Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Се согласува
    Се согласувам. Мајка ми работи во јавно претпријатие како сметководител и можам да потврдам дека луѓето што зимаат 20 илјади плата најскапи работи купуваат, дали на рати, дали на кредит нема врска, пола и повеќе од нив се дадени и на извршители. Пола луѓе што зимаат 20к плата имаат ајфони 14ка и мишелин гуми за кола. Сето тоа според мене е еден вид на “курч“ да изгледаш богат и престижен а притоа да немаш да јадеш леб.

    Ако заработуваш пристојно и надпросечно во Македонија и имаш да си дозволиш за поскапи работи никогаш тие така не излегуваат на виделина.

    А и да се надоврзам дека половина од тие што кукаат ги мрзи да фатат и да работат. Ако јас утре навистина немам, ќе работам и 2 и 3 работи, а нема да кукам и да чекам. А тие што кукаат секој споен празник се некаде :)
     
    Последна измена од модератор: 22 ноември 2023
    На Sophitas, Tanjamm, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Зошто некој да има, а ти да немаш? Мора да се докажеш дека можеш како него, дури и подобро. Будала сум или не што не знам да уживам и што гледам да имам пари за црни денови? :wasntme:
     
    На Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Кредит не мора да значи сиромаштија. Дури напротив, на сиромашен народ големи кредити не ни даваат.
    Најголемиот дел се некој просек кој сакаат натпросечен живот за нашиот стандард. Добра кола, добар телефон, добар одмор, што да бидеме реални, не е нешто неопходно.
     
    На Anyshka, Nausicaa, Wideperpetual и 11 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Знаеш како е кај нас. Ако Петкана оди на одмор во Турција, ќе одам и јас. Не е страшно ако не платам сметки. Ај некако да сфатам земање кредит за основни потреби, ама за мене не е основна потреба да отидам на некој луксузен одмор.
     
    На VDT2906, Anyshka, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Токму таков е впечатокот @Ahoy.
    Станови во Ск ,голем дел во сопствени живеалишта,не под кирија,солидни коли,приватно здравство,приватни градинки и школи.Скопје поготово.
    Одмор Грција ,зима порано Банско,сега Копаоник.
    Кафани полни во секој град па и во соседство.
    Е сега да,имаме некоја навика да се жалиме и да кукаме дека сме сиромашни,а народов ни најмалку не живее сиромашно.
    Доволно да се видат граничните премини за споен викенд.
    Сиромашен човек не оди во кафана,штеди и јаде и се дружи дома.
    Рака на срце,со одливот на работна рака на Запад сега не работи само оној на кој не му се работи.
     
    На *Amethyst*, Anyshka, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи, ама ми се чини дека во повеќето случаи значи. Темава ја гледаме повеќе субјективно, она што не опкружува, или како ги доживуваме луѓето. Моите познати се сите со кредити, за станови, коли, што и да е, ама затоа после буџетот што останува е таков каков што е и се преживува некако до следната плата. И тоа е за мене сиромаштија. Не е сиромаштија ако си живееш лагодно, и да имаш кредити, ама пак имаш за све што сакаш и што ти треба, а да не му се мислиш и пресметуваш, аха, овој месец ова, оној месец ова, а овој месец ова не мора, ај ќе издржиме до следниот.
    И поголемиот дел така живее. А да не зборам за здравството и што ако те задеси нешто.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Што сакаше да каже писателот, што нуди тој чадорот немаштија :?:
     
  8. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Машки
    Кога ќе споредиш просечна плата од 37.876 и месечна кошничка од 48.379 е јасно дека со просечна плата си сиромашен во Македонија. Да не зборуваме за поголемиот процент на луѓе што земаат минимална плата,пошто мора да се лишиш од доста основни работи за да го поминеш месецот.
     
    На *Amethyst*, snatch, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Ако живееш од плата до плата, тоа е сиромаштија. И со толку кредити јас не знам како спијат мирно луѓето, како не се нервираат или се нервираат ама не покажуваат, не знам. Ретко кој има пари во Македонија да извади кеш, да купи стан, туку тоа се прави или на кредит или со пари заработени од странство. Сега е добро, во секоја втора куќа капнува по некое евро од странство, порано луѓето бараа шеќер и кафе по комшии во филџанче да не се посрамотат пред гостите. Ова во времето на транзицијата. Македонците заборавија колку победно се живееше овдека. Многу работи беа мисловна именка. Едвај сметка за струја се плаќаше, а од телефони имаше само фиксни, па и тие ги немаа најсиромашните. Отсекогаш овде било сиромаштија, сега подобро се прикрива истата.
     
    На Lilik и Roxy1991 им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Во поразвиени земји многу често луѓето живеат под кирија зашто не можат да си дозволат да имаат свој стан. Воопшто не е точно дека сите се во огромни куќи и не купуваат половни коли.
    И еве навистина не разбирам...купувале ајфони а немаат за леб. Искрено мислам дека повеќе е анегдота отколку реалност. Не сум сретнала некој исклучително сиромашен човек да нема сметки да плати ама да купи телефон од 30000+ илјади.
     
    На Ugly Duckling, *Amethyst*, Wideperpetual и 10 други им се допаѓа ова.
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    10.693
    Пол:
    Женски
    А во странство купуваат станови како од шала. :rofl: 8-| Затоа живеење под кирија е многу честа појава таму.
     
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не дека не е точно ова што го кажуваш, ама мислам дека темата не беше упатена во тој правец. Ахој кажа за тоа што голем дел луѓе делуваат ко да живеат живот што е подобар од тоа што се збори кај нас.
    Ама што знам, ако зимаш кредити за скапи коли, скапи телефони, одмори... мене тоа не ми делува ко сиромаштија. Не велам дека ако имаш ајфон си богат, ама постои некој просек, средна класа? Мислам, има луѓе одвај за сметки и храна имаат, без кредити, без ништо.
     
    На Anyshka, SummerGirl, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    39.402
    Пол:
    Машки
    Точно, има многу повеќе можности сега, посебно младите под 40 и те како знаат да направат пари, ако сакаат. Не им треба ништо повеќе од некое разговорно ниво на англиски јазик. И тоа е супер.

    Јас еве живеам во мал град, со околу 8000 постојани жители. Имаме енормно иселување, тоа е факт. Но од тие што се останати тука, добар дел живеат и повеќе од добро. Не знам, за мене две - три кафина денот надвор не се симболи на преживување или сиромашно живеење. Секој викенд ручеци покрај езеро, дали наше или комшиско, исто така. Од бруцошите од мој крај годинава што заминаа во Скопје, највеќе се во сопствени станови. Плус, за разлика од претходни години, добар дел се запишаа на приватни факултети во Скопје.

    Пријатна глетка во секој случај, или е последица на подолги штедења во комбинација со долгите затворања од пандемијата.
     
    На andrejko82, Tanjamm, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во град со речиси 70.000 жители и ова не сум го видела. :x
    Ретко познавам Македонец да купил стан, а да не е на кредит. Исто и со кола.
    Оние што реновираат домови, го прават тоа со заработени пари од странство. Исто и со градење на нов дом. Најчесто од црнчење во Германија.
    Овде отвораат кол центри, ама платите кои ги нудат се некогаш и смешни. А бараат работа и во сабота, и за време на државни празници. Основицата е 23.000, коментираат за бонуси и слично, ама јас не верувам во тоа. Можи и дека не сум работела во кол центар досега и не ми се баш јасни. Затоа и ми е чудно ова што го зборуваш, викенд во друг град секој може да си дозволи. Не е одлика на богатство, исто е и со мобилни, исто и со облека која некои ја купуваат поволна-брендирана, за смешни цени.
    Чудна глетка, во секој случај.
     
    На Mrs. right, Tanjamm, Zhukov и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    А како бе со минимална плата, еве и да не е минимална ама да е потпросечна, зашо да не се лажеме дека просечната плата ја дигаат само одредени позиции и зависи каде си имал среќа да се вработиш и не е баш толку честа појава, како успеваат да се луксузираат луѓето со вакви примања? :?:

    Под луксузирање мислам на вистинско луксузирање ко што викате, идење секој ден на кафе, на ручек по ресторани или порачување пречесто храна од надвор, одмори и викенди поише пати годишно, и купување облека повеќе пати во месецот, плаќање високи рати за телефон, за претплата и интернет, струја, вода и други давачки, а притоа да не земале кредити, ниту да позајмуваат од некој?

    Бидете реални, денес кој позајмува ко од шала па и најблизок нека ти е? :|
    Шо знам, ја не сум у такво опкружување, не знам за вас.
    Секој обично си глеа свој гз, го заболе дали тебе ти треба или не и како ќе го поминеш месецот.
    Умре одамна човечноста и не ни очекувам више да ја има, тоа е реткост.

    Може со овие примања да се луксузираш вака? Невозможно нели?
    Па ова ниту некој шо зима и просечна плата тешко да си го дозволи.

    Ај пробајте вака еден месец до овој степен да трошите располагајќи само со таа сума и кажете дали ќе успеете, ако успеете секоја чест. (y)
    Може и ќе заштедите некој денар. :wasntme:

    И секако дека сме сиромашен народ.
    Најдобар индикатор за тоа ви се милијардата финансиски друштва таканаречени легални лихварници, кои изникнаа ко печурки после дожд у последно време.
    А од друга страна па иаме исто толку кладилници и казина, кои покажуваат каков ненормален и лаком народ без памет сме.

    Тоа што се луксузирале или пробуваат да се луксузираат покажувајќи пред народ фејк луксуз не покажува ама ич дека не се сиромашни, напротив.
    Затоа утре истите кукаат и се жалат коа извршители и инкасатори ќе им тропнат на врата ама битно се луксузираат.
    Ебем ти ваквото луксузирање.

    А точно е дека не сакаат да ги пружат нозете колку што им е долга чергата и обожаваат да трошат поише отколку што заработуваат само ради чаламење и ради лично задоволство.
    Но не глеам како после се задоволни, заглавени до гуша, па и чаламењето потоа ти се удира у глава. :|

    Така да пак ќе кажам, сиромашни сме, колку и да ни се чини дека не е така.
    Да не збориме па и за луѓе кои се тотално маргинализирани и живеат во апсолутна сиромаштија, кои ни за леб буквално немаат, не е дека се ретки тие.

    Погледнете колку само многу апели има за донации кога се работи за лекување, сите од нив не се сигурно пресиромашни кои што трпеле за леб претходно, туку најобични македонски семејства кои заработуваат веројатно или минимална плата или нешто над минималната па може и просечна, за кои исто така е невозможно сами да ги покријат сите трошоци за лекување кои се астрономско високи.

    И после кажете дека не сме биле сиромашни, може и богати сме, а не сме свесни за тоа..

    Настрана тоа што речиси сите како што кажавте, имаат потреба од подигање на кредити од различни причини, дали станбен, дали за кола, дали за друго нешто.
    Иди да те видам купи стан, куќа или кола без кредит, тие што имаат толкава куповна моќ кај нас, на прсти се бројат, да не се лажеме.
    Па дури и тие на кредити зимаат, ама кредитите ќе се отплаќаат, разликата кај нив е што сигурно побрзо би го вратиле и без глава да ги боли за разлика од обичниот просечен народ.
     
    Последна измена: 21 ноември 2023
    На Anyshka, sonuvana, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Мислам дека имате 62 иљади луѓе фазла, нив да ги снемат и таман ќе биде.:smirk:

    @Ahoy пишуваш од место кое уште во екс ју важеше за едно од побогатите.
    Неодамна поминав во Скопје, низ населба што важеше за една од побогатите. Куќите што се продадени се изградени згради, другото не е ни префарбано што се вика. Зградите никогаш нема да бидат префарбани, кој би го праел тоа и зошто побогу. Во еден друг град, повеќе од пола куќите распаднати, од нив пола очигледно празни. Реновирање-смениле прозори. Кој каков мобилен имал не приметувам, пошто е небитно скроз. Перцепции разни, бдп-то вика сиромаштија во топ 5.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    39.402
    Пол:
    Машки
    Прв пат слушам искрено за ова од тебе :D. Знам дека важиме за еден од најтешките, песимистичен и ладен народ во Македонија, па можеби и оттука не знам. Секогаш сум слушал дека се нема, дека лошо се живее, а уствари фактичката состојба изгледа така.

    Во мисла ме стави 8-|
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Ако некој подигнал кредит, значи има услови за тоа. Тој што нема пари не ни помислува на ручек во кафана, туку ќе јаде дома тоа што има. Ги заборавивме свадбите. Колку ги има што имаат подигнато кредити, па после се фаќаат за глава како да ги вратат. Знам за едни што се задолжија по роднини, а едвај крпат крај со крај. Тоа го направија само за да докажат дека можат да бидат на исто ниво со другите.
     
    На mssuniquee, GirlLove, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    39.402
    Пол:
    Машки
    Муабетот со бројот на жители ми беше во смисла на тоа дека горе - долу сите се познаваме повеќе или помалку, не во насока на тоа каков квалитет на живот нуди помал или поголем град.

    А за становите и да се земени на кредит, се согласувам дека повеќето се патем, ама сепак и за тоа треба да имаш почетен влог и учество во тој кредит, а потоа да си спремен секој месец да одвојуваш одредена сума на пари барем во наредната декада, а најчесто две. Опремување и оддржување не ставаме во таа математика.
     
    На SummerGirl, nextredstyle и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    ЕМи штознам, да си пишеме лп да се објасниме:D.
    Има(в)те фабрика и тоа јака, има(в)те овоштие, таков муабет се вртеше.
    Како е сега појма немам, тоа што јас гледам, по улици, пошто никого не знам и никого не мерам, пишав погоре. И од мои најблиски никој нема купено стан во последно време, ни на кредит ни никако. Можда лошо сум се омажила, па сум ги промашила тие со становите.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.