Кој ти зеде? Дојде некој од надвор или ти се им даде, пошо вукојебина ова, северЏанија, гајле ми е.... Ај.... убо што си отидовте од „вукојебинава северџанска„ одете сеа трујте низ тоа германиите. Само... кај и да одиш, па ќе си северџанец, германец во никој случај нема да си Шуш ајде од тука!!!! Иш!!!
Вукојебина е, не само за мене, туку за цела ЕУ. Не знам дали си видела како гледаат кога ќе кажеме Македонија, ја споредуваат со Индија и Бангладеш. И штом за тебе Македонија не е сиромашна, сигурно не си излегла никаде во странство да видиш како живее населението таму. Од тоа, ќути има полошо, страда македонскиот народ. Да не треба и извод од банка да приложам? И CV?
Супер И после истите тие „патриоти„ ќе ги читаме по некое време како не им чинела северџанијава оти ја продале другите. Не дека они не се продале себе си?! Се некој друг им е крив!
А бе одма ќе си отидев да имав Бугарски, леле леле патриоти невидени сме, ја бранат државава, која држава бе, не остана ништо.
Да, аууу ако си кокошка па викаш ИШ. Се јави најпаметната, запршката во секоја манџа. Што сум им дала јас? Тоа власта се им даде не народот. Седи си тука и ќути си. Уште може твоите деца да извадат бг пасош, не се знае, ќе ги спречиш?
Абе види, има нешто што се вика чест, лице, образ, итн... Да не се лажеме сеа. Демек на другиве што не зедоа, рози им цветаат. Тоа се таков тип на луѓе кои не гледаат на ништо друго, туку за себе си само и не размислуваат подалеку од носот. И ок, е, ама нека не се лутат после коа ќе ги плукаат, пошо имаат право на тоа. Ова што сега се случува со Бугарија, во голем дел треба да им се заблагодариме на нив. Како и да е, македонецот низ историјата е познат по предавства и плукање на сопствениот народ, не е ова ништо ново. И покрај се што доживеал, пак сме опстанале
Не бе, ти само вегетираше во државава. Гласаше ли? Дремеше ли по штабови? Одеше ли да протестираш за нешто? Се некој друг ви е крив, затоа мислам нема да ви чини ни во Германија за некоја година, кога ќе ги симнете розевите очила. Моите деца никогаш нема да земат бугарски пасош, ти гарантирам. А не им ни треба, си имаме ние словенечки
А во Мк кој не те плука кажи? И да имаш и да немаш бг пасош пак ќе те плукаат, пак ќе немаш работа, пак ќе си сиромашен. Државата веќе одамна е продадена, незнам како не сфаќате. Сега е време за евакуација, кој ќе се спаси, ќе се спаси.
За кого да гласам? Имаме ли власт, не не дремам по штабови таквите како тебе се се партиски вработени затоа не ни ја бива државава, и медицински персонал партиски со исклучоци и после умираат луѓе од нестручен кадар. Да протестирам бе хаха, и што ако протестирам, кој го слуша народот?
Некои не заминаа од Мк заради пари. Комшии земаа убави плати, па на крај си ги спакуваа куферите. Убаво живееја, ама не им се допаѓаше ситуацијата. И тука има пребирливи кои не сакаат да работат.
Заштита никаква неам од државата ни од полицијата, каде и да тропнам за работа ми бараат да иам вујко владика. Образованието крш. Треба да објаснам подетално?
Ај одговори ми? Кој ја продаде? Дојде некој од надвор или ние самите што живееме тука на најразлични начини ја продадовме? М? Супер ќе биде да преземете малку одговорност за своите постапки, за почеток. Каква и да е државава, јас секогаш ќе ја сакам, оти ми е татковина, мој дом и потекнувам од тука. Тоа нема никогаш да се промени, дали јас ќе се иселам од тука или не, небитно, јас пак ќе останам македонка! Вие некако ги заборавате овие работи, затоа и реков, никогаш нема да бидете ништо друго освен македонци или побугарчени бугари
Не се карајте бе луѓе. Тоа да патуваш до соседен град и да фатиш за викенд втора работа е можно, ама само ако си млад. Значи млади, 20, 25 години, не 40 години, 50. Може ќе звучи како фалење, ама еве имам работено на пример, од понеделник до петок во Скопје, сабота и недела цел ден значи, наутро излегувам пред 8, се враќам дома во 20 часот. Од понеделник пак на работа, и не ми било тешко, ама никогаш веќе нема да имам 25 години. Сега би ми било заморно истото. Можам 5 часа за викенд, ајде и 8, ама не цел ден. @Adidas888 греота за свекорот. Многу така постари луѓе има за некој денар скапуваат од работа. Државата инаку ќе донесе закон, читав деновиве, ако во семејство еден е вработен, другите да ги продолжат со социјално. Па ова ќе биде рај за малцинставата кои се доминантно на социјално, а и онака си работат на црно, а сега сака ќе го пријават, сака не. Многу сум против. Технолошки скратија, намалија на работниците, а ваму социјално, па социјално. Абе обучи го и прати на работа, ако неќе, марш, нема ни здравствено и чао. @An-na да, јас немам бугарски пасош и немам намера да земам, никогаш. Сами ја продадовме државата. Ова е само почеток, Бугарија не има во рака, допрва ќе уценува, а бројот на „Бугари“ ќе расте. Стапот ќе го јадеме здраво, оти сме наивни, мутави.
Да се чудиш зошто е ова вака? Дека некој дојде од надвор и ваква ја направи држвава, не ние самите! Пак ќе кажам, преземето одговорност за ситуацијава во државава, оти виновни сме сите ние, на најразлични начини, дали дека сме делувале или не сме делувале, небитно, секако сносиме вина. Пораснете, аман!