Ако имаш избор јас би ти рекла операција на лице и тело. Сепак таа убавина плени. Барем ќе одиш во Стокомак преку ред, ако плаќаш онлајн не знам што работа ќе ти заврши убавината. Душата не е битна девојко.
Збор комплекс кога ќе прочитам, пфф. Што толку се фаќате за комплекси? Колку јас што читав комплекс е сериозна состојба и нешто за што ти треба стручна помош од психолог да го надминеш, а не си качил 3 кила, ааууу сигурно имаш комплекси.
Воопшто не е погрешно, и како некој се однесува спрема тебе пред се зависи од тоа како ти се однесуваш и поставуваш спрема некого, нема врска тука убавината. Самото тоа шо некој човек е среден, води грижа за изглед, однос, став, е показател дека држи до себе и нормално ќе се истакни спрема другите кои се спротивност на се ова. Е тие таквите кога веќе не ги бива да се средат им останва да се тешат со нивната внатрешна убавина
Ама и на тие што се преубави со совршени црти на лицето, високи и тенки и на тие не им е идеално. Знаеме манекенките каков пат треба да поминат за да застанат на таа модна писта, изгладнување, редовни тренинзи, значи не им е животот мед и млеко затоа што се убави.
Оперирај нешто де, што е битно што. Шо ќе начекаш на акција, нешто да се праи Ова олеснување на животот интересно звучи. Дали тоа значи дека тежок ви е животот, и што би значело да се олесни? Easy come, easy go мислам.
Има многу средени пиц пец, а се ѓубре од луѓе пред очи да не ти испаднат, искомплексирани до максимум. Начесто тие што ги вреднуваат луѓето по изглед и самите немаат што друго да понудат освен изгледот.
Па да ми сметаше нешто Биљо толку многу, ќе оперирав сигурно. Реално правиме работи за естетика, тоа е сосема нормално, ама дека нешто многу ќе ми ги направи проблемите во животот помали, нема. Сепак, мислам дека ако имаш проблем со самодоверба заради физички недостаток, не е нешто страшно тоа да го средиш од естетски причини. Ама тоа е неповрзано со темата.
Ама тежината или леснотијата на животот, врска немаат со физичкиот изглед. Со животот на инста-можеби, со реалниот живот не баш. А за некој реален успех во животот, па ич. Вака, лично мислење, од некоја генерациска и географска дистанца.
Тоа му иде нешто како тешење голем ми е и доста е Така е се согласувам. Не знам на инста не користам, ама шо би рекол братот од погоре може сум грдичка за инста
Мислам дека грди на инста се само аматери, ко ќе научиш филтри, ефекти и пози, светот е твој Е таква операција да правиш- некој инста туториал фор дамис .
Секс објект самиот се креираш без разлика дали си убав или на ништо не личеш. Нема врска убавината со објектификацијата сексуална. Секако дека во 21 век имаш предности ако си убав во филмската индустрија,модел каде милионски суми се плаќаат. Анџелина Џоли да е била грда немало е да е филмска дива.
Како не, самиот. Облечи шорц во лето, те зјапаат, сама си си крива што те објектифицираат. Може и ако те силуваат си го бараш по твојата логика. Инаку, убавите исто така имаат мака зашто многу луѓе примамени од естетиката сакаат да бидат во нивно друштво, и ако некој е одбиен, одма злоба и омраза проработува, па начини за освета и триста други психопатски глупости. Колку повеќе луѓе гравитираат кон некој, толку повеќе проблеми.
Нема врска, како сакаат нека ме објектифицираат, убавината е божји дар, нека зјапат нека цркнат. А за тоа силувањето во 21 век е срамота да мислеш некој дека си го бара па каков и да е.
Да се надоврзам за Анџелина Џоли. Цела младост и помина во борба со слабото психичко здравје и зависности, лоши односи со татко и' и пропаднати бракови. И да си убав, не си поштеден од проблеми.
Сакам да ти ја доловам суштината на убавината и предноста, никој не му е гајле какво минато има некоја грда да го имала истото повеќе ке е етикетирана,
Некој животот го минат во лицкање пред огледало и мислат дека сите имаат амбиции и време за истото. Површни се, само на тој начин можат да привлечат внимание и се тешат со тоа дека грдичкиве(како што ги нарекуваат тие) се искомплексирани и им љубоморат .
Џабе им е средено лице ако се бездушни. За другите,тоа не е тешење,туку гордеење со внатрешната убавина.