Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    12.728
    Пол:
    Машки
    Мед сестри во државно се најниско платени, а имаат најмногу работа.

    Од блиски во фамилијата шо работат во Кромберг, кажуваат дека работат медицински сестри и акушерки со искуство. Една им кажувала дека, не можи да најди работа поради тоа шо работодавците не сакале да плаќаат минат труд.
     
    На Mnik, Ahoy, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Можеби вие знаете некои такви што им помагаат старите, ама и тие како кој знае колку да зимаат плата, некои еве пензија зимаат, сметки да платат, храна, за лекови пари и од кај ќе им дадат на младите, во некои помали градови живеат само од земјоделие, незнам дали постои ова што старите им помагаат финансиски.
    Во моја околина и мои блиски не познавам такви, сите се самостојни и си живеат посебно во нивни станови купени со кредит. Познавам млади помагаат на старите, не им стига пензија и им помагаат, им даваат пари за лекови, незнам зошто мислите дека нема млади кои тие им помагаат на старите не обратно.
    Или само мажот зима пензија, жената не работела и не зима, со две пензии некои одвај крај сврзуваат а не со една.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    9.267
    Има и со солидни плати кои цела плата ја трошат за нив, а има и сиромашни со кредити кои глумат богати. Затоа и се повеќе отворија продавници за пари.

    Многу влијаат социјалните мрежи и тоа да бидат како другите, да бидат видени дека се богати, а не пави цигани.

    Нема пари за сметки да плати, плаќаат неговите, бара 200 ден за доручек за работа, а од плата купува одма патики од 150 евра и фрла храна.
     
    На Mnik, Ajronmen, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.039
    Пол:
    Женски
    Јас сите пензионери шо ги знам, ем пензија земат ем работат. Сите се напикани по фабриките, работат непријавени за малку пари. На газдите така по им се исплаќа, и затоа ретко да примат некои помлади, пошо младите си барат повеќе.
    Инаку, пензијата и платата шо ја зимат овие, таман. И од таму даваат на децата.
     
    На Mnik, Tanjamm, Spicy Senorita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Да има пензионери што работат, не велам не, ама во моја околина знам младите им помагаат на старите, секако има и исклучоци.
     
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не ти е забрането, нормално, ама чешки и јас да можам од Германија да ви објсснувам како е убаво во фабрика да работиш во Македонија.
     
    На Spicy Senorita и Gosh им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Абе лесно е да се каже да одиш во фабрика со една недела трета смена, па ако си со деца плус. Ама тука се силат оние што работат од дома или од 8 до 16 часот.
     
    На Viveki, Mnik и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Според муабетот на @Herrera во СДК, сиромашни сме и со попустите. На таа пара што ја вртиме у Мкд, нема логика попусти ко во Германија да имаме. :wasntme:
     
    На Mnik и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.790
    Пол:
    Женски
    Работа има, соодветни плати за позицијата што се бара нема. Огласите се пишуваат да привлечат работници, реалноста е друга. Експлоатација до максимум, робовладетелство на најјако.
    Сите сакаат да им 'рмбаш за минималец, ако може по цел ден и за викенди и празници и пак ќе им е малку. Оти мислат дека те поседуваат.
    Ебате државата кај шо едно кафе да испиеш надвор стана луксуз, кај што треба да се откостиш на две или три работни места без да видиш фамилија за да имаш колку толку за нормален живот, без да мислиш дали ќе имаш утре да ги платиш сметките. Ебате државата каде што слободни викенди и одмори на море станаа луксуз иако се потреба за да може човек нормално да живее. Ебате државата каде што пензионери работат да закрпат крај со крај оти со пензијата или лекови или храна е изборот. Ебате државата каде што системот не функционира во полза на народот.
    Да, сиромашни сме. На секое поле, и уште надолу одиме, до каде ќе тераме вака не знам. Ќе пукне и овој меур од сапуница еден ден.
     
    На sparklie, glosipgirl, dayla и 28 други им се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Не ми извртувај зборови. За каква љубомора збориш, побогу?

    Во Италија кафе во Рим на плоштад е 3 евра. Во РИМ.
    Кај нас 3 евра е Нес кафе со 200 милилитри вода и две супени лажици млеко.

    Нејсе, Римјанинот плаќа 3 евра од плата од 1500 евра.
    Македонецот плаќа 3 евра од 385 евра плата.
    Нес кафе дома те кошта 20 денари.
    Впрочем и Римјанинот не пие кафе на плоштад во Рим, туку туристи кои се спремни да си платат туристички цени.

    Сепак ништо од тоа не ми е поентата.
    И јас пијам кафе во кафич.

    Поентата е дека не може да си спремен со македонска плата да дадеш 50 евра месечно за кафиња и после да плачеш дека си во сиромаштија.
    Пиј тоа преплатеното кафе и ќути...
    (Не ти се обраќам лично тебе во последниве две реченици, така е зборот.)
     
    На snatch, ZAHRA, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Џабе се карате на темава, интересна е, а нема ништо за што би се фаќале за очи.

    Инаку, веќе има странски работници кај нас, а квотата ќе се зголеми и до 7.000. Еве ви од медиум, ќе болдирам.

    Од Агенцијата за вработување потврдуваат дека заклучно со 6 ноември годинава, се издадени 4.629 работни доволи на странски државјани.

    „Работниците најмногу се ангажирани од следниве држави: Турција, Косово, Србија, Албанија, Индија, Грција, Бугарија, Непал, Украина и Русија. Најангажирани се работници од следниве професии: управител, градежен работник, тесар, електричар, армирач, менаџер, фудбалер и оператор на машина. Работниците се ангажирани во следните градови: Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Велес и Гевгелија. Инаку, во континуитет пристигнуваат барања во врска со вработување на странски државјани, кои тековно се решаваат“, велат од Агенцијата за вработување.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Ова.
    Значи кафе, облека, летување, се сосема нормални нешта, а не луксуз. Туку нашите плати се ниски, значи сиромашни сме. А не дека премногу бараме.
     
    На butterfly6223, glosipgirl, Srckata28 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Се сложувам максимално.
    Стандардот ни е секако за жалење.

    Две минимални плати се доволни само за да се преживее до следна плата, ништо друго.
     
    На Srckata28, Mnik, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Што правиш со бројкиве? Били Ајдол го имитираш, пак некоја грешка ќе направиш.
    Убаво те прашав, дали си бил до Рим? Секое утре го почнуваат со еспресо и кроасана, Италијаци, не туристи, ние како туристи не можевме да се добериме. Кај нив платата беше 1.200 евра тогаш и повеќето си живееја со родители, оти кириите се изгор таму, а храната особено. Не знам оти за развиени ги сметаш. Ти го спомнав тоа оти културата со кафе е пренесена од таму-овде, и полека изумира. Јас живеам во таков град и покрај тоа што има кафуле на секој чекор, одвај да има некој внатре да се луксузира, оти за тебе кафе е луксуз. Истото е и со продавници со облека, на секој чекор по некој мал бутик се затвора, само големите останаа. Никој не оди секој ден на кафе, не знам од кај ти е таа идеја, ама многу глуп пример даваш. Со овие коментраиве, кој-колку пати одел до Грчка или Банско, на портарки ми делувате. А млади луѓе, во модерно време родени, не личи вака.
     
    На Mnik и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Бегаат, не ги плаќаат. Лани албанци носеле како градежници, неколку плати не им исплатиле.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Ама тука пишуваат пензионерите работеле да им помогнат на децата, која помош кога одвај за сметки и лекови им стигаат не да им даваат на децата, јас пишав сите што ги познавам е обратно, децата им помагаат на родителите.
     
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.971
    Допаѓања:
    35.136
    Пол:
    Женски
    Во Италија и во Германија е поефтино кафето зависи во кој дел, и во мкд негде е поскапо, пример на Матка, на такви места.
     
    На Spicy Senorita и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не знам шо толку си огорчена и имаш потреба да вреѓаш, ама реално сама себе се побиваш со ова. Чим не си сакала на никого да му го дудлаш за да се вработиш, значи и ти не си некоја учена и способна за да се снајдеш и најдеш убава работа.
    И нема потреба да кажуваш кој како завршил факултет, мене лично ме вреѓа ова што го имаш пишано, зошто јас 5 години одев втора смена работев келнерка, одсабајле одев на факс и не спиев што се вика 5 години, за да можам да си го овозможам себеси тој факултет, за сега некои квази газди да се изживљаваат врз мене.
    Има и многу други ко тебе шо нејќат на никого "да му го дудлаат" за да работат во некаква си фабрика или да чистат или незнам шо или можда ти мислиш тие работни места ти ги даваат онака од ќејф?
     
    На Black girl и Gosh им се допаѓа ова.
  19. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Трошоците за живот треба да ги споредувате со примањата кои ги имате. Ако тебе саатница ти е 200 денари, тебе кафето од 100ка те чини пола саат работа. Германецот (на минималец) го чини кафето не повеќе од 15-20 минути. Да не зборам за другите плати.

    Во маркет кај нас е изгор да се пазари, а платите се мизерни. Генерално сме сиромашен народ, и тоа што кафичите и кафаните се преполни не ја отсликува реалната слика за народот. Сите тие што во кафана фрлаат по 50-100 евра, не значи дека се богати. Еве и јас ќе признаам, имам изместени приоритети, па така за нешто што е тотално небитно, давам повеќе пари отколку што треба или вреди.

    Реков и поназад на темата, богат си ако не се пребројуваш за секојдневни работи (храна, превоз, облека, сметки) и плус имаш да си дозволиш одмор, солидна кола.

    Во Македонија, под 1000 евра од човек (полнолетен/возрасен) не се живее добро. Така да ако имате фамилија од два родители и две деца со помалку од 2000 евра, да знаете дека мизеруваат. Може имаат за сметки, храна и облека, ама за ништо повеќе.
     
    На glosipgirl, snatch, Ajronmen и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не се богати, ама тие што имаат за храна, сметки да си платат, одмор да истераат, и да си живеат скромно без да должат негде тие не се сиромашни. Сиромашните неможат ни сметки да си платат, немаат ни за леб, камоли за на одмор, не пијат кафе по кафичи.
    И сега ќе кажат нека работат, можеби работат ама се соочуваат со некоја болест како примерот што го пишав, тој што е здрав е богат.