено, не е досадно кај нас земам за пример оти живеам во голем град.

    Најмногу функционира полицијата. Што и да се дешава ОДМА реагира полицијата, блиц што има наставано исто си функционира, нема тука она ..... абе знаеш ли ти кој сум јас, кој ми е татко а ?

    Маж ми до сега 3 казни има платено што го имаат сликано блиц ко возиш над дозволената брзина. Фино лепо и поштено по пошта ти стигнува казна со слика , и си имаш време да платиш.

    Судството функционира максимално. Ете јас сум ти жив доказ дека се ПО ЗАКОН помина , не го интересира судијата кој си , нема мито , корупција, за ова капа им симнувам.


    Но, едно големо НО , сум разочарана од :

    - здравството , се полошо и полошо.

    - од customer service , СВЕТСКА мрза се во 90 % од продавници , па се до големи институции, ич не им се работи. Еве во петокот требаше да го добијам пакетот и ДХЛ го оставиле во филијала, одам во филијалата да го земам и ми вика жената......нема пакет на твое име. И викам сега шо правиме : епа вика пробај во сите филијали низ цел град.

    Е фала ти, стварно многу се изнаработивте германци.

    Sвонам телефонски , исто жената вика, пакетот ти е оставен како што сме ти пишале у порака,

    И после 4 саати низ град по сите филијали, си го земав пакетот од филијала во северниот дел на градот, а јас живеам јужно , е стварно многу блиско.

    А сега треба да преѕвонам телефонски да се раберам зошто не е актуелизирано податоците за потрошена топла вода, си имаме аликација, демек помодерно време, а само за Јануари месец стои.
    Човек ќе замине за Јапонија, мораш да ги подбутнуваш да работат, по 100 пати да им се јавуваш, ајде бре фатете се за работа, ајде до кога ќе чекам, битни ми се информации , секој сака да е на чисто со сметки.

    Аххх бре мрзливо германче.

    [​IMG]
     
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,621
    Likes Received:
    9,114
    Gender:
    Female
    Ме изнасмеа, ама не се секирај, све што е телефонски и онлајн полека станува аутсорсинг и се префрла на Балканот, така да издржи уште неколку години, ќе се реши :D:D
    Мала шала, no offence. Ама реален коментар, нека ти е со среќа :l:
     
    Billy Idol and Herrera like this.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2012
    Messages:
    1,035
    Likes Received:
    11,161

    Секој збор ти е на место. Она со КРАНК им е заштитен знак на германците.

    Види , тоа што јас критикувам си е мое лично.

    Ако седнеш да направиш муабет со сестра ми, за неа Германија е МЕД И МЛЕКО.

    Според неа : абе трај си, има и полошо до Германија.

    За неа се и е погодено , она си тера кафе шема со балканките оти Штутгарт и околината на Штутгарт е полно Балканци, си терат гости шема , им се дружат децата, си земаат детски додаток од државата , си свирка, а надвор село гори, баба се чешла :rofl:

    Значи ако седнеме на маса, јас , ти и сестра ми ќе се чудиш како е можно јас да сум толку разочарана од ИНСТИТУЦИИТЕ тука, а сестра ми ќе ти збори се најдобро, нема да слушнеш лош збор за Германија.



    Реков јас, до короната СЕ БЕШЕ ТОП како што сакам јас, сите работи ги завршував според очекуваното.

    Е после тоа , почнаа да се засеруваат институциите у Германија и одма осеќам разлика, па од тука сето мое незадоволство и критики.

    Помина убавото време, остана времето на тешење : трај има и полошо.

    Уф, не можам да се тешам така,одма ПРОМЕНИ.
     
    dunika, Biljarkata, eliesaab and 4 others like this.