1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би биле во врска со дечко што е бисексуален?

Дискусија во 'Секс' започната од macedonec15, 9 август 2016.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Нема да ми пречи, не би ми променило ништо во поглед на ситуацијата било да се работи само за секс или за врска.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Еве ви ситуација:
    Пред некој ден, дознав дека бивш мој дечко, е би. Само по себе не ме шокира толку, колку фактот дека додека сме биле во врска (иако лабава), имал секс и со мажи, а јас дознавам после мнооогу долго време.

    Искрено, ми се превртеа цревата и прво што ми текна е: сексуално пренесливи болести, поради фактот што грото имаат секс без кондом во мк. Посебно оние од постарите генерации.

    Знам дека ќе речете сексуалната ориентација нема врска со изневерувањето, но јас мислам дека има. Бидејќи се кријат кај нас и единствен начин да ги задоволат своите потреби е да го прават тоа тајно. Човекот е сега во брак, и како што разбрав, сеуште има секс надвор од брак и со мажи и со жени.
     
    На Stefanmfo, Lolo5, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Вајлд, не мора да значи дека ако спие со мажи има СПБ.
    Тоа што имал однос со повеќе сексуални партнери без оглед на пол, не му ја зголемува шансата за добивање полова болест. Аман, бар од тебе да не ги читам овие работи која сметам дека си илјада светлосни години послободоумна и попаметна за разлика од мнозината овде кога станува збор за овие теми.

    Ако сте имале заштитен однос, стварно немаш потреба за грижа. Нека имал и ХИВ, (а немал сигурно), пак шансите за вирусот да се пренесе на тебе се мали.
     
    На Lolo5, Justicija, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не знам... И јас се изненадив од мојата реакција. Ми летна либералноста низ прозорец, како од на мајтап. Знам дека кондомот штити, но ме јаде мисла 'што ако?'. Може само се испаничив за џабе? А и не ми е прв пат за болест да се испаничам (било каква болест).
     
    На Lolo5 и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Нема потреба од паника.
    Полот и бројот на неговите партнери не се предуслов за болест. Некогаш е доволно да имаш и само еден сексуален партнер за да добиеш полово пренослива инфекција.

    Сепак, доколку сакаш, сеуште можеш да се тестираш од ХИВ или друг тип на СПБ. Тестирањата се здрава одлика на една еманципирана индивидуа. Истите треба да се спроведуваат бар еднаш годишно дури и доколку не се менуваат сексуални партнери. Можам да те упатам, ама стварно мислам дека кај тебе и повеќето е само страв во прашање.
     
    На boo3 и WildMk им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Никако не му ја зголемува шансата, освен тоа што геј и би популацијата се 2%, а се носители на 70% од заразените со ХИВ. Случајно се потрефило така?
    https://www.hiv.gov/hiv-basics/overview/data-and-trends/statistics

    Кондомите, дури и кога се користат редовно, штитат само 90-95% од ХИВ. Ако имаш 20 пати секс со некој што има ХИВ и тоа со ефтини кондоми, шансите да добиеш хив се зголемуваат. И ако на тоа ставиш дека у предигри не ставаат кондоми, шансите уште повеќе се зголемуваат.
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9141163

    Се збори дека има некој случај, некој некогаш некаде добил сида и на забар. Колку што ја знам не е докажан таков случај, ама торетски да може да се случи. Сепак статистиката покажува дека мнозинството заболени од сида се хомосексуалци и бисексуалци и особено луѓе што имаат многу партнери. Математичката веројатност владее во случајноста. Да, малку е веројатно со фрлање на две коцки да добиеш две 6ки, ама ако фрлиш 50 пати речиси сигурно ќе добиеш.

    @WildMk , ако си сигурна дека бил би и менувал многу партнери, направи си тестирање чисто да си имаш мирен сон.
     
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Во САД се утврдени тие 2%, не низ цел свет. :D
    Кога би се вршело глобална пресметка, процентот би бил енормно повисок.
    Статистиката не значи апсолутно ништо во случајот на Вајлд. Ниту пак за LGBT заедницата. Незаштитенот секс доведува до зголемување на шансите за било каква болест, не само ХИВ, и без оглед дали е практикувана од страна на хетеросексуалци или хомосексуалци. Зошто не е дека хомосексуалци го генерирале ХИВ вирусот низ сексуален контакт for fuck's sake.

    Каде виде да пишав дека шансите се непостоечки? Истата поента ја имав - дека се мали, и воедно потенцирав дека сите кои имале физички или сексуален контакт со лице кое е заразено, (или постои сомнеж дека е заразено), треба превентивно да прават тест макар еднаш годишно.

    Си чул за случај во Уганда каде бебе Јети пронашле во свилена кошничка, а кога го земале во раце рекло мама?

    ..Мислам, океј, ти ја сфаќам поентата. Вирусот и орално се пренесува, ама ако шансите со кондом да се пренесе изнесуваат 5%,(нека се и 10% еве) преку орален се еднакви на тој процент или се уште помали, што повторно - освен сеење беспотребна паника, нема простор за нешто друго. Да не зборувам само колку и оралниот секс може да биде практикуван безбедно со заштита, како би се елиминирала и ,,најкритичната можност".

    Инаку, импресивно е тоа како чекаш погоден момент на слабост, од страна кај некој од членовите кога станува збор за оваа проблематика, само како би ја произнел својата хомофобична страна која дефакто постои, затскривајќи ја зад студии и статистики, кои не велам дека не се релевантни, но не се ниту изговор за LGBT заедницата да престане да практицира меѓусебен безбеден секс. :)

    Доказ за ова што го пишав сега, е токму твојата реплика кон мене, каде иако забележуваш дека се обидувам да ја смирам членката, (бидејќи во Македонија е сеуште реално мал бројот на заболени од ХИВ и покрај тоа што истите повеќето се хомосекаулци), никаде не ја демантирав, а ниту ѝ забранив да направи проверка, знаејќи ги сите погоре наведени податоци. Заклучокот од ова е дека ти, покрај тоа што си оф топик, чувствуваш константна и силна потреба да наметнеш опресивна стигма у секоја можна тема со слична содржина.

    Всушност, реално не сфаќам зошто ми реплицираш уствари?
    За да докажеш дека СПБ е повеќе застапен кај хомосексуалците, како тоа да е откритие на векот? И ако да, дали мора да значи дека и партнерот со кого членката полово општела под дифолт мора да е заразен, па ни помалку ни повеќе со ХИВ? Како тоа да е бонбона па, ајде навалете, изволте. :D
     
    Последна измена: 4 јуни 2018
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    723
    „Бисексуален дечко“, па самиот тој нема да сака као прво да е со женско во врска.
     
  9. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Зошто?
     
    На crimson, Lolo5, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Добро бе човече, од прва до последна буква ти ја научивме веќе бајатата пропаганда, мора ли да ја повторуваш и таму каде што е најмалку местото? Жената лично е исплашена за себе, а ти ѝ ги кажуваш проклетиве високи проценти (facepalm) Нема крај на твојата безобѕирност, засрами се!

    @WildMk, разбирлив ти е стравот кога е во прашање здравјето, и специфична ти е ситуацијава бидејќи не бил искрен човеков со тебе па отпосле дознаваш (што не оправдувам). Но и самата ако рационално размислиш, доволно си информирана (како што треба) и знаеш колку се минимални, малтене непостоечки шансите. Во секој случај, тестирај се за твоја сигурност и мирна глава.
    Сè ќе биде во ред, не се секирај :hug:
     
    На Lolo5, Justicija, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    :!:Не, ако е некој згоден :wasntme:кој ќе се браниТ и од мужи и жене:rofl::rofl::rofl:
    Ајде од жени само, но и од мажи, премногу е за мене. Не можам да постигнам полицаец да изигравам:rofl:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Епа е. Во врски со жени и во брак со жена.
     
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    Не ми смета бисексуалците , би била , но додека сме заедно , во врска не сакам да се плеска наоколу со други
     
    На jasbi, Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Затоа ќе те боцка секој ден, нема мир да имаш знаејќи како е состојбата. Може грешам, но мислам дека сомнеж ќе имаш секогаш знаејќи каков е.
     
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    Па ако се гледа така на работите истото важи и за стрејт мажите :)
    Сомнежи секогаш ке има кај сите стрејт , бисекс , геј машки :)
     
    На cresa-jagoda, Lolo5, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    1. Повторувањето е мајка на знаењето. Очигледно не си ја научила лекцијата, Ако сте ја научиле вие од ЛГБТИ клубчето, тогаш нема ноторно да сте игнорантни на тој факт и како другарка ти да тврдите дека сеедно е тоа што тој имал однос со повеќе сексуални партнери без оглед на пол и дека тоа не му ја зголемувало шансата за добивање полова болест. Молам? Статистиките јасно покажуваат дека постои драстична диспропорционалност, а она вели немало поголеми шанси! Епа извини ама никој разумен човек, кој се разбира од проблематикава, не смее да премолчи на ваква лага. Плус со таквата лага не се става само здравјето на членовите на форумов под опасност, туку и здравјето на сите анонимни читатели, бидејќи ова е јавен форум. Со премолчувањето на тие факти пасивно се учествува во таквата лага и тоа повлекува морална одговорност.

    2. Тоа не е „пропаганда“, туку општо познат факт дека сидата драстично и неспоредливо повеќе се шири меѓу хомосексуалците и бисексуалците.

    3. Темава е за дечко бисексуалец, така што и те како сум он-топик и и те како му е овде местото на тоа што го пишувам. Овде не му е местото да се шират лаги дека сеедно било дали си би и сеедно било со колку партнери имаш секс и дека тоа не го зголемува ризикот од сида. Овде исто така не му е местото да се шират лаги дека кондомите 100% заштитуваат од сида.
     
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Добро, се зависи од самите луѓе,не мора да значи дека штом излезе некде одма оди со друг- друга, но сомнежот ќе те копка секако.
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Престани да ме етикетираш, не пишувам посебно во случајов како никаков „член на ЛГБТИ клупче“, туку како човек. Гледам дека на членка што ми е драга во таква ситуација ѝ разгоруваш паника уште повеќе, и се гадам. Кај што си и тоа како офтопик и спамираш, па најде уште и во таква ситуација. И затоа реагирам, инаку не би ти ни одговарала на твоето очајно хомофобично спамирање по 10000ти пат.
    Никого ти не едуцираш и не правиш добро, туку само тоа што реков, шириш паника со невалидни и стари статистики. Единствено што можат и членови и читатели да научат од тебе е да бегаат од бисексуалци како од чума и да се извадат од памет оние кои веќе биле со луѓе од таа сексуална ориентација.
    Ама среќа има и навистина информирани луѓе од кои можат реално да се едуцираат :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Гади се од себе си бидејќи шириш лаги. И мене ми е драга членката и затоа не оставам некој да и тресе глупости за кои и тинејџерите знаат дека не се вистинити. И пак ќе кажам, ова е јавен форум каде што секој може да прочита, дури и деца читаат, и може да се заведат по тие лаги. Членката ќе си биде жива и здрава, возрасна и интелигентна е она за да не паничи непотребно, но децата што утре ќе ги читаат вашите дезинформации на јавниов форум може лековерно да се убедат во нив, да стават кондомот и да се сексаат до мило воље со кој стигнат, да си практикуваат ризичен секс и со ризична категорија на луѓе и потоа да се најдат на листата заразени од сида или други болести.

    Кои невалидни стари статистики побогу човече? Општо познат факт насекаде во светот е дека сидата драстично повеќе се шири меѓу хомосексуалците и бисекуслаците. Дури и во една забутана земја како Македонија, тоа е факт.

    Еве ти извештај од 2016 година:
    АЛАРМАНТНО: ХИВ и Сида рапидно се шират меѓу хомосексуалците во Македонија
    https://vecer.mk/makedonija/samo-za-shest-meseci-20-novozarazeni-od-sida

    Во 2015 година имаше 5 нови случаи на заразени со сида во рок од 3 месеци, сите беа хомосексуалци.
    https://time.mk/c/c485899cb6/5-novi-slucai-na-hiv-sida-za-3-meseci-site-se-homoseksualci.html

    Еве ти извештај од лани (2017 година) И тоа ли е стара статистика??
    https://sitel.com.mk/22-novi-sluchai-na-zaboleni-od-hiv-site-se-mashki

    Сакаш да ти наведам статистики за секоја земја од Европа, Африка, Азија, Америка? Ако се инаетиш, мене не ме мрзи, и табеларно ќе ти ги сортирам, само некако да ти влезе во глава овој општо познат факт. Слободно јави се во инфективно у државна болница и истото ќе ти го потврдат и за Македонија и за цел свет.
     
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.549
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos кој ти ги кажал тие глупости ? Или кај си ги прочитал тие глупости ?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.