така е @Cosmi оној што нема ни до соседен град не оди камоли до Грчка, само зелен картон ти е 50 еу за еден месец, плус патарини, гориво..сум била и да имам многу и да немам, кога сум немала ни гаки не сум купувала камоли да одам некаде. Во однос на одмор во септември и тој не е за ич пари, иако е поевитно си црпи пари, Годинава бев септември во Грчка платив 100 еу смештај за три дена за нас двајца и детево, околу 4000 гориво, околу 15,16 еу патарини, иако носевме од дома нешто храна и единствено таму што зимавме кифли и еднаш гиро купивме ненормално пари отидоа за 3, 4 дена за храна затоа што храната е многу скапа и не можеш се да носиш од дома секогаш нешто зафалува. Едно кифличе ти е 2.5 еу што дете ке најаде само реално. На темава има сиромашни не дека нема, секаде ги има, ама не сме утепани за жалење ко што се кука наоколу. Сега вудете само во петок кои редици ќе се во моловите. ( редици имаше и викендов веќе па една од касиерките во зара баш искоментира на колешкава што бе лугево мислат дека сега ли е црн петок хаха)
Не секое "немам" е исто. Едно е да немаш за патување на Тенерифе. Друго е за леб да немаш. Второво е сиромаштија, првото не. Можеш и да не појдеш на луксузен одмор, и да немаш доволно за ајфон, и да немаш за јакна од 500 евра или кола нова од салон, ама пак да не бидеш сиромашен додека имаш доволно за храна, пристојна облека (не мора строго брендирана), кров над глава и каков таков пристоен живот. Не можеме да наречеме сиромашен секој што нешто *нема*. Дури и таа што ја спомнавте немала струја да си плати, а била на одмор, уствари не е сиромашна пошто фактички имала за струја ама потрошила на патувањето. Можела да плати сметки (неопходно) и го одложела патувањето за друг пат (не е неопходно), и ова е само лошо менаџирање на лични финансии, не е сиромаштија. Ако веќе треба да скратиш од едно неопходно, за друго неопходно да покриеш, тоа е веќе сиромаштија. На пример, не плаќаш сметки, за да ти останат пари за јадење, или купуваш јадење, ама стигаат опомени за исклучување на струја - е тоа е сиромаштија, а не ако прескокниш еден викенд кафана/диско за да ја покриеш сметката за струја. Постојат многу сиромашни во земјава факт, ама да не се лажеме, голем дел само кукаат како се нема, а секој викенд шопинг во Солун.
Има степени на сиромаштија... од тоа леб да немаш да јадеш, сметки да немаш да платиш, до понеимашливи, пример да има за јадење и за сметки, ама за ништо друго... Има и сиромаштија од немање памет - како пример некој што ги коцка или ги фрла на скапи работи непотребно, па нема за основни потреби. Сешто има по светов
И не само тоа, погледни ја само инфраструктурата што ја има државава. Кога шеташ низ еден просечен по големина град во МК, ќе сфатиш колку е се валкано и загадено. Валкани улици, валкани тротоари, тревници пред згради кои не се одржувани, стари фасади на згради итн. Едино Охрид што ми се допаѓа како град, мое мислење е дека е далеку поодржуван отколку останатите. И според ова, ќе сфатиш дека државата е сиромашна. Ама Македонецот е таков, става розеви наочари, им ги брои парите на комшиите и познаниците. Да, во едно семејство може влегуваат 1000 евра. Ама дали ги гледаш кои се трошоците и колку е поскапено буквално се. Тие двајца ако се пар со деца, имаат додатни трошоци. Може нешто и останува, некој си минимум. И јас не знам зошто пишувам на темава. Нова дефинција ќе ставиме на зборот “богат“ како сме тргнати.
Тие што идат во Грција на одмор (макар и мал-само 2 дена колку да бидат видени) и по молови, се lower and upper middle class. А, пак кукаат дека остануваат без денар. Сиромашните немаат пари ни за во Дојран и Охрид.
На оваа скапотија 1.000 евра месечно во семејство не се многу пари, а ако е семејство со две деца, тоа се малку. Што и 2.000 евра да имаат во семејство, кога апарати за домаќинство често се расипуваат, немаш квалитет како порано, шпорет да трае 30 години нема веќе, туку ни скапа за 4 години новиот, и ете ти даваш пари. Кола ако се расипе, даваш пари. Ако нешто се разболиш, скраја било, како што нема термини во државно, приватно ќе лупнеш 100 евра за прегледи и снимања и ако немаш некоја дијагноза, ако е само некоја лажна тревога, супер си. Син картон, регистрација на кола, се расипал лап топ, треба нов, треба да земениш телефон, се се тоа трошоци. Со 1.500, 2.000 евра месечно примања по домаќинство си комотен, не се стискаш, ќе тргнеш и пари настрана ако си одговорен, ама не си богат.
Праг на сиромаштија за 2020. Дури лани стигнале да израчунаат за 2020, тоа е последниот достапен податок. Прагот на сиромаштија за 4 члено семејство е 3600 евра ГОДИШНО. Значи ако во 2020 сте имале над 300 евра месечно, како семејство не сте сиромашни. За годинава е ваљда 350. Со минимална пензија од 153 евра си богаташ. 450.000 луѓе живеат со помалку од тоа. Данинг-кругер ефект за сиромаштија.
Ќути, уште се пребројувам да не утнав некоја нула. За 300 евра или за 3000 евра праиме муабет Да земам да ја приберам свекрва ми ако не, по цело јајце на доручек ќе јаде, растурџика- треба јајце на вода да праи и тоа да и е оброк за цел ден. Еве, и оваа Вивеки ме збуни со нулите.
И јас имам размислувано на темава и можам да кажам дека сме најчудна држава на свет. Ко прво, навистина приоритетите ни се ужасни. Имам пишувано по темите дека е океј некој да нема превише но да одвои за нокти, фризура итн., но на колективно ниво, непотребен фокус е на тоа... као, битно е да си ненормално дотеран за да излезеш надвор. За свадби ми е најгрдо, начинот на кој се дотеруваме е хаос. Во другиве држави ми се чини само невестите се професионално шминкаат, кај нас најголеми бизниси се шминкерки. Тука кај што живеам не можам да најдам шминкерка со повеќе од 200 следачи на инстаграм. И така често се прашувам како некои луѓе односно more specifically другарки што имам во околина си дозволуваат толку често некои работи, ама навистина мислам дека такви ствари во очи на нашиот народ се причина да земеш кредит. Сиромашни сме. Зошто? Затоа што уште е нормално 4 члени семејства да живеат во стан со 70 квадрата, половина народ живее во мали станови. Во држава кај што има нормални плати поинаку е. Нормално е да си купиш куќа, а само баш постарите луѓе кои се сами и посиромашните живеат во станови. Платите се хаос. Во Македонија е изграден социјален стандард на основа на германска плата, а германска плата во Македонија е скоро милионерска. И така опстојува и Ист Гејт и се. Бројот на луѓе што заработуваат во странство е ненормално висок. И тие ја прават државата да изгледа богата. Ама кога не си од Скопје и видиш како изгледаат другите градови... тоа се е маска, бар според мене.
Како тоа од идењето у Грчка на краците или Олимписки регион у минијатурни мизерни утепани „вили“ од праисторијата што ги нудат агенциите заклучивте дека не сме биле сиромашни? Ахам, добро ситуирани сме биле, фино. Абе луѓе штедат и на храна, кратат од лебот за да им остане некое евро на страна и да можат една ебана недела да идат да се издуваат малце на море и да се каже дека и они отишле на одмор и они си знаат како го крпат месецот ама иделе битно у Грчка, леле кое луксузирање и поим за имање пари.. Има поише типови на сиромаштија ама ај, не сме биле ние такви, супер животен стандард сме имале, идеален. Многу контрадикторности премногу се пишуваат, не сте изглеа свесни за тоа. И сте спомнале за моловите и шопингот, да точно дека идат луѓе по молови ама колкумина ги глеате онака јако да се натоварат со ќесишта, да не можат да се однесат до кола? Ја еве не сум налетала на таква глетка. Ако има такви примероци, поише се од Косоварите ама ај тоа е друга тема. Луѓево по моловите највеќе идат да се шлаат и да се прошетаат, да утепаат време, не дека ќе го испразнат цел мол ко шо се мисли. Кафичите и ресторани пак шо се полни, шо е факт мислам дека рековме како и на кој начин се полнат. Какво мислење бе сте имале одредени од вас, ко сите парајлии да сме и да живееме на висока нога. Дај Боже така да е.
Некои штедат и на храна и на леб, па пак не им останува некое евро за да отидат до Грција. Ни за пасош немаат. Тие луѓе влијаат на статистиките што сте ги постирале горе, а не овие што ги опишувате на темава. Има мнооогу сиромашен народ во државава, ама тие ниту со една ќеса во Ист гејт ќе ги видиш, ниту во ресторан, ниту на фризер, најголем дел никогаш нема да ги видиш и запознаеш. Точно е, ниту една од набројаните работи не е луксуз, ама кога веќе успевам да си дозволам работи повеќе од неопходното за живот, не можам да кажам сиромашен дека сум. А тоа што здравството и системот ни е катастрофа е друга тема.
Некој да нема пари да оди до друг град и за леб е екстремна ситуација и е многу gatekeep-y да се речи дека само тие се "вистински" сиромашни, иако сепак да, генерално сме сиромашен народ иако ете иаме за леб. Исто ова е точно за многу, ако сега сме во подобра ситуација, претходно не сме биле. Ако плаќаш кредит за стан (оти поинаку и не можиш да купиш) и после од сретствата шо ти остануваат преживуваш - не е то некое богатство или комотна средна класа. Ако не можиш да се одделиш од примарно семејство зошто купување стан или одење под кирија е изгор - не е то некое богатство или комотна средна класа. Ако едино место од кое можиш да пазариш е Кам или да скокниш до Лидл ако си овде во јужните градови каде поблиску е Лидл него Прилеп - не е то некое богатство или комотна средна класа. Шо пробвам да кажам е, ако јас како индивидуа не можам да заминам комотно сама да се одделам како возрасна, вработена индивидуа - и не живеам некој "комотен" живот. А ако веќе живееме во заедница, нормално е некои мини "луксузи" да си дајш пошто за до толку останува. Спомнавте одење Грција. Битола, а вервам можеби и Гевгелија ќе се согласи - одење Грција не е толку "длабоко". Голем дел, впрочем и во фамилијата имам, шо мора барем еднаш месечно да одат за лекови. Не е ова a want, ова е a need. Голем број семејства пазарат во Лидл, одма после граница шо е, пошто значително поќе се исплаќа на месечно ниво да одиш 1-2 таму да испазариш некои работи на големо него од тука. Да не беше сиромашен народот ќе одеше Веро и Тинекс и немаше да му чуе пат да прај за поефтино. И се ова влегва во туристички влез во Грција. А дека има сиромашен народ - е факт. Вие гледате некој на одмор бил, друг на викенд. Тој некој, ко шо реков, најголем процент е во заедница и не можи да се оддели па прај некое пренасочување на финансиите. Ама постојат и тие кои питаат на улица, бездомни, или на круната на Битола над Бајро кај мостот - колку пати ни струја, ни греење имаат. Сиромаштија до срж. Нема ни месец од ко имаше репортажа за девојче шо немала ни за смоки и дека и она е гладна. Гладна. Не знам дали го знајте дечкото по поправа и подарува компјутери, прекрасна кампања. Ама према бројот на компјутери кои ги има подарено - то е бројка на деца во државава со семејства кои не можат да земат компјутер, а децата треба да учат и како се ближат кон средно станва necessity иако некогаш било луксуз. Често и кампањи организираат кога ќе се видат условите на семејствата и дека е далеку од компјутер тоа шо им треба. Така да, заклучок кај мене е, народот е сиромашен. Некои можат куц туц некој луксуз да си дозолат ама често тој луксуз е на сметка на нешто (одење на одмор на сметка на тоа да живеат уште со примарно семејство, пазарење Лидл на сметка на тоа шо иди поефтино на месечно ниво итн).
Да де, овие што ги збориш се претставници на апсолутната сиромаштија, кои живеат на работ на егзистенцијата. Затоа викам дека има поише типови на сиромаштија. Овие другиве, не се од најсиромашните слоеви но штом се лишат од нешто и трпат за да си ги задоволат ете и дел од не толку опходните потреби, значи дека сепак не се во добра финансиска состојба. После одморот може месецот да не можат да го поминат и на леб и маргарин да се само ама ете и они имаат право на одмор, успеале собрале нешто, а после пак ќе се трпи.
Македончето не е сиромашно, туку е научено да си кука.. Ние сме 4 души во семеството со 1 плата од 1000евр., плус минус, излеваме на крај со кирија, сметки итн., кога можеме го доживуваме луксузот кога не можеме, нема, тука е крајот, не можеме сега да се правеме некој и нешто со една плата, останува и за на страна, се тера од плата до плата. Е сега останатите фамилии се научени де ова, де тоа, де детето да не се срамело, морало да има вакви патики, такви патики, ова она, па гости па што ќе им послужиш, па срамота било ако извадеш сок од 30 денари, а не кока кола, сега за празниците ќе почнат, после фебруари ќе кукат, немаме ова, немаме тоа, дека државата ни е заникаде, ни е, никој не вика ништо за тоа, но дека луѓето сакат од мечка слон, хехе, сакат, од немаме немаме, сега за Божиќ, елка, трпеза ова она, фул месо, после ќе страдат и накрај ќе ги видеме на одмор у Грчка !!
Овие типови пак Ќе шета цела година на соленки дестинации, нема да дојде на роденден на пријателот на дете дека многу трошок му се собрало, обавезно некој коментар дека многу деца трошоци. Ќе кука дека е на свадби викнат мислиш за лошо е. Од гости бега како од чума, прв е тој да оди некаде, ама уште во септември го зема новиот ајфон. себичност малку зар не?
Да не ме сфати catnight грешно, ништо лично, ама полна трпеза и летување во Грчка ако е луксуз, тоа доволно кажува колку сиромаштијата го има искривено менталитетот.
Различните животни искуства прават да имаме различни перцепции. Ама, ете. Факт е дека за патување ти требаат пари за престој, за храна, за бензин (или за билети ако патуваш на друг начин), за патарина и за пасош. Сиромашен човек не може да си дозволи ништо од ова. Нема ни за во домашните градови. Не само сиромашните, туку и средните и дури и богатите класи понекогаш се приморани да се откажат од нешто. На некој ќе му звучи неверојатно, но и богатите се соочуваат со кризи кои ги тераат да останат дома или да го скратат одморот. Лишувањето од нешто не го прави човекот сиромашен.