Не знам како е Западна, не сум шетала нешто многу, ама знам дека Пелагонискиов регион полека станува silent hill. Секоја година се отселуваат, а некогаш не е ни заради пари, веројатно скурчено му е. Во 99% крив е народот во приватен сектор што воопшто не прави синдикати и не соработува повеќе меѓусебно. Досега, од тука што прочитав, не знам колку ја водат тезата дека не им се работело. Прашање е колку им се дала шанса на некои, дали воопшто добиле шанса да се докажат. А потоа тие истите кажуваат за емпатија ни недостигала. Па ете, со тоа што кажуваш дека глумат депресија, значи и тебе ти недостига. И факт е дека како генерација милениумци, го јадевме стапот повеќето од нас. На некои од нас драстично ни се сменија животите откако дипломиравме.
Не само што се срамат, туку и се потсмеваат на горенаведениве професии. Не еднаш се имам соочувано со „високообразовани„ личности кои се жалат зошто механичар зимал многу пари, или водоинсталатер, или фризерка, или продавачките у Кам, итн... А, прашај ги нив зошто не работат таму, ааааа, не, ние у струка ќе работиме! Нема везе што у таа струка има кадар со лопати да ги ринеш, они у струка бараат работа, оти се друго им е испод част
Нека плаќаат 500 евра почетна за продавачка, па да видиме дали нема да сакаат. Или многу пари е тоа за таа позиција?
На мојот смер 40 души макс примаат годишно, моја генерација бевме околу 20тина. И нажалост струката не ми е многу платена освен со магистратура и остали дообразувања. Во странство е многу повеќе платена и ценета. А битно е и исполнет да се осеќаш со работата нели? ВанХол нека прават тогаш крвни слики и ПЦР ако згусти уште некоја пандемија, што да речам.
Во Кам ти е 28000 почетник, со лиценца плу 3000 ти е 31000, лиценцата се зема за некој месец. Продавачките стасуваат до 40 000 плата. Така што... не дека нема, туку не сакаат.
На оглас се може да пишува, или одат на интервју за позицијата што аплицирале, а таму им нудат друго. Еее искусено.
1. Кои се тие факулети кај што ем има пари, ем се лесни пари ем престиж добиваш? Пошто еве не ми паѓа ни еден на ум. 2. МЛАДИТЕ на кои им е испод част да работат веќе многу често уште од средно работат, работат и студираат и наоѓаат начини да се посамостојни. Моите кога биле 20 годишни тоа не било пракса на пример, ама ете само да се плука по генерациите помлади од вас.
Ц не работам по струка. Работам тоа што сакам, оти мојата струка сеа за ништо не служи. Ама може подобро ќе беше да кукав како не можам да најдам работа, отколку да се преквалификував, што знам... Ова у средно можеби, после откако ќе завршат факултет како да си даваат на важност, па освен работа по струка, друго ништо не прифаќаат. А како што реков, нема врска што за струката може и нема побарувачка, битно они не работат било што. Затоа и дојде време кога механичар, водоинсталатер, електричар, фризерка и други занаети се најплатени. Не само кај нас, општо во светов.
Ај вака прашање. Дали сметате дека медицинскиот персонал (доктори, сестри, болничари) се во право што бараат повисоки плати или сами си се криви што избрале тоа, место да идат во фамозниот Кромид Шубе?
Моја грешка. Сакав да прашам дали работиш продавачка или оператор на лента, а сепак си со високо образование?
Секаде бараат врски, и во Кам и во други фабрики. Не знам дали читате по темата Огласи за вработување. Јас аплицирав во книжарница за продавач, не ме викнаа на работа и тоа се работи и викенди и празници. Прифатив, но не ми се јавија.
Ова воопшто не е така и не знам зошто упорно го потенцирате. Колку од моите генерации работат најразлични работи само за да заработат додека најдат работа по струка, ама тука испаѓа дека 90% лежат дома а само тие 10% се вработиле по факултет. За занаетите зошто е така си има и други причини, не дека никој не сака да работи.
Дефинитивно има сиромашна популација што врзува крај со крај со еден вработен во фамилијата. За обичната работна класа која заработува од 20 до 30 илјади, им требаат минимум две плати за да преживеат со некакви генерални пазења во поглед на трошење - под услов да им е решено станбеното прашање. Проблемот кај оваа група настанува кога треба да се пуштат децата на училиште, што вклучува алишта, прибор и тн. Затоа што две вакви плати се доволни само за сметки, храна и превоз. Од друга страна, не мислам дека оваа група е толку голема колку што мислиме (ваљда затоа и има помал наталитет). Го имам ова коментирано во друга тема, нај кафе нација сме. Имаме повеќе кафичи по глава на жител отколку што има жители по глава на жител, и пак се полни. Народ шо троши 3 евра за кафе, дневно - не жалам. Финансиската глупавост и неодговорност е на највисоко ниво. Бидејќи писменоста е нула. Заглавуваат со кредити за да купат коли и телевизори (потрошени материјал) и после сиромаштија... За жалење ни е стандардот, точно. Ама и сами си отежнуваме.
Се отепав од лајкање кај тебе коментари, хаха. Сите во Кромберт да сме оделе. Па ајде, нека почнат со личен пример тогаш. Пола од нив заминале по Германиите, сучат мустаќи тука.