Косми ок е. Имам колешка во Европа зема 26 сосе викенди. А и не е поентата сите во фабрики да работиме или ИТ. Не сите сиромашни се невработени
Неможам на @Cosmi да го најдам коментарот. Како ми нема фабрики испод 500е??? Другарка моја шо живее во Гевгелија работи во фабрика, каде платата е минималецот 20 - 21000 , ама тоа е за цел месец, а фабриката не работи во недела, па така си зима по 18 000 . И најлошо е шо нема кај да пријави, пошо сите се подмитени. И таму странски компании се научна фантастика. Нема. И тие шо ги има, го лажат народот, го рмбат без пари и ги снемува..
Епа и Ванхол е натака, и се работи во 3 смени, знам како е во помалите градови, еве постојано има огласи, има организиран превоз од Скопје, Велес, Куманово и Свети Николе, во источна веќе сите се испоселија, ама овде зборуваат како некој ако сака може да работи и по две работи, еве 8 часа е работно време, превоз натака и навака 2 саати, тоа ти се 10 саати, и ајде оди работи втора работа утепана цел ден на нозе, а не рачунаат дека не дај Боже можеш и да се разболеш, па луѓето не се роботи, еве некои со мали деца како ќе работат кога градинките работат само една смена.
Мене се повеќе ми мириса темава на политичка агенда, и тоа од оние најдолните и највалканите, да не убедуваат колку ни е убаво и да сме среќни што имаме леб да јадеме. Божем ние не знаеме како е, колку се платите по фабриките и како крај со крај се сврзува, мора ботови да ни кажуваат дека не сме сиромаштија. Доволно е да се прошета по Ресен, Гевгелија, Виница да се види, како времето да сопрело. Пола раселени, а тие што останале едвај месец поминуваат. Да, може некој од таму да се чувствува богат само ако татко му е еден од оние 5 транзициски хоштаплери за кого работи пола град. Или партиски упикан во некои од оние организации за фитр, еу, останати фондови и лапа гага пари за фиктивни бизниси. Нека ги извади розовите наочари на враќање од Миконос, и нека види сограѓаните негови како му живеат. П.с и на социјални мрежи почнале со платена пропаганда. Реклами еден куп за колку е зголемена платата од 2016 до денес. Ама никаде за колку е зголемена потрошувачката кошничка.
Може да зимаат 500 евра плата шефовите, не верувам дека и работниците, можно е со трети смени и празници, ама почетна не ми се верува дека е 500 евра.
Ех да ми беа цените од 2016 Вреќа пелети беше 160ден, сега е скоро 300... значи од тука тргни.... да не кажувам за цена на месо, јајца, сирење, кашкавал. Знам колку давав во маркет за неделна потрошувачка тогаш, а колку сега. Платите се зголемени, точно, ама цените многу повеќе.
Епа тоа сите го зборат дека платите се покачени, ама никој не зборува дека и се е покачено по маркети и пазари.
Се е поскапено дупло, ако не и повеќе од тоа. Треба минимална плата да имаме 30 000 само и само за да имаме исти приходи како што сме имале во 2016. Многу лесно може да се направи една анализа, и имаше некаде на интернетов за лани, за тоа колку проценти се цените покачени, а за колку платите, и дека не ги следат. Иначе само од Август до сега имаме 10-12% инфлација официјално. Неофицијално којзнае колку. А луѓето највеќе се осиромашуваат (крадат) во вакви времиња.
Збориме дека сиромашен може да најде работа ако сака наместо да кука се нема. И може. Ама прваци сме з акукање. Ако нема во твојот град ке одиш во соседниот како во цел свет. А за инфлациии е друга приказна.
За тоа се сложувам... од себе тргам. Ни 2 дена без работа не би се оставила, колку и да е, каква и да е. Во меѓу време ќе барам нешто поадекватно, ама да седам дома да не работам, и да велам дека се нема... тоа кај мене нема да се случи.
Тоа и го прават. Масовна миграција имаш од секој град кон Скопје. И уште помасовна надвор од државава. Луѓето се селат за подобар живот и достојни примања. Највеќето од нив се селат поради економски причини. Безработица, ниски плати и приходи кои се субстандардни за потребите на едно семејство ги опустошија градовите во внатрешноста. Од друга страна имаме под 15% невработеност во државава, рекордно ниска. И тоа повеќето се водат така затоа што не им се ажурирани податоците, а се заминати на сезонска работа во странство, други работат неосигурани, а трети се фриленсери. Реално дали и 5% невработеност имаме. Така да, мрзливи луѓе што не работат и кукаат се многу мал број. Поголемиот се оние што работат, и кукаат затоа што со платата едвај го гураат месецот.
Работа се наоѓа, плата шо стига не се наоѓа. Мојот бивши свекор работи за 500ден дневница моментално. Повеќе од 8 саати. Друга работа неможе да најде. Во друг град неможе да оде. Тоа е изживување. Ти би работила за 500денара дневница на ова време?
Работа ќе се најде, на одмор ќе се отиде па и некоја солидна кола ќе се купи. Но, на сметка за што? Пари се има, но верувајте истите тие пари догодина ова време ќе имаат пола вредност од сега. Не сме сиромашни сеуште, но со вакви плати каде и да е ќе станеме. А, како што сме пасивен народ само ќе си ќутеме и ќе не изедат.
Ама муабетот не е само за сиромаштија кај што седиш во шупа невработен со 10 деца и чекаш помош од државата. Да, ние не сме до таа мера сиромашни ама сме до мера кај што се потресуваме да не ни притреба забар или ти се расипе колата или чешмата оти тие вишок трошоци во минус ќе те отераат. Инаку баш кажував кога барав работа, на клиника на едно место во фаца ми се смееја и ми кажаа дека непријавена ќе работам ако ЕВЕНТУАЛНО би ме примиле таму. И тоа користат многу работодавци, мавтаат некого што е без искуство, што нема избор па му ја вадат маста. Демек ај бе од нас поарно да не најдеш, седи ваму и ќути. Зборот ми е разбирам ако некој не сака да прифати да работи дај шта даш. Одреден период да, ќе истрпиш. Вечно не. И не оправдувам сега мрза и неработење туку сакам да кажам ете зашто некои малце подолго барале работа или дале отказ од некаде, иако "битно течела платичка и пријавен си бил"
Апла пропагандата пак почнала да работи, таа уствари никад не ни престанала, ова е страшно и не ги банираат и не, до кога вака ја не знам. Како бре све истиве ги има за вакви работи аман стварно аман. Им фали уште некој за екипата да биде комплетна. Па како само испланирано ги отвараат темиве, срамежливо и наивно ќе пристапат, ќе те намамат за после да почнат толку јако да пробуваат да те убедат, точно си знаат кој што треба да пише. Само не знам кој будала го прават, свесни се луѓето и не се глупи па среќа не им успева. 30 000 како ги претстави ко мислиш 300 000 се па има работа вика, кој сака нека работи, нека повели. Готово, не убедија дека сме богати, нема што поише да се дискутира. Ботовиве се спремаат за избори, го подготвуваат теренот, и после секнале парите нивни, е не секнуваат, обезбедени за цел живот си се они, а тука ќе солат памет дека има работа, има и добра солидна плата само работници нема, море мрш. Они толку нека зимаат и нека бидат вака богати.
Ама работат и пак немаат, го кажав проблемот со комшиите на мајка ми, па знаете ли колку има такви случаи? Човекот незнам колку операции има направено и тоа државно еве сега не му се нафаќаат дека ризично било и го праќаат приватно а еве и двајцата работат, жена му освен што работи оди и чисти по куќи 2-3 пати неделно, секој ден сака ама неможе да го остави сам, освен бај пасови, стентови има и мозочен удар и колку може да земе плата кога година ипол е на боловање и по болници, еве како да работи овој човек? Можеби во ваша околина нема вакви случаи ама верувајте дека има многу. И неспоредливо е со цел свет каде што има метро и се стига многу побрзо и во подалечен град а не тука со крнтија автобуси и патишта со дупки за 2 саати ќе се стигне и до најблискиот град.