1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со дечко што е бисексуален?

Дискусија во 'Секс' започната од macedonec15, 9 август 2016.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.443
    Допаѓања:
    165.439
    Пол:
    Женски
    А дур сум со некој хетеросексуален, кој ми гарантира дека нема да биди со други девојки?
    Исто е. Ако он има чувства кон мене ќе биди со мене, ако не секој по свој пат, исто и ако он е хетеросексуалец, ако ме сака мене ќе биди со мене, ако сака друга, ќе биди со неа.

    Јас сум сигурна дека некој бисексуалец ако фати девојка нема да биди хетеросексуалец зошто тогаш цело негово минато и идентитет паѓаат во вода и тоа не е толку едноставно и лесно, јас само велам со кој и да сум, безразлика од пол и сексуалност, сакам тој/таа да биди само со мене во тој момент, а што правел пред тој некој да биди со мене, искрено не ме интересира до степен да ми смета во врската.
     
    На Dabria, ku4ence, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Не спомнав нигде брак? Ама сеедно, дали брак или врска, муабетот ми е тој, кај нас не се разграничува помеѓу би и хомо. Би го/ја привлекуваат сексуално двата пола, а хомо само едниот, сопствениот. Тоа што геј личности се во хетеро бракови е друг муабет, кој го водиме во другата тема, и кој нема допирна точка со би. :)
     
  3. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Машки
    не не, хипотетички, така дојде прашањето како тебе да те прашувам. не беше тоа целта, генерализирав.

    прашањето - дали цел живот откако ќе стапи во брак ќе се посвети на неа/него ?
     
  4. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па ако си со хетеросексуалец ќе љубомориш само на девојките, а ако си со бисексуалец и на машки и на девојки :D, бедејќи тој ќе фрла око на се околу него :^).
     
    На Џони Џип, mariatim, realGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Машки
    Хаха, реално е ова смешно ама и вистина.
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    На мене како машко некој што е геј или бисексуалец ми е иста работа, затоа што и тој што е геј и тој што е бисексуалец можам сексуално да го привлечам, и не знам дали можам да бидам другар со вакви луѓе, бидејќи некогаш можат да дојдат и да ми кажат: I love you :D.
     
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Е ок, тоа е друго, и е реално вистина, ама пак не го побива фактот дека ако е во посветена врска нема да изневери, а ако е говедо, тогаш не е битно машко/женско, пак ќе му мрда опашот на страна.

    На твоево прашање истиот одговор може да се даде. Геј во несреќен хетеро брак е друго, ама би кој е во среќна и посветена врска/брак со личност од друг пол ќе е посветен само на таа личност. :)
     
    На ku4ence, MajklMK и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.443
    Допаѓања:
    165.439
    Пол:
    Женски
    Ама ако него му мрда газето ќе му мрда и ако е хетеросексуалец, тоа дали ќе фрли на машко или на женско нема апсолутна врска.
     
    На ku4ence, MajklMK и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Хахахах ова му доаѓа како мислењено дека нема вистинско пријателство меѓу машко и женско. И еве мене другаркава никогаш не ми рекла I love you хахах нити пак ќе ми рече, оти знае дека мене сексуално не ме привлекува истиот пол, и тоа е тоа, само малку здрав разум, разговор и разграничување. :D
     
    На LeleD, ku4ence, MajklMK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па добро, убаво би било кога сите така би имале здрав разум и би ги разграничувале работите, ама постојат секакви луѓе и ретки се тие на кои можеш да им веруваш :^).
     
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Не, не би била никогаш со такви
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Машки
    еве јас сум маж и можам едно да ви кажам, познавајќи професионално и лично неколкумина
    без разлика хетеро, геј, ајде и би

    мажите од овие три сексуални ориентации на крајот се сепак мажи и ништо друго.
    верувајте нема разлика. истото е.
     
    На Kameo, ku4ence, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На anaja1 и Sashko1992 им се допаѓа ова.
  14. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Дури иако ова некогаш би било прифатено од страна на населението, луѓето, не би била со бисексуалци. Фуујј еднаш се "јадеа" двајца пред диското, а јас погадна гледка од машко со машко никогаш ама баш никогаш сум имала видено, а сигурна сум дека нема ни да видам.
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Малце надвор од темава, но сепак поврзано со бисексуалноста.

    Скоро прочитав податок дека бисексуалците се најдискриминираната група на луѓе од ЛГБТ заедницата – имено, дискриминирани се дури и од хомосексуалците.

    Ми беше чудно, а по малце и иронично, како и зошто, хомосексуалците, кои и самите се предмет на дискриминација би можеле да дискриминираат некој друг ама ете, вистина било. Имено, кај повеќето хомосексуалци владее мислењето дека такво нешто како „бисексуалност“ не постои, односно дека бисексуалците се у суштина хомосексуалци кои уште не расчистиле самите со себе во однос на својата хомосексуалност и поради тоа на нив се гледа како на предавници на хомосексуалната кауза.

    Каква невидена глупост! Прво, зошто бисексуалноста не би била нешто што реално постои и од каде идејата дека едноставно не е возможно човек да го привлекуваат и двата пола? И второ, зошто толкава потреба некој да се етикетира и смести во одредена категорија?

    Дали маж кој целиот живот имал девојки и кој е женет, но во животот имал и едно хомосексуално искуство е: бисексуален, хетеросексуален или можеби хомосексуален?

    Мојот одговор, односно прашање на ова прашање е – Зошто е воопшто битно? Се што треба да направиме е да им овозможиме на сите луѓе да имаат партнери од било кој пол, без да ги осудуваме и да им овозможиме еднакви права како и на хетеросексуалците. И тоа е се. А дали тие луѓе ќе се доживуваат и идентификуваат себе како хетеросексуалци, бисексуалци или хомосексуалци е потполно неважно.
     
    На LeleD, Kameo, ku4ence и 8 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Бендер, ич нека не ти е чудно што се најдискриминирани и во ЛГБТ. Нели имаш читано за дискриминација на потемнокожите од посветлокожите темни луѓе во државите каде темниот тен всушност доминира.. е природна карактеристика за популацијата таму:D? Индија пример, таму е и највисока продажбата на креми за избелување. Ју ноу уај. :D
    Ко игрине „тебе шуга“. Мора некој да е шугата работава. Кој ќе е последен.

    Одговор.. ни под разно.:)
    The ultimate turn off ми е...when a man does to a man what a man does to a woman. :tmi: Jајкс.:D
    И нема везе со дискриминација во мојава глава, има везе со сексуална привлечност или одбојност.(fingers)
    But you go girl/boy/boy/girl..:)
     
    На theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    За среќа 90% од Македонците мислат дека не треба да имаат исти права хетеросексуалците и ЛГБТ популацијата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    3.818
    Пол:
    Женски
    Ne bi bila, skraja da e. Osven ako ne go prepoznaam kakov e haha
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Машки
    јас го имам ова мислење
     
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Не знам од каде ти е потребата да ме цитираш у случајов и како ја поврза твојата реплика со моето мислење, кога ја зборев за дискриминација на бисексуалците во рамките на ЛГБТ заедницата, а не за дискриминацијата од страна на хетеросексуалците. Нејсе.

    Викаш, за среќа, ама не разбирам зошто и за чија среќа. На припадниците на ЛГБТ заедницата сигурно не. Тогаш, сигурно за среќа на хетеросексуалците. Ама, не сфаќам зошто. Што останатите хетеросексуалци и конкретно ти у случајов, добиваат од ускратувањето на еднаквоста на сите останати кои не се хетеросексуални?

    Зошто ти е тебе животот подобар додека нив им се ускратени правата што ги имаш ти, и како би ти станал полош во случај и тие да ја добијат еднаквоста која ја бараат?

    Ти, колку што разбрав (ако грашам – слободно исправи ме), си хетеросексуалец, како што сум и јас – па поради тоа, нашиот став на темава е барем донекаде субјективен и не можеме да збориме од лично искуство.

    А инаку, не си единствен, ова мислење го дели и голем број хомосексуалци – што и не е толку голем проблем, проблемот е што поради своето (не баш основано) мислење, ги дискриминираат бисексуалците и им вршат притисок да се изјаснат како хомосексуалци.

    Мојот став е следен – ако некој тврди дека е бисексуален или се чувствува така, кој сум јас, или ти, или било која друга група на луѓе, да му кажеме дека не е во право? И од каде ни е правото за тоа?

    Ако се свртиме кон науката и природата за докази за ваквата теза, ќе наидеме на сосема спротивното – токму кај тие +/-1500 животински видови кај кои е забележано хомосексуално однесување и кои се користат како аргумент за природноста на хомосексуалноста, во најголем дел хомосексуалноста не е ексклузивна; односно, истите имале и хетеросексуални односи. Што, во суштина, ги прави да бидат бисексуални.

    Постојат и студии за човечката сексуалност кои го потврдуваат истото – бисексуалноста не е некаква фаза на транзиција, збунетост и себепронаоѓање, туку е сосема легитимна сексуална ориентација. Сосема е возможно човек да чувствува сексуална привлечност и кон двата пола.

    Вистината е дека човечката сексуалност е комплексна и не може толку лесно и едноставно да се дефинира. Анкетите во САД покажале дека иако процентот на луѓе кои се изјасниле како хомосексуалци е околу 3%, над 30% од машката популација во животот имала барем по едно хомосексуално искуство. Од друга страна, голем број на жени кои се декларирале како хетеросексуални, имале повеќе од едно сексуално искуство со друга жена.

    Поентата ми е дека кога се работи за сексуалноста, работите не се црно-бели и не е секогаш едноставно на некој да му се стави етикета стрејт, геј или би. Но, во секој случај, не гледам ниту една причина зошто бисексуалноста не би била легитимна сексуална ориентација.
     
    На Nike-cool, eloves, ell и 3 други им се допаѓа ова.