Абе не е поентата да рмбаш по 12 саати секој ден за да можеш нормални ствари да си приуштуваш ко полни корпи во маркет, одмор на лето, редовно подновување со парче облека и одреден уред за домот, неколкудневна прошетка низ некој град со Визер во годината, итн. Сето тоа е нормално, туку ние дека цел живот немаме, малце сме платени, па ни се гледа тоа ко луксуз. Ама реално не е.
@Mrs. right ама никој не полни до горе. Колку пати само имам видено да се става нешто и да се врати назад. Факт е дека секој сака да начека некоја акција. Само и кај нас маркетиве се испозанесоа, многу често цената е различна на каса. *** Народот почна и да отвара производи. Пример кам. Сум видела отворена фарба за коса, грицки, а последно отворена пица. Значи народот нема. Овие луѓе не ги оправдувам, ама сиромаштијата изгледа ептен чука на врата. И жално е што сè повеќе ќе има, многу голем ќе стане јазот. Не дека и сега не е, ама ајде.
Така е. И ја лично сум враќала, сум се премислувала, вреди ли да се земе или не и срам не срам, ќе си го вратам ако проценам дека прескапо ми е. И до горе ако се наполни ама стварнo да се преполни количка, појма неам колку би коштало сето тоа денес, ѓавол ипол. Тоа за цените да, затоа мора проверување фискални и пресметување до денар, да видиш дали ти се совпаѓа математиката. Тие што имаат, ич уво не ги боли нит па се замараат со прерачунање, секако освен ако не се некои кои ептен водат рачун и евиденција колку трошат и покрај високите примања. Леле, да, ова е прегадно ама и ја иам видено. Еднаш крофна гризната видов, ми се згади. Е сеа дали се дрзнал на такво нешто ради лакомост и некултура за да проба каква е, а да не плати или па вистина му се пријало, а не можел да си дозволи, не знам. Страшна работа е, како и да е.
Сликата на Били од погоре ме потсети дека знам машко лице кое се фали како во маркет оди со труп пари, ситни пари, а последните банкноти да се евра на пример, со цел кога ќе плаќа на каса да ги шармира продавачките и да ги јаде црвот дека тие малку заработуваат. Исто, фотографирање на едно исто кафе, пиво, јадење во ресторан од повеќе агли, со цел истите фотки да ги пушта другите денови додека е дома и нема пари за излегување. Споменувате 2-3 работи да работиме. Мене тој период ми фали, порано освен редовната работа, најдов еден, па уште еден, а потоа и трет хонорарен ангажман. Си одам на работа, викендов имам пример ангажман за една фирма, следниот испаднало нешто за друга фирма, трета недела за трета фирма и супер е. Одлично е за млади луѓе, но околностите се менуваат, се затвораат фирми, снижуваат цени до степен да не се исплати после итн. И сега би работела исто, ама немам таква опција на видик. П.С. за цени во маркети, во Стокомак никогаш не ми се случило на рафт и на каса да има различна цена, во други маркети имало случаеви.
@Tanjamm види, ќе работиш и сè тоа супер, ама животот не е само работа. На крај ќе сфатиш дека само работиш, а немаш баш и некои спомени. Ништо лично, само гласно размислувам.
@eliesaab таман работа, зошто да е лично. Туку онака додека си млад да ти капне некој денар секој месец од страна, освен плата. Не мора да е нешто бомбастично, туку ете освен плата, да знаеш дека овој месец си сработел нешто хонорарно, ќе земеш плус 100 евра, нека се и 50 евра, небитно, битно да имаш нешто плус. Додека си млад, после нема да имаш ни енергија, ни време.
Работев во маркет. Верувај дека тие што немаа купуваа само најосновни продукти и најевтини. На пример... Купуваат евтино сирење, евтини макарони.... Бараат средства за чистење и ми викаат - Дај ми го најевтиното. Исто и за детергенти за перење. Е тие ги жалам. Ама другите не. Купува жесток пијалок и ми вика немам пари, ама морам да го купам. Не ми е јасно... Зошто мора?
Затоа што докторот бара? Така останало од стари, мала пажња- Џек Даниелс или што и да е модерно за доктори сега Бтв, дали секој преглед во Систина кошта 4 иљадарки? Да имам болно дете 2 пати во месецот, да рачунам 8? Извинете на муабетов ама стар чоек, само во доктори му е паметот.
Па за жалење се ама ради тоа што се курчат и чаламат, а немаат. Затоа се за жалење. Е сеа добро, има и луѓе кои имаат, а све незадоволни се и да зима 5000 евра плата може некој ќе рече малку се, имаш секакви. Цело време зборам за оние кои вистина немаат, а се занесуваат дека имаат, глумат елита, трошат ко луди, за после да плачат ама стварно да плачат зашо останале без скршен денар, а самите се криви за тоа. И да, не дека имаат они уствари туку се праат дека имаат, а всушност и они се бедни, тие задолжените што трошат за глупости. Пак доаѓаме до она, колку што е долга чергата пружи си ги нозете ама ете не сакаат да се помират со фактот. Ваквите еден куп ги имаш тука, а ова не е одлика на висок стандард, напротив покажува колку сме за жалење.
Или ако евентуално кога одат на гости пијат нешто жестоко, па мора и они да бидат така гостопримливи. Пак ќе кажам. Не ги жалам. Ако можам јас да купам нешто поевтино, можат и тие. Ама не. Поубаво им е да се прчат. Да се истакнат дека нешто постигнале.
Спомнавте за скапи и жестоки пијалоци. Џек Даниелс? Тоа е за сиротињи. Ја се фрапирав коа видов колку може виски да кошта, и дека уопште го има достапно кај нас. Па ми текна еднаш, замислете некој наш зима кредит за да си го дозволи чудово, и да се осеќа ко елита. Спојлер Вреди за ова да се подигне кредит нели? Па шо бе, еднаш се живее. Плус очигледно внатре има дијамантски прав или нешто така. И после него може друг човек си, не знам.
Јас не ве разбирам со ова прчењево ептен. Еден форум што го отворам и пар слики и постови да прочитам, пак ќе кажам - сиромаштија. Луѓе што живеат со една просечна плата, или две минимални, од први до први, без да можат да тргнат денар настрана за непланиран трошок, се сиромашни. Луѓе што возат кола купена на старо, што на секое се расипува, што земаат кредит или одат во минус за да купат столици или фрижидер или што и да е, што се расипало, се сиромашни. И луѓе кои ќе тргнат по доктори се сиромашни, јер пример, една банална дијагностичка авантура неодамна, ги кошташе мои блиски само 500 евра, без вискито ( кое е толку заслужено за во врат да им го туриш, ама кој се разбрал со мафија). Ако си млад, живееш со мама и тато, и плата ти е за џепарац- да, лета магарето. Ако имаш семејство со деца кои по дифолт не заработуваат, платата треба да е бааѓи над просекот за да излезе есапот. А ако живееш на кредит, не значи дека си богат, значи само дека си задолжен. Јас од сиротињата сум @Mrs. right , јбг, во иднина ќе се консултирам да не се брукам за недајбоже
Ко да не е јасно што е сиромаштија тука. Сиромашен човек не купува алишта. Ги крпи старите. Сиромашен човек не оди на кафе ќе купи леб со тие пари,кај нас е се полно. Во моментов сум во кафана,четврток, а маса нема слободна. Сиромашен кафана со сите салтанати не видел,зошто му е прескапа.седи дома било тука било во странство. Сиромашен не става нокти на секои 3 недели. Сиромашен не плаќа интернет. Сиромашен не оди на одмор. Во однос на становите кои ги спомна референтка, а во Скопје се продаваат и по 2000 еур квадрат. Македонија е една од земјите во Европа со највисок процент на сопственици на домови, дури 85 отсто од Македонците живеат во сопствено живеалиште. Со Хрватите го делиме истиот процент, а следуваат Литванија (84 отсто), Словачка (81 отсто), Бугарија (80 отсто), Србија (79 отсто) и Полска (74 отсто). Најнизок процент на сопственици на домови има во Швајцарија, Холандија и Шведска со под 10 отсто, но таму е многу поголем процентот (од 50 до 60 отсто) на тие што поседуваат живеалиште под хипотека или го отплаќаат преку долгорочен кредит. https://faktor.mk/kolkav Е сега многу трошиме на ќејфови. Кафе може и дома да се пие,ама послатко е во друштво надвор седнати. Може да се оди со точак секаде ,ама покомотно е со кола. Може да се направи вечера дома и да се собере друштво ама музика на увце и расположение ко во кафана нема. Може и да се социјализираме само на форум ама тоа е тажна имитација на некој реален живот. И тогаш би ни останувале повеќе пари но животот е само еден. На крај и парите и кога ги имаш многу не значат многу ако животот ти е сведен работа/дома и толку. Всушност не значат ништо тогаш.
Па не е јасно што е сиромаштија, Како е прагот на сиромаштија 300 евра месечно во мк, а 800 во Хрватска? Нешто 2,5 пати е поефтино во мк? Некое семејство со 2 деца со 400, па и 500 евра месечно да живее, за тебе не е сиромаштија? Никогаш нема да ги видиш нив во полните кафани, ама не значи дека не постојат. За сопствените живеалишта, и во двете земји, поарно да не почнувам. Сиротиња во распад и новокомпонирани фавељи- баш симбол на доминантна сиромаштија и новорастечка мафија, јер второто без другото не оди. Затоа половина од двете држави се испразнија, оти мед и млеко
Тој што нема пари нема да купува виски. Може да се задолжам за Не дај боже, ама за да се дотерам и да шетам по кафани, не фала. П.С. Тука алкохолот поевтин од Мк.