Читајќи една статија, ми падна на памет темава, немам забележано дека ја има на форумов. Прашањето ми е, дали би биле во врска со трансродова личност, ако целосно го сменила својот пол, хируршки? Вие сте стрејт маж/жена и запознавате трансродова жена/маж. Дали би биле во врска знаејќи дека тој/таа е роден/а со вашиот пол, транзитирајќи потоа? Дали би ви менувал нешто тој факт, ако ви се допадне личноста? Да се ограничиме само на прашањето за личниот избор на партнер, општо за трансродови лица има башка тема.