@Ahoy од Радовиш си, ако не е тајна? Цело време те мислам дека си од Скопје. Луѓе, како што кажа @Mrs. right, погледнете колку само финансиски друштва има, и навистина им цвета бизнисот, прочитајте по медиуми. Денес на луѓето им е срам да бараат пари на заем од роднини, пријатели, да не се расчуе, а и никој не дава, па бараат од легални и нелегални лихвари. Да не се навреди некој, ама па навистина како што кажа девојчево, народот е мрзлив и глупав, се глави во долгови и после си ја треска главата. Друго, ако некој си купил станче, може не бил во странство, може не земал кредит, можеби поделиле семеен имот, можеби баба, дедо им оставиле некоја заштеда. Не се кажува секому дали имаш или немаш пари. И знаете какво е тоа одење по ресторани со мали плати или без плати, па така што дома струја, вода, плаќаат свекорот и свекрвата. Одење по одмори и викенди, ама па ако се гребеш од баба, свекор, свекрва и тоа носи муабети и расправии од типот „ааа, многу ви се шета, а барате пари, а“? Луѓе што одат на тури, постојано се некаде сликани, ама ти вели „ааа, јас до плата имам само 300 денари“. Дури има и возрасни луѓе колку мајка ми, немаат ни стаж, ни работа немаат, ако земат некое ситно хонорарче месецов, тоа се лупа по ресторани и толку. За 10 години тие луѓе ќе се социјалци, на товар на државата. Ние сме финансиски неписмени (тука спаѓам и јас, не знам да инвестирам на пример) и луѓе на кои не им се работи, туку денеска ќе фати дневница, ќе испие по кафани, утре ќе одмора, па задутре ако излезе шанса за некоја дневница ок, ако не, не. И со работа во странство не се купува стан лесно. Пример, роднина макотрпно работеше 5 години во странство, плус зема кредит за да купи поголем стан, затоа што стан не се купува секој ден, да се обезбеди за фамилија. Рмбање страшно, ниту еден одмор, значи на одмор не бил воопшто, кафана многу ретко, луксуз не. Ама пак овој е светлосни години пред другите, не му е битно по цел ден да се слика по кафичи.
Не се сите такви фала Богу, нема да генерализирам ама еден куп такви се намножија, паразити можам слободно да ги наречам, цело време на туѓ грб да живеат без срам и да одбиваат да се променат колку и да им се пружи некоја прилика, каква и да е. И после сакаме напредок и акција од вакви луѓе, е нема. Невозможно речиси е да не се задолжиш со стандард како нашиов ама бар задолжи се свесно, разумно и плански, за вистински реални потреби, а не за глупости и нешта без кои се може да се живее. Треба да се мисли и на последиците и ризиците кои произлегуваат. Многу луѓе не знаат да прават разлика меѓу потреба и луксуз. Еве не ми се јасни оние кои зимаат кредит, поготово од брзите ради курч дека сакал да земе телефон од 1000 евра, а вода у очи нема ама битно телефон скап ќе држи у рака. Исто и за одмори, иако не е лускуз одморот сам по себе, туку потреба но има и одмор и одмор. Сигурно не е нужно да треба у најскапото да идеш, а и не е па ништо трагично и ако прескокнеш годината и не отидеш. Колку луѓе одмор у живот не виделе па ете ги живи, здрави и прави.. Се смејат господата и ги понижуваат луѓето што терале „парадајз туризам“, а дел од нив шо идат на поскапи места не признаваат дека се задолжуваат и после низ нос им излегува курчењето. Е ова е најмизереното нешто што може да биде и е срамота и бруки. Некст левел мизерија е коа заработуваш солидно и пак твоите или неговите ти плаќаат сметки и ти пунат фрижидер.. Ама за ова би ги кривела и тие кои даваат и изиграваат мајмуни. Искористување е ова и ништо друго и сосема во ред е и очекувано тоа да ти го плескаат у лице, коа е така и се скроз у право се.
@Mrs. right познавам многу такви. Најинтересни ми се кога им се смеат на другите што не уживаат како нив. Да ти се плукнам во таквото уживање. Не разбирам како можат мирно да спијат ако им се закануваат со опомени за неплаќање.
Балкански менталитет тежок за сфаќање. Сите ние што малце подруго ги гледаме нештата сме според нив за греота и за жалење, а не сфаќаат дека бедотија се всушност они. Настрана тоа шо се чудат него директно те понижуваат и тоа иритира. И грешка, они не уживаат, они глумат дека уживаат ама кај ќе им дозволи егото и суетата да признаат.
Јас им плескам во фаца. Ич не ми е гајле. Ако им спомнеш да купат поевтино, одма го дигаат носот. Не е ништо страшно ако месецов не отидеш некаде на кафе.
Аууу не бе како така, „елитата“ кај нас пазарела у Веро, Рамстор и Тинекс, имало преголем избор, Кам и Стокомак им се под стандарди нивни, таму клошарана иде да пазари, кај можат они таму. Па тесно било не знам шо било, триста причини се наоѓаат. Е од ова си патиме ние, од вакви поделби класни, од поделбите на скопјани и провинцијалци и од каква све не други. Толкацок мал народ сме, а и само се намалуваме и очи ќе си ископаме. За кафето исто хахахаха, не дај Боже на кафе да не се отиде, трагедии најголеми се тоа. Еве не пијам кафе, ме гледаат чудно, како така да не пијам, не сум знаела што пропуштам ццц тешко мене.
Не верувам дека има луѓе кои не сакаат често да одат на кафе. Ама ќе си ги пружиш нозете колку што ти е чергата. Има евтини бутици. Не мора да се купува во Манго, Зара, Бершка, и др. Ама мора да си на ниво со другите. Мора народ да те види дека си бил на кафе или ручек. Како што иде крај на месец го слушам ова - Немам пари. Тешко живееме. Струјата не ми е платена. Е па сестро златна.... Продај ја блузата што си ја купила и плати си ја сметката. Убаво викаш ти. Таквите се за жалење.
Ова не го сфаќам леле бе, како најбитно нешто ти е ова и толку те исполнува? Другите да те виделе, значи уствари за другите и живееш, а не за себе ако толку ти е битно.
Сеуште има такви кои се замараат со тоа. Пак ќе кажам дека народов не е толку сиромашен како што се прикажува. Има луѓе кои навистина немаат. Тој што нема пари не оди никаде. Имавме лош финансиски период и купувавме евтини работи. Сега имаме финансии и поинаку е. Можам многу работи да си ги дозволам.
Да им предложиш на луѓе да идат во Ивери и Пренди, па добиваш поглед како да си им ги навредила сите предци во фамилијата... А, се жалат дека парите не стасуваат. Очи превртев.
Секако дека има држави кои се далеку посиромашни од нас, кој вика дека сме најсиромашни ама сепак немаме добар стандард воопшто, сите сме свесни на тоа. Да беше се океј немаше толку да си заминуваат луѓе од тука, знам дека не е само до парите туку многу фактори влијаат на таа одлука но сепак клучна работа се финансиите и лошиот стандард. Сама викаш дека сега кога финансиската ситуација е подобра, автоматски и вас ви е подобро у секој поглед. Па не е дека и Ивери е без пари, шо знам, зависи за шо. И Зара викате скапа е, на попусти ќе зимате, кој ве тера да фрлате пари непотребно, на попуст баш се наоѓаат убави работи по пристапни цени. Работава е шо они мислат Зара е нешо wow занес потрес и врвен бренд па паѓаат у несвест.
Имам поминато низ тоа. И предложив на девојката во кој бутик да оди и она одма - Јас таму не одам. Само во брендирани бутици. И после не знае од кого попрво да побара пари за да си ги плати долговите. Не дека бевме сиромашни, ама не можевме да си дозволиме секој пат луксузи.
Не е, де. Ама, со купување во поевтините дуќани сепак ќе заштедат некој денар што ќе им се најде за друго. Оди убеди ги. Ем кукаат, ем продолжуваат.
2019 Грција ја посетиле 948.000 македонски туристи…. Коронашката 2021 год.пола милион туристи. Годинава не најдов податок.
Мислам дека има сиромашни, најмногу помеѓу онаа генерација што ја фати транзицијата, значи луѓе родени отприлика околу 60тите години. Повеќето беа веќе над 50тина години кога пропаднаа фирмите кадешто работеа и им беше многу тешко да најдат нова работа. Не беше како сега, сосема поинаков беше работниот пазар. Не се преквалификуваа луѓето така брзо и лесно, па повеќето се снаоѓаа некаде за минималец. Сиромашни се и најголем дел од пензионерите. Младите мислам дека се во многу подобра ситуација. Особено во Скопје, но и во другите градови има многу кои се добро снајдени. Познавам мн млади со солидни примања (над 1500, 2000 евра месечно во просек) и голем дел со средни примања (од 1000 до 1500 евра). Зборувам на ниво на фамилија. Ако имаш кредит за сопствено живеалиште, а не крпиш многу од месец за месец, тоа не е сиромаштија за мене. Не е може ни солиден живот, ама не е ни сиромаштија. Во глобала сепак сметам дека трошиме повеќе отколку што имаме и дека ретко кој има заштеда. Делумно и различни приоритети се во прашање од западните земји, ама и за да ги тераш нив, мора да имаш колку толку кеш.
Ние што сме во јужниов дел на Македонија, одењето во Грција, дали на одмор или на викенд, не го доживуваме како нешто wow. Можи затоа што е блиску, не знам. Мислам дека овде имаме дијаметрално различни погледи што е тоа средна класа и пристоен живот во кој што нема да се лишуваш од ништо. Повеќето овде се фокусирате на екстерното, каква гардероба носеле, каков мобилен купувале и дали оделе на одмор во странство. Ова сето кое што го наведов, можи да го имаш, а пак да си заглавен во должничко ропство. За мене, си се снашол добро ако примарно имаш добра плата и стабилно работно место, во кое нема мобинг. Ако имаш доволно пари да платиш рата за станбен кредит, се храниш добро, си купуваш пристојна облека, имаш пристојна кола која не ти е купена на кредити, а и покрај сето ова, ти остануваат доволно пари за викенди и летување, е дури сега, можиш да речиш дека живееш во средна класа. Оти ова не е одраз на богатство, ама кај нас стандардите се ниски, па луѓе кои што земаат плата малку над просекот се сметаат себе за богати. Знаете што е богатство, летање со бизнис класа, недвижнини и акции на твое име и слично. А пак екстра богатство се приватни авиони, вили со базени и слични глупости.
Абе види, Грција може и на еден ден да тркнеш, пример Лерин да одам, ко до соседниот Мк град да сум отишла, а ми се број премин како турист Исто, тие што немаат, а многу сакаат заради здравје или едноставно потреба, одат јуни, септември итн. Дали ќе одиш Лептокарија или ќе одиш на краците, не е исто во цена.... и дали ќе си на прв ред или на 500 метра од море, не е исто во цена. Така да бројките за во Грција не се екстремно меродавни за сиромаштија. Викенд во Грција може да ме кошта помалку од викенд во Охрид, пример. Да не заборавиме 80% од македонците сами си готват на одмор, и полна кола со намирници носат за цел одмор, што реално би јаделе и дома. За право, ова кажувам од тоа што гледам околу мене.... знам луѓе што цела година ќе си двојат од залакот за да му пружат 1 недела одмор на децата на море, вон сезона, скромно. На слики на ФБ не верувам многу, мислам дека сликите даваат впечаток дека сите се луксузираат во денешно време по одмори, ама реалноста е дека со слики се манипулира. Долга и широка е за народот, си реално сите сме башка карактер. Има сиромашни што крпат, има сиромашни од узур, има богати а скромни, сешто има. Јас имам за комотен живот, ама да ме видиш, појма ќе немаш, ниту се пуфкам, ниту се докажувам, ниту со телефони скапи шетам, ниту со скапа облека. Терам скромни одмори, ниту слики објавувам да ме знае некој. А познавам луѓе со далеку помали примања од мене што трошат до последно париче да покажат дека имаат повеќе од тоа што уствари го имаат. Така и со останатите, секој сме со своите демони во главите. А инаку сметам дека има, како и секаде во светот и кај нас, од сиромашни до ултра богати, проблемот кај нас е менталитетот.
Оној кој е сиромашен не иде надвор од граница во Грција ниту на еден ден. Тој не може ни до Скопје да отиде. Затоа е стварно прашањево добро колку реално сме сиромашни?! А за јадењето да ги видиш чесите и германците во Хрватска. Не е секогаш до парите и до стиснатоста е Кај нас е мислам менталитетот да се збори се немааа пари. Со две просечни плати не може некој да кука дека е сиромашен и се немаа. Имам еден братучед во јака фирма кај нас работи,жена му во просечна. Немаат промашено летување и зимување надвор ама секое наше гледање ете се нема. Некои луѓе повеќе кукаат од што реално немаат.