Леле ама се оди в крајности со муабетиве и од едната и од другата страна. Не е дека убавата ќе ја вработат ако не поседува никакви квалификации, а другата пример е квалификувана за работата. Или дека некој ќе и каже дека од таа причина ја вработува. Едноставно ако и двете се тука така или ако станува збор за некоја порутинска работа едноставно може и несвесно тој што одлучува да донесе таква одлука. И не дека сите што сметаат дека убавината носи предности се изјаснаа дека се лепотици. И ако некоја е лепотица не значи дека е вообразена, манипулаторка, дека не е фина. Има и негативни страни секако. Може нема да сакаат мн девојки да се блиски со таква особа зошто на пример ќе се љубоморни ако нивниот партнер е во друштво со таква другарка. Овде е најважна самодовербата на особата нормално. Не треба да е така. Па и за мажите е слично. Тој што е попретставителен секако дека има предност. Особено ако знае да гукне нешто.
Каде се изјаснив дека мразам убави луѓе?? Напротив сакам убави и автентични луѓе, многу погрешно си ме проценила. Сакав да кажам дека привелегиите што ги наведовте дека ги имаат убавите жени може да ги има секоја просечна жена која и не е физички толку привлечна. Убавите луѓе не се лишени ни од болка, ни од секојдневни проблеми, ниту со намигнување и насмевка си ги завршуваат работите и тие мора да го заслужат за да го добијат тоа кон што целат. Нормално дека за одредени професии потребно е да изгледаш добро, но денес стандардите и за манекенките се променети и не бараат соврешени манекенки со совршени црти на лицето и тело 90-60-90, конвенционалната убавина и наметнатите стандарди за убавина веќе се минато. Не знам дали ја погледна новата кампања на Викторика Сикрет имаше посебна тема за ова. Жално е во 21 век да се дискутира дека некој повеќе вреди од некого само поради изгледот, а овој муабет го имам слушано и лично " леле види ја оваа со овој на што личи, види каков е кај го нашла" а не му текнува на коментаторов самобендисан дека не е се во големиот бицепс и стомачните има нешто и во главата.
Ќе се вмешам малку. Јас барем не прочитав некаде некој да рече дека некој повеќе вреди од некого заради изгледот или дека убавите треба да имаат привилегии. Еве конкретно јас кажувам како е според она што јас сум го видела, а не дека тоа е правилно. Дека се кажаа навредливи зборови се напишаа и од едни и од други. Но поентата не е да се вреѓаме, би требало само си споделиме мислење дали тоа игра улога или не. Дека е фер, не е фер, исто како што не се фер и мн други работи во животов. Еден има среќа за едно, друг за друго. Ама да се негира дека луѓето се визуелни суштества мене ми е само залажување. Секако дека кога подобро ќе запознаеш некого многу работи влијаат на односот и не ги цениш луѓето според физичкиот изглед, но мислам дека темата не е тоа.
Не го негирам фактот дека убаво е убаво ако нешто е стварно убаво и се издвојува од толпата. Дури и Бред Пит се разведе од најбавата жена на светот Анџелина Џоли.
Леле, уште се расправате Јас сум најубава на светот и животот ми е лесен, песна Ај сега на спиење, за да бидете убави и вие
Мх. Е како де? Цело глобално општество ни е базирано на експлоатација на сексуалноста. Види реклами за парфеми, не мора повеќе.
Другарка ми беше обезна, по долг труд, стана со нормална телесна тежина. Ми рече дека третманот што го добива од луѓето околу неа, е сосема поинаков. На пример, вика, никогаш порано не се случило маж да ми отвори врата, да поминам во продавница, сега се случи. И луѓето општо се пофини кон неа.
Вистина го олеснува, не мислам на убавината што ја има човекот.. Еве ситуација денес Чекав ред во централен, жена млада според мене уопште не убава ама уста ботокс надградби коса нокти (кафанска певаљка) Тесен костим што буквално пукаше на неа (да се наведнеше ќе попукаше скроз) деколте, парфем тежок да те зашемети, шпиц штикли лакирани неуредни испогребани па уште без маска господичнава, маживе што беа во околина насмеано ја гледаат и одма и пријдоа за што чека да ја услужат.. преку ред си заврши работа и уште надвор ја попраќаа. Очајна и жална глетка, жена без достоинство срамота. Немаше да пишам во темава, но беше крајно безобразна влезе во конфликт со една повозрасна жена поради маска што не носи. кога ја повикаа преку ред и се врти на женава и вика “глеј јас одам да завршам работа а ти чекај си со маската” Страшно немам зборови
Ааааааам, се мислам како да ти кажам: Буквално постои закон дека мораш да ставиш маска кога влегуваш во затворен простор. Не знам дали имаш читано вести изминативе две години...има вирус, можеби не си слушнала
Па задолжително е носење на маска во затворен простор каде што има многу луѓе и нормално дека била безобразна со тоа што не сакала да стави маска и го загрозува здравјето на сите присутни таму, а тоа што се пикнала преку ред не залужува ни коментар.
Јас го коментирам тоа што го видов, имам право да си кажам мислење нели темата е за тоа насловена. Добро ајде претерав со коментарот “кафанска певаљка” превулгарно облечена може ли така. Има секакви нека си се носат како сакаат не ми беше намерата да дадам темелен опис на жената. Сакав да ја доловам ситуацијата колку арогантна и безобразна жена никави манири и култура на однесување. Каде прочита и слушна дека нема “такво присилно право” да носи маска во затворен објект. Читаш, гледаш вести? Знаеш ли ти што се случува со државава? МОРАЛНО е да носи маска ако не си знаел/а. Државата налага, информирај се
Морално значи нешто друго , а не дека ср мора нешто т.е дека е задолжително. Велиш дека неќеш темелен опис да дадеш, а ја опиша од глава до изгребани пети одобата. На крај зошто не ги презираш државните службеници што ја зеле преку ред туку нејзе? Каде е обезбедување ако е без маска? Плус тема е убавина а ти пишуваш за според тебе нешто друго. Ама на погрешна адреса се забезекнуваш..
Искрено и мене ми е тоа вулгарно не ми е пријатно за гледање, ама не коментирам за другите и не кажувам како треба да бидат облечени зашто за мене тоа било вулгарно. Секој има право да се облекува како сака вклучувајќи и маската.
@Dentina Јас добро си пишувам на место е не секирај ти. Никого не презирам јас сум совесен граѓанин и си чекам ред. Фамата што она ја направи не е за оправдување, меѓу редови сакаше да ги потцени останатите присутни граѓани као “видете ме народе” со ци*ките на мегдан жално што ваков профил на луѓе има Бонтон на однесување 0 Бонтон на облекување во институција 0
За маската не може како сака. Мора да ја носи во затворен простор.Задолжително е! Членката употреби погрешни зборови,ама поентата ѝ е дека таа жена била пуштена преку ред заради изгледот.