Ам, тука бабите и дедовците деца чуваат, затоа не шетаат Е, тие кои се „лоши„ си одат и по кафани и по излети, не сите, за жал оти кај нас менталитетот е до гроб да му слугуваш на детето Од друга страна па и другата крајност не чини, старите да шетаат, младите да р'мбаат. Умереност треба. На темава.... Дали сме сиромашни или богати, не знам... Ако гледам по околинава, сите се богати, ама тоа може само шминка е, а може па и не, не ме занима искрено. Според математиката на @Nausicaa 99% сме сиромаси, ама ако гледаме така и во светов добар дел се сиромаси, пошо има едно чудо луѓе и во западниов свет кој живеат од први до први.
Токму така, за ова зборам цело време. Ова е страшното, и покажува колкава мизерија сме, продадени души, добро што јасно ви е. И на крај пак сѐ се сведува на тоа дека сами сме си криви. Се чудат после и глумат изненадени, како и темава успеала да се сврти во политичка конотација и не била поентата таква. Важи. Провокација како и обично.
Зошто да се радуваат кога секакви примаат, еве имам колешка од факултет од Велес работи во Леов на добра позиција, ми кажуваше секакви примаат за на ланец, и многу имало лица со посебни потреби, газдата си зима пари од државата, па дури и во заварувачи биле повеќе жени, некои нови со никакво искуство. Сепак се работи за бојлери, неможе секакви да работат, и утре се дупнал бојлерот епа ќе се дупне од нестручен кадар, затоа од Леов и хит бојлерите многу се жалеа дека не им траеле, порано биле заедно сега посебно се. А па да не зборам за тие фабриките во Бунарџик што се и со основно би примале, и тие жени се радуваат можеби за стаж, инаку кој ќе ги вработи без искуство на тие години, и не секој може да работи сменски работи, еве јас неможам. За таа плата и празници и делници и трети малку е, бел ден не гледаат, и што ќе ми пари такви, на што ќе ги трошам кога ќе немам време за ништо, и работат по неколку работи за тие пари.
Се радуваат затоа што е гужва и тешко е да дојдат на ред да бидат вработени, не затоа што е престижно да работиш во фабрика.
А па тогаш што се жалат медицински кадар кога дежураат по 24 саати, ете платени им се. Со празници, викенди, дежурства стигаат до достојна плата, не тие сакале 5 по 8 саати дена во недела и бифтеци да јадат оти доктори биле, како не.
Како ми го спушти Не, не ми чуваат баби и дедовци дете, сами си го чуваме, фала на прашање. Гледам од околинава, а и темата снаи и свекрви е неисцрпен извор. Не мора се од лично искуство де
Па, по темава, се глеа дека Маќедонците се народ шо не прифаќа критика, а камо ли да е самокритичен. Ај да бевме некој асален народ, него се ќоро и сакато, али ај. Кај нас никој не е сиромашен, али кафани, кладилници, сенатори, кафичи у пик радно време се е пуно, бутици и дуќани врие народ, се тураат ајфони и клученви од Мерџоа на маса, секој викенд у Грчка, секој одмор у Грчка, зимо у Банско, али битно сите цркаат дека немаат. А коа ќе спомнеш дека просечниот Македонец едвај сврзува први до први, дека неаме стандард и дека државава ни е пропадната, одма сите имаат, не биле они клошари и не ги знаеш ти они ко шефови живееле у нивно село. А па да не праам муабет за гастарбајтериве, тоа се мизерија, никој нема, гревови живи. Некои дури и од Мк пари им праќаат да можат да сврзат крај со крај, и мама доаѓа два пати годишно дома да им исчисти, или па ќе дојде на 5 месеци децата да им ги чува. А на свеќи нејќат очи да и видат ни на една недела. Да, реков, фатете ми се. А па да не праам муабет за оние кои ги мрзи да работат, и лежат дома у депресии биле, демек не можеле работа да најдат, а дале отказ оти види Бога ти, не им одобриле одмор една недела предходно. Битно лапаат социјално, и секој викенд се тагнати негде. Гревчиња. Маќедонецот е сиромашен, али у духот, у битието, у среќата, у задоволството, у моралните вредности, у емпатијата, у сржта, у личната одговорност, у тоа да не биде увек жртва, у душата. Ако уопште и ја има више.
Маж ми му понуди работа овде на еден другар од Мк. Дечкото претходно го прашуваше. И овој му вика - Извини, ама јас тоа не можам да го работам. Не беше проблем платата, туку тоа што овде се бара работа. А другарот е научен да се зафркава. Кога сака иде, кога сака не иде на работа. Има и помош од други. А овде ќе треба да ја испоти задницата и сам да си ги покрива трошоците. Битно секогаш се жали дека нема пари.
Епа ајде сите ќе работиме во фабрики и ќе цвета државава. Тоа што ќе нема кој да ни ги вози автобусите, ќе нема кој да шие по конфекции, ќе нема кој да нѐ лечи мање битно. И докториве нека не се жалат за ниски плати, ене им Ванхол и Кромберг Шубер, кој им е крив што неќат фабрики. Проблемот е што не ги кривите работодавците и државата што одредени професии се смешно платени туку тие што ги работат тие професии.
Па стално е крив обичниот човек. Ене го оној од Источна Македонија, газда на конфекција, кука дека работата се намалила, може и да ја затвори фабриката. Дур ги млатеа жените за 8000 да работат убаво им беше, сега ќе кукаат. Работиш цела година, све по пропис, ти го бара к15 назад и да не му го вратиш, ќе најде начин ќе ти скрати на плата, пак ќе ти го земе. Работиш во приватен сектор, не ти даваат одмор колку што ти следува, нити па сака да ти го исплати, ќе ти речат па тужи го, аха да јас со таа плата што ја земам, ќе платам адвокати, ќе потплатам судија "некорумпиран" (со повеќе пари од што може тој газдата да го потплати) и ќе добијам на суд. Ај важи. Сега почнаа газдите да кукаат. И допрв ќе кукаат. Западна Македонија за 20тина години ќе изгледа исто ко Источна, празна. А тоа од што е убаво за живот овде, затоа е така. Нека кренат плати, да видиме дали ќе има волку масовно иселување. Работава е ќути има и полошо. Ако не ти одговара и дадеш одказ, одма си бил разлигавен, не ти се работело, ако трпиш, глуп си што трпиш и така. Ако си отидеш во странство, "аааа па таму многу поубаво ќе ти е, треба кирија да плаќаш, овде идат заби да прават, не ми кажувај мене како се живее во странство". И се така. Стално е крив обичниот народ што си бара чаре.
Генерално да, Македонците се сиромашен народ. Тоа што некаде ќе видите полни кафичи и што на границите има редови за одмори и викенди, не значи богатство. Знаете колку има во државава што крпат ден за ден и платата одвај ја штедат до крај на месец односно до наредна плата? Знаете колку има што живеат во никакви услови? Што возат стари дотраени автомобили или живеат во стари нереновирани куќи со стар мебел? Сте виделе дел, а не целата слика. Кој може да си дозволи нешто полуксузно без да земе кредит? А кредитот после не може да го исплати со години. Гледате и со брзиве кредити како е. Богат народ нема да запаѓа во нив. Тие се измислени за сиромашен народ така што, самото тоа што им цвета бизнисот, го носи одговорот на прашањево.
Леле сте запнале со тоа фабриките, ко само они да се битни. Наречи ме мрза, не ме заболе таквото, ама што е до мене треба да се смени и 40 часовното неделно работење зацементирано пред еден век као стандардна смена. Односно, треба да се намали, може 4 работни денови по 6 саати, ко што воведоа во некои држави.
Или неможат сите во администрација да се вработат, читам некој коментирал не ги разбирале продавачките што работат по маркети дека не сакале да мрднат, јас знам многу со факултети работат по маркети или по ресторани во кујна, келнери, па мора да има и по маркети, ајде сите во администрација или во фабрики и да не пазаруваме. Многу ниско ги спуштаат продавачките а да не се тие како ќе пазарите? Тоа да, ама жени над 50 години тешко на друго место да ги вработат, и тоа не е ок, може таа жена е многу поискусна во работата од некоја помлада, и ќе си трпи поради стаж, младите не трпат ако не им чини отказ даваат.
Не мислев дека е сјајно да се работи во фабрика, посебно не затоа што има ноќна смена и се работи за празници и дури тогаш Мооожеби се стигнува до плата која е човечка... Само изнесував факти, дека да, се стигнува до 700 евра во фабрика.
Ја знам многу професии и работни места што се добро платени, подобро и од некое место со некоја титула или предзнак ШЕФ и МЕНАЏЕР, него на Маќедонецот му е испод чест да ги работи, и у Маќедонија, и у странство. Особено мужи. Али тоа е муабет за у друга тема.
Океј. Зошто мораме да работиме на тие места сите? Не ми е испод чест во фабрика да работам ама не сакам надвор од струка.
Па не мора сите, туку некој, а не НИКОЈ. И зашо сите сакате иста струка да работите? Зашо некои факултети се полни, а другите празни? Затоа што у глобала сите сакаат да работат само таму кај шо се парите, и плус ако се лесни пари, па и некој престиж плус, на коњ се. Само што не сите можат да најдат работа по струка, оти нема толку побарувачка, и после кукаат како немало работа, место да се преквалифицираат и да си го вадат лебот. И плус, не секој мора на факултет да оди, нит се сите способни, нит им е гајле. Треба занаетчиски школи, и после одма на работа. Али кај нас да си продавачка, чистачка, ѓубретар, пекар тоа се испод чест работи за младинава, оти така од дома ги учат. Али тоа државата е крива, нит си го знае пазарот, нит и е гајле.