Форумџика на годината

Дали атрактивниот физички изглед го олеснува животот?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ajronmen, 27 септември 2021.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Во што тоа жените имаат предност и е доволно да си женско?
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Да чека жена ред за во диско пример, или не знам било кај.Поголеми се шансите вратарот прво тебе како женско да те пушти, или пак тој што чека до тебе да те пушти пред него.
    Да искочиш од аеродром со три куфера торбишта и да чекаш такси, таксистот ќе ти ги стави стварите во гепек, па можда дури и ќе ти отвори врата.Да беше машко можда и ќе го направеше тоа од култура, од воља за помош.
    И во други ситуации, овие први ми текнаа
     
    На Victorian и Ajronmen им се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Готово, од сега почнувам да одам во диско. Не смеам да пропуштам повеќе такви животни привилегии. :makeup:
     
    На Lella, martine, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Ве читам и се чудам дали навистина сте толку игнорантни или само така се правите, ама како се фативте за бесплатните пијачки и карти во диско тоа е неверојатно.

    Да, убави луѓе полесно ќе завршат работа преку ред.
    Да, убави луѓе полесно ги продаваат своите идеи и производи само затоа што изгледаат поубаво и се посамоуверени.
    Да, убави луѓе добиваат бесплатни пијачки во бар.
    Да, убави луѓе неретко имаат милион контакти и каде и да стапнат се добредојдени.
    Ама сето ова и не е толку важно кога некој секојдневно ги објективизира, кога не можат да се истакнат сопствените квалитети зашто сите мислат дека не се способни за ништо друго освен да седат убави, кога не можат да остварат вистински пријателства заради љубомора итн итн.

    Како и да е, можеби наместо да ги редиме сите „привилегии“ на конвенционално убавите, малку да ја свртиме темата на „слабостите“ (извинете, не можам да се сетам на посоодветен збор) на оние кои не припаѓаат во таа група.
    Луѓе што отстапуваат од стандардите за убавина и се поразлични од другите на било кој основ се секојдневно изложени на исмевање/булинг од своите врсници.
    Тука збориме за 5 годишни деца во градинка, за деца во второ одделение, за тинејџери... Заради тоа што имале голем или крив нос, клемпави уши, искривени заби, затоа што не се облекуваат како сите други и слично. Тоа се деца кои седат сами во клупа зашто никој не сака да ги дружи, сами на голем одмор зашто другите не сакаат да си играт со нив, тинејџери кои немат со кого да излезат.
    И? Кој ќе биде резултатот? Дали производот од тој тинејџер ќе биде емоционално стабилен возрасен човек кој зрачи со самодоверба? Дали сме свесни кои ментални лузни овие „неконвенционално убави“ луѓе ги носат со себе низ возрасниот живот и како тоа влијае врз нив.

    Заради ова, да, верувам дека привлечниот физички изглед го олеснува животот.

    п.с. Да нема забуни, ова мислење е само на основ на физички изглед, не земам во предвид било какви други социјални или биолошки карактеристики кои можат да влијаат врз личноста.
     
    На Celltica, Dentina, kikkki и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ако атрактивниот физички изглед не го олеснуваше животот, и не се бараше буквално секаде, немаше во цел свет да се "штанцаат" барбики кои менуваат личен опис до "совршенство", и немаше по секоја цена поразително голем број на жени и девојки да тежнеат кон совршено-нереална убавина, а со тоа би се намалиле и комплексите, фрустрациите и притисокот кој го создава општеството, и се би било ферплеј, ама тоа во некој друг свет.
    Во овој, некој наметнува и диктира дека згодните и убавите секаде ќе поминуваат со врски, побрзо ќе се вработат, ќе земат награда, ќе соберат секакви пофалби, нема да трпат булинг, а нас погрдичките ќе не кошкаат од врата до врата и ќе бидеме гледани со не толку голем восхит, ова е реалноста, колку и да затвараме очи:D
     
    На Dentina и Victorian им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.923
    Ве читам и не ве разбирам баш.
    Можеби само во друга држава би било доволно:wasntme: Некоја подалеку од балкан и подалеку од САД:?:
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Е сега и јас не те разбирам баш:wasntme:
    Ми велиш ако мрднам подалеку од Балкан, или евентуално од САД( патем таму никогаш не сум била) дека ќе се уверам дека грешам:drunk: Кој знае, ама социјални мрежи се преполни и со силиконски убавици од Еу земјите, кои наметнуваат стандарди за убавина, џаст сејинг. Не е трул само Балканов, и САД:worried:
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.923
    Ах, ги заборавив социјалните мрежи:tmi:
    Јас така, во средно голем град живеам, и не мислам дека некој се потресува нешто особено:?: Инаку, лепотици секако ќе има, за на телевизија, за да бидат мисици и што јас знам, ама за да завршиш работа во мвр и слично, скроз е небитно. Преку ред за никого нема]:):D

    ЕУ лепотици со силикони:?:... појма немам кои се тие, искрено ама најискрено:$ Сега ќе одам да гуглам да видам:bandit:
     
    На Need for Speed и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Атрактивниот изглед ја зголемува самодовербата, а со тоа и животот ни е полесен, јас така го објаснувам ова.
     
    На Albertos и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  10. Бечка супа

    Бечка супа Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Напротив, го отежнува. Освен ако не станеш модел, актер, пејач надвор од македонија, бидејќи во македонија шоу бизнисот не постои. Инаку никој нема да ти ја прости убавината, само ќе трпиш повеќе љубомора и сите ќе имаат поголеми очекувања.
     
    Последна измена: 12 октомври 2021
    На Curious cat, Thebotpet, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    7.957
    Пол:
    Женски
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.039
    Пол:
    Машки
    Џереми Микс е најдобар одговор на ова прашање.

    [​IMG]
     
    На Angie1432, kikkki, Merten и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Sebastijancom.

    Sebastijancom. Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    270
    Да.
     
    На Polyincognito и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Животните предизвици и тешкотии за секој се исти. Никој не поминува (по)лесно во животот.
    Во некои ситуации може да помогне убавината, но тоа не значи полесен живот. Како што е примерот со работата и платата во воведот, убавината можеби ќе ти помогне за да те вработат ама како ќе ти биде на работа? Убавината можеби ќе ти отвори многу врати ама како ќе ти биде кога ќе поминеш низ тие врати?
    Убавината може да донесе само внимание и восхит, некои можеби поповолни шанси ама дека генерално ќе ти го олесни животот, не.
     
    На Thebotpet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Thebotpet

    Thebotpet Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Se slozuvam so toa so si pisal na mesto e
     
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.494
    Ох, колку само не;)
    Не само релативно, туку и апсолутно не се исти:rofl:
    Но . Веројатно е корисно за психа да се има став дека животот е фер и праведен, дека и богатите/ убавите кога плачат во ферарито, исто е болно како и оние кои плачат за леб на улица , со лице можеби огрдено од тежок живот..
    Еве и за неубавите, вратите во работата носат и мака и задоволство.
    Но во 2023, во свет кој го вртат пари, убавината е сериозен капитал кој добро се уновчува ако е тоа испланирано.
    Со тестови е утврдено дека дури и бебиња, под една година, подобро реагираат на конвенционално убави лица.
    На крај краева, и во љубовта убавите имаат повеќе избор. Статистички, повеќе шанси за среќа.
     
    На Yowannty, Purpleheart, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Ахам, кога ќе ги снајде болест, тогаш баш ќе им биде лесно во животот. Или ако не се интелигентни и паметни и прават лоши избори и потези наштетувајќи сами на себе. Не е се' во парите, луксузот и физичкиот изглед, животот е многу повеќе од тоа.

    Едит: познавам доста згодни жени кои се борат со тешкотии во животот, површно е да речеме за некој дека му е лесно само затоа што е атрактивен. Јас не се ограничувам на тоа, како што кажав, животот е многу повеќе од восхит на нечија убавина.
     
    Последна измена: 28 септември 2023
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.494
    Секако. Значи не мислам дека им е по дефиниција лесно. Туку само ПОлесно од просечна личност со просечен изглед ако има ист ај-кју со убавицата...и просечна и неубава личност може да биде глупава, не само убавите луге.
    Статистички е испитано дека во просек земаат поголеми плати и напредуваат побргу кариерно
    Имаат едноставно поблаг третман од другите, фер или нефер. Чак и обвинети криминалци , поротата полесно ги казнува ако не изгледаат скроз физички неубаво туку привлечно..
    Болестите секако се исти..не дај боже. И смртта исто не погаѓа , независно убави или грди . Бактериите еднакво не напаѓаат и вирусите. . Ама иако Квазимодо и Есмералда се екстреми литературни , во реален живот Бред Пит ќе помине подобро од Екрем Јевриќ. Па како сакаш врти. Тажна вистина на животот, за жал.
    И да, животот е повеќе од восхит, но во гените ни е да се восхитуваме на убаво. Природа, човек, животно, уметност.
     
    На Yowannty и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно да, ама и атрактивноста си има граница до каде, кога и како.
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    177.288
    Пол:
    Женски
    Апсолутно.
    Голем дел луѓе ќе ја земат буба марата во рака и ќе ја извадат надвор, ама ако е бубашваба ќе земат папучата и пљас. Поинакво чувство има кога гледаш гасеница, скроз друго кога е пеперутка. Ако се лажеме дека изгледот не игра голема улога во животот…
     
    На Malesia и Dentina им се допаѓа ова.