Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Де луѓе, дури и јас која обично појма немам за вакви работи, знам дека 600-700 евра е плата во фабрика, мајки на неколку мои пријатели работат во фабрики. Всушност, знам и дека жени се радуваат што успеале во фабрика да се вработат.

    Ноќни смени и работа на празници си го прават своето.

    Ама конкретно во VanHol не се преголеми платите, барем така имам слушнато.
     
    На golemiotmalisan, Angie1432, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.785
    Пол:
    Машки
    Сезонава во Преспа за берење јаболка минимум им беше дали 2100ден., дали 2200ден., не ме држете за збор. Со превоз од/ до и вклучен доручек, ручек (со сок, ракија, пиво) и кафе. Ако не сакаш да се замараш со доручеци и ручеци, ти бараат 100ден. - 200ден. плус. Во Октомври значи, не на некои екстремно високи или ниски температури. Во 8 да ги земеш, во 4 да ги вратиш. Рачунајте патување до бавча и подготвување терен, плус истовар на крај, тоа аргат не ти го работи, а му влегува во тие 8 часа.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.332
    Допаѓања:
    19.754
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1700857765289.jpg
     
    На theowndemon, Mrs. right, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.605
    Пол:
    Женски
    Ти не сведочиш на стил на живот, сведочиш на една шминка која луѓето ја ставаат, за да покријат колку немаат.
    Инаку, како беше она “ситиот на гладниот не му верува“. Ти веројатно имаш, дали од родители, дали од среќа да се вработиш веднаш, па не ја ни перцепираш реалноста каква што е околу тебе.
    Јас досега три личности од Ресен имам запознато, никој или никоја од нив вака не ми се пофалил.
    Заминати да аргатат во два од градовите кои ги спомна ти, како без душа беа. Посебно едната, а познавам и луѓе од Ресен, со факс уште чекаа работа. Еве, појди ти во Кромберт, обогати се. Да видиш како е да патуваш два сати (или повеќе), зиме-лете со секаков џган по тоа автобусите. Да чекаш по постојки, да касни или рано доаѓа превоз, па мораш порано да излегуваш. Јас така студирав, со патување, не беше баш интересно и да се стои некогаш ако беше преполн автобусот. Тестирај го келнерството, викаш многу е добро платено. Знаеш дека многу од нив не се осигурани, плати на рака земаат и реткост е да им дадат слободен ден во неделата. Да си ги работиш празниците, дури некој друг си го прчи на продолжен викенд. Дури служиш, да те плесни некој по газ или да ти се пуштаат стари, изветвени старци. Да видиш како се заработува таа пара, а богами и да аплицираш за работа во кол центар, бел ден да не видиш од седење дома. Па трета смена, ммм каква убавина, раскрвавени очи пред компјутер. За тие становите, да си аплицираш за кредит и да сведочиш како те одбиваат оти бараат некој на неопределено работно место. Во приватен сектор е определено и се продолжува на година. Од кредит можиш за кола да земиш, макс до 3000 евра. Добро дечко, во кој свет живееш ти? Поточно во која димензија, ние кутрите во трета заглавени, а ти веќе во петта си.
     
    На ZAHRA, Sky-butterfly, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    78.113
    Пол:
    Женски
    Тешко дека некој дијаспорец ќе каже точно како живее и колку заработува.
    Еве јас ќе се пробам.
    Кафиња за носење по неколку на ден, ручек секој ден јадев во ресторани. Нормално не е француски ресторан со флаша вино, ама мексикански, таи, кинеско, либанско, кога како ми се јадело.
    За викенди во диско одамна не излегувам, единствено заради тоа што престанав да пијам алкохол. Ама во ресторан со друштво 3 до 4 пати месечно, зависи како ќе се погодиме со слободни денови.
    Не живеам во свое само заради тоа што сакам да живеам во централниот дел на градот, во ареа каде становите се милионски суми. Не возам кола од причина "изгор скапо". Само влез во централен е 30тина фунти на ден, плус паркинг. Користам јавен транспорт кој беспрекорно функционира, а и ефтино е во споредба со кола. Такси не користам затоа што е ненормална гужва, можеш да заглавиш и по неколку саати.
    Фризер не ми треба секоја недела, имам долга коса. Ноктите кога како, масажи, депилирање, тоа се подразбира.
    2-3 пати годишно идам за Македонија и неколку пати на други дестинации, зависи од бројката слободни денови.
    Веќе со години имам две работи, обично работам 24 дена во месецот. Ако треба да праќам повеќе пари дома, земам смена две плус и покривам трошоци.

    Кога живееш во друга средина и гледаш како сите се фокусирани на плус заработка, инвестирање и шетање, сфаќаш дека тоа што кај нас подразбира "живеење" тука е изживеано. Чмаење цел ден на кафе не е живот. Тука се среќаваш со друштво после работа и пиеш пиво, надвор на дождот. Надвор затоа што сите ресторани и пабови се полни, преку целата година, ако не си фатиш место пред 4пм, тешко се наоѓа маса.

    Начинот на живот е различен. Секој живее одделно од родителите и сам си плаќа за се од свои 18 години. А факт е дека во Македонија неколку генерации живеат во една куќа/стан, обично сите сметки се платени од родители/баба и дедо. Јас не познавам некој од мој крај кој што купува храна за дома, готви, чисти, да се грижи за цело домаќинство. Зборувам за тие што не се иселени.
    За дијаспорците е друга приказна, скоро сите праќаат пари дома, реновираат, купуваат имоти, ги помагаат родителите.
    Кога не би го правеле тоа, буџетот за тие фамозни кафиња ќе е далеку поголем, ќе има за фризер секоја недела, за екстра шопинг...
     
    На ZAHRA, Sky-butterfly, Ambitious и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Немам потреба јас од огласи затоа не отварам, си имам работа и доволна ми е, сега за сега не ми се потребни две работи, која сака може и десет работи да работи.
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    27.377
    Пол:
    Женски
    Кај нас во фабрики е скоро срамота да работиш. Оти работиш за минималец. Ноќните смени ти се исто платени како денските.
    Ах, камо да знаев за овие вашите фабрики, ни секунда немаше да седам во Гевгелија да трпам тортура.
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    13.715
    Ауу колку само пишуваат плати што нема врска кога ќе отидеш на интервју. Во две фирми ми се насмеаја цинички кога прашав дали е таа плата што е на огласот и ми рекоа, се почнува со минималец и потоа ако се покажеш, ќе ти се зголеми платата.
     
    На Mrs. right, Billy Idol, Mnik и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.605
    Пол:
    Женски
    Не знам за тебе, дали после постов планираш да го запоседниш Ресен, ама јас сум сега веќе решена. Ако било вака добро, ние сме имале Швајцарско гратче во МК, а не сме ни знаеле.
     
    На Mrs. right, Just.do.it и Adidas888 им се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Не си будала, ама во одредени моменти ти иде нервоза, кога секој викенд си дома, кафана гледаш еднаш месечно, нова јакна купуваш на 3 зими итн. Значи човек без пари на страна, ништо нема. Така растев, сега поинаку живеам. Моите дома не знаеа што е штедење. Ако тргнеш месецов 3000 и другиот ги потрошиш ете така од недомаќинлук да речам, не знаеш да штедиш. Сега со мм не дозволуваме испод 1000 еур на страна да сме, зборам за пари што не се чепкаат, буквално штедење. А што се 1000 еур? Ништо. Не дај Боже да затреба за нешто посериозно, одма одат. Помирно спијам навечер сега кога кредитот што го имавме го исплативме и имам заштедени пари.
     
    На eliesaab, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.879
    Допаѓања:
    23.429
    Искрено не знам, јас дур работев ме плаќаа на дневница што беше помала од ветеното. Ама си заминав брзо не заради тоа него зашто се пушеше превише таму и носов и плуќава во никотин ми се давеа. Спиењето за нигде, апетит губев, концентрација за ништо, ко зомби станав. Више алишта немав од што све фрлавв за перење одма.
    Многу нежна вака знам, сори за вас другите што све би трпеле за пари. Најискрено не би работела уште еднаш во кафич. И затоа молам да се олабави работата во кафич да се претставува како одлична за млади.
    Инаку јас сум еве започната со минимална, а работам во медицинска лабораторија. И не се жалам оти со едвај искуство почнав. Ама сепак, ние сме тие што душата ќе ни излегува низ нос ако недајбоже дојде пак пандемија, не ортопедот што не знаел крв да зима или со стетоскоп да те провери, ама ни преку Мој Термин нема да прегледува, за секој случај де. Никој нема да нѐ спомне али јбг, тоа е.
    Реков, на друго место ми рекоа веројатно непријавена би била. Замисли, да работиш со инфективен материјал, да технички помагаш на доктор да постави дијагноза и одреди терапија ама да си едно ништо.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Еве баш во контекст на муабетов прееска со другарка правевме муабет. Продадоа една нива со брат и', поделија пари на пола, мало место беше, по околу 5000 еур поделија. Куќата во која живеат брат и' и снаа и' со детето е цела за реновирање, прокапува кров, прозори стари, внатре е старо се', итн, они со тие пари не гледаат да си средат кај што живеат, туку сакале свадба и крштевка. Нашле ресторан, ај во ред, место мала свадба да направат, они 200 души ќе канеле. Уште брат и' ја замолил да му дадела 2000 еур на заем. Значи да имам 7000 еур, а живеам во руина, ќе земам ќе средам све со тие пари, нема да частам 200 души, од кои 100 во живот ги немам видено. Ова ми е најновиот доказ за тоа дека народот нема вода во очи, ама пред народ е пребогат. :D
     
    На staycalm, ZAHRA, moonlight-girl.55 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.691
    Допаѓања:
    38.356
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на една случка со сестра ми. Беа канети на свадба. Месец пред свадбата пријателот, односно младоженецот, му се јавил на зет ми и му барал пари на заем. Му требале за свадбата. Па што прави свадба ако нема пари. Или нека направи со најблиските. И не мора да биде со сите адети. Нормално, зет ми не му дал и не отидоа на свадбата. И не комуницираат веќе. Ако не направиш свадба изгледа светот ќе пропадне.
     
    На Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.353
    Пол:
    Женски
    Еве кај нас па е обратно, ние, поготово јас гледам/е да си средиме по дома, а кај стариве е обратно, повеќе сакаат да шетаат, гости кога ќе дојдат од пиле млеко да има, ама дома не е важно како им е, дали чешмата им капе, дали дали треба нешто по дома не е важно, важно да се покажат пред народ. Исто и за свадба ние не сакавме, они пред народ да се покажат, како така, срамота е свадба да не прават на син/ќерка.
    Ама едно е да сакаат и да прават, а друго е да сакаат и ние да си ја направиме свадбата, само не спотераа и на крај ние си плативме нормално, ама имаа гости поканети до 5-то колено, да се покажат само, ако ние си плативме.
    И сега ќе ме нападнат што има да очекувам од нив да ми прават свадба, па не ни сакавме ние, и кога веќе си ја плаќаме ние свадбата, треба ние да си каниме кого сакаме, а не они да се фалат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Сиромашни сме, генерално гледано.
    Многу мал процент на луѓе се вистински богати и елита во Македонија. Другото се е средна класа на луѓе и сиромашни луѓе. Во беда живееме веќе со години наназад, но сеуште не сме свесни за тоа.
     
    На Herrera, Spicy Senorita и Mnik им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.251
    Допаѓања:
    189.534
    Па животниот стил е различен, мојот од тој да речеме на Малерозна. На кој му се излегува, т.е. има младост и потреба, кафани и во странство постојат за народ. Ако имаат деца, не знам што би правеле по кафани, кафаните и во скандинавија имаат луѓе. Е до полноќ додуша, после ќе те исфрли Ларс на клоци, со муабетот-вас ако ви се заебава, мене ми се спие:D.
    Ко ќе имате баби дотерани во град, што излегле на кафе или на ручек, тогаш може да речеме -ок е, има народов пари. Јас редовно од баби не можам место да најдам во кафана, дали на ручек, дали во слаткара. Секој викенд сме излезени кога дозволува времето, само што кафаната е спореден дел од викенд активностите, кои се главно езеро или планина. Три пати на одмор не одиме, пошто не мрзи, во мк идеме да се видиме со домашните, и само со домашните. Коли, фризери и остало, исто колку во мк што биле користени.
     
    На andromedae, Ambitious, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Aj zet, nam komsıka ni pobara zaem na svadba. ı toa 2500e :D Pa ke nı vrakjala kako kje ımala pazı.
    Aj sho ja odbıvme nı ne otıdovme na svadba posle vo lıce mı rece vakvı komsıı ne mı trebaat:) Svasta ıma na svetov..
    Generalno nemam mıslenje na temava, ocıgledno sıte okolu mene se dobro sıturanı :x
     
    На ZAHRA, Adidas888, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.802
    Пол:
    Женски
    Да, се.
    Но не само што се сиромашни, туку се и финансиски недисциплинирани како десерт. Друго не ми се дискутира и продлабочува на темава, не гледам полза, ама ко што гледам и ова е заклучокот, и горе-долу на сите им е јасно.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.691
    Допаѓања:
    38.356
    Пол:
    Женски
    Е такви не жалам. И не се замарам што коментираат за мене. И немам проблем во лице да им плеснам тоа што треба. Секој има различни приоритети. За некој е големо достигнување да прави свадба, а после тоа ќе живее во заедница и ќе трпи.
     
    На Mnik, Tanjamm, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.687
    Допаѓања:
    13.954
    Пол:
    Машки
    Имав напишано во друга тема, но ќе напишам и овде.

    Во Кромберг во Битола, платите се пониски, но во погонот во Скопје платите се повисоки. Во Скопје, почетна плата им е околу 30000 илјади, по 2-3 месеци им се зголемува на 32-34000, со трети смени, саботи и празници стигаат во рангот од околу 40-45000 денари(за едвај половина година), за позиција оператор.
    Сите останати позиции се повеќе платени. Вработени во логистика(без соодветно школо) стигаат до плата од 55000 ден, вработени во одржување по 60000ден и нагоре, секако во тросменско работење.
     
    На theowndemon, Ahoy и Cosmi им се допаѓа ова.