Аман и со тоа мизерни плати (вришти на разгаленост). За оној кој нејќе да седи дома и да чека од или да моли друг, малата плата не е мизерна. Така се почнува. Се стекнува искуство. Некаде ценат луѓе кои не пребираат, а не оние од типот „мизерно, испод ниво ми е“. Кога за парите велите мизерни, исто е како да ги вреѓате и оние кои работат за тие пари. Како да им велите дека се будали. Заборавате дека не може сите да имаат иста плата. Не е ни фер некој со помало образование и искуство да зема исто колку друг со поголемо.
Логиката ми е, ако не работам секако ќе сум сиромашна... ако работам за мизерна плата, пак ќе сум сиромашна, ама барем ќе помогнам дома во трошоците, леб ќе донесам. А со искуство и со работа ќе се надевам на отворени можности во иднина на друга позиција или во странство.
Каков 1 ден, ако се пазарат основни работи само, 1.000 ка е како 10 ден. 100 евра не стигнуваат за 1 неделата за храна само и тоа без луксузирање.
Се, се ама најсмешни муабети се тие кои тврдат дека другите не работат. Не им се работело, пребирале. Чекај малку, ти од кај знаеш бе кој во која состојба е? Се скина од работа на тастатура. Или да ги збуниш другите, како демек еве други критикувам, за да не ме сетат. Стара стратегија. Господ еден знае колкумина овде се во администрација и за да им помини денот скролаат и без веза лупаат нешто. Последен пат на интервју пред 10 години биле, ама знаат приватен сектор како било. Живее во Немачка ама Кромберт бил супер опција. Друга заминала приватен со препорака, кажува што било мизерија, а што не било. Ми е веќе здосадено да читам, колку врска немаат работиве со реалноста. Во кој свет живеете или секој кој што се разликува со ставот со вас е одма за на јавен линч. Кој си ти да кажуваш кој треба, а кој не треба да заврши факултет и кај треба да работи? Безобразлук невиден, ама кога ќе си пишите овде дека бегате од Македонци во странство, или тие од вас, одма сфаќам зошто и како. Како и да е намалете со глупостиве малку, срамота е.
Има сиромашни Македонци исто како што има сиромашни слоеви во секоја држава. Поради различен склоп на околности, не секој успеал да се снајде во животот. Но дека се мнозинството сиромашни како што генерално се тврди не е вистина. Во моето опкружување јас и не сум слушнала за такви кои се откажуваат од една неопходна работа за да обезбедат друга. Напротив, се почесто во последно време гледам дека останува и вишок за на пример да кажеме поскапа брендирана облека, чести патувања, викенди, скапи вечерни проводи, полуксузни автомобили и ред други добра. Од друга страна познавам и луѓе кои живеат во странство, во држави кои се светлосни години пред нас а не успеваат доволно да заработат и покрај прекувремена работа и постојано се жалат како им е тежок животот таму. Никаде не цветаат рози а факт е дека и кај нас има доволно работа за секој оној кој сака да работи. Чисто како за пример, во друштво имаме лик кој на свои 35 години нема ден работен стаж под изговор дека ниту една работа не е доволно добра за него. Неколку пати тргна да работи и прекина на секое од местата за по една недела. Нормално, се жали како нема пари и како државата е виновна за тоа. Епа неможе никој да очекува лежејќи дома од небо да му паднат пари. Значи некои луѓе од паметот си патат.
Имам сменето неколку работни позиции до сега. Моментално сум задоволна од својата работа која ја најдов аплицирајќи на оглас. И претходно сум добивала работа на истиот начин. Не биле идеални и поради тоа сум барала нова. Не велам дека од прва ќе се погоди, затоа работа се менува.
И колку пати треба да ја менуваш? Знам луѓе за пет години, пет работни места смениле. Знам луѓе кои четири години аплицирале и одвај стигнале до пристојна работа. Дај малку вразумете се, ве чита човек, си мисли во Швајцарија живеам, не сум свесна. Ем си поминала низ исто сито и решето, ем и ти паламудиш како било. Еве ти кажувам, на оваа криза пробај си ги огласите. Да се увериш сама колку работа има.
Не гледам ништо лошо во тоа да се менува работа за подобра. Така е секаде. Не 5, ако треба и 20 ќе сменам. Нема откажување. Секој почеток е тежок. Потребно е да се стекне работно искуство и да има врз основ на што да се бара таа подобра и поплатена позиција. Јас веќе сум се уверила дека има работа за секој оној кој е вреден и сака да работи. Се останато е само барање на изговори.
Во моето опкружување јас не познавам никој што работи како возач, ниту на камион, ниту на автобус, ниту на такси -пе повлекува ку- возачи не постојат
Не треси жити мене. Барање изговори, ха. Некој што ве чита ќе си помисли дека веднаш ќе се вработи, па и менување работни места без проблем. А не е воопшто така. Од 50 интервјуа само на едно се вработив, и тоа со никакви услови и трпење мобинг.
Да де, а и некој нема услови за да остане без работа, да си седи дома додека не најде нешто шо му одговара. Некој зависи од таа една плата.
Темава не е за мрзливост. Работава испаѓа треба да рмбаш 10 саати у ден у маркет (зш толку се фаќа смена, 8 саати се само за пред луѓе), и викенд, и празници, за да можеби заработуваш доволно за колку толку пристоен живот. Као 500-600 евра да е доволно добра плата.
Работа има, ама каква плата и какви услови нудат за таа работа? Само што не процицале крв, никакви права нема работникот и се тоа за минималец. На оваа инфлација со минимална плата ни газ не можеш да избришеш, камо ли да платиш сметки, да испазариш, да се подновиш. Не е разгаленост туку вреднување на сопствениот труд. Сте ги научиле вас да ве ебаваат во здрав мозок, демек да стекнете искуство, а ве трошат како роба за да профитираат. Епа народот треба да се освестува и да си бара права. Баш во сдк една членка се жалеше како не може да добие слободен ден или боледување. Ќе умираш,нема да те пуштат од работа, ама разгалени се работниците и младите. Не е се ни толку сјајно ни толку мизерно како што се опишува. Ама само народот е крив што сме една од најсиромашните држави во светот, со лошо здравство, лошо образование, лоши институции, најмали плати и највисоки цени. Народот е растен со менталитет на жртва. Од утре да кажат дека треба да го плаќаме воздухот што го дишеме, ќе го плаќаат затоа што се препасивни. Македонецот само знае да кука и да бега а со прст не мрда да поправи нешто. Попрво се гласни и излегуваат на протест за партија која што со децении ги осиромашува и за слободна Палестина отколку за поголеми плати, подобро здравство, образование итн.
Бадиела објаснуваш. Од мое искуство, најлоши луѓе се оние кои поминале низ истото што и ти. Како беше она, кога гладниот се нахрани, заборава дека бил гладен или во примеров, забораваат колку тешко им било да најдат пристојна работа. Па палат форумов и вреѓаат, плукаат по се живо. Наместо да си направат една ретроспекција, дека поминале низ се и сешто и треба повеќе да имаат разбирање кон некој кој е во иста, а можи и полоша положба отколку што биле тие. Па и не знаат што носи иднината, денес е супер, утре можи и да не биди.
Ете кај тебе таква била ситуацијата. Не значи дека во иднина нема да најдеш подобра работа. Уште на самиот почеток пишав дека има и такви со ниски приходи или без воопшто приходи поради различни причини. Муабетот ми беше дека тоа може да се случи и во поразвиени држави. Ама дека сите Македонци се сиромашни како што доста често слушаме, не е точно. И ако сакале до утре контрирале, нема да ми докажете дека до возраст од 35-40 години некој не успеал никогаш да најде некоја колку- толку коректна работа на која би останал барем неколку месеци ако не повеќе. Паралелно додека ја работиш таа работа бараш нова. Не да се даде отказ и да се седи без никакви приходи.
Во Македонија не може да се најде работа со пристојна плата. Единствено ако си политички слуга, па да лепиш плакати и да идеш на митинзи. Можеш до утре да убедуваш колку пристојно се живее во Македонија, ама реалноста друго говори.
Коректна работа регуларно многу тешко. Не е само кај мене, златна. Отвори ја темата огласи за вработување и ќе ти стане јасно. На огласот едно, одиш на интервју сосема друго ти кажуваат. Еве Тиго конкретно, бараат експерт за кредитирање во филијала, одам на интервју, ми кажаа плус да одам со писмо на домашна адреса. Кај лудацине што земаат брзи кредити???Не, фала. Знаеш од мое опкружување кој најде соодветна работа веднаш по дипломирањето? Ќерки/синови на потрчковци од владејачка партија.