Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали атрактивниот физички изглед го олеснува животот?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 27 септември 2021.

  1. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    И самата пишуваш пуштена преку ред. Сигурно самата не се пуштила. :D
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.239
    Пол:
    Женски
    И?
    Тоа што ја пуштиле заради изгледот не е во ред.
     
  3. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Изгледот нема никаква врска како да ти објаснам не знам. Може да се погодило да биде некоја природно убава и да ја повикал некој од напред за да и заврши преку ред.
    А што се однесува до тие што намерно искористуваат таква прилика - се додека постојат такви љигуши од мажи ние ќе си чекаме ред.
     
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Изгледот има врска во ситуацијава бидејќи ја пуштиле преку ред ради тоа. Може за членката не и се допаѓала ама денес за жал поимот за убавина се мери по поголемите филери на уста, поголеми гради и задник, надградба на коса, нокти...
     
    На IJAE, Ajronmen и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.239
    Пол:
    Женски
    Има врска.И со природен изглед да е,не треба да ја пуштаат преку ред.
     
    На IJAE и Ajronmen им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.064
    Допаѓања:
    12.800
    Aко праша колку пари е, да види, дали имаш пари, колку трошиш, дали си скржава или не. Така мислат. Инаку, секогаш се коментираат глупави работи и сегде. Лани ми беше мило затоа што поради короната немаше новогодишна забава. И онака се јаде и пие како да нема утре, највеќе се прчат тие што најмалку работат и така. Демек ако отидеш на новогодишна забава како да покажуваш некаква лојалност кон фирмата, а во суштина одат да пијат, јадат, озборуваат, да нарачуваат скапи вина кои на крај, газдата ќе ги плати.
     
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Па тоа е поентата на темата.
    Дали тоа што била привлечна, или провокативна во случајов, всушност и помогнало да си заврши побрзо од другите, и на тој начин животот и е "полесен" од другите.
    Сосема валидна е поентата на @IJAE
     
    На Billy Idol, LadyLollypop, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да пишам пошо темава отиде во друг правец па не би сакала да бидам нападната:) само ќе ја изнесам мојата страна на приказната. Имам како што би рекле вие универзална убавина, иако јас не се сметам себеси за нешто wow, околината секогаш ми го кажувала спротивното. Животот нималку не ми е полесен, ниту сум лишена од секојдневни проблеми поголеми или помали. Другарки со не "универзална" убавина се посреќни од мене:). Среќата и тоа дали животот ќе ти биде полесен ако си убав немаат ама никаква врска со убавината. Точно е дека никогаш не сум имала проблем дечко да си фатам, за озбилнио, мување, секс или слично, еден мал милион флертови и пијачки и да кога ќе сум била излезена секогаш некој дечко ми приогал, лесен влез во дискотека итд. Но сето ова се само површни работи и тотално небитни за тоа дали животот ќе ти биде полесен или не. Еве мене убавината не ми го направила животот полесен:D
     
    На hermosa, Guns N` Roses, LadyLollypop и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Порано како те дал господ така ќе си тераш. Сега океј е што постои можност да го смениш тоа што стварно ти смета, ама во крајности се оди. Сите наликуваат едни на други, како јајце на јајце. Имам другарка што се занимава со тоа и буквално трендови има. Пример годинава е во мода таква форма на лице, горната усна да е поголема од долната, голем задник...в година ќе е друго.

    За мене нема нешто поубаво од природна девојка, автентична. Да се издвои кога ќе отвориш инстаграм, а не да ја помешаш со некоја друга од што лицата според трендовите си ги менуваат, како за облека да станува збор. И сите се исти.

    А факт е дека мажите отсекогаш паѓале на таква ала "бугарска пејачка" "убавина" колку и да негираат. Иако не знам, не сум маж за да кажам, ама мислам дека тоа им е како некој инстинкт да се свртат по некоја таква, а не дека вистина ја сметаат за убава.
     
    На LadyLollypop му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Баш поради тоа нема врска убавината. Релативно е. Криви се надлежните.
    Би и завршил работа на убавата девојка преку ред?
     
  11. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    А како вие ќе постапевте баш ме интересира, јас ќутев и гледав.. па пишав во темава. Сите луѓе околу почнаа да ја хејтаат. Не докажав дека џвакаше мастика буквално шлапаше со устата без маска повторувам и збореше гласно на телефон. Па не сум јас ненормална или другите луѓе што почнаа да коментираат и плус на сирота жена што чекаше во редот така да и каже зар вие го правдате тоа? Ми се згрози што видов, @Vildiz i @Dentina сигурно не би останале имуни да бевте присутни
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Машки
    Тоа е проблемот... Луѓето мислат дека КОГА ќе бидам таков и таков, и посебно ДА БЕВ таков и таков, да направев тоа и тоа, ќе постигнев тоа и тоа... ќе беше (по)лесно и ќе бев среќен/среќна...Ќе има една магична точка, зад виножитото кога сѐ ќе има смисла или ќе има ПОВЕЌЕ смисла... А не разбираат кога си таков и таков и таква и таква, повторно имаш проблеми и повторно е сѐ комплицирано ...

    Фала за твојот коментар, што имавме можност да ја прочитаме страната на некој што е „универзално убав“. :)
     
    На Guns N` Roses, Angie1432 и Сара Лав им се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Во изминатите неколку страници прилично се коментира за женските и за сексуализирањето.
    Поентата на самата тема ми е за општо прифатена привлечност кај луѓето, кои во очите на повеќето ќе бидат "убави" или некаков идеал.
    Без разлика дали се мажи или жени.
    Моето мислење е дека има разлика. Job opportunities имаат многу повеќе оние кои се атрактивни или убави.
    Отворете било кој оглас за вработување, сите работодавци бараат слики?
    Што мислите, зошто?
    Колку пати во оглас до условите е ставено и Возраст, пропорции на тело и слично.
    Најпрост пример, flight attendants, без разлика машки или женски. Има точно пропишани физички стандарди.
    Маркетинг, продажба, претставници, сите тие места голем дел од барањата се да е пред се претставителна, привлечна, убава личност за да ги задржи вниманието на клиентите.
    Има и мн други примери.

    Во поглед на машки/женски. Мислам дека се случува подеднакво.
    Имам коментирано во тема за работа, ме имаат примено во фирма само затоа што физички изгледав навежбано, ми го кажаа баш така. Значи од тие 10 души што чекаа во ходникот за разговор, јас можеби бев 7-8ми по тоа колку ги задоволував критериумите и описот на работното место. Немав никаква врска со работата, ама сепак јас ја добив. Што мислам дека реално не беше фер.

    Неам појма.
    Не знам како би постапил во хипотетичка ситуација.
    Можеби да, а можеби би се изнервирал.
    Поентата е, ако не сум јас ќе се најде некој друг што ќе ја/го протне.
     
    На Billy Idol, Traveler91, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Од темава заклучив дека дискутираме напразно со луѓе со кои не би се ни договориле што е убаво. Колку пати само за убави мажи иам слушнато од жени, "слаб е овој", сакале тие крупни, или "не е висок доволно", или на совршена фаца ќе и најдат мана јер госпожите имаат попросечен вкус. Постои универзална убавина, но постојат и контраши и луѓе со дискутабилни преференци. Тоа е, не можат сите исто да сакаат и треба да се покаже толеранција.... само да не си ги лечат комплексите од своите недостатоци барајќи фалинки кај некој поубав од нив.

    И можеби е дупла, имам сретнато неколку слични на форумот. Можеби може да се вкрсти со заеднички, променет наслов.
     
    На Angie1432, Cherry333, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Може и атрактивниот изглед го олеснува животот, ама сепак мислам дека: Убавината е во очите на гледачот - на секого му се допаѓаат различни работи.
    И второ, многу побитно е да имаш убав однос кон луѓето, да си фин и добар. Тогаш не е битно дали и колку си физички привлечен според некои Х критериуми, тоа отвара многу повеќе врати. Колку сака нека е некој убав ако е празен. Мое мислење е тоа. И јас да одлучувам, никој на база изглед нема да добие ништо. Сте почнале да зборувате за работно место колку што можев да испратам, освен за работи за кои е клучен физичкиот изглед ( постојат и убавината продава, но јас немам ништо против тоа, компетенција како и секоја друга, нормално добиена гратис од мајка природа, некој мора да се помачи), сметам дека убавината како таква не помага нешто посебно, туку колку ќе му влезете во кожа на претпоставениот, нормално тоа што тој цени навјеќе. Тоа да, кога ќе се зближиш на некое повисоко, лично ниво со тој што може да ти помогне да напредуваш, помага. Од моето досегашно искуство сум го забележала тоа. Пак ќе го повторам моето мислење, побитна од убавината е да речеме харизма некоја. А некоја банална ситуација ако некој редар пушти некоја преку ред зошто имала добри атрибути, тоа не го ни сметам за некакво олеснување во животот нејзин. 5 минути ако добиеш/ изгубиш ништо не менува.
     
    На Guns N` Roses и GirlRose им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.497
    Јас имам видено протежирање на убави жени во бранши каде не смее тоа да се случува, ама нели 'главниот' си има љубимица и таа 'нормално' е најдобра, најпаметна , најзгодна и се живо.
    Во суштина баш ме брига, и не љубоморам на прекрасни жени, само еве не ни сакала да ме оперира на пример таа, оти знам зошто стигна до позицијата каде е.
    А за паррнер наоѓање, секако олеснува , да не се лажеме, а кога ќе помислиш дека љубов е една од животните важности, и работа како трета , покрај здравје, онда да, во просек животот на убавите е полесен од на неубавите
     
    На hermosa, Billy Idol, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека на крајот темата си ја отворија да си се испофалат меѓу редови колку се убави глумејќи жртви дека никој не го препознава нивниот квалитет:D
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    А ти не си убав?

    Јас на пример, преуба сум :makeup:
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Нема врска, јас јасно напишав дека сум ружна како кур и не побарав валидација и тешење.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Пенисот не е ружен.

    #PravdaZaSitePenisi
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.