Се согласувам, се работи за приоритети. А имам приметено кај сиромашното население, чим стигнат до некој денар повеќе ( дали од работа, коцка, лихварство, ќе излажат некој да им даде пари, u name it) тогаш излегуват по кафичи, кафани, на одмори, и после остатокот од месецот се мачат. Скоро кај сите е така. Оти се навикнати цело време на нервози и бел ден да не видат, па кога ќе фатат малку пари се опуштаат, јер и тако живимо од дан за дан. Ќе ги истрошат парите и после пак наново. Страшно е шо, повеќето од тие шо секој ден или скоро секој ден си дозволуваат такви работи, се навикнати и од друго место да вадат пари ( као погоре примерите шо ги кажав) оти платата не стига за се. Сиромаштијата те тера на се.
Добра тема, се прашувам дали живеам во Македонија или сонувам? Каде се тие фабрики што зимаат почетна плата од 600 евра? Па можело да се достигне и 800-900 евра, дај кажете ми да знам, веднаш ќе ја напуштам канцеларискава работа и ќе работам во фабрика. Дека сме сиромашен народ сме, ама дека кафаните се полни и преку недела се, а дојде продолжен викенд сите се некаде, тераат по 2-3 одмори, летен, зимски, викендашки. Каде негде во странство се видело после работа во кафана, е тука го има тоа, а после кукаат, па Македонците каде и да одат сегде се исти, имам блиски во Германија скоро секој ден се со софри, со друштво, ова го има и кај нас, некој пишал сиромашен народ не оди во кафана туку се собира со друштво дома, а тоа не кошта ли пари? Па само еден пар да дојде со децата и ние двајца со деца испод 100 евра нема шанси само за мезе, а каде е пиењето?Па некој ако пие некои специјални пијалоци каде ни е крајот, знам пар од кои само сопругот работи, 3-4 пати во неделата се со друштво, па тоа софри какви што ги нема ни во кафана, гледам жената кога објавува, храната незнаеш дали е солена или блага од толку работи, ролати разни солени, па благо разно, и кукаат немале, секој викенд се по кафани, за продолжен надвор, летовање, зимување и сме биле сиромашен народ, аха сигурно. Гардероба нон стоп марка, а Зара некои мислат дека е wow, па прочитав купувале алишта и шетале бидејќи старите им плаќале сметки и им полнеле фрижидер, незнам јас не познавам мои блиски дека им плаќаат сметки исто и ние сами живееме сами си плаќаме, сами полниме фрижидер, блазеси им на тие што старите водат сметка за нив, ама еден ден ќе ги нема па ќе мораат самите.
€600 е моменталната плата на особа шо познавам од таму. После гооооодиииини искуство + стаж. Ти можиш да збораш за семејство, ама семејство е и самохран родител + деца. И дете не смеј да трпи. Ама со моментални плати и рати за кирија - трпат. Пак ќе прашам, кај се тие фабрики од старт каде би добиле €600-800 плата. Утре отказ ќе дам и ќе одам таму. Велиш кој сака да работи. Сакам. Прати ми.
Какви се тие фабрики шо ги зборите? Шо се работи? Прв пат слушам некој да зема толку во фабрика? И каде се наоѓаат?
Па не знам. И јас прв пат тука слушнав. Зато и прашав кај се. Одма отказ давам иако имам редовни покачвања тука кај шо сум. Во претходното мислење само шо додадов и цитатот ради кој прашвам.
Во Источна мк, поточно од таму кај шо сум, сите фабрики се на минимална плата. Иам пријатели тамо и ми кажуваат. Е сеа тие шефови шо се, не газдите, тие едвај дали земаат некои 2000-4000 плус. Па јас да знаев дека има такви фабрики во Мк одма ќе одев да се вработам таму. Пред 5г. иам работено во оранжерии, платата ми беше 18 000 а ќе скапеш од работа.
Јас познавам такви. Затоа пишав претходно... Така прават затоа што знаат дека ќе добијат помош. А што да кажат оние кои не можат никаде да мрднат затоа што немаат финансии? Ужасно се иритирам кога некој се занесува дека е некој и нешто, а всушност е гола вода.
Па дај отказ кој те спречува. 600 евра ти е е почетна плата со бонус за остварување/норма достигнуваат 800. Знаеш дека имаат таков бонус,па додаток за работа во смени,празник,прекувремена? На 3 месеци зголемување плата. Ако сакаш да работиш во фабрика аплицирај во било која ќе почнеш уште утре,секаде бараат. Без цепидлачење тоа е солидна плата “сиромашен”.може да ја работи и нема потреба никој да трпи,ама не им се работи,мрзливи се. И тоа е.
Кои се тие фабрики па згора на тоа и Романци што доаѓаат од Европска унија кај нас да работат. Јас живеам во Романија па баш да им кажам да си пакуваат куферите во Македонија работа ги чека. Мене тоа просто ми е чудно. Не верувам да дошле да работат како обични работници, којзнае за што се дојдени. Да не е Романска фабрика можеби па...? За слободна работа има за имање колку сакаш, тоа си во право, само дека има така достапно да се стигне над 600 евра што знам...
Им се собираат, дека работат ноќни смени и празници, знам по блиски, имам доста по фабриките. Не збораме за основна плата, туку колку им се собира на крајот од месецот.
600 евра почетнА во фабрика? Нема шанси, не знам која е целта да се претставуваат работи што немаат никаква допирна точка со реалноста.
Ван Хол ви е исто почетна 500 еур. Нема фабрика што има пониска плата од 500 еур. Кемет,Бунарџик. Фабриките даваат солидни плати тоа е факт.
Познавам и такви, јас пишав од тие што ги знам, овие немаат помош од родителите на двајцата им се починати, е сега дали кредит зимаат незнам ама и не даваат на секого освен оние брзи кредити што се ама тоа се лихвари легални и после низ нос тие пари. Познавам и комшии кај мајка ми немаат за леб а работат и двајцата ама тој човекот имаше разни операции и на боловање е исподадоа куп пари по болници па негде државно не се нафаќале за друга операција ги праќале на приватно, ене го човекот така седи неопериран зошто цела заштеда ја дадоа по болници, за лекови, и мајка ми колку пати им дава храна. Има сиромаштија да, ама овие што викаш не мрднале од дома не да одат по кафани, некои се фалат пред народ само.
Па сестро, тогаш ич не спомни, се знае дека на таа страна се поголеми платите. Одете малко во Источна да поработите во фабриките, се кладам дека сите патриоти шо се ќе си извадат бугарски пасоши и ќе заминат.