Зависи и тоа многу , секако на некоја поубава од тебе ќе и доделат работа пред тебе, така да помири се со фактот.
Мхм него остај тоа, на нас будаливе што сме за внатрешна во доба и морал на апокалипса, нас што ќе ни го олесни животов?
И да не заборавиме на сите кои на социјалните мрежи користат милион филтри, фотошоп и што ли уште не па кога ќе ги видите во живо се прашувате дали е тоа истата личност. Тие во која категорија спаѓаат?
Уф... Его Конзумеризам. Лечење фрустрации. Желба за пари. Желба за моќ. Дисторзија на реалноста. Сон за 'идеал' Делузии. Виртуелна реалност. ... генерално: Лагата е послатка од реалноста. Реалноста боли.
Најинтересно е ако ги познаваш тие луѓе пријатели, пријателки. И ги знаеш реално какви се и како се прикажуваат на интернет како две различни личности.
Јас сум во таа категоријата на невидена убавина. Убава сум, ама не се гледа. Не знам дали го олеснува, ама сигурно убавите луѓе привлекуваат повеќе внимание, кое најчесто е позитивно. Добивањето комплименти ја зголемува самодовербата и всушност таа е причината зошто работите се чинат полесни за нив. Објектификации при вработување никако не би ги сметала како предност, па не знам зошто се спомнуваат како олеснување на животот. Полесно наоѓање на партнер да, ама сепак потребно е да има компатибилност и да се работи на врската, а тоа не зависи од убавината. Така да сметам тие олеснувања во животот сепак не се толку презначајни. Освен тоа, коментари од типот "џабе е убав/а кога внатрешно е грда", се ништо друго освен несигурност и фрустрации. Па ете тоа е негативност со која треба да се соочат, луѓето да ги гледаат како некои лоши личности по автоматизам.
муабетов ми е американски high school vibe. не можам ниту ранг да направам на убавина, ниту да одредам група за анализа. секој човек за себе. Во главно избегавам луѓе со лоша внатрешна убавина, не негувани и средени одвнатре, што не обратиле внимание на особини, карактер и ментална чистоќа, а фасадата мајка природа каква ни ја дала ништо не ми значи. сериозно. исто не ми требаат луѓе што би ме дружеле, вреднувале заради надворешноста, да го ставав тоа на пиедестал, одамна ќе бев на корекции. Комплиметни ми значат за нешто сработено, мислам и "убави очи" е комплимент ама фала it's pointless
Кога работев пред четири години сезонски во маркет, се погоди баш тој момент кога од вработените се избираше кој ќе го раководи. Имаше еден дечко кој премногу добро си ја вршеше работата, имаше искуство и се трудеше многу повеќе отколку што требаше. Кога една вработена забележа дека газдата сака да го назначи за шеф човекот, буквално ми го рече ова: "Не за џабе имам пи*ка. Мама ме родила убавица". До крајот на неделата успеа и да се сплетка со него, да стане главна и дур е на тоа работно место никој ништо да не и може. Кога ќе направеше таа грешка, по другите се викаше. Најмногу машки сум имала во друштво кога дојде братучетка од Шведска, исто лепотица. Трошевме 0 денари по дискотеки и кафичи. Девојката од маркетот уште си работи таму. Додека има некој друг кој ќе и ја работи работата, за неа е супер. За нејзините квалификации и тоа е бинго. Дечкото одамна си замина од таа работна позиција, и со право. Братучеткава вика дека едвај чека да си дојде во Македонија. Таму никој не и придавал толку значење како тука. Мислам дека само во Македонија волку многу предност има убавината него квалитетот. Сегде на друго место ценат човек кој ќе им ја заврши работата најдобро, кој ќе покаже добар карактер, чесност и упорност.
Мерилин Монро (поубава од неа во Холивуд се уште се нема најдено, според мене) ја натерале да пропати токму поради убавината. И пред да стане славна, од девојче ја напаѓале, и завидувале и ја озборувале, па морала млада да се омажи за да ја остават на мира. Швеѓани се во просек поубави од Македонци. Може има и тоа некоја врска.
Абе на се' ставаме филтри, не само на телото. Животот го филтрираме кога постираме на социјалните мрежи. Секогаш сме спастрени, насмеани, расположени, среќни. А реално, колку од времето сме такви? Сигурно не 24/7, 365 дена во годината.
Им го олеснува во сфера девојки. Со убавина може многу полесно да дојде до посакуваната, да не се лажеме. Што мислиш, за кого би имало поголем интерес меѓу жените, некој згоден и богат вс. ружен и богат? Кога веќе се пари/моќ во муабетот. Ахм. Пари и моќ се квалитет, а убавината не е? Ок, чим вие така велите.
Не е само во Мкд. Затоа во учебниците по германски имавме текстови на оваа тема "Дали убавите луѓе се попривилегирани?". И затоа на девојката што доаѓаше на курс со мене, што се истакнуваше со физичкиот изглед, професорот (и тоа прилично постар) и рече дека има луѓе во општината и ако сака да работи таму да потегне иницијатива. Беше една од најдобрите во групата, точно, но имаше и др квалитетни. Не е се во Мкд само случај, луѓето секаде се луѓе.
Да, ама во Македонија мислам дека е тоа поизразено. Таму германецот гледа пред се да му се брка работата а тука директорот ќе си ја стави швалерката на некоја позиција а тоа што фирмата му пропаѓа ради такви вработени (со врски, партии итн итн) нема гајле зошто има чичко таму во министерство ќе лапне тендерче ќе ја покрие штетата. Некако мене се ми е пак исповрзано со системот. Се надевам не забегав офф топик.
Да, поизразени се врските во Македонија, не велам не, сакам само да кажам дека секаде ги има и дека убавината ако знае човек да ја искористи, особено кога е во комбинација со други квалитети, може да донесе предност. Не нужно и среќа. И сепак, според мене секоја жена којашто си се средува е убава. Звучи како клише, но навистина сметам дека е така. Ааа и да се надополнам. Најубава е среќната жена.
Мене на пример Мерилин Монро воопшто не ми се допаѓа, ако не и е плавата коса, е иста и безлична како и сите други, Анџелина има природна убавина и се двои од толпата.