Ако репер е Африка, Македонија е луксуз. Но, претпоставувам сите оттука сте отишле во ЕУ да видите како луѓето таму живеат. Кога земаш плата, кога ќе исплатиш сметки и јадење, им останува од платата. Во Македонија не стига само за сметки да платат.
И јас исто. Две работи работам и по струка ми с едвете. Ама не да седам дома и да молам бога да не најдам,а работа има на секој чекор. @Billy Idol Статистиката за вработени/невработени секогаш е неточна кај нас. Ке ја наштимаат партиите. А инаку да,имаме мрзливи луѓе, остај. И во фамилија ги имам. Колку само заминаа странство за да не работат и за да живеат на грб на државата каде се? Па ги имам во фамилија. Додека беа тука само мажот работеше,за жената немаше работа тука,завршила историја со археологија,ја викнаа во Вајкики, не сакаше. Ај заминаа за Германија ,таму тој по 12-13 часа работеше, таа не,земала додаток,не се исплатело. Го удри инфаркт човекот на 43. год сега работи 4 часа и таа чисти 4 часа и пак не им стига. @Adidas888 Што работи свекор ти на дневница? По казина,маркети нема работа?
Ех. Ние и со Африка не можеме да се споредиме. И таму има земји кои имаат повисоки плати од нас. Еве, просечна плата во Африка, на ниво на контитент за Април 2023 била 700 eur или тоа е 43 500 ден. Кај нас, за Октомври, надуено, просечна плата ја извадија 37 000 ден. The average monthly salary in Africa is approximately 769 USD (US dollar), as per the exchange rates in April 2023. Како што може да се види, ние сме на исто рамниште со земји како Нигерија, Руанда и Зимбабве. А над нас се Кенија, Габон и Намибија.
Малтер меша за 500денара. Некогаш и 300 му даваа. На друго место не го примат пошо е во години и нема врски.
Значи Македонија не може ни со земјите од Африка да се споредува. Додека некои членови од тука, кажуваат во Мак плати како во Германија да земаат. Не се согласувам дека населението било мрзливо. Ако беше мрзливо, немаше да работи во Германија. Ако си мрзлив, секаде си мрзлив.
А бе сите тука работат по две работи. Можно е не викам не ама ако работат канцелариски работи, нека одат во конфекција или по фабрикине цел ден на нозе и тогаш дали ќе работат втора работа. На другарка мајка и работи во конфекција, бел ден неможе да види, од јутра до сутра, па се останува и прекувремено, и како да работи втора работа? Не бе во Германија седат, така им даваат плата.
А ти побара работа да бидиш колку плати се нудат на пазар на труд? Или студираш уште и не работиш? Еве гледам конкурс за општ работник гумар во техногума,почетна плата 26.000 ден. Во Германија ретко која наша жена работи. И таа што работи максимум пола раб.време.
Во конфекција не сум била али знам од другарките шо ми зборат. Се работи прекувремено, плус и за дома ви дават работа а не ви ја плаќат. А на минималец си.
Јас познавам такви на кои не им се работи, а цело време се жалат дека немаат пари. Сум работела за минималец кога ни требаа пари.
Се иселив од вукојебинава. Имав работно искуство во Македонија, се разбира работев непријавена, минимална плата земав, со високо образование сум иначе. ЕДИТ: После 1 година работење непријавена, газдарицата глупача ,ми вели ќе те пријавам на пола работно време. Ха ха. Нормално не прифатив. Да работам 10 саати и да бидам пријавена 4, не фала.
Не бе ја мрзи жената што не работи втора работа. Утепани се од работа по конфекциине. Или еве некој маж работи градежно исто од јутра до сутра и како да работи втора работа? И да не ја цитирам членката пишала за Германија жените не работеле или работеле мини џоб по 4 саати, да сигурно еден ако работи ќе плаќаат и кирија и сметки и храна, па и со деца.
Не можеме. Какви земји има во Африка и Јужна Америка, што ние треба да одиме таму на печалба. И тоа се земји во подем што драстично растат и се развиваат, а ние тонеме. Не сме свесни што воопшто се случува. Уште мислиме дека сме на некое си ниво кога се споредуваме со другите контитенти. Прикаски за Романци и Молдавци што доаѓаат овде да работат, се само тоа, прикаски. Во Романија платата е скоро дупло од овде. И имаше некои од овие инвестициите во Бунарџик, не знам точно, Дура или Маркарт кои имаат претставништво и во Романија, па наши ги праќаа таму на обука прво, а сега нивните ги праќаат овде да ги обучуваат нашите и да менаџираат. И оние Пакистанци и Индијци не сакаа да дојдат овде да работат. Повеќе од пола година како што почна програмата за привлекување на работници од овие земји, и скоро па никој не дојде. Тие што дојдоа да возат автобуси во Београд, мораа да ги плаќаат повеќе од српските шофери за да останат. И ако сега е лошо, тек за неколку години ќе не удри реалноста кога ќе пропаднеме уште подолу.
Епа ете што се случува од толку работа, го удрило инфаркт, некој нешто друго и налет и пари и се, нели правиме муабет да се работи по две работи, еве како? Па неможат сите администрација мора некој по маркети, фабрики, конфекции, градежно.
Tanjamm мм е од таму, јас искрено кога сум таму немам чувство дека народот е сиромашен, ама градот е жив само ради странците што оставаат мн пари таму.
Абе да, да земеш две работи, плус нешто преку интернет, па повремено и ноќна смена плус ќе фатиш и ќе се најде. Нема дома да се враќаш и фамилијата да ја гледаш ама што дека, барем сиромашен нема да си.
Не не се прикаски.многу знаеш ти. Јави се во Леар и прашај,ќе ти кажат. Вукојебина за тебе може, за мене е татковина,мој дом. Значи и ти си дијаспора. И што работиш во дијаспора?
А бе дома никако ќе си спиеш на работа. А и болен да си што има врска, битно богаташ ќе си. Која татковина, Северна, тоа ли е татковина. Многу патриоти, за леб ќе се трпи ама битно татковината ќе се брани.
Не е наша, се ни земаа, и име и се. Никој не бега од убаво, судство никакво, здраство, образование и да не набројувам. Корумпирана држава. Епа еве јас, ти и другите родени сме во Македонија, а не во Северна. Утре ќе не натераат и своето и на децата имињата да им го смениме, ќе прифатиш? Браво за вас, ќутете си.
Абе и во Германија веќе не се живее од социјала. Тие шо се социјалците немат пари ни на кафе да одат а не па да се вратат дома да се курчат. Ама во Мк не се исплати, посебно во Источна Мк. Најголема плата ти е тамо бауштелската, на која дневницата им е 800 мочани денари. Ретко кој дава 1000 денара. Тие шо дават не ги примат сите, си ги земат своите луѓе. Па сега, нека рачунат шо и како се исплаќа да се работи. И не го кривам ни народот шо вади бг пасоши тамо. Може на некои ќе им биде смешно ова, но знаеш која чест е тамо да имаш бг пасош?? Еве глеам овој месец, двајца млади од Гевгелија извадиле пасоши и ги постирале на фб. Имаа над 300 коментари со честитки, пофалби, а ниеден лош коментар или патриотски не видов.