Nie makedoncite sme prodadeni dusicki, za partiii oci ke si izvadime a ne eden so eden da si pomogneme koga nie najtesko. Namu nekoj vo vladata dzebot si go polni so lazenje a nie glupav narod ni se prazni dzebot se dodeka ne ne dovedat svarno do pitacki stap nema da ni doe pametot. Vo makedonija ima mn prostotiluk so sakame da se dokazeme kako narod deka pari imame ne nemame ama za calam na drugite da se napraime pametni se dokazuvame edni so drugi. Za toa ke ne gazat site ni vo EU nitu vo Nato ne ne sakaat.
Мојата струка бара пракса. Во медицинска лабораторија работам. И ако работев нешто неповрзано, и после ми текнеше по ај струка како да ти кажам ама немаше никогаш да ме примат. И одев на пракса за без пари некое време и бев решена да одам све дур не најдам работа што ќе е платена. И од колеги, на истово место тешко ќе ме вработеа, некои иделе по година дена така само на пракса. Ама неочекувано се пружи прилика на друго место и искуствово од првото ми помогна да ме примат.
Да му умре козата на комшијата. Ау па и повисока плата сака малку му е просечна? Во темава келнери се споредуваа со доктори, како грев да е што првиве си ја вложиле младоста, многу барале, да им покажеме кои сме! Кога работев келнер дека и студирав обавезно добивав коментари од газдата дека најважно образование е уличното кое тој го имал и џабе ми е студирањето кога ќе работам за минималец. Која сатисфакција беше тоа за него, олицетворение на народот. Секаде се застанува зад одредена гранка да биде ценета затоа што секоја е битна од системот, ако нема да се платени инжинери, доктори, архитекти, професори столбени гранки отиде се буквално се под вода. Овде се ситат. И ги туркаат удолу. И кадарот што ни останува уште толку пак им ведне кичма, им волонтира, оди на пракса, им се упикува, мизерува демек за искуство, ја спушта цената на пазарот и некогаш си викам и така ни треба. Што ќе му е на Трпе да го плаќа инжинерот кога некој за минималец и бурек ќе му купува? Интелигенцијата во државата е на колена. Згазена и плукана. Оти во сите управувачки места од највисоко до најниско се полуписмените. Намерно ставени за полесно да прават криминалии и примаат наредби. Не остана човек со своја глава и нешто во неа на раководна позиција.
Да, да, одамна сфатив дека е од чиста злоба. Ама има и друг момент, види ме ти мене, кој сум. И јас мислам дека со ваков пристап, се ќе доизбркаат, оти и онака голем дел замина. Милениумец сум, голем дел од моја генерација си заминаа од градов. Како зона на самракот е некогаш, посебно навечер. Уште Џен-Зи се останати, ама до кога ќе видиме. Нека играат држава со пензионери. Тие нека им полнат буџет.
Јас сум од оние кои чекале на неговите, наместо да работи за минималец. Не велам сите, ама сите оние што почнаа да работат во четврта средно, најчесто и не запишаа факс или го тераа паралелно и ништо не направија. Јас кога бев средно и на факултет чекав од моите и немав вишок пари да се раскурцавам, туку си живеев скромно, во склоп на можностите. Супер си проживеав, имав доста слободно време, не бев уморен, не бев нервозен, не бев искомплексиран. Немав ни премногу свои пари, ама па не ми ни требаа. Сега работам повеќе работи истовремено (проекти) и сум доста флексибилен, а на финански план за мои стандарди сум и повеќе од солиден. За ништо не се стискам, имам и да прошетам, имам и да јадам што сакам, а имам и да тргнам малку пари на страна. И што, додека сите работеа у кафичи за да имаат пари за искачање, јас седев во маало на клупа со делење на 1.5л пиво и смоки, а се надоградував и учев други вештини (јазик, дигитални алатки). Сега јас покасно почнав да работам од сите нив, а побрзо имам напреднато од нив. (Секако, има и многу подобри од мене и си мислам нема ни да ги стигнам). Дел од тие што ги познавам, МОРАА да работат за платат сметки, храна, превоз, факултет. Другите не мораа, а работеа за ич пари, и времето си го губеа во кафичи со лоши друштва, заглавување до касно и слично. Не велам дека тој што работи во кафич е лошо друштво по дифолт, зборам за мој личен пример и за оние околу мене. Сега тие истите работат неквалификувана работа, веќе стари се да се едуцираат (според нив) и се снаоѓаат, работат што стигнат. Факултет немаат, јазик освен англиски не знаат друг, а и тој така-така. Вештини на компјутер послабо, и им останува магацин, фабрика или доставувач. Епа сеа, кој како си бирал.... Наместо да работи 8 саати секој ден за да има да јаде од седмица и да ги спичкува парите на искачање, можел по 2 да учи некоја вештина. *Не се однесува на сите, дел се со средени животи, дел тапкаат во место или тонат. Ова јас што го имам забележано. А кога ќе имам мои деца, до нивните 20-22 години ќе се потрудам да им дадам многу повеќе од тоа што мене ми дале моите. Нивно е да бидат добри луѓе и да сакаат да се надоградуваат и да чекорат напред. Нема на 17 години да му речам да се снаоѓа, пошо најверојатно и ќе забега во лоши кругови.
Ама тие што го поминале тоа и сега дошле до некоја добро платена работа паламудат, еве и јас сегде имам работено додека студирав, па негде и не ми платиле, сега работам по струка ама знам колку се измачив додека дојдам до тоа, ама неможам да им паламудам дека кој сака да работи има работа, да можеби има ама за таа минимална плата треба 5 работи да работиш. Не беее, тука сите купиле сами стан на 20+, изгледа од работа по кафичите.
Сите зборат како сами купиле стан на 20-30 години, дека од родителите не добиле никаква помош, а прочитав во друга тема како родителите им полнеле фрижидер, им помагале финансиски да плаќаат кредит, а истите сега критикуваат. Незнам кој може да купи стан на 20+ сам.
Да ама сигурно за 5-6 години неможеш да купиш стан, зошто имаше и такви кои не го купиле со кредити туку од штедење.
Уште се лажете дека сте богати Не ми се верува. Да ве прашам ако денес ја изгубите работата и во наредните 2 години неможете да најдете нова, дали по две години ќе бидете богати или сиромашни?
Добра поента, ама малку мислам ја промаши. Па и директор на фирма не е богат ако така гледаме. Муабетот знам што ти беше, ама мислам дека грешно го кажа. Богат си, ако и 2-3 години си без работа, а имаш финансии да живееш без да ти се променат навиките и потребите на полошо. Пример ако трошиш 300 евра месечно за своите неопходни работи и малку луксуз, треба да имаш на страна барем 3600 евра за да можеш да живееш без да се скратуваш од ништо. Тогаш се рачуна ајде до некаде дека си богат. Затоа што директор на фирма да речеме заработува 5 илјади евра, а троши 3000 на свои потреби (поскапа кола, поскапа кирија или поскап имот, поголем избор на ресторани, одмори), и тој за 3 години да живее без работа, треба да има 36000 евра на страна (за недај боже). Што значи кога тогаш и на него ќе му се потроши заштедата.
И јас со 15 години искуство треба да ќутам? Секаде кај што сум работела, сум прифатила да почнам за мимималец, па кога ќе се докажам, да се покачи платата. Сѐ остана на празно ветување, затоа и менувам работни места. На последното, во очи ме лажеа дека ќе ми покачат плата за да останам откако најавив отказ. Помина месец-два, покачување нема, со изговор немало пари, ама ај за три месеци, поминаа три, пак ништо. Па будала ли сум да седам, мaста да ми ја вадат, по 15 пациенти дневно за минималец? Што би правела јас со две деца со тој минималец? Секогаш тргам од тоа дека не сакам да зависам од мм, зашто ништо не земам здраво за готово. И после 15 години стаж и искуство да нема покачување? А бе ајде. Лесно е од дома зад тастатура да дроби некој што нема ни ден работен стаж. И да, сега барам друга работа, и си имам зацртано дека нема да прифаќам празни ветувања, бар не повеќе. Колку се изнаслушав празни зборови, и пак наивна останав. Е па тоа е, подобро дома ќе седам, барем сум попродуктивна.
Штедиш 3 години, за да заштедиш 3000 евра и да се осеќаш богат 3 дена Ако се во поситни пари, повеќе ќе изгледаат