Влијае итоа како. Скоро секој човек најпрво го забележува физичкиот изглед на другиот, тие перцепции се всадени и со тоа фактички добиваш и некои сознанија каков е човекот и карактерно исто за тоа најмногу е пресуден и погледот на очите.
Секако дека постои привилегија врз основа на убавина. Тука не се мисли на субјективна убавина, туку на conventionally attractive луѓе. Тоа има улога во секое поле и го олеснува животот, секако.
Ако под олеснување е да ти завршат работа преку ред у банка и други институции тогаш да, може да се рече дека е олеснителна околност. Инаку за све друго убавината е релативна работа.
Остај не прашвај... Се задружи со мене, @pdb123 & @Bezimenka90... Едно друштво бирање... Жал за него ми паѓа.
Да го олеснува, наj пример за наоѓање работа што го покажува тоа е, како стјуардеса, таму само убави и високи бараат
Самодовербата го олеснува животот, а голема самодоверба најчесто имаат луѓето кои се сметани за физички убави од страна на општеството.
Маа немој, да не е обратно Инаку да убавите и средени луѓе се поприфатени и со право, и најчесто се озборувани од оние од спротивен табор кои се батал и кои ги пукаат комплекси.
Ако си грд си искомплексиран? Мене ми е јако кога ќе видам харизматична и паметна личност со самодоверба што не спаѓа во категорија општоприфатена убавина.
Како ружен габор не можам да дадам објективно мислење на темава. Животот отсекогаш ми бил тежок како природно ружна особа. Но, со сигурност би можела да кажам дека да имам време и можност на сите лепотани мераклиски би им ставила strap - on. Убава ноќ.
Самодовербата и ставот се поважни отколку убавината, т.е се како еден збир може колку толку да олесни во животот, но сепак не е пресудно.
Не сум некој што коментира физички изглед, но на работа, многу често се коментира. Дури за грдите, дебелите луѓе, оние кои не се секогаш средени тип топ има многу грди коментари од типот „Не посветува внимание доволно на себе“, „Таа со големиот задник“, „Дебелата...“, “Тој па колку е грд...“., „Што не си ги среди забите“.. Ууфф. Штом има вакви коментари, значи дека забележуваат и гледаат на убавина. Сум добивала убави коментари, не е дека не. „Не риба, рибетина си ти“, ова од женски колешки, ама тогаш имав 25, а на 25 години повеќето сме биле убави, слаби, згодни. Дека има и луѓе кои ги гледаат жените како сексуален објект, да, има, но за тоа не мора да е многу убава. Кој манијачи, манијачи. Имало и колеги кои се пуштале, ама па да игнорирам сум махер, се правам како ништо да не сум забележала, и крај. Ќе замара извесно време, ќе сфати нема ништо од планот, и тоа е тоа.
Zenskata ubavina go olesnuva zivotot, no e I problem , zasto ja dozivuvaat kako sexualen objekt I ja ucenuvaat, ja maltretiraat da bide vo drustvo. Definitivno e privilegija.
Ова што си го ставил е баш погрешно.Повеќето убави у фаца се дигнати и нељубезни. Ретки се луѓето што поседуваат и внатрешна и надворешна убавина. И грешиш.Не секој што го сметаш за грд у фаца има комплекси.Можеби се смета себеси за убав/а или важна му/ѝ е само внатрешната убавина.
Како тоа што ја сметаат за сексуален објект, ја уценуваат и малтретираат го олеснува животот и е привилегија??
Има такви што само изгледаат убаво и тоа е се. Мене повеќе ми значи културата, однесувањето и енергијата што човекот ја поседува. Има луѓе што не изгледаат премногу атрактивно ама зрачат со убава енергија.