Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    35 не се ништо. Имам две познанички со по 44 години, ни ден стаж, нема работа за нив, а не дај боже да ги препорачаш некаде или да им спомнеш дека кај тебе на работа бараат работник. Веднаш скокаат, мислиш ќе те тепаат и секако се гребат од родителите пензионери. Или сум рекла на пример „еејј, те препорачав, дадов твој број дека ми кажа бараш работа, ќе те бараат“, ќе рече фала и не крева телефон на луѓето. Како да не критикуваш вакви паразити? Од друга страна, другарка ми со факултет кога беше без работа, штом ќе чуе дека некаде барале работници, не мора да има оглас, чула од луѓе, се јавува или оди директно да праша. И јас не ги сфаќам луѓето, за фриленсери не биле, за бизнис не биле, за земјоделство не биле, за занает не биле. Абе им ги плаќаат сметките од дома, инаку за една сметка од мобилен ако не си ја платиш, можеш да завршиш на извршител.
     
    Последна измена: 28 ноември 2023
    На Kate karate и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.154
    Абе некои струки е срамота и да почнеш со минималец
     
    На Angie1432, winnie02, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    Поентата не е промашена само ти имаш погрешна перцепција за богатството. Богатите луѓе не зависат само од еден приход. На нивната сметка секогаш има приливи по различни основи не само од една плата. И тоа е она кое ги двои од нас сиромасите. Ама тоа е, кога живееме подолго време на работ на егзистенција па она мало покачување на плата не удира во глава и мислиме дека сме богати. А всушност повторно сме сиромаси, само малку сме мрднале од работ на сиромаштијата.
    Еве ќе ти дадам прост пример. Во Америка еден човек има добиено 4 пати на лото. И замисли не е богат. Ниту еднаш не се нашол на листата на богати. Зошто...Човекот не работи и се што добил прокоцкал во истата година.
    Па така и твојот шеф. Богатството не се пресметува само врз основа на тоа колкава ти е платата. Туку какви се инвестиции имаш и од каде се ти доаѓаат приливите.
    Се додека зависиш од платата ти не си богат.
     
    На Tanjamm, Hygge-girl, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Извини кога сум пишал плата, мислев на вкупните месeчни приливи. А и да, широка тема е, и нема точен одговор.

    Човек што има 3 различни приливи и зима 3000 евра вкупно, е побогат од човек кој работи за плата од 5000 евра? Не би рекол.

    Не мора да имаш инвестиции за да си богат. Може имаш бизнис кој ти носи пари, освен ако тоа го сметаш за инвестиција.

    Зошто пишуваш дека богатите ги двои од НАС сиромасите. Зарем некој те спречува да имаш 2-3 извори на приливи?
     
  5. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Зборам за трошење одреден период ако останеш без работа поради икс причини. Пишав ПРИМЕР, нешто што вие не го читате. Математиката е битна, а не дали се 3600 или 3.600.000.

    АКО трошиш 300 евра месечно, треба минимум на страна да имаш (24 или 36 месеци)*300 = тоа се околу 7200 или 10800 евра, за да можеш да издржиш да го живееш истиот стил на живот, додека да најдеш работа. (Во претходното мислење сум ја утнал математиката, ама поентата е иста).

    Еве дај си пример за тебе - ако трошиш секој месец 500 евра, колку години можеш да живееш без да примаш плата од утре? Ако имаш 60.000 евра на страна за ТРОШЕЊЕ (не за куќа/стан), тогаш со исто темпо можеш да тераш 10 години.

    Ако трошиш 700 евра месечно, сумите ќе бидат доста поголеми. Ако ти имаш на страна пари, да живееш 30 години со исто темпо без да работиш, да богат си, не знам како да ви кажам. Не се богати само оние што млатат милиони, има луѓе што се богати и со 10-15 илјади евра месечно. Во Македонија човек би можело да се каже дека е богат веќе со 5000 евра чисти пари (плата, ќар од бизнис). Сеа не е богат колку некој лопов од овие кај нас, ама пак има да си дозволи све.
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Ана, мислењето се однесува на оние кои се почетници и оние кои имаат помало искуство.
    Нормално е ти после толку години работење да бараш повеќе. Ама, не е некој тазе дипломиран одма да бара повеќе од минималец.
    И пак последната реченица.
    Не е ни фер некој со помало образование и помало искуство да зема исто колку друг со поголемо.
    Вториот повеќе вложувал во себе.
    Па, и да се споредува искуството на двајца со средно или на двајца со факултет.
    Оној со поголемо работно искуство нека си бара повеќе. Повеќе се мачел за да заработи.
    Не велам човек да ќути.
    И на оние кои работат за мали плати, не им се допаѓа сè на работа. Во друга тема пишав дека треба да се бунат кога условите на работното место не се добри (доцнење на плата, малтретирање, кратење на пауза).
    Ама, не секој кој работи за мала плата ја гледа платата како мизерна.
    Мало нешто може да значи многу. Така и за платата.
    Оти човек може да ја пише како искуство во сивито кога ќе реши да бара некоја работа со поголема плата.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Добро, се читате ли што пишувате некогаш? Знаеш колкава е разликата од 300 евра до 5000 евра месечно?
    Ако трошиш 300 евра месечно, тоа е џепарац, пошто живееш кај мама и тато, и реално супер богат си, пошто можеш и да заштедиш. Оди живеј со 300 евра сам, и сметки, и превоз, и стан, и јадење...
    И да, тој со 5000 евра плата/приход е богат, ама колку е просечната плата, толку е просечно ,,богат,, човек во мк. Тоа што просекот се праи од тие иљадници со минимална плата (значи под просек) и некои други стотици, со плати од иљадници евра е друго. А кај се пензионерите со минимална од 9 иљади денари...
     
    На Spicy Senorita, Annath, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    А во Македонија, а во Германија, а во Америка, не е битно; ако имаш доволно примања за нормален комотен живот, значи дека не си сиромашен, но не си ни богат, туку си средина, средна класа. Не може само во Македонија да значи дека си богат ако имаш за комотен живот . :drunk:

    Човек може да живее минималистички, сè да си ускратува, да не му биде битно дали некогаш ќе излезе од градот или не, да не му е важно дека истиот пар патики ги носи 3 години по ред - иииии да заштеди повеќе со помала плата. Тоа не го прави помалку сиромашен.
     
    На Spicy Senorita, Annath, Hygge-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    За ова не се согласувам.
    Ако некој има завршено факултет не значи дека е поквалитетен и поспособен од оној што нема.
    Па има луѓе со високо образование, неспособни, 2 и 2 не знаат колку се, со заостанат менталитет.

    Без високо образование нормално не можеш да станеш доктор или адвокат на пример. Ама муабетот ми е дека не мора луѓе со високо образование да се поплатени само затоа што се со високо.
     
    На Pa8la, Angie1432, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Годишно во Словенија се регистрираат 50000 нови автомобили.
    Во РСМ - 4000.

    Толку од привидното богатство на народов

    Не ни сакам да ги споредам земји како Германија, Франција и др.
     
  11. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    АБЕ ТИ РАЗБИРАШ ЛИ ШТО Е ПРИМЕР НА СУМА?
    300 ЕВРА Е ПРИМЕР, ЗА ДА СФАТИТЕ ПОЕДНОСТАВНО!!!!!!!

    НАМЕСТО 300 ЕВРА, СТАВЕТЕ СИ ГО ВАШИОТ ТРОШОК НА МЕСЕЧНО НИВО, И ПОМНОЖЕТЕ ПО 36 МЕСЕЦИ . ЕТЕ, ТОЛКУ ПАРИ ВИ ТРЕБААТ ЗА ДА МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ 3 ГОДИНИ СО ИСТ СТИЛ НА ЖИВОТ ДУР ДА НАЈДЕТЕ НОВА РАБОТА.

    За некого е 300 евра, за некого е 500, за некого е 1200, тоа е ИНДИВИДУАЛНО!

    Ајде сега смирено, ти верувам дека знаеш колку трошиш на месечно ниво, ајде да кажеме дека тоа е X сума. За да можеш да продолжиш да живееш со ИСТИОТ СТИЛ НА ЖИВОТ (ист избор на храна, ист избор на патувања, телефони, опрема, луксузи), треба да имаш на страна заштеда од барем 36 месеци по Х сумата што ја трошиш на месечно ниво.

    Тоа е ако сакаш 3 години да тераш така, ако сакаш да тераш 10 години, треба да помножиш по 120 месеци и сумата Х претходно спомената.

    Тоа е случај за ако се најдеш без работа, или во моментот не ти се работи, да имаш фора одреден период да си го средиш животот, мислите, приоритетите и да се вратиш пак на работа.

    Примери веќе не давам, затоа што пак некој друг ќе се запне за бројката.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Еве го почетокот на проблемот

    Разбирам јас фино, како се множи, додава, одзема, пресметува опортунитетен трошок...све ми е јасно- не мора со ГОЛЕМИ БУКВИ:D.
    Ама, не може да е индивидуално. Ако збориме за мк, знаеме колку кошта храна, бензин, шампон, станарина... и со 300 евра месечно, не си доникаде богат, може да имаш само добар џепарац, ако не плаќаш станарина и не го полниш фрижидерот, ете толку е просто. Ако збориме за друга земја, кажи кај е тоа, да одиме таму, да бидеме богати(poolparty)
    Луксузот во иста реченица со 300 евра не знам како да го коментирам:smirk:
     
    На Just.do.it и BraBru им се допаѓа ова.
  13. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    @Biljarkata Еве го почетокот на решението.

    Значи можев да пишам пример трошиш 5000 евра месечно, ти ќе ми речеше па кој има толку?

    Поентата беше, ако X трошиш месечно, заштедата на страна треба да ти биде минимум 36*Х, за да живееш 3 години така. Ако имаш ти 240 месеци по Х трошок, заштеда на страна, тогаш можеш да живееш со тие пари 20 години без да работиш. Не знам што е толку тешко.

    Луксуз за мене е да одам 3 пати на одмор годишно, за некој е да има приватен авион. За тебе може е да имаш куќа на 3 спрата, две коли, слугинка и приватен готвач.

    300 евра е само пример, нека не ти бодат очи толку. Може и да се 1350 евра, може и 3720 евра, а може и 28250 евра да е месечен трошок на еден поединец.
     
    Последна измена: 28 ноември 2023
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Ништо не е тешко, све е јасно. Само не разбирам која поента ја докажуваш со ова, освен дека луѓето навистина се сиромашни. Или, како се викаат луѓе што немаат заштеда а имаат кредит?
    За математиката од 20 години, малку поише треба од просто множење, ама тоа е небитно во муабетов скроз.

    ...И да, има еден минимум под кој стварно не ти се исплати ни да работиш. Ми текнува, еднаш имав кратка и не славна кариера во кафиќ- дневницата ми беше таман да ми покрие трошок за такси, пошто беше зима и ноќе и друг начин немаше да се вратам дома. Така што тоа, џабе работи, џабе не седи- има важност кога си ја работиш бавчата, па ќе се смилува бог и ќе има род (што и да е бавча и што и да е род) . Во сите други случаи работењето џабе е работење за сопствен минус.
     
    Последна измена: 28 ноември 2023
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Кренете си ги - односно нормализирајте си ги - малце личните стандарди за да не можат после да нè цицаат за ситна пара, па да престанеме да правиме "па работи и втора работа ако сакаш да си приуштиш" муабети за најнормални нешта.
     
    На Just.do.it, Annath, Spicy Senorita и 2 други им се допаѓа ова.
  16. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Ја докажувам поентата дека толку си богат, колку што имаш пари извесен период да живееш во исти услови без да работиш ниту ден. Ако имаш заштеда за наредни 30 години без да мрднеш со прст а да живееш исто како и до сега.Тоа е да си богат.
     
    Последна измена: 28 ноември 2023
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Јас како ги читам сфаќам дека или немаат стандарди, или сакаат другите да ги убедат да се задоволат со bare minimum. Ма да, искрено ова не е ни минимум. Некој супстандард.
     
    На Just.do.it, Pa8la и Mnik им се допаѓа ова.
  18. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што сакам да го кажам.
    Не значи дека мора да зема висока плата само заради високото образование.
    Многу добро е познато какви мулиња денес завршуваат факултет.

    И не значи дека ако некој не запишал факултет мора да работи за ниска плата по никакви услови, а овие со факултет за лежерна и платена работа.
    Знам особи што немаат факултет, (сакаа занает да учат) па се поснаодливи, поспособни и поспрепни од оние со факултет. Учат занает, работат и бизнис отвараат.
    Така да факултетот не е мерило за способност и знаење.
     
    На Pa8la и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Останете без општи лекари, специјалисти, хирурзи, заболекари, лабараториски техничари. Останете без професори, негувателки, лиценцирани преведувачи.
    Упс, веќе ги нема.

    Ех, Македонче...
    Од љубомора пустош е државава направена. И ќе трае, има една претстава “Последниот Македонец“, топло ти ја препорачувам.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.991
    Пол:
    Женски
    А зошто мене ми се обраќаш? И јас сум со факултет, ама реално ја гледам ситуацијата.
    Не викам дека доктори, хирурзи, стоматолози треба да работат за мизерна плата, ама не завршиле сите со знаење и со труд. Тоа ми е муабетот.
    Се знае денес како некои завршуваат факултети, уствари веќе ни факултет не завршуваат туку курсеви и работат како медицински сестри.