Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. centarskodete

    centarskodete Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Iskreno ne, bogato drustvo sme nie makedoncite.
     
  2. iljmisevikam

    iljmisevikam Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    5
     
    На Purpleheart му/ѝ се допаѓа ова.
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Сметам дека за муабетов со дипломи / без дипломи, има број на луѓе што и така и онака не им се работи, па не работат, поготово ако има кој да ги издржава. Не знам во голем број такви, но лично познавам неколку на кои им е испод чест да работат за ситна пара, минималец, иако ден работно искуство немаат во ништо. Тоа мене не ми е сфатливо, ама не се мој проблем таквите, паразити си се на нивните фамилии.
    Во глобала, јас можам да жалам само ментално и физички болни лица, а секој друг што си е работоспособен, има начин некаков, бар да не умре за корка леб, да прави нешто со животот.

    Муабетот за сиромашни, јас кенкање за пари искрено имам слушано од лица кои не спаѓаат во најсиромашни кај нас. Оние сиромашните што знаеш дека немаат, гледаш дека немаат, ептен ретко некој да се осуди да ти кенка. Јас знам дека и во најлоши времиња дур растев и моите беа на една мизерна плата со кредити и куп трошоци, не сум кенкала. А имав другарка што порасна во далеку поарна ситуација од мене, па после кога запреа малце изворите, кенкаше како и било криво што не можела сега со мајка и да одат на шопинг секој трет месец и да фрлат по 500 евра од ракав. Е сега, оваа не е сиромашна, само има грешка приоритети, барем според мои сфаќања. И ред такви, кенкаат за одмор втор немале, дури некој ни за сметки нема, или тебе те знаат дека нема да ги осудиш и да ги гледаш ко помалце сега, а пред други пред кои мора да ја задржат сликата, ги гледаш дека фрлаат пари на кафе / шетање, а со тебе можат на и лимонатка да седнат, пошто ти нели, не вреди на тебе парите за кафе да ги фрлат, не си битен за нивната слика. Почнав да се тргам од вакви фаци, сега вакви токсикалии ми се на минимум. Искомплексирани, празни души.

    Сиромашен е народот, во финансии, ама и во се друго.
    Се слагам со муабетот дека ни дух, ни среќа, ни радост, се е некако празно, за на фб и инстаграм ко само да сакаме да се покажеме, дури не се сакаме ни себеси, а камоли некој околу нас. Ама мора да се фејка. Не дека за ова ги жалам толку моја генерација, туку нашите родители и оние од 50-60 години и понагоре. Ретко, ептен ретко да најдеш некој кој не живее за деца ако има, и толку е. Никакви други интереси, ништо. Ко такво се мафтат, од ден за ден, без некоја надеж или желба, и да им дадеш пари за да уживаат, да појдат негде, да си купат нешто, нема да го направат тоа и нема да знаат што да прават со парите. Тоа е греотата реално, живи мртовци се многумина.
     
    На Sugamama11, la.malparida, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Пишале Македончето е богато во душа, не туку е сиромашно, секој гледа нож во грб да ти забие, брат со брат/сестра се караат за парче земја, што останало за другите.
     
    На izabela.nik, Spicy Senorita, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Сега фатив неколку минути од емисијата Срце на дланка. Повозрасен човек со болна сопруга, кажа дека работи во сушара, во сезона земале минималец, а надвор од сезона ни минималец не земале. За која сушара зборува? Таа ли во Берово што тука на форумот беше спомената? Сопругата му беше од штипско село, од Истокот се. И како од емисијата го пуштија тој дел дека газдата не дава ни минималец? Што ако утре газдата му удри клоца на човекот оти јавно кажа дека не земаат некогаш ни минималец?
     
    На SummerGirl и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Мене таа водителката во Срце на дланка ми е ептен дебилна. Вчера ми излезе едно видео за тоа што ќе се емитува во новата епизода и на видеото една постара женичка, сигурно беше со некаков здравствен проблем и женава вика "да беше маж ми жив, немаше да ме остави вака да се мачам" и почна да плаче, оваа ја прашува нешто како "тешко ли ви е што умре?" и женава и вика "многу бевме поврзани, те молам не ме прашувај" и буквално плаче, оваа ко некој инспектор на распит во полиција " што ви рече пред да умре?" и упорно ја чека да одговори. Ги тера луѓето најболните работи да ги зборат, ко демек повеќе ќе допре до луѓето така. Ај што излегува пред камера ко од кревет тазе станата, ама и прашањата и се да земеш да ја акнеш.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Човекот раскажа дека се оженил, добил две деца, жената имала проблеми со бубрези и водителката „а од што боледува“, па следно „а имате ли деца“, и прашање „зошто не ја доправивте куќата“. Требало да го исфрлат на монтажа тој дел дека земаат и под минималец. Утре газдата може да го шутне, затоа што е незаконски да се исплаќа под минималец. Ме маваат на психа емисиите, менувам канал.
     
    На eliesaab и Mnik им се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Во последно време од кукачи што имаат и од фалбаџии што немаат неможеме да ја видиме реалната слика на немаштијата. Затоа и се поставуваат вакви прашања. Секој за се нешто лаже и преувеличува.
    Да одговорам:- Да сиромашни сме, едни без пари, други во душа.
     
    На eliesaab и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.322
    Пол:
    Женски
    Поенатата на некои членки што им се нафрливте тука не им беше сфатена. Поентата е:
    Ако не ми е наместено се според планот... а, планот бил: завршувам факултет, одма наоѓам работа и тоа за 1000 евра и сите среќни и весели.... е сега, ако не испаднало по планот имаш две опции: да седиш дома и да кукаш дека се нема ИЛИ да работиш што и да е, да се вади паричка оти гладен не се живее.
    Тука доаѓа сиромаштијата во умот наш што се вика... поарно ќе седиме дома 20 години и ќе кукаме дека се нема работа и ќе чекаме од мама, тато, баба, па после и мажот итн... отколку да нуркаме да работиме било што, а во меѓувреме да не се откажуваме во потрага кон подобра работа, или тоа што ни било план/желба.

    Тука е нашиот менталитет: како не, јас ќе работам онде со факултет.... како не, ќе си ја кршам кичмата за 20000, како не ова, како не она... а не забораваме дека тоа го правеле нашите родители и баби дедовци чии пензии ги лапаме на сметка на нашата желба да е или ко шо сакаме ние, или ич.

    Читам се жалат членки, аплицирале во книжарница, ама не ги примиле, врски требало и таму. Ај реално размислете математички. Ако на огласот се јават 30тина кандидати, а треба еден.... знаете колкави ви се шансите? Околу 3%!!! Имате 3% шанса дека ќе ве вработат таму, а тоа е реалност. Затоа се аплицира на многу работи. Сум аплицирала во животот на преку стотици огласи, а сум вработила на 3 места. Читнете по светот како е, има на Редит искуства, ако кажете дека сте аплицирале на еден оглас и не ве примиле, ќе ви се изнасмеат.

    И не мора де секогаш по струка. Јас ко завршив факултет барав и по струка и се останато: секретарка, во игротеки келнерка, во кафичи, аплицирав во туристички агенции , не знам, секој оглас шо го имаше. Сметав толкава крава не е фер уште од татко и и мајка и да срка. Таков е менталитетот по светот. Ако треба Мекдоналдс за ситно ќе работи, ама срамота е од дома да чекаш возрасна личност.
    Јас кога завршив тогаш немаше минимална плата и првата работа ми беше за мизерни 9000 денари. Кефој бев, жими мајка, ко ги зедови тие први париња, цел свет беше мој. Ама никогаш не престанав да барам друга подобра работа. И најдов!!!

    Е сега кај нас до 50 години мајка му шо го разбудва, доручек му прави и пари за на кафе му дава, оти тој нејки некој да го 'ебавал' за 20000, тоа е до менталитетот искрено.
    Дали ќе е изборот странство, или фабрика, или кафич, никогаш не се оставајте без работа... секој денар е важен и олеснување за тие од кои чекате секој месец. Ако си ги сакате најблиските, заради нив ќе сакате да извадите некој денар. Секогаш ќе излезе подобра прилика, ама аплицирајте на многу места, од едно не е можно математички да сметате дека ќе сте избрани.
    Да го смениме менталитетот треба...
     
    На glosipgirl, orevokrsacka, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Ама реално и стандардот.
     
    На Selena01, glosipgirl, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.322
    Пол:
    Женски
    Многу треба да се смени, многу работи, ама си велам од себе да тргниме секој.
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    А ти што мислиш? Сум аплицирала на еден оглас и толку? Чекав од небо работа? Имам аплицирано на преку 50 огласи кога ми требаше работа, само на едно место ме примија и тоа катастрофа работно време, постојано притисоци и паузи никакви, плус прекувремена работа. За книжарницата беше една од многуте, ете за продавачка, па тешко е да се влезе, само тоа сакав да го доловам. Факт е дека во нашава држава за убава работа треба да частиш.
     
    На Mnik и Just.do.it им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не треба да се чека за работа и само да се жали и ништо да не се преземе, но во Македонија, буквално работиш за да преживееш, а во странство работиш за да имаш пристоен и достоен живот. Во Македонија само платата за сметки и јадење и толку, а во странство кога ќе исплатат сметки и ќе купат за јадење им останува дел од платата.
    Тоа што во Македонија може да се постигне за 25 години во странство може за 10. Е па сега ти види дали се исплаќа само да се работи за да се преживее. Исто така, иако реков дека донекаде се согласувам со тебе, целосно ги разбирам луѓето зошто се револтирани и зошто не сакаат да работат за мизерни 300 евра.
     
    На Selena01, Mnik, Spicy Senorita и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Sugamama11

    Sugamama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Во контекст на ова, јас правам интервјуа за работа, и мои блиски за во нивни продавници/фирми прават интервјуа, и заклучокот од сите е дека доаѓаат луѓе кои се понашаат катастрофално на интервјуата, лажат по CV-ја - што со две-три прашања се откриваат сите работи, изгледаат незаинтересирано за никаква позиција, бараат само пари а не нудат ништо од искуство ни пак се заинтересирани да се дообучат за нешто. Тие што идат со години искуство палат цигара на интервју и се со ставот: „Прашај слободно што те интересира.“ Едноставно не знаат да се продадат ни за минимално, а не пак за платата која ја бараат. Се сеќавам 2013/14 година кога една пријателка бараше продавачка во детски бутик, даваше 15к плата за дво-сменска работа (во мал град) кај што сите други продавачки беа платени максимум 11-12к, никој не сакаше да работи пошо: „Е како не, продавачка, ма бегај таму.“ - Демек што, срамно е? - Ама после пак, мамо дај за кафе...

    Коа идете на интервјуа за работа, имајте во обзир дека не сте само вие, дека некој друг доаѓа со ентузијазам (може е само глума за на интервјуто, ама проаѓа 90%), дека некој ги прифаќа условите што се нудат, си побарува свои услови, а не е само да се појавите и еве ја дојдов и мора мене да ме земете, ако не ќе викам дека само со врски вработувате. И да, има места кај што си примаат со препораки свои луѓе, ама не секаде....
     
    На Tanjamm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.322
    Пол:
    Женски

    И да работам да преживеам, баш уште една причина да работам. Ако треба ниви ќе копам, па ќе вадам за леб, да не морам од на баба ми пензијата да чекам.
     
    На Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Супер што правиш интервјуа, но земи ја во предвид и вашата страна. Знаеш колку фирми и работодавци не ги пријавуваат вработените или ги пријавуваат на пола работно време? Знаеш дека на луѓе со високо образование им се нудат минимални мизерни плати кои не стигаат буквално за ништо?
    Е па гледаш, не секој сака само да преживее, секој човек заслужува да има пристоен живот, а не да работи по 10 саати на ден и пак да нема доволно.
     
    На Mnik, izabela.nik, Spicy Senorita и 2 други им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.322
    Пол:
    Женски
    Ама за тоа сите се сложуваме, тоа секако. Греота е кафе да ни е луксуз, се сложувам. Ама збораме за две различни работи. Јас велам возрасен работоспособен човек не смее да се остави без пари и да чека од мајка/татко без оглед кај и да живее.
     
    На theowndemon, Tanjamm и Sugamama11 им се допаѓа ова.
  18. sureinlove

    sureinlove Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    133
    Џабе бистрите монетарна политика.
    Има и богати и сиромашни, ама средна класа не постои и тоа е проблемот. :D
     
    На Mnik, Mrs. right, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Одамна изумре средната класа. Ми текнува дете кога бев... Со плата од 500 евра четиричлено семејство полнеше фрижидер за цел месец, одеше по одмори. И плус остануваше некој денар настрана.
     
    На Mnik, Mrs. right, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sureinlove

    sureinlove Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    133
    Ма кои 500, со 200 евра се живуркаше пристојно, скромно, без луксузи. Месецов истите овие пари само на тоалет папир ги дадов еве искрено вака. :rofl:
     
    На Mnik, Mrs. right, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.