1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека секој си има свој критериум за сиромаштија. Ама она што повеќето го замислуваат (да нема за леб) веќе не е сиромаштија. Тоа е борба за егзистенција, тие луѓе живеат под стапката на сиромаштија. Сиромаштија е да крпиш месец со месец, а дефинитивно има огромен број на народ што живее така.

    Толку работи се измешаа на темава, ама неколку работи ми фатија внимание.

    1. Самиот факт што некој треба 2 работи да работи (како предлог понуден тука за да има нормален живот) буквално укажува на тоа дека од 1 плата не се живее.

    2. Сите ако работат во фабрика, ќе се намалат платите. Понуда и побарувачка. Баш дека немаат работници се некаде повисоки платите.

    3. Баш што има спомнато @Biljarkata , а и @theowndemon пред неколку страни е тоа што многу млади луѓе живеат со своите родители или стан од нивните родители. Значи не плаќаат рата за кредит или кирија кој е практично најголемиот трошол, па си дозволуваат некој луксузи. Може да се дебатира за тоа која е подобра опција тука, ама тоа е друга тема.

    Сите се замислуваме дека сме средна класа, ама средната класа се губи и се ствара јаз. Исто ко што пишаа претходно, средна класа ти е и тоа да може да си дозволиш живеалиште, платиш сметки, прошеташ некаде, се социјализираш.

    Ама нешто страшно на темава е како се охрабрува да работат луѓе за мизерни услови, па и прилично нелегално. Е па платите нема да се качат ако сите прифатиме минималец.

    Иначе кај нас проблемот е немањето на конкуренција. Не мора да се покачуваат платите, туку треба да се симнуваат цените на буквално се.
     
    На crimson, Mnik, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.605
    Пол:
    Женски
    Тоа си е така оти веќе не можат да најдат. Најдобрите доктори и медицински сестри заминаа.
     
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    12.994
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не се слагам дека треба да мизеруваат или да се преквалификуваат, тие со факултет, ама муабетот дека тој со високо образование под дифолт мора да е најплатен не е во ред.
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.605
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не дискутирав на таа тема.
     
  5. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    12.994
    Пол:
    Женски
    Епа јас дискутирав.
     
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    23.383
    Настрана од медицински кадар
    Најдов инфо од мај годинава дека пожарникари кај нас земаат околу 27.000.
    Па еве кажете им да си идат во фабрика (преку кур више од фабрики на темава) јер платата им е мизерна (за професија која е неопходна и ПРЕризична) и после молете се на горниот да ве спасува од пожар или сообраќајка или други ситуации кај што пожарникари ве вадат.
    И место они да им пукне филмот од ниската плата, треба да се поддржуваат да добијат повисока
     
    На Spicy Senorita, theowndemon, Pa8la и 2 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.716
    Допаѓања:
    15.352
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува пристојна плата, без разлика што работи.
     
    На sparklie, Mazegin, Spicy Senorita и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Не бе, според поединци на темава е "ќути битно имаш за леб". Од ќути, цели животи така им поминаа на нашиве родители, со пакет апчиња на ден се сега, од тоа ќути. Еве пример Холанѓаните да ги прашаме дали и кај нив е така.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.716
    Допаѓања:
    15.352
    Пол:
    Женски
    @Mnik тука измешаа многу работи и офф топици. Како да е срамота да бараш да бидеш платен достојно, а да не зборувам за оние што не ни имаат слободни денови.
     
    На Spicy Senorita, Pa8la, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.624
    Допаѓања:
    14.068
    Ние имаме проблем со целокупната економија во државата. Таа е на шкрги. Читав сега државава пак ќе барала заем од ЕУ. Имало и години кога државата земала и по два заеми годишно, веројатно за буџетски трошоци, да плати армија, полиција, администрација. Читавте ли денеска, државата ќе субвенционира вработувања во приватен сектор. Татко ми додека беше работник, цело време се договараа да се бунат за повисоки плати, кога ќе дојдеше ред, само тој скокаше и зборуваше, другите молчеа. Тоа е подбуцнување и кодошење. И не добија ништо, секако.

    Скапана е целата економија кај нас. И тие газди со фирма со 2-3 вработени се сиромашни, ама се впуштиле во бизнис за да не ринтаат кај друг. Тие се исто од месец за месец. Мал град, мал пазар, малку купувачи, мал промет, мала плата.
     
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Жално е колку жени околу мене ги гледам како се мачат во конфекција, во маркет кој работи локално има 3 продавници, значи жените по 10 години работат и на море во живот не биле, зошто во лето им е сезона, за државни празници има народ, одморот нити им го исплаќа, нити им го дава. Не се само они. Има многу. Чим овие од НЛБ почнаа да плачат како им е намалена работата со кредити, заради скапотијава и каматите, што понатака да збориме.
     
    На Herrera и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.716
    Допаѓања:
    15.352
    Пол:
    Женски
    @Mnik да, скроз. Баш како што го опиша, имам доста блиски примери. Ама мене не ми е јасно како жени (посебно овие со деца, фамилија), некако им паѓа самодовербата и се задоволуваат да трпат. Не бре, си носела 9 месеци, си родила, ќе има да се бориш таму за плата. Ќе си бараш, па ако треба ќе смениш и 10 професии. И воопшто, еве и без.
     
    Последна измена: 28 ноември 2023
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.727
    Погоре прочитав дека пожарникари кај нас земале 27 000 плата, срамота и греота. Во градче во Србија со 3000 жители, сообраќаец а потоа и полицаец од канцеларија што работи и пожарникар земаат 100 000 динари, значи 50 000 наши. А во главен град кај нас, сакам да ги споредам прво трошоците за живот во град со 600 000+ жители и град со 3000, да зема 27 000 како ќе преживее тој човек?

    Јас со мојата плата живеам супер, ама знаете зошто? Зошто живеам со моите, немам своја фамилија и сега за сега не плаќам ништо, освен евентуално да испазарам нешто за јадење или средства за хигиена, или да дадам некогаш пари за сметка за телефон. Ама, јас со оваа плата што ја земам, да треба да живеам сама, и тоа во моја куќа и да треба да плаќам сметки, за храна, за хигиена, мастер, нешто ако се расипе по дома, а да не зборам за работи од типот на кафе да излезеш, облека да си купиш, на одмор да отидеш, јас мислам дека нема да преживеам, или па ќе се стискам од месец за месец да протуркам.

    И што значи тоа? Дека сме сиромашни. Зошто за да не си сиромашен, значи дека можеш нормално да живееш и да можеш да си приуштиш најосновни работи без да се пребројуваш на каса дали ќе ти останат пари да го купиш прашакот за дома, или за да го купиш треба да го оставиш шампонот и сапунот. И да не се мислиш ако во месецот еднаш излезеш да јадеш во ресторан, после ќе ти останат пари сметки да си платиш. И да, според мене ако си ги платиш сметките и после цел месец јадеш паштета и немаш пари да излезеш ни кафе да испиеш, сиромашен си за жал.

    A, и уште нешто заборавив да кажам. Мене дури и ми е срам што јас земам волкава плата, а општи доктори земаат од 25 000-30 000 денари. Некој што се мачел 5 години, се изнагледал секакви работи, баш истово со колегата го коментиравме. И јас сум учела факултет, ама ни во споредба по тежина со медицински. Сега учам малку потежок мастер, и за таа професија замислете пред неколку години земале 18-21 илјада, а е ужасно одговорна професија, поврзана со медицина. Кај нас бре се е наопачки искрено. И на крај ќе останеме и без стручен кадар, од што не се живее со тие плати, па кој остане последен нека го изгасне светлото...
     
    Последна измена: 28 ноември 2023
    На Spicy Senorita, Mrs. right, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    6.574
    Пол:
    Женски
    Морам да се надоврзам на тема пожарникарите. Во Словенија, нема вработени пожарникари. Граѓаните/селаните доброволно се пријавуваат и се пожарникари. Дури и секое најмало село си има пожарникарска станица, со доброволци.

    Инаку да, многу низок стандарт сме. Сме сиромашни. Ако не живееме во заедници, тешко да преживееме.
    Секоја чест на исклучоците.
     
    На Selena01 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  15. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    3.333
    Камо на тиктокерките, инстаграмџиите, оние на онлифенс и слични, да им е срам колку пари тие прават, или да се споредуваат со медицински персонал или пожарникари.
    Понуда и побарувачка, брутално ама вистинито.

    Никогаш да не се споредуваш или да збориш дека ти било срам дека земаш колку што земаш, ова најдобронамерно. Твое си е, терај си и стреми се за уште поарно. Единствена споредба може да ти биде со тие од твоја струка и линија на работа, чисто да знаеш кои се границите и на колку можеш да целиш.
     
    На SummerGirl, blueeparadise и mssuniquee им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.727
    Абе може си во право, ама едноставно се осеќам ко со мојава работа да не придонесувам никако за општеството, само богатам некој газда што не е ни од тука, а не е дека работата не ми е напорна и истоштувачка, и сум јас од оние клати врата, зимај плата. Муабетот ми беше што докторите се оние што спасуваат животи, со точно поставена дијагноза ќе упатат човек на вистинско место и ќе се избегне можна трагедија. Па и специјалистите што учеле дупло повеќе земаат ниски плати, затоа велам дека се е наопачки овде.

    Според мене не може Sales Representative или некоја слична позиција да зема 1500-2000 евра, а доктор што спасува животи помалку. Sales нека зема 1500 евра, ако, да не ме сфати некој погрешно, и таа позиција си има тежина, ама докторот секако треба повеќе од тоа да зема. Не знам, јас имам многу почитување кон тие професии, доктори, пожарникари, полицајци, воспитувачи, негуватели, професори, дефектолози и уште некои што не ми текнува во моментов, што едноставно општеството не би можело да функционира без нив и сметам дека они треба да земаат најголеми плати, а не дека овие другите, па и себе да се сврстам во нив треба да земаат минималец.
     
    На moonlight-girl.55 и ruben-neves им се допаѓа ова.
  17. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Ти си само општествено свесна дека систем не функционира ако функционира само една гранка и ова е редок пример кај што се бара правда за сите. Во пракса само тапшање по рамо кој ви барал да учите тоа добиваат струкиве. Треба многу свесност на ниво на индивидуи за пример некој да се побуни или грижи за нешто што не е од негов интерес.

    Најлесно е да кажеш “па пробај нешто информатика”, класичен совет за секоја образовна струка со ниска плата.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    3.333
    Ако ти е жал за пониско платените од тебе, донирај им одреден дел од твојата плата. :D

    Шала настрана, јас сфаќам што кажуваш, ама во реалност, никаде не е така идеално, за тие што придонесуваат на хуман начин да бидат најплатени.

    Пред некоја година, баба ми, сама жена со пензија од едвај 8,000 мораше да издвои по 150 евра мито од окце на државно за да дојде на ред докторката да и го извади пердето и да не оди ќора уште година ипол. Да бидам искрена, многу повеќе ја жалев баба ми и тие петнаесет души што беа појдени да платат тој ден неголи докторката. Хуманата докторка им помогна, нормално, на тие што имаа да и платат.
    Почит е едно, што се дешава на терен е друго.
     
    На blueeparadise и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    958
    Епа фората е дека колку пари и носиш на фирмата, ти добиваш процент од тоа. Кај нас и докторите би имале високи плати, да имаше од каде да земат пари. Не велам дека нема, ама државните пари ги крадат функционери, директори и менаџери, па за обичниот работник не останува ништо, или трошки. А ако на некој не му се допаѓа платата, секогаш може да смени работна позиција, струка/професија или да смени држава. Ама класика југословенски менталитет "Х години го учев/работев тоа, сега ќе менувам...". Ова важи за луѓе што се до 40 години, кои можат комотно да сменат струка и да почнат одново.

    И да, не се замарајте дали заслужувате плата или не, да е некој на ваше место ќе ја земе без око да му трепне. Не велам да бидете себични, ама не се замарајте многу за другите, затоа што и тие не би се замарале за вас.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.727
    @moonlight-girl.55 Знам, те разбирам и тебе што ми зборуваш, за жал има и доста такви гадови доктори што се изживуваат врз пациенти, и парите им се на прво место отколку човечкиот живот, ама мислам дека таквите кад тад ќе си платат некако за тоа што го правеле. Ама имам налетано и на многу позитивни примери и мислењето ми беше насочено кон нив, еве за пример ќе го земам одделот за Пластична и реконструктивна хирургија кај нас, со исклучок на дотичниот Игор Пеев, и некои сестри, е тие заслужуваат колку пари и да земаат, па и повеќе. :)

    Исто психијатарка една што кога и кажав дека многу сакав да учам психијатрија, ми рече не би ти препорачала, да учиш 12 години, да се изнагледаш све и свашта, џигери во раце да држиш :D и на крај да те стават во канцеларија што се распаѓа и протекува и за никакви пари да работиш.

    @BraBru Абе не е дека јас не се радувам што земам поголема плата сега, и јас сум работела за минималец и сметам дека секој заслужува нормална плата за живот, и келнери, и корисничка поддршка, и продажба што работат и хигиеничарка. Туку, според мене не е фер јас да земам 50 000, а доктор да зема 30. Зошто он ако ти открие нешто и те прати на вистинскиот специјалист, ќе ти го спаси животот. А јас денес сум смирила некоја Карен од Америка на работа да не ескалира работата и да почне да врека на цел тим и да припаѓа у несвест за ништо. :D
     
    Последна измена: 30 ноември 2023
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.