Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Најпрво, браво за темава.
    Конечно да живне форумов, да има што интересно да се прочита.
    Плус, еве го декември за некој ден, доаѓа избор за најфорумџика, да се потсетиме едни на други, кој сме, што сме.

    Инаку, ние сме страшно клет народ.
    Кај нас е срамота да кажеш дека немаш.
    Зошто за просечен македонец што се 200, 300 евра? Еееее, како бе така немаше пари за одмор? Де бе па и ти, цело лето за Грција имаше багатела понуди. Пффф, имаше и за 300 евра, практично џабе ги даваа. И ти сега земи и убиј се ако не, зошто кај не си бил на одмор, туку уште и 300 евра се очигледно ситниш, кусур, нешто што онака им се наоѓа на другите по дома.

    Кокошката или јајцето, дали прво била желбата за курч или желбата да не ти го фаќаат сеирот другите дека немаш, важно мнозинството меѓу себе се обидуваат да се импресионираат колку добро живеат. А живеат на кредит и позајмени пари.

    Трагедијата е што тие што ги сметаме за богати се всушност само стабилна средна класа, а ние што се сметаме за средна класа, всушност одамна не сме.

    Не значи дека не си сиромав ако си отишол на одмор, или ако си купил понов телефон, или ако возиш кола. Секој кој околу 20ти од месецот се пресметува уште колку има до плата е сиромав. Секој оној кој го одложува одењето на забар додека да дојде плата е сиромав. Прегорела фасонката во ходник? Добро де, се гледа од другите соби, може да се почека до плата. Рикнала машината за перење алишта? Сиромав си ако треба да се позајмиш од блиски или да се задолжиш со кредит за да не переш на раце какани гаќи додека да се присоберат пари за нова машина.

    Да, македонците се навистина сиромашни
     
    На sparklie, ZAHRA, Sky-butterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  2. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Мнозинството да. Малкумина богаташи има, од нив многумина збогатени со криминал.

    Тоа се најчесто родители на оние невоспитани дечишта со скапи коли, апартмани и бизниси по цел свет.
     
    На Pa8la и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.948
    Епа да, ајде нова тема:D.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    40.045
    Пол:
    Машки
    Ахој, како и секогаш, слаб со математиката. :)

    800 ден дневница, на просек 22 работни дена во месец е 17 600 ден.
    1000 е 22 000 ден (минимална плата)
    1200 е 26 400 ден.

    Секако, со саботи, празници, бонуси, ноќен труд во фaбриките се доаѓа до тие 500-600 еур.

    2000 денари е 44 000, а 2200 денари е 48 400.
    И знаејќи дека овие луѓе не се осигурани, па и немаат секој ден работa, туку се сезонски.... Таа плата во нето изнесува 32 000 ден за аргатење по цел ден на сонце.

    Плативе не да се лоши, мизерија се. И после зошто луѓето бегале, и зошто цела младина отиде да конобари во Хрватска. :)
     
    На ZAHRA, Sky-butterfly, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    39.425
    Пол:
    Машки
    Зборував за средношколци Били и млади под 22/23 години кои не се запишани на факултет или го посетуваат вонредно, дочитувај. Еве не знам зошто на средношколец би му биле мизерни 17 600 денари.

    Никој аргат веќе не ти прифаќа да работи цел ден од јутра до сутра, си имаат свои побарувања во однос на услови и слично. Никој не работи над 8 часа активно, 10 во крајна ситуација ама со обезбеден превоз и неколку паузи. Ова на производителите не им одговара, ама браво што си се избориле за вакви услови работниците. За разлика од претходно кога да, работеа од јутра до сутра за 1000 денари.
     
    Последна измена: 24 ноември 2023
    На jacqueline.s, SummerGirl, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што вакви мизерни плати земаат луѓе со деца.
    Не знам дали си свесен или не, колкави се платите во вукојебинава и колку е потрошувачката кошничка на едно четиричлено семејство.
     
    На ZAHRA, Annath, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.063
    Пол:
    Женски
    Золва ми работи во Ван Хол 24 000 плата зима.
     
    На theowndemon, Yowannty, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    39.425
    Пол:
    Машки
    Свесен сум, затоа и ја отворив темава. Стилот на живот кој го гледам околу мене не ми соодветствува со примањата кои ги слушам/ гледам/ на кои сведочам.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Можеби земала.
    Од летово активен конкурс
    IMG_8404.png
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Скоро бев на свадба во еден познат ресторан, и таму гледам вработен во администрација, човек пред пензија, келнер. Значи за викенди работи како келнер. Веројатно младите не сакаат да работат, па постарите прифаќаат. Само како што кажа @Adidas888 ако нејзиниот бивши свекор кутар работи за 500 денари, овој може е за 1.500 или ајде нека се и 1.200 денари, оти на север колку и да се кука има разлика од истокот. Аргат за на нива за 1.500 денари нема веќе. Бараат повеќе, или ако се нафати за 1.500, треба да го земеш од дома секако и плус оброци.
     
    На SummerGirl, Adidas888 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.063
    Пол:
    Женски
    Може па ме мафта :D :D. Нема везе, дај Боже да покачуваат плати.
     
    На Pa8la и Cosmi им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    40.045
    Пол:
    Машки
    Мизерни се. Како не се.

    Ова не е ниту плата. Не е вработен и нема придонеси, ниту здравствено, ниту пензионо. Ова е хонорар кој се смета како бруто плата.
    И ако е ок денес да зема некој до 22/3 години 17 600 работејќи нестандардни смени во кафич до 12/1 на вечер, не знам... И минимална да зема е многу малку.
    Затоа и бегаат нагоре децата чим станат полнолетни.

    Бар пракса да имаат за некој занает или струка каде ќе се платени по 3,6,9 месеци, да имаат корист подоцна. Овака се буквално користени затоа што нема работна сила.

    Да не се разбереме погрешно, работата е таа, има предности и маани. И јас додека студирав работев во кафич и знам каква е таа работа, а и колку се платите.
    За споредба, јас земав 18-21к денари пред 10 години, во Скопје, плус бакшиш.
    Денес, во Скопје по кафичи земаат 30к + бакшиш. @Munchmallow20 поправи ме ако грешам.
    А цените се покачени многу повеќе од тоа. :)
     
    На Sky-butterfly, theowndemon, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    39.425
    Пол:
    Машки
    Еве би сакал дијаспорците да се изјаснат, без навреда секако, и јас се надевам на иселување еден ден. Колку од вас секој ден пиете кафе надвор од дома таму каде што живеете, еве еднаш дневно, не мора двапати. Колку од вас секој викенд сте излезени надвор во кафана, на ручек или вечера? Колку од вас возите автомобил, а колку патувате со јавен транспорт? Живеете во сопствен имот или под кирија? Колку пати месечно одите на фризер, нокти, шминки?

    Па од дијаспорциве што ги гледам во странство, мислам дека ние тука повеќе трошиме на некои вакви задоволства. Тие трошат во главно кога ќе дојдат тука на тие две - три недели, да видиме дека успеале надвор. Посебно овие што се во Скандинавија, од многу блиски примери знам дека не живеат како нас постојано по кафичи и ресторани, двапати неделно на бензиски пумпи по бензин итн.
     
    На Pa8la, eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.948
    Па ќе те мафта. Или да и дадеш пари на заем, или да не и бараш на заем:bug:
    Мада, меѓу золва и оглас за работа, ја пре на золва би верувала. Огласите за работа се посебен книжевен жанр, нешто малку фикција, нешто многу со мали букви пишано, и тоа не само во Македонија.
     
    На Sky-butterfly, Annath, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  15. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Prosecen GDP vo svetot po zitel e 13000 usd, RSM ima 6000. Se e kazano so ova.
     
    На Spicy Senorita, Billy Idol и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    23.043
    Пол:
    Женски
    На нива работат за 900 денара на истокот :$
     
    На Tanjamm и Pa8la им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    Не знам дали мислиме на истото. Се почесто слушам луѓе како се жалат дека имаат мали примања и дека парите не им стасуваат, а истите тие си уживаат. Јас ако немам пари нема секој викенд да одам некаде. Па таа кола не оди на вода. И плус пари за таму кај што си отишол. И уште кога ќе слушнам... Леле па ти... До толку не можеш во Охрид да појдеш? Не дека не можам, ама во моментот тоа не ми е приоритет. А некои во никој случај не можат да отидат. Тој што е сиромашен гледа како да го истурка месецот. Не му е дојдено до шетање за викенд. Мора да се покажеме дека можеме како другите.
     
    На SigmaMan, Ahoy, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Како така, па ти читаш дека почетна плата е 500 евра, нешто до золва ти е изгледа- иронично.

    На оглас сешто може да пишува, можеби за шефови е ова или програмери.
     
    Последна измена од модератор: 25 ноември 2023
    На eliesaab, Viveki и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Доволно е да се отвори огласот и пишува за кој профил е.
    Вие огласи не отварате ,а дискутирате плати колку се.(facepalm)
    Сте зациментирале основица и толку е.
    Подобро одете во бургер Немачка за 12еур саат.(facepalm)
    Или некоја друга робовска работа што швабите не ја работат.
    Тоа е тој менталитет.
     
    На Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.063
    Пол:
    Женски
    Нешто има, еден мафта :?: Не знам стварно ама и мене не ми се верува дека по 600 700 евра земаат во фабрика. Дај Боже да е така.
     
    На eliesaab, Biljarkata, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.