Аплицираат две девојки за работно место со исти квалификации, поголема е веројатноста да ја примат поубавата. Поготово ако газдата е машко.
Не збориме за субјективна убавина. Двете се сметаат за многу убави и баш двете имаат проблематично однесување. Не знам колку им бил олеснат животот покрај тоа ментално здравје.
Имало и секогаш ќе има отстапки. Јас не лепам таква етикета дека ако е убава некоја по дифолт е швалерка на директорот. Кажувам дека има такви. Особено во нашата ни земја. А иначе жена директорка во Македонија малце тешко. Со чест на исклучоци. Уште е необично тоа. Мило ми е што се повеќе не има секаде.
Не знаев дека атрактивниот физички изглед го олеснувал животот. Јас па се чудев зошто ми е тежок животот, а всушност до тоа да ти било работата.
Ужасно ме нервираат коментари- здебелена / ослабена, ова ново ти е / старо ти е /колку пари/ особено на работа ама тоа е во нашето општество
Ако е директорт маж, а треба да прими убав маж или убава жена кого ќе го прими ?? Прашање кое ме мачи.
Каква е таа привилегија ако директорот те гледа како секс објект а не како личност што треба да работи во фирмата и ова обично е така, убавите жени се сексуално вознемирувани од претпоставените.
Ај сеа озбилно на темава. Убавината е нешто индивидуално, посебно денес кога има толку разноразие од убавина. Пример чист, пејачот на беднот кој е последниот победник на Евровизија. На некои луѓе им е убав, на други не. Во претходните страници прочитав дека има луѓе што се универзално убави. И тоа е до некаде точно. Ако утре сум работодавец и ми дојдат двајца кандидати, една artsy и една emo девојка мојот избор ќе биде според мои гледишта. Убавината е пресудна во некои гранки за вработување како модел, глумица, водителка или стујардеса. Верувајте, кога одите во социјално, не гледате дали вработената е лепотица или не. Може да ви е плус при влез во дискотека и толку. И стварно не знам што да мислам за темава, пошто никогаш нема да слушнете маж да се фали со „ме вработија пошто сум убав“. Мене лично да ме вработат некаде со изговор дека сум била убава ќе ми е деградирачки, а не за фалење. Тоа значи дека некој ве гледа само како објект, а не ради квалитетите кои ги нудите и сето образование кое го имате. И да, упатениот комплимент на секој му годи, ама не мора да значи дека е точен и искрен Грди луѓе не постојат, и малку е така неубаво да читам од членки како етикетираат други дека се грди, а се на анонимен форум. Сосем е погрешно она „ако е убав/а е, сигурно е проста“, исто како што е грдо да се прочита „ако е грда, нека се помири со внатрешната убавина“.
По коментарите ќе приметиш што народ сме станале а и колку нарцисодини, самобендисани луѓе има на светот што ете мислат дека работата ја заслужуваат дека се убави и се над некој иако како што рече убавината е субјективна ако за некого нешто е убаво не мора да значи дека за мене е. Затоа и како народ сме таму каде што сме и после ни е криво оти неписмени вработуваат, а не знаат една работа проста да ја завршат како што треба. Се потепаа да се истакна колку биле убави и колку им љубомореле другарките .
Зависи од човек до човек . Има газди што бараат персоналот секогаш да е среден од глава до пети , да немаат вишок килограми , но и да ги исполнуваат квалификациите за одреденото работно место . Има газди што ја гледаат надворешната убавина , а квалификациите и не им се толку важни . Ги има и оние на кои квалификациите им се најважни . Ова не е вака само кај нас , но секако најизразено можеби е тука , на Балканот . Никој не заслужува да биде дискриминиран според изгледот или знаењето . Секој има право да добие барем една шанса да покаже што може и знае .
И упорно истото и истото го верглате, без да кажете како еве вие сте посреќни убавиве, може и бесмртни сте и тука да не имате некоја привелегија.
Ако имаш ти видено повеќе од една слика од Мерилин или ако имаш гледано некој филм со неа.... Мерилин остана некој спој од женственост и детска невиност, нешто што ретко кој може да го долови. И зошто цитираш за ова да го напишеш, нели ти беше упорна дека не се збори тука за субјективна убавина, туку за конвенционалната. Мерилин Монро е прогласувана за најубава жена на светов / една од најубавите жени, не знам ти колку пати по нејзината смрт. Тоа што ти мислиш обратно од огромен број на естети, е ирелевантно.