Пишував во друга тема дека жената како жена не е поштедена од објектификација, особено ако е сама, без грб, а и дека убавите жени се уште побаран "плен" за лудациве. Особено на колективистичко тло како балканското, затуцано во минатите векови, некој по нешто да се издвојува абе да начекаат прилика, ќе го растргнат ко Малена во филмот на Торнаторе. Особено ако држиш дистанца и не им се приклучуваш. И со убавината е случај и со ред други "дарби" што ги викаат некои, и доблести. Ама пак е подобро човек да е убав, доста е да се види во огледало и поубаво се осеќа.
Зависи од кој аспект гледаме. Да, полесно можеби се добива работно место, но јас лично секогаш сум имала некои сукоби со жени кои ми биле колешки. Посебно ако се провртат малку машките колеги околу мене. И тука ми е веќе отежнато се’. Упадлива сум, реално имам и самодоверба и знам да се заземам сама за себе, а претпоставувам дека тоа додатно ги иритира истиве овие кои ги споменувам погоре, па често слушам секакви невистини, зајадливи ‘хехе’ коментари и морам да се справувам со цинични реплики. Кога станува збор за друштво, во минатото да, скроз ме имаа поебувано луѓе у кои што сум се кладела како да се златни коњи. И сега ме боли кога ќе се сетам. Но, со текот на годините створив свој круг на луѓе во кој навистина нема завист и љубомора, оговарање и ножеви во грб и тоа посебно ме исполнува и прави горда. Мислам дека физичкиот изглед не е само она што не прави атрактивни. Тука е ставот, начинот на кој разговараме, на кој го држиме телото, самодовербата што ја имаме итн.,итн. И тоа знае и те како да боде очи на секој што е незадоволен со себе, на било кое поле во животот.
А вие кај никнавте волку злобни.. пустите. Прочитај ми ги последните неколку реченици, ваљда ќе сфатиш што сакав да кажам.
Ќе налета некоја Роза, пак ќе се тешиме двата со нашата внатрешна убавина. Кога ни филтер на инста не те оправа, нема лека апотека за тебе
Ама сега не зезај, зар многу треба за хејтање? Денес ми текна, мене во основно ме хејтаа оти ги имав сите петки. Да, тогаш немаа сите петки. Не мора да си лепотица за да те хејтаат, доволно е заради тебе, некој да се чувствува загрозено. Што пак иде во прилог на тезата дека никому не е животот полесен, стално ќе бидат побројни, оние што би ти го направиле животот потежок.Особено ако си женско.
Izvini ama i jas sum vo krugot na lepotici. Me imaat viknato na ulica da bidam fotomodel. Ubava sum decki. Mi imaat otstapeno mesto u UJP posto sum ubava so samodoverba Daj da vidime sliki od vas samoproglasenite lepotici. Vaka zad anonimnost ne veruvam.
Да, ескорт работам, понекад и се ебавам зависи ако ми се погоди некој 60-. У задње време иам среќа, фала богу шо отворија граници, па можам да се фукам и со малку помлади на кои шо не им се качува притисокот до плафон од возењето у авион лаки ми
Важно убавиве си ги кажаа маките, мислам темава не беше отврена за исповед ама кога ќе се најдат сите убави на едно место .
Веќе пишала @LadyLollypop, ама еве и јас да потврдам. Кога излегувавме со една другарка, која важеше за една од поубавите и позгодни девојки во градот никогаш не плаќавме карта во дискотека, додека мн други имаа проблем да влезат, секогаш стигнуваа пијачки од сите страни, секогаш каде и да одевме сите се однесуваа мн љубезно со нејзе, некој ќе дојдеше цвеќе ќе ни донесеше итн. Од друга страна пак, неколкупати доби и понуда за работа од луѓе кои воопшто не ги интересираше какви квалификации има. Ги одби, зошто апла беше што им е интересот. Тоа знае и негативни работи со себе да носи, но во глобала преовладуваа привилегиите. И тоа многу Разочарана на љубовен план никогаш не беше, кого и да посакаше можеше да го добие и не само за авантура, туку баш беа затрескани и секогаш сакаа со нејзе врска. И во друштвото секогаш добиваше комплименти од другарките, некако сите ја сакаа и ценеа. Таа иначе е и мн фина, не и е убавината само единствен адут, но за тие што не ја познаваа доволно секако тоа било тоа што прво ги заинтересирувало. Јас исто така сум работела со луѓе неколку години и ми се случувало некогаш да појдам да речиме ненаспана на работа, не толку средена, едноставно да не се чувствувам свежо и убаво. Во таквите денови и во деновите кога ќе сум се дотерала и ќе сум се средела повеќе, се забележуваше значителна разлика во односот на луѓето. Иако ми беше малку нервозна работата, често доаѓаа налутени клиенти и нас ни се истураа, зошто немаа на кој друг, случајност или не, ама секогаш беа пољубезни во таквите денови, кога лично јас сум се чувствувала поубаво. Е сега, таквото чувство секако е поврзано и со самодоверба, кога се чувствуваш сам убаво, зрачиш и таква енергија. Па сите повеќе ти се смеат, ти прогледуваат низ прсти итн. Е, имав и колешка која беше далеку од конвенционално убава, ама имаше неверојатна харизма, мн смисла за хумор и мн позитивна енергија. Нејзе сите ја обожаваа. Така да ајде да скратиме: секако дека од секое правило има исклучок, ама луѓето генерално се слаби на убав надворешен изглед. Секако дека тоа не е пресудно во животот, но постојат фази, особено кога сме помлади и кога уште ни е разнишана самодовербата и кога овие работи имаат влијание. За жал или не, најчесто е така. И мислам дека веќе имаше ваква тема некаде на форумов, мн слична.