Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Македонците се навистина сиромашни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ahoy, 20 ноември 2023.

  1. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Лажен податок е тоа

    Па чим народот побегна по странство нормално дека македонците се сиромашни ко народ освен бизнисмените фирмашите.иначе ко народ сме гола сиромаштија
     
    Последна измена од модератор: 23 ноември 2023
    На Mnik, Kate karate, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.308
    Пол:
    Женски
    Сиромашни сме не само материјално туку и духовно.
    Ама кога вкупното месечно примање е помало од најосновната шопинг корпичка, сиромашни сме и по сите дефиниции.

    2 саати на кафе со мало еспресо и лажичката во уста и домат одмор од 5 дена во Грција во соба со мебел од пред граѓанската војна не е никаков фактор дека не сме сиромашни. Редиците во мол? Па голем процент живеат во заедници каде старите им подмируваат сметки и честопати полнат и фрижидери. Често им даваат и парички демек еве за децата. Тоа се си има удел кон нереалната слика дека се има. Тоа што имаш за леб не значи дека не си сиромашен. Затоа што народот многу нема, за малку, од ваму од таму се припарува нешто. И тоа не е доволно за солиден живот без стресот од каде и кога до следно припарување.
     
    На marsilia, Mnik, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    @Spicy Senorita не мораш да одговориш, ама ако си од Струмица, тој град е бомбона за другите. Врие од распарталени фасади на згради, тераси се ронат, неваросани јавни објекти, амбуланти што личат на подруми, а во многу институции компјутерите се од времето на Дедо Ное. Во Охрид после булевар Туристичка има еден дел, многу неуреден, дури и странците имаат забележано, па имаше коментари за тоа. Сето тоа е одраз на сиромаштија. И кога ќе поминам покрај општинската зграда, има дебели столбови, а на едниот столб одронет е и фали дел од некои 15 цм. Неметени, немиени улици. Во Скопје спомениците се хаварисани, не знам како да кажам, ама бојата не е таа што треба да биде.
     
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.971
    Допаѓања:
    35.126
    Пол:
    Женски
    Штом слават родендени, мекици во кафана со музика мислиш свадба е, па прво забче, па постапалки, па пола роденден, одредување на полот на бебето итн, има уште многу, не сме сиромашен народ.
    Само во Македонија се слави се и сешто, уште на мачките и кучињата останува имендени да им славиме, ама затоа па им слават родендени.
     
    На Sky-butterfly, *Amethyst*, KittyAgnes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Машки
    Не е точно дека во Македонија сите имаат ајфони. Впрочем статистиките покажуваат дека ние сме на дното во Европа по поседување на ајфони.
    Еве ви статистика за Октомври 2023. Помалку од 15% се користици на iOS. И ако се оди по сегментација на тоа кој iOS е во прашање ќе се види дека се работи за 3/4 па и повеќе години постари телефони.

    https://gs.statcounter.com/os-market-share/all/macedonia

    Да. Народотот во Македонија е сиромашен. Се наоѓаме на дното во Европа по сиромаштија.

    Дури и со другите контитенти ако се споредиме, како Јужна Америка, и таму има земји како Чиле на пример кои имаат основна плата од 700$, повеќе од нашата средна.

    На дното сме и по највеќе луѓе кои немаат сопствен дом и живеат со родителите сеуште.

    https://landgeist.com/2022/06/04/young-adults-living-with-their-parents/

    Ситуацијата во Македонија скоро па никогаш да не била полоша (освен во времето на транзицијата) од што е сега.

    Да, имаме екстремно богати кои што на грбот на обичните граѓани и преку криминали живеат во огромен луксуз.

    Ама за лажната слика е виновен "курчот" на обичните луѓе, на кои најбитно им е да држат некоја привидна слика на луксуз, брендинг и сељачизам. Како и секако приливот од странатво, најчесто преку печалбарење.

    Од друга страна, не сме ниту на ниво на екстремна сиромаштија да не можеме да ги задоволиме основните човекови потреби како што се храна, вода, струја, огрев.

    До некаде сме и развиени, највеќе поради периодот во Југославија, кој со годините полека се урнисува, како и се останато во државава пошто не се одржува. Најсвеж пример се здрaвството и железницата.

    Реално некаде може да се сместиме како земја од 2-от свет која секој ден тоне надолу.
     
    На Amellie13, Tajnaotrovna, Mrs. right и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Цела вистина ја пиша, во еден пост. Баш онака јас како што доживувам дека е.
    Мислам без навреди ама членов кој ја почнал темава, мора да е многу млад. Без животно искуство и познавање како се менаџира со домашен буџет и финансии. И јас бев вака, некаде до кај 22-23 години. После сфатив дека светот на возрасните е баш тежок, не е заебанција.
     
    На Mnik, VDT2906 и Thebotpet им се допаѓа ова.
  7. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Си и не си во право.зошто сите тие прослави се прават со помош од родителите на двајцата или со кредити.дури и за одмор земаат кредит.чим е тоа начинот далеку од пајарлии сме
     
    На Mnik, Kate karate, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.971
    Допаѓања:
    35.126
    Пол:
    Женски
    Незнам, јас не познавам во моја околина што родителите им помогнале, ретки се тие.
    Си кажав мислење, и за мене ќе си кажам, ни моите ни на мм неговите не ни помогнале, се сами дел по дел правевме, не наеднаш, зошто не сакавме кредити.
    А не велам дека нема и такви што не им помагаат родителите, познавам ама многу се ретки.
    Темава мислам дека е секој да си каже свое мислење.
    Никогаш кредит не би земала за прослави да се прчам пред народ, ни за одмор, ако немам не одам на одмор или ќе најдам поефтино, би земала само недај Боже за здравје.
    А знам блиски мои не сакаат пример мекици или било што да слават, не сакале свадба, освен со кум и поблиски, ама старите запнале за да се покажат пред народ, и кој е виновен?
    Старите или младите?
     
    Последна измена: 23 ноември 2023
    На Lilik, nextredstyle и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Ама не може секој да земе кредит. Ако немаш пари да позајмиш, ќе одиш некаде? Реално... Има луѓе кои никогаш не биле на одмор, ниту некаде на викенд. Е тие се за жалење. А овие другите што кукаат ич не ги жалам.
     
    На Lilik, nextredstyle и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека живееме во илузија дека не сме сиромашни, зошто мислиме дека одење на одмор во Грција, седнување повремено на ручек надвор и купување парче облека од зара е луксуз.

    Еве ќе дадам пример да гледаме вака на нештата: Сите викаме не дај боже да се разболеш во државава, со оглед на тоа дека државното здравство ни е скроз нефункционално, пожелно е да одиш приватно зошто ретко кој со посериозна болест може да чека да дојде на ред за операција. Колку од граѓаните мислите дека имаат вишок 3000/4000/5000 евра за операција?
     
    На Annath, Mrs. right, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.322
    Пол:
    Женски
    Со овие брзи кредити сега, верувај повеќето можат да земат кредит... ама ги одеруваат после.

    БТВ, во принцип, сиромашни сме, ама искомплексирани, затоа изгледаме несиромашно. Приоритетите ни се изместени, сакаме во очите на другите да изгледаме богато, и сме многу ограничени, сметаме дека само матријалните благодети не прават богати, а тоа го мислиме оти сме сиромашни.
    Тие што најмалку имаат, првата пара што ќе ја дочапат, ќе ја употребат за брендирана гардероба, само за да изгледа пред народот дека има пари. Секакви прослави по кафани, скапи декорации за маси, скапа облека, сето тоа е за да се покажеме пред другите, да не испадне дека сме подолу. И сите пробуваме да се импресионираме едни со други, додека дома се тони. И тоа е затоа што сме сиромашни. Да сме богати како нација, нема да имаме потреба да се докажуваме никому, убаво ќе ни е нас, и тоа ќе ни е доволно.
     
    На *Amethyst*, dunika, Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Тоа и ми беше муабетот. Таква нација сме. Мора да се докажуваме. Зошто ти да имаш, а јас да немам. Госпоѓата сакала да си го купи најновиот модел на пантолони. Сестро златна.. Некој нема пари да купи најевтини пантолони, па ќе моли за донации да му дадат облека. Уште ми се потсмеваат во фаца. На крај јас ќе се смеам.
     
    На Anyshka, nextredstyle и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  13. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.599
    Пол:
    Женски
    Да дополнам уште нешто кое го заприметив пред неколку години, нешто пред короната. Значи повеќето Македонци не се само материјално сиромашни, туку почнаа и духовно да осиромашуваат. Памтам еден период кога мнозинството беше баш по дружење и излегување и не беа со предрасуди, туку секој можеше да си најди друштво според себе. Е сега повеќе не е така, како некоја параноја да владее, особено кога треба да се договараш за излегување. Кафичите се полупразни, а на забави навечер е обично како бездушна атмосфера. Се што гледам е луѓе со мобилни во рака, снимаат сториња. За флерт е ужасно, маживе се како уплашени и се потпираат само на виртуелна комуникација, а голем дел од нив во живо се без манири. И упорно се истите муабети, без длабочина, без основа и суштина. Исто така емпатијата е на многу ниско ниво. Ова за мене лично е многу полошо отколку било каква материјална немаштија.
     
    На Lilik, Tanjamm, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  14. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    900
    Ние сме една голема мизерија и како народ и како држава. Сиромашни до бескрај. Ако некој купил ајфон од 40.000 не значи дека има пари, туку скратил од све друго, само за да се покаже. Не е она сиромашен до коска, ама не е и некој што има пари на располагање во секое време. Знаете кој не е сиромашен (иако ова е субјективно)? Оној кој не влага во маркет со дигитрон во рака да споредува цени и да види колку ќе заштеди. Оној што кога ќе седне на кафе или ручек го нарачува тоа што го сака, без да ја гледа цената, и да е приморан да земе нешто поевтино.

    Познавам другари и другарки кои цело време пијат мало еспресо наместо нес затоа што е поевтино, а после ќе пишат ливче на 200 денари или ќе си купат некое непотребно парче облека, а после ќе се стискаат.

    Паркинг не плаќаат, се паркираат на тротоари (мада ова и кај богатите го гледам) или пешачат по 500 метри за да заштедат 60 денари за два саата, а после ќе отидат во диско и флаша делат.

    Кај нас приоритетите се изместени, и за кејф и луксуз секогаш има, ама поправки во домот, на колата, телефонот или нешто за да се едуцира народот, никогаш се нема.

    Да, генерално сме сиромашна држава, со многу глупав народ.

    И ич не ги жалам тие што немаат (освен оние кои се стари или лица со физичка или психичка попреченост). Сите други можат да го запотат гзот и да заработат. Па да му се плукнам 400 евра се прават минимум, со најглупавата работа, само треба малку да те бива, и да се цениш повеќе.
     
    На Mrs. right, TamaraSJ, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    @BraBru а некој нема ни телефон. А најлесно е да се чека од другите. Што ми е гајле, ќе побарам пари од брат ми. Кога истите тие не би добивале помош, поинаку ќе размислуваат.
     
    На Miss666, Anyshka, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.031
    Пол:
    Женски
    Кога спомна расипување, стварно е така. И тој квалитет некогаш што бил, сега го нема.
     
    На *Amethyst*, Anyshka, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sugamama11

    Sugamama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Многу е интересна темава, од аспект што околу мене имам многу блиски и кои имаат пари и трошат, и кои имаат пари и се понашаат како да трпат за леб, и кои немаат пари ама буџетираат и не си скратиле од ништо со добар планинг.

    1. Прво и многу битно е дека секој си знае за него, колку примања имаат дома, како ги распределуваат, кој со колку располага
    2. Второ и најбитно е дека сме сите финансиски неписмени, вклучувајќи ме и мене до некој степен :D

    Дали сме сиромашни, јас мислам дека не сме. Исто така сме многу мрзеливи и сакаме парите да ни паднат од небо, сакаме да работиме од 9-5 па да си идеме дома да се испружиме на тросед и да пуштиме ТВ и да чекаме плата.

    Многу интересно ми е дека гледам луѓето почнуваат да штедат, имаат некоја шема на штедење и си се придржуваат до тоа.

    Тука со овој коментар сакам да ги поздравам сите групи на луѓе кои ги препознавам:
    (и нема да се фокусирам на екстремно сиромашните, ќе таргетирам само одредени групи)

    1. Луѓе со нормални работи, земаат некои 25к, си готват дома, не трошат никаде освен ако се приморани - тука не спомнувам намирници и слично за по домот

    2. Млади пубертетлии кои мислат дека знаат сѐ, а не знаат ништо :D - што мислат дека мама и тато треба да им овозможат сѐ што имаат нивните другари

    3. Трета категорија на млади кои се малку постари од овие вторите, кои ако нивните се добро ситуирани, имаат некои привилегии и финансии со кои располагаат и се курчат, алчни се
    - од друга страна нивните врсници, кои гледаат како живеат првиве, сакаат и они, што во помалите градови дури и почнуваат да се нафаќаат на нелегални работи за брзи пари, и после и они да се курчат и да се на исто ниво како првиве, не сфаќајќи дека само си прават штета

    4. Четврта категорија се студентите кои живеат среќно, они веќе знаат да буџетираат, коа ќе завршат факултет и сакаат да се осамостојат, ќе си најдат работа.
    Тука има подгрупи и ќе ги спомнам само тие што завршуваат факултет и не сакаат да работат ништо дури не си најдат работа по струка, така да сведоци сме и дека до 30години има луѓе што зависат од родителите, кои се препотентни и не сакаат да слушнат да работат било што. Или уште еден пример, студент на медицина кој изгубил некоја година, веќе е 30тина години и не сака да работи ни парт тајм работа за да има свои пари, знае колку пари земаат неговите колеги и вика дека почетна плата за доктор 80000ден (осумдесет илјади денари) е малку! (facepalm)

    5. Петта категорија ми се луѓето кои сакаат да сменат професија, на стари години упишуваат курс, факултет, магистер, академија, кои сакаат да напредуваат, битни им се парите ама се свесни дека треба да го загреат столчето по кој знае кој пат за да идат нагоре, исто им е битно да научат нешто ново, да излезат од комфорт зоната и да се надоградат, парите не им се во прв план, ама им доаѓаат како награда подоцна

    6. Шеста категорија ми се луѓе кои имаат примања над просечна плата, значи од 500е нагоре докај 1000 кои можат да си дозволат многу работи, им останува за на страна, и можам да кажам дека живеат нормален живот. Шетаат, купуваат, имаат место за живеење и движен имот

    7. Седмата категорија ќе ги ставам луѓето во IT кои живеат во својот посебен свет, имаат добри плати, имаат скоро сите свои станови, коли, шетаат низ светот, не им е проблем рата да плаќаат за стан од 500е нагоре, ама и кој за што си учел нели?

    8. И во осмата ќе ги ставам сите кои имаат така поооголеми примања, кои уживаат луксуз, имаат фирми, станови, куќи, носат квалитетна гардероба, излегуваат на посебни места кај што немаат допир со обичните смртници

    Не дека во минатото не се дотерувале луѓето, ама сега дојде моментот кај што да облечеш некое парче облека повеќе од еднаш е срамота, тоа е тоа што се промовира по инста. Мислам дека никаде не прочитав во коментарите за користење на кредитни картици, не е дека сите земаат брзи кредити, туку на кредитна картица купуваат ствари и после ги отплаќаат, скапи, мора да пишува Replay, Steve Madden, Calvin Klein etc. Имаат одбивност да си купат нешто од некоа чкљ продавница, демек ќе ги види некој дека од таму земале.

    Заклучок од целото ова е дека - не сме сиромашни, само сме мрзеливи . Ако ја сум здрав и прав човек, сакам да си дозволам некои работи во животот, ќе земам и ќе работам и 2 и 3 работи, единствено што може да добијам од тоа е да имам повеќе! Ама не размислуваат сите вака.

    И за крај ова мислење е лично мое, субјективно :D8) што би рекле у ЖДМ - Извинете за долгиот пост
     
    На Anyshka, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Не.
    Не се.
    Штом се купуваат станови по 1700 евра за м2,штом се шета низ светот, штом секој втор има викендица или апартман во Грција, Банско...штом се возат џипови и.т.н. значи дека не се страда за леб т.е. се има повеќе од просечно.
    Кафани во 16.30 пуни фул, исклучиво со резервација се оди, се пушат електронски цигари, жени напукани со хијалурон и маркирана гардероба...
     
    На Anyshka, Sugamama11, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Многу добро мислење аргументирано со докази и чиста вистина.
     
    На Tanjamm, eliesaab и Billy Idol им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Е ова. Зашо луѓето толку се потресоа и се разгневија коа клошариштава функционери одлучија да ги тргнат акциите по маркетите? Ако не ни значеше сево ова и ич не ни било гајле дали ќе купуваме на акција или по редовна цена, немаше никој да се буни, одлучиле така, океј, небитно.

    Или идеш у маркет, пазариш, пуниш количка да крца до горе, си ставаш се шо ти паѓа на памет, и ова слабо го глеам без разлика дали купуваат луѓе од ден за ден или еднаш неделно, тој шо има ќе наполни корпа и нема да се мисли уопште што и колку става, или да крати од нешто, да види да спореди да го земе поевтиното, квалитетно, помалку квалитетно, сеедно, него му е најбитно што е можно поефтино да помине.
     
    На Kate karate, eliesaab и Lilik им се допаѓа ова.