@Ajronmen најкафе нација? Си бил во Италија, да видеш како живеат? Оф леле бе, си љубоморат за едно нескафе во денот, па и за богатство го сметаат тоа.
Океј е тоа што си го пишала, него тогаш што се пронаоѓаш тогаш во моето мислење коа не се однесува на тебе?
За тоа и пишував претходно. За некои тоа е богатство, а за некои да се прехранат. Ако не појдеш во кафиќ, никој и ништо си.
Па дека проблемот треба да се решава така што одредени струки ќе се поценети и поплатени, место вработените во тие сектори да им викаш да си одат во фабрика
Не, ја викам дека у држава со еден ипол милион жители, не може сите адвокати и економисти пример да бидат. И коа нема да најдат работа, оти нема побарувачка, ќе одат поштено у фабрика ќе си работат. Шо е тука срамно и за жалење? Уствари, увек можат ОнлиФенс да отворат, тоа забораив.
Како тоа си даваат на важност? Па нормално дека треба да си дадеме на важност ако 5 години сум си го откинала гзот од учење. За што учам ко така? Вака и твоите деца си ги учиш? Учи факултет ама кога ќе завршиш не си давај многу многу на важност, земи чисти вциња. Еве јас сум една од тие што нејќат да работат веќе никогаш продавачка, макар и во незнам кое странство, па давале и 4000 евра плата. Келнерка пак би работела, во маркет не. И? Тоа ме прави помалку вредна од тебе? Не. Ајде и уште ќе ти кажам дека и 2 години дома седев, само за да го најдам тоа работно место кое сакав да го работам. Пак не ми е по мерак ептен, ама мора да се работи нели. И? Тоа ме прави размазена или незнам каква веќе ќе ви текне? Може требаше да одам во Магна или ODW на лента и 3та смена, за неполни 400 еур. 1 недела 1ва, една недела 2ра,една недела 3та. Една недела да не спиеш навечер, све да ти се поремети за 400 еур. Пребирливи, да, ептен.
Не е срамно да работиш во фабрика, друго е муабетот Еве медицинските сестри кај нас во државно се слабо платени. Дали треба да им се покачат плати или место да се жалат да идат во Кромберг? Дали во нив е вината што избрале да се сестри место работници во фабрика или во државата што им дава смешни плати?
А ти нели беше во странство ако не грешам? Зошто не остана овде да си работиш продавчка на пример или на лента во фабрика? И ради тебе некоја работа е дефицитарна со работна рака.
Медицински персонал е у дефицит кај нас, и нема благе везе со мојот муабет, него ти цело време го потенцираш. Секако дека теба да им се зголеми плата, шо очекуеш да ти одговорам? Али пример ако ги има превише, и нема слободни работи места, ондак ќе одат у странство, у фабрика, ако им е за парче леб. Нема везе шо завршиле. Тоа стомакот не те прашуе. Не бев, туку сум. Затоа што не сум имала врски, и не сум сакала да му го дудлам на некој за работно место, меѓу другото. Иначе, News Flash, луѓе си одат од тука и поради други причини освен финансиски. Иначе знам, забрането е ја да зборам за Македонија, не живеам веќе тука.
И јас би си отишла поради други причини, не поради финансии, ништо не функционира во државава ни здраство, ни образование, ни судство.
Жена на другар на маж ми по професија е медицинска сестра. Овде работи по струка, а во Мк работеше како продавачка. Земаше поголема плата. Сте пишале за покачување. Ти ќе си бараш, ама колку ќе го добиеш. Тие што ги знам, а живеат тука, пола се со факултет а работат сосема трета работа.
Сиромаштија и богатство се релативна работа. Сепак, едно е факт: Сите чии плати не се покачија за 78% се за 78% поосиромашени од првите. И уште еден факт: Ако цените се покачиле за 25%, а нечии плати се покачиле за 10%, фактички тие не се збогатени за 10%, туку се осиромашени за 15%.
Абе смешни ми се ваквите ко тебе. Кој рече дека работата во фабрика не е чесна? Муабетот е дека на тие со факултет треба да им се понуди убава работа, за лента, продавач, чистачка нека работат оние што не учеле факултет. Така треба да е, но кај нас е обратно за жал.
Им се нуди на тие со врски. Или членови на партија. Јатрва ми е со факултет па кога и да идеше на интервју ја прашуваа од која партија си. Јас имав колешка во маркетот кај што работев која има завршено факултет. Конкурирала на повеќе места и секаде била одбиена. Нема ни потреба да пишувам зошто.
Епа тоа ми е муабетот. Затоа реков дека кај нас е обратно. Со средно во државна администрација работи човечки ресурси.
Па да де, затоа сите завршивте факултет, пола неписмени и со врски, за да си работите убава, господска работа, а оние без факултет шо немале пари да запишат, а не можете ни да им се фатите, гомната да ви ги чистат. Е затоа дремете без работа. Едит Вреглам цел ден едно те исто ако не можеш работа да најдеш по струка, работи било што, не седи без леб, они а зашо не е платено, а зашо ја сум завршила факултет, а зашо ова, зашо она. Не знам, ја нит ви го запишав, нит ви го завршив факултетот.
Ама јас зборам дека сиромашни не се само невработените што бараат по струка. И вработени се сиромашни баш што се ради слабо платени или општо имаме низок животен стандард. Жените во конфекција што да кажат? Рацете им паѓаат од работа и едвај крпат. Или не се криви газдите зашто жениве избрале тоа да работат?
За твоја информација немам врски за господска работа и не сум работела досега пријавена со високо образование. Немој многу да навредуваш, комуницирај убаво. Јас завршив со учење, а не колку да се помине.
Не потценувам никаква работа. Тие што ги знам, а се со факултет, работат и по фабрики затоа што не можеа да најдат работа по струка. А знам и такви кои сакаат само по струка да работат. Како јатрва ми.