babylove овошни кашички

Дали Нил Армстронг навистина стапнал на Месечината?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 4 јануари 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    52.733
    Пол:
    Женски
    Ми падна на памет ова за кое неодамна читав нешто на Интернет, па бидејќи немаше ваква тема, барем јас не најдов, решив дека не е лошо да се подискутира. Ако не е како што треба, нека биде избришана.
    Имено, досега знаеме дека Нил Армстронг бил човекот кој стапнал на Месечината на 20 јули 1969 година.

    [​IMG]

    Меѓутоа, протекоа некои тези дека всушност тоа било лажирано.
    Една информација е дека Армстронг одбил да се заколне врз Библијата дека прв стапнал на Месечината. Ова го објавил новинарот кој тоа го побарал од Армстронг но бил одбиен. Еве и видео



    Некои други ги анализирале фотографиите снимени на тој чин и нашле некои грешки на нив кои укажуваат дека се лажирани и дека тоа не е Месечината.

    Кое е вашето мислење околу оваа тема?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.973
    Пол:
    Женски
    Дека фотографиите се лажирани било откриено уште од 69та кога „отишле“. Русите откриле дека сликите се чиста монтажа (а и човекот што ги направил призна, видеото излезе пред некој месец). Тоа отсекогаш се знаеше, само Американците не сакаа да слушаат и демек вааа стапнавме на Месечината. И самата НАСА си признала дека ги лажирала сликите, но не го лажирала и самото слетување на Месечината (камерите се расипале поради некои си глупости) и упорно тврди дека Нил Армстронг стапнал на Месечината и дека таму стои американското знаме.

    Јас сметам дека тоа не е точно, и дека со тогашна технологија не би било возможно да се слета на Месечината. Лошото е што никогаш нема да дознаеме дали стапнале или не, поточно нема да се докаже дека не стапнале бидејќи не ми стои дека некој ќе стапне во скоро време. Освен ако не отидат Русите и да докажат дека нема никакви стапки таму, а да отишле ќе имало бидејќи нема ни ветер ни дожд на Месечината. Но овие од НАСА пак ќе рипнат, бидејќи по некои си нови истражувања имало ветер и дожд. Останува уште да се докаже дека на Месечината го нема фамозното знаме и да престанат со лагата НАСА, и најважно, да престанат Американците да се кочоперат.

    Друго лошо е што сегашните постигнувања не можат да се истакнат и да добијат толкава слава поради тоа што овој наводен успех ги засенува. Пример, неодамна се спушти Розета на една комета по цели десет години патување и сега ќе земе примероци за да се истражи составот на кометата. Колку време беше ова актуелно? Три дена. Еден Гугл што го стави на логото и на вести еден ден што го кажаа. Додека за фамозниот подвиг од 69та до ден денес се зборува. Е супер.

    Уште едно лошо е што малите деца на школо учат дека Нил Армстронг бил првиот човек кој стапнал на Месечината, и еве уште има луѓе што веруваат во оваа, за жал наместена сцена од страна на НАСА. Се надевам дека ќе се докаже што побрзо дека нема ништо од тоа, иако некако не ми се верува. Паметно од НАСА сепак, ќе направиме слики, ќе кажеме дека сме се качиле на Месечината, никој никогаш нема да дознае, нели? Народот верува во сè што ќе му се каже, особено пак ако е некој успех на својата држава. |( You get that? Yes, Americans, you get that? :wasntme:

    Хејтерско мислење знам, ама многу за оваа тема најмногу сум се расправала во животот. :D
     
    Последна измена: 4 јануари 2016
    На Kolumbo, SimonaTino, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    101.991
    Пол:
    Машки
    Има американско знаме на месечината.
    orion_moon.jpg
     
    На Annath, PaLaVa, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  4. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    445
    Јас на овие им верувам исто како што им верувам и на нашине бандити- фалсификатори на лични карти и пасоши и лепени разговори за прислушкување...од иста школа се учени.:D
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.108
    Пол:
    Женски
    Preku glava mi e od stupidni teorii na zagovor i nivni polunormalni teoretichari zhedni za publicitet. A ushte povekje maka mi e shto polovina svet veruva vo sekoja novoizmislena glupost shto kje ja vidi na internet. Mislite taka lesno bilo da se lazhira i rezhira vo uslovi pri koi Sovetite isto taka gi sledele site vselenski komunikacii. Rusite nikogash oficijalno i javno ne ja stavija pod znak prashalnik vistinitosta na ovoj nastan, taka shto... nema prostor za diskusija - da, Neil Armstrong stapna na Mesechinata vo 1969-ta i ushte nekolku pati posle toa Amerikancite go povtorija toj potfat.
     
    Последна измена: 4 јануари 2016
    На WildMk, Someonespecial, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    3.121
    Помирете се веќа еднаш со тоа дека тие биле на месечината а вас не ве земале со себе.

    Штом русите не се бунеле, штом на викиликс нема ништо за тоа, штом растојанието меѓу земјата и месечната е мерлива со ласер поради поставените огледала таму, и не како последно штом LRO леталото кое врши детално мапирање на Месечината 2012 год. ги има фотографирано американските знамиња од 60-те и 70те - значи дека биле таму спуштени.

    Скопското астрономско друштво меѓу многуте други предавања неколку години по ред имаше и со тема: „Бевме ли навистина на месечината?„ а минатата година истата тема делумно ја обработија во предавањето за Теориите на заговор. Верувам и оваа година (обично доцна есен) ќе го држат истото па појдете и уверете се самите. Или прочитајте го текстов на српски за конспиративните теории околу слетањето на месечината и зошто истите тие теории не држат вода.
     
    На WildMk, Црна Ружа, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.323
    Се натпреварувале Русите и Америте кој попрво ќе стигне на Месечината. Работење нон стоп, полна пареа, се во најстрога тајна чувано, ама знаеле и едните и другите се ближи денот. Појдуваат америте, летаат летаат, поблиско и поблиско и се слуша...
    -Ало Хјустон, имаме проблем! Овие Русите стигнале пред нас и ја офарбале Месечината црвена.
    ...

    ...

    Хјустон?

    - Вие напишете Кока Кола.


    :D
    Бум бум тиш!
     
    На Someonespecial, Kolumbo, Snow-Star и 6 други им се допаѓа ова.
  8. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    Јас имам слетано на месечината еднаш во животот на 25.05.2007 година :sun::sun::sun:
     
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.755
    Пол:
    Машки
    People, pls.

    Не ме терајте да се разочарувам од вас и да се посомневам во вашата интелигенција.

    Секако дека Нил Армстронг навистина стапнал на Месечината, како и впрочем уште 11 астронаути по него.

    Искрено, не ми е јасно зошто овој идиотски (и so 80s) conspiracy theory сеуште постои - докази за слетувањето има еден куп - почнувајќи од карпи и примероци донесени од Месечината, завршувајќи со слики од Lunar Reconnaissance Orbiter, на кои јасно се гледаат местата на слетување и трагите од астронаутите (секако, освен ако не верувате дека и овие слики се излажирани од Илуминатите (facepalm)).

    Сликите од LRO: http://www.nasa.gov/mission_pages/LRO/news/apollo-sites.html
     
    На WildMk, Someonespecial, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.973
    Пол:
    Женски
    Значи сега и фотографиите од 69та не биле лажни? Самата НАСА си признала дека ги монтирала. Зошто НАСА едноставно не признале дека немаат фотографии од фамозното стапнување, зошто го лажела сопствениот народ а и сите други.
    По ова монтирање, секоја можна фотографија може да биде монтирана, па дури и тие на LRO, иако изгледа смешно. Само што во вистината никогаш нема да бидеме сигурни, барем јас, сè додека не го видам со свое око американското знаме на Месечината, односно никогаш нема да верувам дека овие стапнале на Месечината, како што нема ни да им верувам на Русите ако стапнат и тие, бидејќи се работи за Месечината а не до продавница во маало.
    Зошто денес не отидат на Месечината? Дали можат со денешната технологија да се спуштат на Месечината со нејзината слаба гравитација па уште и знамиња да местат? И сето тоа во 69та година пред четири ипол декади кога светот не ни личел на тоа што е денес.
    Колку и докази да има, сите се наведени од НАСА, штом лажеле тогаш, зошто да не лажат и сега? Јас не верувам дека некој слетал на Месечината, тоа е сè.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Зошто некој режисер неколку дена пред својата смрт би снимил видео во кое признава дека слетувањето на НАСА на месечината било лажно и дека тој самиот го снимил? :smoke:

    Јас не велам стапнале, само прашувам.
    Инаку Русите беа или не беа на месечината? :^)

    Ах да, сигурно поцрвенува месечината од срам, се истепаа Американците и Русите кој прво да ја посети.
    :$
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.973
    Пол:
    Женски
    Наредил видеото да излезе во јавност по 15 години, за дотогаш директорот на НАСА од 69та да биде мртов.
     
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.755
    Пол:
    Машки
    Лелич, пристрасен сум, признавам, симпатична си ми, па ти простувам. :)

    But, c'mon!

    Да се разбереме, НАСА никогаш не признала дека ги монтирала фотографиите - не знам од кај ти е информацијава, ама дефинитивно не е од официјалната страна на НАСА или некој друг веродостоен извор.

    Ако ти и @Lella мислите на наводното видео со Стенли Кјубрик, ќе ви простам, пошто сте млади и најверојатно до сега не сте ни чуле за него. Филмчево е дискредитирано набрзо по неговото појавување по нетот, ама за жал вистината (дека видеово е фалц) не е толку интересна, како теоријата за лажното слетување на Месечината. Инаку, дури и човеков на филмов не е Кјубрик. :D

    Еве ја изјавата од неговото семејство за овој „вистински“ филм:

    "The interview is a lie, Stanley Kubrick has never been interviewed by T.Patrick Murray, the whole story is made up, fraudulent & untrue.” (y)

    Затоа што Лела реално, Месечината е тапа, од аспект на истражување на вселената и немаше потреба да се оди ни во 60-ите и 70-ите. Слетувањето на Месечината беше дел од Студената војна меѓу Русија и САД и борба за престиж и доказ за супериорноста на една од двете идеологии.

    За Месечината можевме да дознаеме се што може да се докаже и со unmanned сонди, бидејќи реално, практично секое место во вселената е поинтересно во Месечината. Затоа и откако не успеале да стигнат први, Русите скроз го баталиле слетувањето на неа, затоа и по неколкуте успешни Аполо мисии, веќе ни Американците не одат.

    Инаку, не знам стварно зошто сите мислат дека технологијата тогаш била премногу назадна за да се случи се ова - Русите уште во 66-та со Луна 9 успешно слетале на Месечината и истата година испратиле сонда која слетала на Венера. НАСА во 77-ма ја испратила Војаџер 1 сондата, од која сеуште ни пристигнуваат информации, од самиот раб на Сончевиот ситем.

    На крај, кој го интересираат conspiracy theories за Месечината и објаснувањата (досадни, но вистинити) за нив: https://en.wikipedia.org/wiki/Moon_landing_conspiracy_theories

    И еве, да не биде дека сите докази потекнуваат од НАСА и САД, листа на third party докази за слетувањето на Месечината: https://en.wikipedia.org/wiki/Third-party_evidence_for_Apollo_Moon_landings

    Верувајте, вистината за вселената и човечките напори за нејзино освојување и осознавање се многу поинтересни од сите теории на заговор собрани на куп. :D
     
    На WildMk, Annath, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.973
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Очиве ми истекоа, ја прочитав цела статија на Википедија за теориите на заговор, особено обрнав внимание на оние за фотографиите и мислам дека, ако не друго, барем сликите се лажни.

    За жал, изворот не можам да го најдам, го обрнав цел интернет, но сигурна сум дека некаде прочитав (или гледав) дека НАСА признала за сликите, но не го одрекувала слетувањето, сето тоа накај 70те години, не сега. Патем, имало и нешто во 2009 година, та ги загубиле снимките, ги преснимиле, затоа сега им ги немало, што ти знам, тогаш сум била премногу мала да обратам внимание. Само што од ова што го читам сега, цврсто стојат на тоа дека и сликите се вистински, што мене не ми се верува, особено пак оние high quality фотографии од Нил до знамето, па какви сакаат фотоапарати нека имаат.

    На видеото на Стенли Кјубрик не се потпирам многу, и да е вистинито, џабе е, кога не е доволен доказ дека сликите се лажни. Најдобар доказ би било признавањето од НАСА, кое за жал не можам да го најдам никаде, а можеби и не го ни имало, но веројатно не ме лаже мозоков до толку. :?:

    За тоа дека слетале на Месечината, сè уште не се согласувам, нема ни да се согласам веројатно, иако, морам да признаам имаш добра поента, како и секогаш всушност, тешко е човек да се расправа со тебе. :lol:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Мене Bender Rodriguez скоро ме убеди. Уште нешто да принапише и готова сум. 8-|
     
    На Bender Rodriguez и Elena69221 им се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.923
    Нил Армстронг стапнал на Месечината, колку што јас имам стапнато на Јупитер.
    Не ми се верува дека сеуште постојат луѓе што веруваат во ова. (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.755
    Пол:
    Машки
    Најверојатно си го видела во некој квази-документарец, таму најчесто можеш да видиш и чуеш све и свашта. :)

    Како и да е, да беше лажирано, мислам дека Русите ќе беа први што ќе рипнеа за ова (додуша, да знаеа дека волку луѓе по светов и ден денес ќе имаат сомнежи за слетувањето на Месечината, сигурно ќе го пуштеа муабетов уште у 69-та :D). Ама не - си ќутеа као мулиња, затоа што го следеа Аполо на патот до Месечината, неговото слетување и враќањето на Земјата, преку радар.

    Освен тоа, имаме и нели third-party слики од местата на слетување од Јапонците, Индијците, 300 и нешто кила камења донесени од Месечината и анализирани во повеќе светски лаборатории, можеме да ги детектираме рефлексиите од огледалата оставени на Месечината како дел од експеримент, итн.

    Не се секирај, не инсистирам да се сложиш со мене, па дури и ако си останеш на сегашново мислење, пак ќе те рачунам за еден од моите омилени ликови на форумов. Само те молам, ако си го смениш мислењето на темава, сега или некогаш у иднина, информирај ме. :)

    Поздрав!
     
    На WildMk, Jenniffer, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.743
    Пол:
    Машки
    Никад нема да дознаеме....
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    не верувам..
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.323
    Видете вака дечки. Да ако требаат вицови, ок, да се смееме. Ама за озбилно, да се нацртате на темата во строј, кој знае за каде изволте, кој не знае нека најде, за домакински муабет во стил, комши оти мојата жена со мали цицки а децава ни се два метра а твоите деца ептен мали а жена ти...ама со резон муабет, добродошол.

    Не лажам, конспиративните теории ми се гилти плежр, кога нема добра сапуница или драма, дури и кога прават репете на квизови, мора нешто да се гледа. Интересно, да. Поучно, ич. ОК е да се биде новата генерација, ок е да се биде генерација Икс, не е ок да си препишувач на екстерно и да си еден од оние на дофат за перење мозок.

    Да, човек стапна на месечината, додека декади подоцна некоја снаа се жали дека свекрвата и брои колку гаќи има во шкаф. It wasn't me.
     
    На WildMk, Annath, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.